1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гревови

Дискусија во 'Религија' започната од Emotional123, 11 септември 2013.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.461
    Допаѓања:
    39.664
    Пол:
    Женски
    "Инспирирана" од темата роднински врски (или така нешто слично) одлучив да направам една ваква тема
    Што според вас е грев?
    Кои гревови според вас никогаш не можат да се прават и никому неможат да се простат како од луѓето така и од Бога?
    Кој според вас е најголем грев што еден човек може да го направи?
    Би сакала во оваа тема да пишуваат подеднакво и муслимани и христијани како и другите вери да не ги редам сега.
     
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според христијанството...
    Зборот грев (на коине грчки „амартија“) буквално значи промашување на целта, или во нашиов контекст, промашување на целта за која Бог не создал.
    Грев претставува прекршување на Божјите заповеди, непослушност и бунтовништво кон Бог.

    Според учењето на Христос (а потоа и на апостолите) ако човекот се покае за своите гревови и поверува дека Исус бил жртвуван за неговите/нејзините гревови и воскреснал на третиот ден, го прифати Исус за Свој Господ и Спасител, ќе добие простување на сите гревови, духовно преродување и вечен живот.

    Единствен грев кој Исус рекол дека нема да ни биде простен е хулењето на Светиот Дух. Така што тоа е најголемиот грев што може да се направи. Според некои теолози, луѓето хулат на Светиот Дух и кога го одбиваат сведоштвото за Исус Христос, бидејќи тоа е службата на Светиот Дух од Христос па наваму. Оној што ја одбива Исусовата спасителна рака, самиот се осудува за вечно уништување. Според овие теолози, тоа е казната за хулењето на Светиот Дух. Мене ми има смисла.
     
    На katerin, ♡BuBaLe♡, Vitaly и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Според мене колку и да велиме немаат мерило гревовите,кој е помал кој поголем,иако често се вадиме со реченицата јас не грешам па не убив човек ,не направив никакво злосторство,сепак од 24 часа на ден ние многу саати ги поминуваме во грев почнувајќи од оговарање,злоба,суета,често себичност и непомагање на другите,гнев ако видиме дека некој има нешто повеќе од нас...сето ова се наши секојдневни гревови,никој не сме безгрешни да бевме немаше да бидеме на земјата ;)
     
    На Βικτωρία, Anajirile, Chica.Loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    споре мене грев кој не би требало да биде простен покрај богохулењето е и гревот т.е злосторот против човештвото
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.170
    Најголем грев според мене е да си го оцрниш сопственото срце.
     
    На maca cvet, hermosa и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ќе направиш грев, ама барем не повторувај го.

    Многумина пред спиење, ќе речат: Господе прости ми, и од наредното утро пак си нижат гревови.

    Или ќе се исповедаат и си мислат Господ им ги избришал гревовите од тефтерот...

    Или ќе однесат масло в Црква и ќе го подмитат на Исус. Еве Исусе едно масло, да се искупам, аман простете ми ги гревовите...

    Е, не е така. Секој ќе си плати за својот грев. Се се враќа, се се плаќа на овој свет. Затоа треба да гледаме да не грешиме, а ако згрешиме да не ја повторуваме истата грешка. :)
     
    На Dashing:), Sunchineforever, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Она што јас го знам е дека гревовите треба да се исповедаат и да не се повторуваат.
    Сите сме грешни и не треба да ги осудуваме оние што грешат, бидејки како што судиме, така ке ни се суди и нам, односно како што ние простуваме така и ке ни се простува.
     
    На kva и tessie им се допаѓа ова.
  9. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Единствен грев кој не се простува е хулата на Светиот Дух, а хулење на Светиот Дух е самоубиството, сметањето на гревот за мода. Гревовите се поделени во неколку групи и тоа:

    Гревови што викаат кон небото: Намерно убиство, содомија, измачување сиромаси и вдовици, скратување на работничка плата...

    Смртни гревови: гордост, среброљубие, блуд, завист, неумереност во јадење и пиење, гнев, мрзливост.

    Гревови против Светиот Дух: Горделива претерана надеж во Божјата милост и поради тоа, непрестајно грешење. Очајување и губење надеж во Божјата милост. Спротивставување на позната вистина. Завидување на туѓа среќа. Непримање добри совети. Тврдоглаво останување во непокајаност.

    Помагање на туѓи гревови: Советување, заповедување, дозволување други да грешат, наговарање други да грешат, фалење, премолчување, неказнување на туѓиот грев. Учествување во туѓ грев и давање лош пример.

    Господи помилуј.
     
    На KittyAgnes, kuc, Таа Сум и 6 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    На која религија припаѓате?

    Дали сметаш дека е грев да бидеме горди на Бог, горди на Божјата слава?
     
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    На која религија припаѓате?

    Не само што јас сметам дека е грев туку христијанското учење го смета за грев.
    Зошто да бидам горда на Бог или Божјата слава, јас сум одговорна за постоењето на Бог па да се гордеам со неговата слава?
    Јас верувам во Бог, го љубам а никако не се гордеам на Бог или неговата слава.

    Ако е во ред да се гордееме, тогаш треба да е во ред да ги прекршуваме и останатите 6 смртни гревови.

    [​IMG]
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не би рекол дека христијанското учење го смета за грев. Еве што вели Светата Книга на христијанството (Библијата, Божјиот Збор)

    „Славете Го Господа зашто е добар, зашто е вечна Неговата љубов. И речете: „Спаси нè, о Боже, Спасителу наш, и собери нè и избави нè од безбожните народи, за да го славиме Твоето свето Име, за да се гордееме со Твојата слава.”“ (1 Летописи 16:34-35, Библијата)

    Оваа листа е човечка листа, скроена од човек, и тие гревови се наречени за „смртни“ исто така од човек. Не велам дека не се гревови, само велам дека човек ги нарекол „смртни“. И исто така има многу други гревови од кои треба да бидеме понастрана. Но за да бидеме понастрана од гревови кон кои имаме слабост и често паѓаме ни треба силата на Светиот Дух. А за да ја добиеме таа сила, мораме да се нановородиме. А за да се нановородиме, треба да се покаеме, да го прифатиме Исус Христос како Господар на нашиот живот и Спасител од гревот.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Од кај ти е преводов? Од Константинов?
    Ревидираниот превод гласи:

    34 Славете Го Господа, зашто Тој е добар и милоста Му е вечна,
    35 и речете: ‚Спаси не`, Боже, Спасителе Наш! Собери не` и избави не` од народите, за да го славиме Твоето свето име и да се фалиме со Твојата слава!’

    Во ниеден друг превод кој што го консултирав нема городст... Освен во преводот на Константинов, за жал грчки не знам па да се консултирам и со Септоагинтата.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не е по врат, туку по шија. Нема суштинска разлика во преводот. Зарем да се гордееш со некој не е исто како и да се фалиш со некој? Зарем мајката која се гордее со својата ќерка која освоила 1 награда по пијано, всушност не се фали со неа?
    Ок, ако не ти одговара преводот на д-р Константинов, еве ќе ти наведам неколку Библиски цитати од ревидираниот превод кои истото го говорат:

    „И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос. Преку Него со верата добиваме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме и се гордееме со надежта во славата Божја.“ (Римјаните 5:2, Библијата - ревидиран превод)

    „зашто вистинското образување сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се гордееме со Христос Исус, и не се надеваме на телото..“ (Филипјаните 3:3, Библијата - ревидиран превод)

    И не само што во Библијата има примери дека христијаните се гордееле со Бог, со Божјата слава, туку има и примери каде што Бог се гордее со Своите верни :) Еве еден таков стих:

    „Господ, твојот Бог, е сред тебе. Тој е силен да те спаси; ќе се развесели за тебе со радост, ќе те обнови според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни, како на празничен ден.“ (Софонија 3:17, Библијата - ревидиран превод)
     
    На ♡BuBaLe♡, Natasha2012 и elisabeta им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Од светото Евангелие од Марка (глава 7):
    20 И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
    21 Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
    22 кражби, лакомства, злоби, лукавства, развртат, око завидливо, богохулство, гордост, безумство.
    23 Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.”

    Од соборното послание на св. ап. Јаков, гл 4:
    16 А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла.

    Од второто послание на св. ап. Павле до Коринтјаните, гл 12:
    20 Бидејќи се плашам дека можеби, кога ќе дојдам нема да ве најдам такви какви што сакам; а дека и вие нема да ме најдете таков каков што сакате: да не има можеби меѓу вас кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, озборување, горделивост, побуни;
    21 кога повторно ќе дојдам, да не ме понижи мојот Бог кај вас, и да не треба да оплакувам за мнозина кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамот што ги направиле.

    Во За оние стихови кои ги поставивте Евангелосе, во нормални преводи стои фалење, веселење и радување, арно ама кој со ѓаволот тикви сади тиквите по глава му скокаат, така и оние (од Библиското здружение де) кои со секташи преведуваат Свето Писмо, па се провлекуваат вакви недолични зборови на овие места. Сепак фала Му на Бога што САС на РПЦ-МП ја издава сеуште Црковнословенската Библија и што САС на СПЦ има приредено превод верен до оригиналот.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Сите 3 примери кои погоре ти ги наведе говорат за човечкото гордеење со самиот себе, гордост кон својата сила, својата мудрост, својата слава. Таквата гордост е одвратна пред Бог. Но ние не зборевме за таква гордост. Ние зборевме за гордеење со Бог, со Божјата слава, гордеење со нашиот Господ и Спасител Исус Христос.

    „И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос. Преку Него со верата добиваме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме и се гордееме со надежта во славата Божја.“ (Римјаните 5:2, Библијата - ревидиран превод)

    „зашто вистинското образување сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се гордееме со Христос Исус, и не се надеваме на телото..“ (Филипјаните 3:3, Библијата - ревидиран превод)

    Хах, прво не ти одговараше преводот на Константинов и се повика на Ревидираниот превод (со благослов од МПЦ), а сега кога виде дека и тој превод го вели истото, сега одеднаш и тој превод не ти одговара, сега и тој ти е „ненормален превод“ :) Ни се водиш, ни се тераш.

    И нели ти објаснив дека да се гордееш со нешто и да се фалиш со нешто е едно исто? Кога јас се гордеам со нашиот Спасител Исус, јас го фалам колку голем и добар е Тој. Еве оди на онлајн речникот (http://365.com.mk/recnik/) и види што значи зборот "boast" на македонски и ќе видиш дека во преводот ќе стојат овие опции:
    горд сопственик на
    предмет на гордост
    фалба
    се фали
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. goranbitola

    goranbitola Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    http://www.youtube.com/watch?v=mhUGAuf05H0 Do not kill, do not rape, do not steal.
    These are principles which every man of every faith can embrace.
    These are not polite suggestions!
    These are codes of behavior! And those of you that ignore them will pay the dearest cost!
    ова ми е најомилеониот говор и овие се наголемите гревови нема поголеми гревови од краденје силованје и од убиванје.......
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    7 смртни гревови:
    1. Гордост
    2. Среброљубие
    3. Блуд
    4. Завист
    5. Стомакоугодување
    6. Гнев
    7. Мрзливост
     
    На kuc, ♡BuBaLe♡ и korisnichka им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    @Orthophill, а може ли да ми објасните во која смисла е тоа 'смртен' грев? Нели има и други гревови, ама овие се смртни. Што значи тоа смртни?
     
    Последна измена: 26 септември 2015
    На ♡BuBaLe♡ и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Смртни гревови се гревовите за кои ако не се покаеме и ги исповедаме пред Бога и пред духовникот, не` водат директно во пропаст. Не, дека нема грев кој не води кон пропаст...
    За гревовите и нивната поделба веќе напишала @Macedonian.Horse :
    http://forum.femina.mk/threads/Гревови.19047/#post-1842816

    И можеби е добро оваа дискусија да се продолжи на темата гревови. Го молам модераторот да интервенира.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.