Греење со пелети

Дискусија во 'Дом' започната од Shana, 28 февруари 2011.

  1. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.432
    Феминки, дали некоја од Вас користи пелети за греење или дали познавате некои семејства кои користат печки со пелети?
    Ми се допаѓа како функционираат но малку предобро звучи па сакав да споделам искуство. Бидејки живееме во стан, ми одговара тоа што нема пепел при согорување, моментот што се палат на копче и со тајмер за разлика од палење огин (што никад не ми успеало :D ) итн. Купување на печката не е голем проблем, за една зима би се исплатила инвестицијата ама фактот дека истите работат само на пелети не ми се допаѓа. Може да им текне на производителите да се растурат (како и повекето фабрики кај нас), може ке качат цена па да биде бадијала инвестиција итн.
    Би сакала да го слушнам Вашето мислење.
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    970
    Јас знам за едни такви, ама ако може стави слика, незнам баш дали е тоа што мислам :D
     
  3. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.432
    Еве го вебсајтот од печките:

    http://www.ecospar.com.mk/mk/products.html

    Фабриката за производство на печките е во Охрид. Според нив, извезуваат во Европа 3-4 години, кај нас почнаа од лани да ги продаваат. Нивна препорака се некои српски пелети бидејки квалитетот бил загарантиран (одреден процент на влага, соодветен лепак, процент на компресија итн.), инаку веке има некои мали фабрики кои ги произведуваат и кај нас. Пелетите се продаваат на сите бензински на Макпетрол, во Туш, Веро итн.
    Печките имаат контејнер во кој се ставаат пелетите. Една кеса од 15кг е доволна за отприлика 2 - 3 дена, зависно од тоа колку часови работи печката а чини 200 денари. Електронскиот дел од печката е “задолжен“ за спуштање на мали количини на пелети кои постепено согоруваат. Има и вентилаторче кое додатно го дува топлиот воздух. Може да се приклучат на оџак ако има, ако не, доволно е да се направи отвор на надворешен ѕид Ф80мм, како за клима. Фирмава имаше дуќан на улица Македонија спроти куќата на Мајка Тереза, незнам дали сеуште се тамо.
    Сето ова убаво звучи па ме интересира дали некој има искуство со конкретниве печки. ЕВН кожата ми ја одра, барем да сме се згреале, па размислувам за алтернативи :worried:
     
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.237
    Гледам добро си информирана за печкиве и нас дома ни паднаа во око но исто не ми се допаѓа што е греењето само на пелети. Исто и јас помислив што ако за година две престанат да ги носат од Србија пелетиве, нема ваљда да идам до таму да ги купувам. Свекор ми и свекрва ми кои живеат под нас во куќава се греат на дрва и кога беа луѓе на почеток на сезоната за рутинско чистење на очакот баш ги прашував дали имаат некое искуство со печкиве и ми рекоа дека е моментална глупост на која бргу ќе и помине модата :^) Сега ова се се шпекулации и јас сакам да чујам искуство од некој што ја користел печкава....
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.432
    Божица, има фабрики за производство на пелети и кај нас, една е во Кочани мислам. Гледам по огласи се продаваат многу машини за компресирање пелети, бизнисот е по подем бидејки навистина во Европа се користат многу за разлика од тука. Кога ке пишеш pellets у google, излегуваат англиски, грчки, германски, хрватски сајтови на фирми кои го произведуваат ова биогориво. Екоспар иимаат склучено договор со фирмата од Србија бидејки ги произведува по повисоки стандарди за разлика од нашиве. Девојката од дуќанот ме уверуваше дека тие нема да престанат со снабдување пелети, вели дека кога се решиле на производство на вакви печки, мора да снабдуваат и со пелети. Држи вода до некаде него ШББКББ ако се затвори фабриката на Екоспар? Машина за перење од Горење може да ја поправи и мајстор од Кончар сервис, ама електрониката на печкиве незнам дали може да ја поправи некој друг, овие се единствени што ги произведуваат.
    Многу се мислам, имам многу фактори за и против печкиве. Како што ми пристигна јануарската сметка за струја 12200 ден, мноооогу се мислам. А пак не сме се згреале како треба. Не се ефтини ама ако функционираат како што е наведено, мене ми одговара. Во краен случај термото и климата и греалките се тука него работава беше да не фрлам 1000Е бадијала.
     
  6. Bozica1980

    Bozica1980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.237
    Се надевам некоја ќе се најде со лично искуство и ќе сподели со нас. Факт е дека куќа со струја тешко се затоплува иако ние немавме проблем со вака високи сметки како твојата, но со намера сме да направиме парно но на дрва.Знам дека ова е поелегантно решение но сепак не би до толку да експериметирам а и доста е скапа печката која има котел за парно.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    3.517
    Кај мене во една продавница за играчки ( 40м2) го има тоа чудо. Топло е само околу печката бидејќи дува тој вентилатор и тоа исто како кога дува клима. Па се чудев дали тоа толку грее или на толку степени е регулирана температурата. Друго што не ми се допаѓа а тоа е што кога ќе снема струја неможе да врти тој вентилатор така да пак остануваш без греење.
    Не ми е испробана оваа работа, скептик сум за ова.
     
  8. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    970
    Блиски луѓе се занимаваат со вакви работи и ми кажуваа дека многу ретко (скоро никој) да е задоволен од пелетите. Воопшто не топлат, а и некако не е здраво толку малку испуштање чад надвор да има, сепак согореното мора негде да оди, а најверојатно тоа останува во собата и вие го вдишувате.
    Зимава бев во една продавница и ја гледам продавачкава стуткана до печката. Се приближив јас и верувајте, кварцната печка грее повеќе од тоа. Не би ви препорачала. Сега сите земаат бидејќи стана тренд некако, но дефинитивно не е ефикасно и исплатливо
     
  9. AIT

    AIT Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.577
    Во еден кафич во Дебар маало на летната тераса ова зимо за нас пушачите имаа ставено од овие печки на Екошпар и јас сум изненадена колку се добри и колку многу топлат(мислам дека имаа од најголемата таа која може да се користи за централно парно).Јас и сопругот сериозно размислуваме да си купиме и да си инсталираме една ваква дома затоа што до сега се ЛАДЕВМЕ на градско парно,а го плаќаме по 14000 денари.
     
  10. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.708
    Допаѓања:
    3.353
    Дали некоја од вас има по дома правено камин? Оние што се вградуваат, со стакло и после опшивани со гипс картон?Ако има некој ве молааааам лп, ми треба информација и бројче од некој добар мајстор.
    Фала :)
     
  11. friendy

    friendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    339
    Пол:
    Женски
    Сега како што ми е жешко :sweat: ми станува уште пожешко, ама ај да напишам кога веќе прочитав и да дадам некоја корисна информација.
    Се грееме и дома и на работа со котли на еко пелети. Котлите се од оние што се за во подрум, не се од оние за во дневна, но ја имаат истата функција и едните и другите. Може да се пренаменат и за греење со гас. Многу по исплатливо е и од парно на дрва и на нафта, а и почисто. Дома работи 24/7. Направено е на тајмер само се вклучува исклучува, прави пауза кога ќе наместиш на часовникот. Чадот излегува во оџакот и воопшто не се чувствува мирис дека нешто гори и испушта мирис. Единствен недостаток е тоа што мора да се чисти пепелта што останува од согорување на пелетите на секои 2 дена.
     
  12. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3

Сподели ја оваа страница