Веќе подолг период се шпекулира дека Грција е пред банкрот и се спрема излез од еврозоната т.е враќање на драхмата како валута. Денес Грција ги затвори своите банки и предизвика пад во берзата на глобално ниво. Падна вредноста на еврото, се зајакнува вредноста на доларот и швајцарскиот франк. Кризата во Грција има влијание врз инвеститорите, кои испаничени ги повлекуваат своите пари. Брзиот одлив ќе влијае врз земјите со кревка економија како Италија, Шпанија, па и Македонија.
@Yipman2 Како тоа падна вредноста на еврото не е уште 61.8?или мислиш во однос на доларот?... Од ситуацијата во Грција воопшто не сум изненадена ова веќе подолго време се очекуваше,само сум изненадена што не си превзедоја по драстични мерки за штедење,и не побараја повеќе финансиски совети од нивните партнери во ЕУ...И да излезат од ЕУ да нема да ги имат бенефитите за кои ние години се бориме и потешко ќе живеат тоа е факт посебно обичните граѓани но сепак ќе останат едни една од најпознатите туристички земји во кои би требало да биди поефтино од сега но и не мора да значи... Ситуацијата ескалира нормално кога на луѓето парите и штедните влогови му се заробени во банки кои се затворени и од кои можат само ограничен број на сретства да се подигат сепак владеј голема паника,пропратно со ова и многу луѓе ќе останат без работните места,ќе пропаѓат мали големи бизниси, прашање е дали ќе можат плати и пензи да исплатат што чисто се сомневам страшно... По неспретна влада во однос на финансиското работење не сум видела жива катастрофа,5 или 6 банкрот му е зарем е можно толку алипни министри и советници по финансии да имат хаос...
Ако де нека банкротира грција. Така ќе ги исфрлат од еу после ќе можеме ние да влеземе. Ако излезат тие си мислам дека и Бугарија ќе не блокира за грција како грција ќе ми биде мило ако банкротира. Само граѓаните не се криви за политиката што води владата кон нас
И ти мислиш ако влезе МК во ЕУ ќе тече мед и млеко. Како бугарите и романците што влегоа , одвај чекаат да избегаат од државата. И колку да не бегам од темава , грците одвај чекаат да излезат од европа , јас тие што ги познавам 98% ќе гласаат за надвор од еврото , па богами на луѓето веќе им се смачи други да им се мешаат во државата , цело време да кратат пензии плати Сакам да кажам, и подобро МК што не е во ЕУ и дај Боже да не влезе ,зашто од нив фајде нема
Ако банкнотира Грција и ако пропаднат банките, многу ќе ми биде криво што не си земав така поголем кредит да ги решам сите животни прашања. Инаку и без Грција и со Грција, нема да влеземе во ЕУ.
Ако влеземе во ЕУ сега тешко нас, ќе почнеме да плаќаме 1,5 евро за леб е тогаш ќе се чудиме што не снашло. Додека да го поминеме процесот на урамнотежување на европскиот стандард со нашите плати тешко нас, Ко преживи причаче. Може е наша среќа што не закочи јужниот сосед во евроинтеграциите. Инаку не верувам дека ќе банкротираат, кој ги остава туку така.
Ако влеземе во ЕУ не може да биде по лошо во случај да не можеме да се урамнотежиме еу ќе помогни за тоа дека тешко ќе излезат од еу тоа е точно
Во ред да, еден душман помалку. Ќе се појават уште многу после Грција. Мое мислење... Ама како што ЕУ се држи на стаклени нозе, се си мислам дека попрво ќе се распадне додека ние да влеземе. Знаев дека ќе има огромни последици по унијата што толку години го заштитува своето милениче, неосновно. Се правеа бројни остапки и исклучоци. Одредбите важеа за сите освен за Грција. Како фискални, така и монетарни. Да не идеме подалеку, со самото тоа што и дозволија влез во монетарната унија, без да ги исполнат бараните критериуми го фрлија бумерангот кој што сега им се враќа. Полека но сигурно.
ЕУ провери колку им помогна на Бугарите, Хрватите и земјите кои последните години влегоа во ЕУ. Обичните граѓани останаа на цедило. Хрватите дојде ред да плачат и да се жалат секојдневно, бугарите што не извидоа. Не се согласувам со таа европска политика, таа е само за големите земји а ние ќе патиме секогаш и ќе бидиме нивни марионети.
Јас онака зборам гледајќи како поминаа другите земји, можеби сега да влеземе во ЕУ ќе биде убаво во нашата држава ама после 10 години, а до тогаш тешко нас. Ама не не примаат секако, џабе ги исполнивме сите услови ги спроведовме нивните политики, закони, и на крај си плачиме од истите тие закони за џабе. Барем да не поштедеа од сето тоа.
За Грција сите знавме дека е во финансиска кома која ја одржуваа во живот преку кредиторски инфузии со години. Она 'должен како Грчка' не го измисливме ние Само нивнава финансиска криза ќе има домино ефект, да не се залажуваме. А Грција ако мисли дека ако излезе од ЕУ, долговите ќе и ги простат, тогаш живеат во бајка. Во или не во ЕУ, тоа што си земал,треба да го вратиш. А ние за у ЕУ треба да исполниме многу критериуми кои упорно под тепих ги ставаат или се прават наудрени за нив овие на власт. Нели 100 пати веќе ни кажаа дека сме отидени дури назад и дека и препораката ни виси на конец. Какво ЕУ, кога сме во моментов светлосни години оддалечени од Европската орбита.
Da bideme iskreni nie sakame da vlezime vo EU samo zaradi da mu ja kidneme od drzavava , za da ne vagame bugarski pasosi ! Toa e toa Inaku ne sekirajte se za Grcite si imaat oni ostrovi neka si gi prodadat i ke se spasat , tuku nie ovde sto prajme ???
Сега Грција планирала да побара нов двегодишен договор за финансиска помош од еврозоната, па ајде да видиме до вечер што ќе направат. Инаку треба да вратат сега долг од 1,8 милијарди долари на ММФ. Све ми мириса оти нема да вратат долг а ќе добијат помош.
А кога уствари Грција и не е добила помош?? Грција пред банкрот ајде и пуштат пари, ајде и сега пак е пред банкрот ајде ќе видиш и пуштат пари. А чисто сумљам дека ќе излезе од ЕУ