1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гулаш

Дискусија во 'Рецепти' започната од ane.bella, 21 октомври 2011.

  1. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    Женски,ајде ќе ве замолам да кажете некој добар рецепт за гулаш
     
  2. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    имаш оние во кеси што се фант готов рецепт само месо купи и следи го упатството хахаха :lol:
     
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    рајна-војвода,ти благодарам за советот.ама јас сакам домашно приготвен гулаш,тие во кесички не ги сакам.и затоа барам рецепт за гулаш
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ајде еве ти оригинал рецепт за унгарски гулаш ;) Барем јас вака го правам и го сакам баш пикантен.
    Е сега има и варијација на класичниот унгарски гулаш а тоа повеќе заличува на чорба па и тоа можам да ти објаснам како се прави.

    Основата е да избереш добро, младо говедско месо, така да во месара потенцирај дека ти треба вакво. Една до две главици кромид ги пржиш на зејтин. Кога кромидот ќе стане руменкаст го додаваш месото исецкано на коцки и пропржуваш малку. Додаваш црвен мелен пипер и буковец (по правило треба да е лут, во зависност од тоа колку сакаш да е пикантен гулашот), и повторно убаво мешаш и јас додавам исто доматен сос купечки односно салца за загустување, и го подлевам месото со вода, но не многу токму таман за да динстање на месото. И на тивок оган се готви вака се додека не омекне, на говедското му треба малку повеќе време. Ако забележиш дека фали вода за време на готвењето не се плаши да додадеш малку.
    Откако ќе испари водата и видиш дека се направил густ сос, додаваш потребен зачин како црн бибер, вегета, сол. И воглавно тоа е тоа.

    Е сега ако сакаш чорбест гулаш откако ќе ти се издинста убаво месото (почетната постапка е идентична) додади сецкан компир и залеј со поголемо количество на вода и остави така да се варат компирите. При крај се додаваат исто така зачините.

    И тоа е тоа ;) Јас го јадам со тазе леб, така ми е најсладок, а во Унгарија го јадат со ткн. „кнедли“ (еден вид на пециво подготвено на пареа), за илустрација еве ти фотка како изгледа прав унгарски гулаш ;)

    [​IMG]

    п.с. Мајка ми за загустување користи и фант исто така, евентуално може да се додаде малку брашно при крај (зборувам за чорбата) но не треба да се претера со брашното за да не се изгуби вистинскиот вкус на јадењето.
     
    На ane.bella, girl1985, rajna-vojvoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    И ние дома го приготвуваме на сличен начин како Пирамида, само што залеваме со поголемо количество вода за да остане чорбест и откако се сервира во порции, секој во својата си додава претходно одделно сварени шпагети и ова е стварно ептен вкусна комбинација.
     
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Еве рецепт за најубавиот гулаш кој сум го пробала. :) Многу е вкусен пред некој ден го правевме дома и одма се изеде.

    Потребно е:
    700гр тазе говедско месо (доволно е за 5 особи) ако сакате можете и да ја зголемите дозата на месото
    1л вода
    2-3 поголеми главици кромид
    2 поголеми моркови
    1 патлижан излупен
    70мл црно вино
    малку магданос
    зачини по желба : сол, бибер мелен, вегета , црвена пиперка, ловоров лист

    Кромидот се сецка се пржи на тивко да омекне , се додава месото исецкано на ситни коцки и се пропржува. Потоа се додава сецканиот морков, сецканиот и излупен патлижан. Се пропржува се заедно и се додаваат зачините , виното и водата. Се промешува убаво и се остава да се крчка окулу 2 саати, пред крајот се додава малку исецкан магданос.

    Превкусно е. :inlove:
     
    На БоннииТоп и Pacifist им се допаѓа ова.
  7. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.598
    Пол:
    Женски
    Еве го мојот рецепт за гулаш.ништо не ставам по мера се е од око и по вкус

    2-3 главици кромид,1-2 зелени пиперки ги пржам дури да се омекнат
    Месо колку што имам го сечам на мали коцки и го додавам и тоа да се пржи дури да омекни.
    Потоа ставам едно пакетче гулаш и една крем супа од било што,претежно од печурки користам,и вегета и црн бибер,додавам неколку чаши вода намалувам на средна температура промешувам и го оставам да се вари,(нормално мешам од време на време за да не загори)не многу долго,доволно колку да се довари месото и да се згусни убаво,нај често го сервирам со шпагети или со пире,пре вкусно е
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      56,7 KB
      Прегледи:
      1.042
    На Pacifist му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    ова испаѓа како чорба течно?
     
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Љубител сум на гулаш, ама не и на говедско. Може ли да се направи и со свинско? Имате некој испробан рецепт со свинско месо?
     
  10. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека веќе си го направила ама ако не си ќе пишам како јас го правам, ќе ти се најде за друг пат. Јас го правам најчесто со свинска кременадла без коска. Но од месарата можеш да си побараш и некое друго месо чисто, ќе си потенцираш дека ти треба за гулаш.
    Месото го сечам на коцки и му ставам малку сенф и по многу малку зачини. Сечам кромид неколку главици (колку повеќе, толку подобро), (може и рендан морков, но не мора, зависи од вкус) и го ставам да се пржи кромидот. Откако кромидот ќе се испржи додавам печурки од тегла (предходно измиени од маринадата) и го додавам и месото се заедно да се попржи некои 5 минути. Налевам со вода, од прилика 2-3 прста над месото, додавам ловорот лист и со поклопен капак да се крчка на најниска температура, некои 2-3 саати. Често треба да се проверува и залева со вода, никако да не остане без вода. Милион пати го имам правено гулашот вака и колку подолго се крчка на пониска температура толку поубав е. Кога веќе парчињата месо ќе се двојат и ќе омекнат скроз ќе знаеш дека е готов. Зачините се додаваат на самиот крај, јас ставам и многу магданоз. За крај ако сакаш да биде густ можеш да раствориш во малку ладна вода 1-2 лажички брашно и со тоа да го залиеш да си добие на густина ама и не мора.
    Се надевам убаво објаснив.
     
    На mal.ecka, Pacifist и Miss666 им се допаѓа ова.
  11. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    Одлично опишано, не направив минатиот пат, ама сега со овој рецепт сигурно ќе правам.
    Фала ти:inlove::hug:
     
    На Pacifist и Belgin1 им се допаѓа ова.