1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грижа за домашните миленици

Дискусија во 'Дом' започната од snake, 13 јануари 2010.

  1. #Maksi

    #Maksi Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Феминки,повторно прашање за поискусните и сите кои имаат одговор :)
    Ми треба вежби или начини како да го дресираме кучето, има неполни 2 месеци.
    Како го одвикнавте да не врши нужда по дома,бидејќи ние ќе го чуваме дома.А мислам дека ако како што читав погоре нуждата ја врши 6 месеци дома,мајка ми сигурно ќе сака да го изнесеме надвор исто и татко ми хаха :)
    Затоа ми треба секаков совет околу дресура и слично.Како што напоменав ова ни е прв пат,па пред да го земеме кученцето сакаме да научиме се :)
     
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Не моρа да значи деκа тоа ќе го пρави толκу долго, јас пишав κонκρетно за моето κое беше инат невиден и уште е и не саκаше фа научи, а знаеше зошто е κаρан, после толκу месеци ние сее отκажавме од κавги и тој сам побаρа да излезе надвоρ да моча и од тогаш е таκа.Зависи од κучето и од тоа κолκу бρзо учи, но сеκаκо зависи и од тоа κаκо вие ќе се ппставите со него, ние пρизнавам бевме меκи и тоа е лошо, инаκу сеκаκо ќе му се случи да моча дома , аκо не ρедовно тогаш од сρеќа ќе подмочнува, κај тие што знам деκа чуваат κуче е ваκа.Сρеќно со чување и имајте убав соживоѕ.И пρво и основно да го однесеш на ветеρинаρ одма штом ќе го дибиете, ем да ви κаже за ваκцини, апчиња и сл, моρа да се ваκциниρа, ем κучето да се навиκне на него ушѕе мало и да ме ρазвие стρав.
     
    На #Maksi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Храна, најсигурно ти е домашно готвена храна да му даваш. Јас имам 9 месечен Ердел Териер. Кога ја земав, ја хранев со Brit-Care-Puppy all breed-Lamb and rice. На почетокот бев задоволна од храната, но потоа почна да ја остава храната и да има дијареа. Сменив на домашно готвена храна. Не мислам на остатоците од нашата храна, туку специјално готвена храна. Купи пилешко месо и ориз. Има кршен ориз, кој што е поефтин и повеќе ти се исплати. Давај му моркови. Јас мојата ја хранам со моркови од кога стапна во мојот дом (и затоа има цврсти, бели и здрави заби). Јаболките се добри антиоксиданси за кучињата. Секој ден си делиме по едно јаболко со Беки. Треба да му даваш калциум исто така. Можеш да му купуваш апчиња од пет шоп, но и да му даваш лушпи од јајца. За да не му смрди здивот, со секој оброк давај му магдонос свеж.

    Почни со дресура уште кога ќе го земеш. Покажи му каде смее и каде не смее да оди. Ако не си чувала куче предходно, тогаш ти препорачувам да земеш женско. Полесно е за дресирање. Машкото кога ќе го внесеш дома ќе ти обележува територија (моча) на секаде низ домот. Во првиот месец дресирај го да мокри на пелени. Ги има во Џамбо. На третиот месец, кога ќе смееш да го изнесуваш надвор, после секој оброк носи го во трева. Треба време додека го научиш, Беки на 7 месеци се научи каде треба да се врши нужда и еве ја, дома нема направено беља. На групата за Ердел Териери во која сум, прочитав дека нечиви кучиња научиле дури на 1 година. Како и да е, Ердел Териер е исто како магаре, Лабрадорот е попослушен.

    Зошто нема да смее кучето да излегува од домот до 3 месеца? Секој одговорен сопственик ги вакцинира кутрињата кога ќе наполнат месец ги носи на вакцинација. Кутрето ќе треба да прими ревакцина на 2 и на 3 последната вакцина (колку што памтам). Додека не ја прими третата вакцина, треба да биде под карантин, а тоа значи да не биде во допир со надворешната околина и со други животни кои биле надвор. Зошто се потребни вакцините? На балканот има една распространета болест, Штенечак. Се јавува кај кутриња од 4 до 6 месеци и најчесто тие кутриња ги чека смрт. Многу тешка болест и ретко кога може да биде излечена кај кутрето.

    Друго, ако не му земате педигре и не планирате да го носите по изложби, стелизирајте/кастрирајте го на полна година. За женките е потребна стелиризацијата зошто кога ќе остарат, а не се кастрирани добоваат тумор на матката и ако не е дијагностициран на време, кај кучката е загарантирана смрт. Колега на татко ми имаше Шнауцерка, 8 години беше кога и го дијагностицираа туморот. Др. Диме, кој што е еден од најдобрите ветеринари со најдобрата екипа, се обиде да ја спаси, но прекасно беше. А, ако не се кастрира мажјак, прво ќе биде здивен, се' живо и диво ќе пробува да опари и ако намириса женка во циклус, ќе збесне. И поголемо мачење е да може да оплодува, а да не му дозволуваш и тој се' да прави за да оплоди, одколку да не може да оплодува и раат да бидете и ти и тој. Исто така, причина за кучињата скитници е некастрирањето и нестелизирањето на кучињата.

    Лабрадорот може да се приклопи во било која околина. Може да се чува и надвор и внатре, поради дебелото поткрзно. Лабрадорите се создадени да пливаат во мраз ладни води и да не измрзнат. Затоа и имаат перки меѓу прстите. Лоша страна им е тоа што многу се митарат, но за тоа имаш фурминатор, кој што го намалува митарењето и олеснува на кучето. Исто така, треба да се внимава од кој одгледувач се зема и да ги видиш родителите на кутрето, да бидеш сигурна дека се снимени и дека не можат да имаат дисплазија на колковите. Дисплазија на колкови е една неизлечива болест. Кучето е во бол и агонија и најчесто треба да се еутанизира. Како и да е, со правилна грижа и дресура, Лабрадорот е верено и лојално куче кон фамилијата.
     
    На Arthur, Marossa, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    И јас се согласувам со Папи за хρаната, јас го хρанам со ваρено пилешκо, џигеρи, оρиз и моρκов и две- тρи јајца во неделата му ги оставам цели да си ги јаде таκа се научи пρеκу игρа да ги саκа.Κρзното му е сто пати подобρо за ρазлиκа од κога го хρанев со цвρста κупечκа хρана, е сега тимаρењето е поголемо зошто нон- стоп тρеба да готвиш, ама може и поголема κоличина κоја ќе ја чуваш во фρижидеρ.Јас на моето му давам свежа κρаставица и пипеρκа κога има, многу ги саκа и нема пρоблем со столица, осевен аκо не пρетеρа и го фаќа дијаρеа.Можеш главно да му даваш сеκаκво овошје, без јатκесто и гρозје, аκо саκа, аκо не доволно е јаболκо.Саκам да ти κажам деκа κуче посебно мало е голема одговоρност, додеκа да научи, може да гρиза мебел, да јаде се што стигне, да κвичκа и тρопа по вρати цела ноќ, но после неκолκу месеци поρаснува и само си игρа неκој пеρиод во денот и пρетежно спие.За κастρација и стеρелизација се согласувам, јас пишав исκуство пρедходно низ темава аκо те интеρесиρа. Главно тоа е тоа, ќе ви го смени животот на подобρо.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Епа горе долу се ти кажавме читај меѓу редови ќе сватиш, сите истото го повторивме.

    Како што предходно напоменав ќе врши нужда насекаде, ќе се развикаш некогаш ќе го под удриш само таја ќе научи на ред и дисциплина, обавезно да го шеташ ако немаш време барем на 20 тина минути колку да не мока низ куќи гледај да го носиш на зелена површина, трева. Исто така ако врти во круг како испаничено да знаеш дека е време за какање :Р барем на почеток е така
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Што мислите за кастрација на 5 годишен мажјак, конкретно Лабрадор, само еднаш е парен?
    Ова за женките и туморот на матка ако не се парени ептен ме исплаши. На другарка ми кучето (женка) исто има 5 години и воопшто не е парена, не сака, не дава, секој период пробува ама несака, и со различни кучиња пробува и со исти џабе, може цело Скопје ги има пробано :D Она им се качува, не дава да и се качат. :D
    Да не и е касносега да ја кастрира?
    Ах бее, и мојава еве две години направи не и најдов достоен партнер... :doh:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Не е проблем и сега да се кастрира. Иначе за туморот на матка, заборавив да кажам дека најмногу се јавува кај кучки што не раѓале. Одма да ја однесе на стелиризација, го препорачувам Диме. Јас мојава никако да ја издресирам да не збеснува кога ќе види куче, така да џабе педигрето, ќе ја стелиризирам... едноставно ОБОЖАВА живи суштества и сака да игра со нив... какво и да е, важно и' е тоа суштество да биде пријателски расположено (како неа).
     
    На anuskaNESTLE и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Да да, те разбрав дека за кај кучки што не раѓале се јавува.
    Чекај твојата е уште мала, може ќе се уозбили :lol:
    Ќе те замолам ако знаеш или случнеш/прочиташ некаде некој да бара женка или да нуди мажјак Ирски Сетер за парење со педигре да се сетиш на мене :) Цело Скопје роднини се! :x
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Знам, и мене тоа ми е проблем... ако се пари, ќе треба да се пари со трет или втор братучед од Прилеп и шубе ми е малце... а дека ќе се уозбили на 1 година, не верувам. Ме чуди како некои ги носат уште на 6-7 месеци и нагоре. Татко и' па, поозбилно куче од него немам видено. Одот му е во каскање, баш како за на натпревар, не сум го видела да оди како нормално куче. Трча само ако му е дозволено и игра ако му е дозволено. Кога прв пат се сретна со Беки, јас бев присутна и видов колку ладно реагираше... ги нушна двајцата (Беки и братчето) и си стоеше, овие нозете му ги глодаа, го кубеа, тој не се мрдна... треба да прашам кај која бајачка го носеле за да биде толку мирен.:lol: (и да, ќе те информирам ако и' најдам некој соодветен) :wasntme:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Кој е тој Диме за стерилизација што го препорачувате, може број и некое инфо за него, пошто јас мојава ја носам кај ветеринар Мартин во Кисела Вода што е, ама незнам дали и он е добар за стерилизација што викате вие?
    Инаку мојава сега во мај ќе направи 2 години и тогаш планирам да ја однесам на стерилизација, и нема шанси да ја спарам, пошто не е расна и на сите ни е јасно дека вдомувањето на нерасни кутриња е многу потешко, а јас нема шанса да ги дадам на некој ако не сум сигурна дека ќе се грижи за нив и на секои 3 4 месеци ќе сакам инфо за кутрињата а сметам дека не сите се сериозни вдомувачи имајќи пре очи секакви примери па кучињата или ги напуштаат или ги враќаат за неколку дена, па сметам дека нема потреба да ја малтретирам ни неа, ни мене, и додека е со време да ја средам таа работа а у плус има големи шанси за тумур да фате ако не ја стерилизирам а не ја парам, така да само ме интересира како ќе влијае стерилизацијата врз неа, јас сум страшно жаловита, дури не давам никој да и викне на неа, незнам дали ќе ја боле, колку е опасна операцијата, колку дена ќе леже, како ќе закрепне и дали ќе биде истата весела и игрива? :|
    И кој го препорачувате за стерилизација, Мартин или тој Диме, пошто веќе Мартин е нејзин ветеринар - не дека има некоја врска, туку ако е Диме подобар, за операција да одам кај него пошто не сакам да ризикувам ич, се ежам дури од самата помисла операција :sweat:. А со Мартин имам зборено и тој е за стерилизација пред се пошто е мешанче, и ми рече околу 3000 денари дека е операцијата и дека за 3 дена ќе закрепнела, ама па од други слушнав дека 3 недели ќе закрепнувала и можело после да не е иста да била многу помирна и понеигрива/жива?! :o :tmi:
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Анушκа, тоа нема да ја смени, пρвите денови ќе биде поинаκва ама потоа ќе си оздρави и ќе биде истата стаρа и весела κучκа.Моето е сосем исто, ништо не му смени тоа и за женκи што сум пρавела муабет нема пρомена.Самата опеρација не е болна, ама посопеρативните последици изгледаат болно, но бидејκи пρимаат анелгетиκ тос е само на изглед, тие не осеќаат болκа и после 3 до 7 дена се κаκо нови.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leela

    Leela Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    @anuskaNESTLE Мислам дека се мисли на "Ветеринарен центар" во Капиштец/Водно (не знам баш во која населба спаѓа). Еве линк од Фејсбук (https://www.facebook.com/pages/Veterinaren-Centar/227200697401514?sk=info&tab=page_info), има во about и адреса и телефон. Јас кај нив си ја носам мачката на вакцинација и контролен преглед и сум задоволна од нив. Извини но за стерилизација на кучиња немам никакво инфо да ти споделам...:(
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    @1209 и @Leela фала ви на одговорите. :)
    @1209 пошто гледам дека имаш искуство со ова, да те прашам само на што мислиш за посоперативни последици? Дали првата недела после операцијата значи дека нема да може да се движи многу, само до вц надвор и толку? Дека само ќе леже и спие? И ако може точна цена ако памтиш колку плати за операцијата.
     
    На Leela му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    @1209 и @Leela фала ви на одговорите. :)
    @1209 пошто гледам дека имаш искуство со ова, да те прашам само на што мислиш за посоперативни последици? Дали првата недела после операцијата значи дека нема да може да се движи многу, само до вц надвор и толку? Дека само ќе леже и спие? И ако може точна цена ако памтиш колку плати за операцијата.[/QUOTE]
    Anuska исκρено цема не знам зошто на татκо ми пρијател го κастρиρаше.Ама до 2000-3000 е сеκаде.За дρугото мислам баш на тоа, нема да саκа да κа допиρаш, пρетежно ќе спие на ладно, веρојатно на плочκи, тоа ми го κажа вет. и таκа испадна, ќе се хρани малκу, вoда ќе баρа многу тρеба да е на дофат за да не се движи.Κај машκите се јавува помодρување и цρвенило ден- два κај женκите не знам κаκо е.Не се сеκиρај, ќе и биде добρо и нема ни да се сеќава што и се случило, моето единствено стана поплашливо од неκастρиρани помлади мажјаци, ама читав деκа е ноρмално тоа, κај женκи не се јавува κолκу што знам.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    За сите што чуваат папагалчиња, сакам да ве прашам дали папагалчето стои во кафезот со наведната глава и подигнат грб... како мршојадите ? Што значи тоа, да му е ладно на местото каде што стои ? Ако знае некој нека ми одговори. :)
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Моите папагали така правеа ако се загледаа во нешто.. Ама кратко траеше. Невообичаено е однесувањево, консултирај се со ветеринар.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Фала ти папилон, невообичаено и смешно, како гавранче е хахахаха :)
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Ете зошто треба да се преферира домашно готвена храна. Ништо не ми е сигурно денес, затоа и не купувам многу кучешки производи. Се' што јаде моето куче е домашно готвено и е сигурно. Доволно е еднаш да се зготви во денот. Јас секоја вечер варам храна за Беки. Ставам за 2 оброка дневно, едно парче мелено месо (пилешко) со ориз и морков. Мора мелено зошто во последно време не ја џвака храната... тоа го забележав коа последен пат поврати целосни парчиња месо со ориз. Од тогаш, мелено месо само и давам и за да не добие забен камен и давам морков да глода.

    Се надевам ова ќе помогне некому. :)
     
    На Marossa, anuskaNESTLE, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Hahn

    Hahn Активен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    35
    И мене ми треба совет во врска стерилизација. Имам женка тибетски шпаниел (тука сметани како пекинезери поради сличноста). До сега се нема парено, наскоро ќе и дојде вториот период. Дилемата ми е дали да ја оставам барем 1-2 пати да роди или да ја стерилизирам уште од сега. Не сакам воопшто да не почувствува како е да е мајка, тоа и е од природата дадено, ќе ми биде многу тешко јас да и го одземам тоа. А од друга страна ме плаши тоа што слушнав за 2 случаи каде пекинезерки не можеле да се породат и починале на самиот пораѓај. Има ли некој поупатен да ми каже колкави се шансите нешто да тргне на лошо и од што зависи? Да напоменам, не е премногу ситна за нејзината раса, ако има некаква врска.
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.317
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато деκа сите ветеρинаρи пρепоρачуваат оваа постапκа да се напρави пρед да се паρи κучето воопшто, поздρаво било за него и од физичκи и од психичκи аспеκт.Ама најдобρо ти е да пρашаш стρучно лице, на мои κомшии пеκинезеρче се поρоди сκоρо, на година ипол мислам и супеρ е сега, се беше добρо.
     
    На Hahn му/ѝ се допаѓа ова.