1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Богородица воскреснала?

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 28 август 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Денес православната црква го празнува празникот „Успение на Пресвета Богородица“ и поточно се одбележува нејзината смрт и наводно воскресение и вознесение.

    Додека го читав житието за смртта, воскресението и вознесението на Богородица, увидов неколку заинтригирачки работи кои заради почитта кон неа и Исус (кои биле љубители на вистината), би сакал да ги споделам јавно:

    1. Никој од апостолите во Новиот завет не спомнува ништо во врска со смртта, воскресението и вознесението на Богородица. Апостолот Јован кој се грижел за Богородица е писател на 5 книги од Новиот завет и живеел најдого од сите апостоли (до кај 90-100 година) и никаде не го спомнува овој настан! Апостол Павле е писател на 12 книги од Новиот завет и на долго и широко пишува за воскресението од мртвите, сепак не спомнува никакво воскреснување на Богородица. Според житието нејзино, наводно сите апсотоли летале на облаци до Ерусалим за да се поздрават со неа пред да умре и потоа сите биле сведоци на нејзиното воскресение. Сепак никој ништо не спомнал во 27те книги на Новиот Завет!

    2. Христијанството има богата ранохристијанска литература. Сепак никој од христијаните (црковните отци) до 5-ти век не спомнува ништо за оваа случка исто така.
    Ниту ученикот на апостол Јован - Поликарп, ниту пак неговиот ученик - Иринеј, ниту неговиот ученик - Иполит итн. Никој од црковните отци од 1-5 век не спомнува ништо за смртта, воскресението и вознесението на Богородица. Историски и библиографски гледано, оваа легенда настанува многу подоцна.

    3.
    Епископот Епифаниј од Саламис во 377 година напишал дека никој не знае како завршила Марија. (Epiphanius, Panarion, Haer. 78.10–11, 23)

    4.
    Првите извори за оваа случка доаѓаат од апокрифни текстови како: De Obitu S. Dominae (текст од 6ти век) и De Transitu Virginis - текст кој датира од крајот на 5ти век, но авторот сакал да му го препише на Мелито од Сардис (2 век). Папата Геласиус издал декрет со кој го осудил текстот De Transitu Viginis како еретички текст.

    5.
    Доколку го погледнето внимателно житието нејзино, ќе забележите многу сличности на таа приказна со Исусовата смрт, воскресение и вознесение:
    - Како што Исус ги повика учениците пред Неговата смрт, така и Богородица ги повикува.
    - Како што апостолите го најдоа само платното во гробот, така е и со приказната за Богородица.
    - Како што Исус воскресна после 3 дена, така и Богородица.
    - Како што Исус се вознесе, така и Богородица.
    - Како што Исус рече: ќе бидам со вас во сите дни, така и Богородица.

    Нешто во разумот силно ми вели дека оваа приказна е плагијат од приказната со Исус со мали модификации. Нека ми прости Господ ако грешам, но сигурен сум дека Бог не се лути кога го употребуваме нашиот разум во истражувањето на вистината на верата и вистинското почитување на Исус, блажената Марија и сите останати Божји луѓе. Како на едуцирани луѓе од 21 век не ни доликува да слепо да следиме историски неиздржани традиции. Христијанската вистина нема потреба од пумпање, шминкање, плагијатизирање, или пак ставање други луѓе на исто рамниште како Господ Исус Христос.
     
    На turist, daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Верувам и јас дека мајка Богородица дева Марија блажена воскреснала исто како и нејзиниот син. Облеката во празниот гроб ја нашол Иван(е сега незнам кој беше и што беше он, сум заборавила)..инаку да си кажам дека пред десет години бев во Турска на планината Ефес и го посетов гробот и куќата на пресвета Богородица:)
     
    На elimkd, galapce, Petra777 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.568
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Да, сум слушнала за воскресението на Богородица ама не знам дали да верувам. Штом не е спомнато во ранохристијанската литературата како што викаш...
    Од една страна, некако мислам дека единствено и само нашиот спасител Исус Христос ја имал таа ,,привилегија'' на воскресение бидејќи ТОЈ бил оној избраниот кој треба да им овозможи спасение на сите христијани, ама од друга страна има доста работи кои не се споменати никаде во литературата, многу нешта се сокриени а сепак навистина се случиле... а и тоа во житието не може да е измислица.
     
  4. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Самата Библија кажува дека не е се запишано во неа од она што се случувало.Се работи за Богородица,Бог по благодат.Сосема е нормачно и логично да биде земена на небото.Кога Бог ги зел живи Енох и Илија на небото,зошто не би го зел и телото на Мајката на Самиот Господ?
    Воскресението на Исус не е во никој случај исто со она на Богородица.За Христос било проречено,Он дошол со задача и бил убиен.Додека Богородица била по нејзина желба упокоена мирно.За многу нека ни е празникот и на помош! :)
     
    На Rama, Philippa, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Спроед православното житие нејзиниот гроб е во Ерусалим, ама има и други житија што велат Ефес. Ама тоа е типично за легендите, да има повеќе верзии и да се случуваат со векови после настаните.
    Слично е и со легендата за Крали Марко кој скокал со коњот од планина на планина и со боздоганот мавал и паѓале турците и црната арапина и пиел по 10 бочви вино на едно седнуње :D оваа легенда не се случила во времето кога живеел вазалот Марко, туку стотици години подоцна.
     
    На Bender Rodriguez, daylight и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се разбира дека не може се да се запише од она што се случило во историјата, ама има некои работи кои едноставно се повеќе од очекувани да се спомнат. Ќе дадам една илустрација.
    Замисли ти си метеоролог кој пишува неколку статии за метеорот што падна во Русија 15ти Февруари 2013.


    Пишуваш една година, пишуваш нова статија за метеорот после 2 години, па уште една после 10 години, па пак уште една статија после 15 години. И другите твои колеги метеоролози пишуваат статии за овој метеор 20-30 години, ги опишуваат искуствата на очевидците на овој несекојдневен настан.
    И после 500 години се јавува некој метеоролог кој вика дека во Русија на 20ти Февруари 2013 паднал уште еден метеор и тоа пред очите на гореспомнатите метеоролози! Ама ете од непознати причини тие метеоролози не спомнале ништо за тој метеор бидејќи нели не може па се они да запишат во нивните статии. Ќе му веруваш ли на овој метеоролог? :)

    Инаку има добри причини житието да е измислица. Прво постојат и житија што велат дека Марија била погребена во Ефес. Значи не може и таму и ваму да е погребана нели :) Значи најмалку еден лаже тука во врска со ова, а може и двајцата да лажат. Второ како што кажав првите извори за оваа легенда доаѓаат од апокрифни извори. Апокрифен текст е лажен текст кој што за да добие на авторитет обично авторот лажно се потпишува со името на некој познат писател и после лаже као демек тој го напишал. Такви се на пример гностичките евангелијата по Тома, по Филип, евангелие по Марија Магдалена, евангелие по Исус.. сите овие се напишани во 3-4 век (па и подоцна) но авторите ги потпишале како да се напишани од апостолите кои живееле во први век со цел да добијат на кредибилитет. Нивната неавтентичност лесно се разобличува од многу аспекти, не само по староста, туку и по јасниот гностички стил на пишување.
     
    На Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ама тоа е според наша логика, демек ако ги земал Енох и Илија, тогаш би требало и мајка му.. па некој на ова може да рече: Ама тогаш морал да ги земе и браќата Негови или апостолите или барем апостол Јован за кого експлицитно е кажано дека е ученикот кого Исус го љубеше.. и така сега ние ќе одредуваме кој бил најблизок со Исус и имал доволно врски да учествува во таквото подрането телесно воскресение.
    Исус на пример за Јован Крстителот експлицитно рекол дека никој меѓу родените од жена не се воздигнал повеќе од него (ев. Матеј 11:11). Ова секако дека ја вклучува и блажената Марија која исто така била родена од жена. Значи не според мене, туку според изјавата на Исус Јован Крстителот се воздигнал повеќе и од блажената Марија. Дали тоа значи дека Исус требал да го воскресне порано и Јован Крстителот? Ама ете, во евангелијата јасно си пишува дека учениците го погребале и толку.
     
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Те разбирам,но Бог не функционира по мојата,твојата,нашата логика и волја туку по Неговата Сопствена.И Мојсеј бил мртов многу одамна ама кога Христос се преобразил на Таорската гора знаеш кои двајца биле се покажале до Него?
    Во Христијанството,никој од смртниците не е поголем од Богородица,затоа и во учењата на Светите Отци таа се нарекува ,,Бог после Бога''.Бог е прв(Светото Тројство),Богородица,Апостолите.. па сите останати.
    Патем имаш еден куп сведоштва,на монаси од Света Гора кои многу често се среќавале таму со Богородица(зборам од нашите современи векови,не пред 10,15 века).Затоа на Света Гора не смее да стапне ниедна жена.Еден од најголемите Свети во Христијанството,Светиот Серафим Саровски токму со неа разговарал лице во лице,визуелно.Поради тоа,он на секого му советувал Богородичната молитва да ја кажува по 150 пати на ден.За некои работи постоеле живи сведоци :) Тоа е убавината и вистината на Православието,зошто е вистинско.
     
    На ilina-m, Rama, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Пресвета Богородице спаси не`!
    Во раѓањето девството си го сочувала, со успението светот не си го оставила, си се претставила пред Животот, Мајко на Животот вистински, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши!

    Се кренаа Сатаната и војските негови против Богородица! Повторно на Нејзиниот свет празник!
    Дево, Мајко, Господарке, биди им обвинителка и на привремениот и на Страшниот Суд, на сите оние кои Го сквернат Твојот свет празник и Твојот спомен најсвет!
    Нека замолкни нечестивиот, нека замолкнат демоните, зашто Богородица денес со Христос со хоровите ангелски, со хоровите маченички и со хоровите царски и пророчки ја прими и во рајот ја вознесе!
    (од богослужбените песни на овој празник свет)

    Дека оној кој ја започнал оваа тема лажи и само ги соблазнува верниците, еве и докази од светите отци на најраните векови:

    Писмо на светиот Дионисиј Ареопагит, првиот покрстен атињанин,
    До Павле апостолот
    Сведочам пред Бога, дека покрај Бог, нема ништо толку исполнето со божествена моќ и милост. Никој не може потполно да го разбере она што го видов. Исповедам пред Бога: кога бев со Јован (Богослов), кој светеше меѓу апостолите како Сонцето на небото, (и) кога бев однесен пред лицето на Пресветата Дева, искусив неописливо чувство. Пред мене сјаеше некој боженствен блесок, кој го закова мојот дух. Го осетив благоуханието од неопсливи мириси и се исполнив со таков восхит, што телото ми ослабна, а духот не можеше да издржи тие знаменија и знаци на вечно величие и небесна сила. Нејзината благодат ми го исполни срцето и ми го потресе духот. Да не ми имаше кажано, ќе си помислев дека Бог е пред мене. Невозможно е да се стои пред поголемо блаженство од ова кое го видов.

    Преписката на Пресвета Богородица и свети Игнатиј Богоносец епископот на Антиохија и детето кое Христос в скут го држел:

    Нејзинот Игнатиј до Христородната [1] Марија
    Ти треба да ме утешиш и охрабриш мене,кој кој сум неофит (новопросветлен) и ученик на твојот (возљубен) Јован. Бидејќи чув нешта прекрасни за твојот (син) Исус и сум воодушевен од таквото кажување. Но со сето срце посакувам да дознаам повеќе за она што го чув од тебе,која беше секогаш блиска и поврзана со Него и која беше запознаена со сите негови тајни. Јас и претходно ти имам пишувано и те имам прашувано за истите работи. Секое добро на тебе, и нека новопросветлените, кои се со мене бидат утешени од тебе и во тебе. Амин.

    Понизната слугинка на Христа Исуса, до Игнатиј, нејзиниот возљубен соученик
    Она што си го чул и научил од Јована за Исуса е вистина. Верувај во тоа, поврзи се со него, и држи ги заветите на тоа христијанство кое си го прифатил, и прилагоди ги твоите навики и твојот живот на тие завети. Ќе дојдам со Јован да те посетам тебе и тие со тебе. Стој во верата и биди мажествен [2] , не дозволувај силните прогони да те обеспокојат, но нека духот твој биде силен и нека се радува во Бога, Спасителот твој [3] . Амин.
    [1]Пресветата овде е наречена χριστοτόκος, а не θεοτόκος, што укажува на несторијански додаток.
    [2]1. Кор. 16,13
    [3]Лука 1,47

    Св.Игнатиј Богоносец (30-106)
    на својот учител – св.Јован Богослов му го пишува следново:
    Ми се даде можност, и планирам да дојдам кај вас за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус; за неа велат дека таа е чесна, мила, и возвишено чудо во се, и сите сакаат да ја видат. А кој не сака да ја види Девата и да беседи со онаа која го носеше вистинскиот Бог? Од нас таа е возвеличена како Мајка Божја (Богородица) и Дева полна со благодат и добродетели. Велат за неа дека е радосна во маките и гонењата, не жали во немаштија и оскудност, и не само што не се гневи на оние кои ја навредуваат, туку и уште повеќе добрини им укажува… сите кои ја гледаат се восхитени.

    Св.Иринај Лионски (115-202)
    ученик на св.Поликарп, кој бил ученик на св.Јован Богослов:
    Како што Ева беше заведена од зборот на ангел за да отстапи од Бог, бунтувајќи се против Неговото Слово, така Марија од ангелскиот збор ја прими радосната вест дека таа ќе Го прими Бог почитувајќи го Неговото слово. Претходничката беше заведена да не го почитува Бог, за Дева Марија да стане застапница на девицата Ева. Бидејќи смрта дојде во човештвото преку девица, исто така беше спасен од Дева. (Против Ересите V:19,1)

    Мелито Сардски, Велигденска проповед (177)
    Тој беше роден од Марија – неосквернатото сокровиште.

    Св. Иполит Римски (170 – 235)
    ученик на св.Иринеј Лионски
    Бог Словото Кој не беше во тело, зеде на себе свето тело од света Дева, и подготви облекло кое Тој го зеде за Себе, како младоженец, во страдањата на крстот, за да ги обедини Својата сила со нашето трулежно тело, и да ги соедини нетрулежноста и трулежноста, и силното со слабото, Тој го спаси пропадливиот човек. (Трактат за Христос и антихристот, 4)

    Историјата за Успението на Пресвета Богородица се чувала долго во светата Иерусалимска Патријаршија, мајката на сите Цркви. Кога светата царица Пулхерија, внуката на светиот цар Теодосиј Велики и сестра на светиот цар Теодосиј Мали, не знаејќи ја историјата за светото успение, воскресение и вознесение на Пресвета Богородица Секогашдева Марија му пишала писмо на Иерусалимскиот патријарх Јувелинариј, барајќи ги светите мошти на Мајчичка Богоројчичка, тој и` го напишал ова:
    „Макар што во Светото Писмо нема ништо за Успението на Богородица, сепак, од древното и вистинито предание примивме, дека во време на Нејзиното Успение, во Ерусалим се собраа апостолите од целиот свет, каде што ангелите ја опеваа Пречистата Богомајка, Која својата душа Му ја предаде на Бога, а богоприемното тело со ангелски и архангелски песни беше положено во гробот во Гетсиманија. На тоа место се слушаше ангелско пеење три дена, после што престана. Тука беа сите апостоли, освен Тома, кој дојде после три дена и сакаше да се поклони на телото на Пресвета Богородица; гробот го отворија, но никаде не можеа да го најдат Нејзиното тело, само Нејзината погребна плаштаница, од која се ширеше благоухан мирис. Апостолите заклучија дека Господ го вознел Нејзиното тело на небесата“.

    На помош и за многу години светото Успение!
     
    Последна измена: 28 август 2016
    На korisnichka, Rama, Philippa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Мојсеј и Илија се појавиле до Исус и тоа го забележале апостолите и го запишале во евангелијата. Но ете за наводното воскресение на Богородица не спомнале ништо.

    Ок, но според Господ Исус Христос никој не се воздигнал повеќе од Јован Крстителот (ев. Матеј 11:11, Библијата). Па сега ти одлучи си кому ќе веруваш, дали на Исус или на другите.

    Ехеее знаеш ли колку луѓе има со вакви приказни кои викаат дека збореле лично со Господ, или дека им се појавила некоја црна жена (св. петка наводно) и им кажала ова она (најчесто контрадикторни работи од Библијата).. далеку ќе стигнеш ако на сите им веруваш..

    Туку, еве баш добра прилика да се праша зошто православните не дозволуваат на света гора да стапне жена? :^)
     
    На Bender Rodriguez и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Патем, до оние кои не веруваат дека светите апостоли патувале на облаци, нека ни одговорат, дали свети апостол Филип бил маѓионичар, па откако го крстил Етиопјанинот, исчезнал со трик?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Јас го добив овој одговор а гласи-За да не се доведат монасите во грев не е дозволено на жените да дојдат во посета на св.Гора, значи да не се доведат во искушение!
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Убаво што си ги спомнал овие христијани од 1ви, 2ри и 3ти век. Познати ми се нивните изјави за Богородица, иако некои како Дионосиј Ареопагит немаат баш веродостојна историска подшка на кажаното. Но сепак, ете дури и во нивните изјави за Богородица тие ништо не спомнуваат за нејзиното наводно воскресение Ниту тие, ниту нивните претходници, ниту нивните следбеници епископи, црковни отци и ранохристијански писатели до 5-6ти век не спомнуваат ништо за воскресението на Марија. Ниту Христовите апостоли кои наводно биле живи сведоци на тој настан. Зошто? Имаш ли некакво објаснување за нивниот молк?
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ох срцките тие монаси, а што праиме со другите монаси по другите манастири ширум светот? Тие нема да се доведат во искушение кога ќе видат женски посетители? Не ми стои баш дека е таа причината.
    Патем има и женски манастири. Зошто нема на пример некоја женска „света гора“ каде што мажи не смеат да стапнат за да не ги соблазнат монахињите таму и да ги доведат до искушение? Овие прашања упати му ги на тој/таа што ти го пишал овој одговор :)
     
    На daylight и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Интересно:) и кој е правиот одговор, плизззз.:)
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    А... нели Света Гора е градината на Богородица и под нејзина заповед неможи после неа друга жена да оди таму? :^)
     
    На meckicka и EvAngelos им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Света Гора е направена од синот Божји за мајка Богородица бидејќи многу и се допаднало тоа место а таква заповед не постои и не пишува никаде.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Tи пишав,самата Библија вели дека не е се запишано во неа.Да не го тражам цитатот сега..
    Неможе баш се да се запише.Има и за други работи кои нема информации прецизни.
    Овде Христос мисли на Старо Заветните пророци кои исто така биле големи(Илија,Осија,Исаија,Енох,Еренија...),но Јован Крстител бил најголем(меѓу нив) затоа што и самиот пророк бил,и затоа што е избран да биде кум на самиот Господ.Богородица е поголема од Него затоа што во неа се сместил Несместливиот Бог,Оној кој цел универзум го владее.Таа го носела Богот на целиот универзум.. преку Кого се станало..
    Затоа како што реков,таа е Бог после Бога,она станала она кое Бог во Библијата за таквите вели дека се ,,Богови''(по благодат).

    Туку, еве баш добра прилика да се праша зошто православните не дозволуваат на света гора да стапне жена?

    Немаат монасите и искушенијата врска со тоа.Богородица самата била таму во едно од своите патувања,и се воодушевила од убавината која ја видела таму а од небото се чул глас кој рекол дека ова ќе биде нејзина градина.Од тогаш е забрането за жени да идат жени таму.За монахињите стварно не сум баш запознаен.
    Како што реков,има многу Старци кои таму ја виделе многу пати жива,и со нив разговарала.
     
    Последна измена: 28 август 2016
    На meckicka, Rama и Philippa им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Византискиот император Константин (девети или кој беше, ај небитно) дал наредба да не стапне ниедна друга жена како не би се засенил ликот на дамата од ангелите, оти монасите биле воодушевени од Дева Марија и го засакале христијанството..но ова е само од неколкуте верувања за забрана на островот.
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Добро,јас општо кажав,не знам точно кој гo издал тој декрет.Инаку еве една случка нејзина,случена во блиско минато..

    Г. Панајотис пошол на Света Гора и бил примен од отците во свештениот и велик манастир Ватопед. Неделата, 26 октомври 2014г. тој упорно барал од отците да го одведат да се исповеда, но тие му кажале дека следното утро, понеделник, ќе го одведат. Следното утро, 27 октомври, во 4 часот, штом започнала Утрената, тој влегол во црквата, и откако ги целивал иконите, седнал. Во црквата имало и други луѓе. Тој седнал на една од стасидиите; покрај него, исто така, седнал некој човек, а од другата страна, седиштето било празно. Трпеливо чекал, но не дошол монахот којшто требало да го одведе за да се исповеда. Околу 4:20 се завртел кон претходно празното место, и видел дека на него седната една монахиња. Таа му пришла и му рекла: „Почекај, сѐ ќе биде во ред, ќе се исповедаш; не грижи се, туку почекај.“ Тој си помислил дека можеби во поголемите светогорски манастири има и монахињи за да им помогнат во црквата. Поминало некое време, и нестрпливиот човек си помислел да стане да побара некого кој ќе го одведе на исповед. Веќе било 4:45, и само што зачекорил да стане, му пришла истата монахиња која благо го поттурнала на рамењата за да се врати каде што седел, велејќи му: „Ти реков да имаш малку трпение и да почекаш. Шестопсалмието привршува, и еден монах ќе дојде за да те одведе кај еден исповедник за да се исповедаш.“ И навистина: две минути подоцна дошол еден монах и го испратил на исповед. Г. Панајотис не му рекол ништо на монахот, затоа што не сакал да изгледа сомнително. Штом пристигнал кај исповедникот, откако малку позбореле, г. Панајотис му рекол: „За среќа имате и монахиња овде, која ме охрабри да бидам трпелив, така што почекав.“ – Која монахиња, о благословен? Ние немаме монахињи тука. Ова е Света Гора. Жените немаат дозвола да доаѓаат овде, дури ни монахињи! – Е, како, кога двапати зборував со неа? – Си зборувал со нашата Пресвета, но не си го сфатил тоа, дете мое. Свештеникот го замолил да ја опише, и г. Панајотис рекол: „Беше висока, имаше околу 30-35 години, и беше многу убава!“
     
    Последна измена: 28 август 2016
    На Rama, Philippa, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.