ние сме 24 дена , а се напнува и кака само еднаш , претходно (до пред 3 дена) какаше 3-4 пати. може ли од капките за грчеви да му е?
Душo јaс немa нештo штo не прoбaв,сaб кoлиеф,еспумисaн инфaкoл кaпки,термoфoр ништo не пoмoгaше дo 5 м си ги имaвме,секoјa вечер пo 1,2,3чaсa и пaзев нa хрaнa и се џaбе,сaмo гушкaње гaлење и трпение,и секaкo фен ни пoмoгaше мнoгу звук oд фен тaкa се смирувaше сaмo,и зaспивaше
Мајки, Ако може некој да ми каже како се вика овој сируп, не ми ја отвара сликичката и не можам да видам
го имам користено тој сируп пред да го користиме синчето секој ден какаше две недели го користев сирупот му го давав за грчеви и од тогаш има проблеми со какањето на два дена три по еднаш оди не сум задоволна од сирупот за грцеви најубаво е капки еспунисан и во малку вода да се свари неколку зрна ким и да ја испие водата мое искуство таков сируп не многу се каам со му давав на синчето оттогаш има проблеми со столицата
Можете да пробате и со трици зашиени во перниче. Перничето се затоплува со пегла или на парно и се става на стомачето. Помага колку толку. Капките исто така имаат краткотраен ефект. Тоа е период кој мора да се помине колку и да ни е жално да ги гледаме како се мачат.
Кај нас грчевите почнаа од вчера многу жално плачеше малечкото Пробав со чај на бекутан и малку како да ја смири и заспа синоке. Сакав да прашам за чај од ким ми препорачаа некоја искуство?
Aко е само од анасон се дава после првата недела од раѓањето, а ако е анасон и камилица од вториот месец.
Мајки, Ние секоја вечер од 17h мака мачиме со грчеви. Давам еспумисан капки ама не гледам некој ефект од нив. Во недела синко полни 1 месец па ќе му го земеме Nurse Harvey's сирупот, гледам на форумов од него сте најзадоволни. Инаку ставам и перниче со трици на стомаче ама без некој поголем ефект . Заборавив да напоменам дека давам и чајче од нане и ким...
Што и да му даваш има само моментален ефект Но, да те утешам обично грчевите се до 40 дена. Ќе издржите уште малку
Јас би рекла дека на 40 дена почнуваат да се покажуваат и манифестират повеќе.Траат до полни 3 месеца.Али се поминува
Веројатно имам пишано на темава, но ајде за поновите мајки...Капките не ни помогнаа толку многу колку што ни помогна термофор. Купивме некој беби-термофор од Зегин кој не му тежи ако му се стави директно на стомачето. Е со него имавме раат спиење.
Јас и давав еспумисан и чај од анасон, но ништо не помагаше. Пиштеше и дење и ноќе, кога ќе се премореше само заспиваше... Инаку грчевите ни траеа до 3 месец, потоа полека се смирија. Ама првите 3 месеци кошмар беа. Тоа е нашето искуство. Ставај го бебушот во скут на стомаче легнато и масирај го. еспумисанот ни помогна само во поглед што полесно ги исфрлаше гасовите.
Почнавме и ние и дење и ноќе со плачки. Синко е станат од 7h сабајле и уште се мачиме да заспие . Не сакаше дури ни после капење да спие, цело време плаче ... го нишкам половина час, дремнува 5 минути и пак од почеток . Од сабајлево почнавме и со Nurse Harvey's па ќе видиме, инаку давам и чај од анасон на Бекутан ама ништо подобро . Само за трпение го молам Бога
Јас неколку пати ја носев на педијатар од страв и ништо и педијатарот викаше само ќе си пројде. Ако ти е мисла однеси го бебушот да бидиш ти сигурна и помирна дека не му е ништо друго. Првите 3 месеци како со ми беше тешко никогаш не ми било...Сега не ми е толку тешко да трчам по неа да не падни на секоја минута отколку кога слушав како плачи кутричката, ама ќе помини не се секирај.....дај боже со полесно да е кај вас.