1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали Господ казнува?

Дискусија во 'Религија' започната од Mr. Right, 27 август 2016.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Инспирација за темава добив гледајќи вчера Канал 5 каде што во „Здраво Македонијо“ гостуваше еден поп за утрешниот празник и во текот на разговорот напомена дека Бог не казнувал, на никого не мисли лошо и дека само нè учел на лекции.

    А јас со оваа негова констатација воопшто не се согласувам. Сметам дека Господ казнува, можеби не мисли на никого лошо, ама казнува според стореното дело. Како што се вели меѓу народот, може Господ да забави, ама нема да заборави.

    Дали ние самите себеси се казнуваме или пак навистина Господ казнува?
     
    На meckicka, larrachi, ssweety и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Yolanda

    Yolanda Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Знаејќи дека правиме грев, свесно и упорно целиме кон тоа што не треба , сами се казнуваме, па потоа Господ.
    Господ казнува, но со искрена молитва за проштевање на грев Господ знае и да помилува. :)
     
    На zoran43m.k, edna_malecka, larrachi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Само да те корегирам,дур не се покаеш и исповедаш ништо не ти е простено.. тие не постојат за џабе :)
     
    На edna_malecka и Yolanda им се допаѓа ова.
  4. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Интересна тема,тема што сите ние треба да размислиме(facepalm)
    Имам еден пример,што една жена почина пред една недела,и ми е многу тазе пример:(
    Таа особа,не беше верник,така бар се изнасуваше,не поштуваше ни празник ни делник.Да не ги набројувам сите нејзини недела:(
    На крај дојде таков момент,кога сите нејзини блиски,се молеа Господ да ја земе,затоа што имаше страшна смрт.Една недела умираше и се изнамучи:(
    Е сега дали од тоа што правела и не почитувала ништо и никого,незнам ама тој случај ми покажува дека на некој начин Господ казнува:(
     
    На edna_malecka, EminemsGirl, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Yolanda

    Yolanda Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Помислив и на исповед ама не сакам да бидам погрешно сфатена .
    Да се исповедаш да , ама кај свештено лице кое е безгрешно.
    Кај нас колку ги има такви ?
     
    На cresa-jagoda, Mariangel и anaja1 им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Бог не казнува и многу убаво е пишано дека ако нешто се љуби од страв, тогаш тоа не е љубов. Ако Бог го гледаме како тиранин, како судија, тоа е голема препрека во верата а знаеме дека прво Бог ги љубеше лугето а не ние, он нас прв не сакаше.
     
    На edna_malecka, jacqueline.s, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  7. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    До празников е изгледа,почнав многу чудеса да слушам вечерва :D

    А кој бил тој без грев освен Самиот Христос? Сите сме смртници,грешници.Само некој е помалце некој повеќе.Некој греши без око да му трепне,а некој греши исклучиво ненамерно и се кае.
    “Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени.” (Јаков 5:16)
     
    На Таа Сум, Petra777, Ицолгудбејбе и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Yolanda

    Yolanda Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2016
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Она што сакав да го кажам погоре:
    Дали Бог ме казнува?

    И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. (Јаков 5:16 - Стандарден Превод)

    Читател на „Дејли Инкаунтер“ ме прашува: „Можете ли да ми објасните зошто се чувствувам толку мизерно, виновно и несреќно од фактот дека не го исполнив моето ветување на Бог дека ќе престанам да пушам? Чувствувам дека Тој ме казнува за неуспехот и за прекршувањето на ветувањето“.
    Не, не, не, не, не!
    Бог не е таков. Тој не е татко којшто казнува, како што прават некои од татковците во овој свет - или можеби како што постапувал твојот татко кога си бил/а дете. Бог е многу поголем од тоа!
    Всушност, казнувањето доаѓа од нас самите! Откажувањето од пушењето или која било друга зависност - мала или голема - тешко дека би се реализирало само со давање ветување некому, вклучително и на Бог. Коренот на зависноста е симптом на поголем и подлабок проблем - и таа честопати се користи како средство за да се избегне вистинскиот дефект! Како што веќе многупати било кажано, симптомите се плод на длабок корен. Да се потсетиме сега и што рекол некој: „Бог е милостив - кога имаме неразрешени проблеми, ни дава (или ни дозволува да добиеме) симптоми!“
    Секако, многу е важно да не го занемариме справувањето со симптомите, но она коешто Бог навистина го сака е да нѐ исцели на многу подлабоко ниво, онаму каде што е коренот на нашиот проблем. Симптомите треба да ни бидат аларм да ја побараме неопходната помош.
    Затоа, најпрвин, треба да се молиш со вистинската молитва. Ако се бориш со зависност или со лоша навика, побарај Бог да ти даде увид и храброст да ги видиш причините за тој проблем (зависност или навика) - односно, зошто воопшто се појавил. Но проси и да видиш дали проблемот е бегство од соочувањето со некое неразрешено прашање во твојот живот? Побарај Бог да те соочи со вистината зад твојот проблем - односно со коренската причина, без разлика колку болно тоа би можело да биде за тебе.
    Второ, барај Бог да те поведе кон помошта којашто ти е потребна за да ја надминеш зависноста, без разлика дали медицинска или психијатриска помош, како и да ти помогне да дојдеш до поддршка, без разлика дали во некој клуб на лекувани алкохоличари и слично.
    Запомни, ако ги исповедаш своите неуспеси на Бог и ја побараш Неговата прошка, Тој секако ќе ги прости - секогаш, секогаш и секогаш! Исус рекол дека на оние коишто ќе ни згрешат треба да им простуваме седумдесет пати по седум, односно бесконечен број пати - а така и Бог ни простува нам... Но тоа не е оправдание за нас да се однесуваме како што сакаме, туку израз на Божјата љубов која ќе нѐ облее секојпат кога ќе ги побараме Неговата помош и избавувањето.
    Од „Daily Encounter“ на Ричард Инис. Авторските права припаѓаат на ACTS International. Преземено и обработено со дозвола.
    Copyright by ACTS International. Used by permission.
     
    На Milobebence, Tatjana95, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Нормално дека Господ не сака да не казни, затоа нели и ни дал покајание и исповед, за да се поправиме, да ни биде простено и да не прими во царството небесно, е ама ако не го направиме тоа тогаш нормално дека секој си ја добива заслугата. Се што правиме ни се враќа како бумеранг.

    “Но ако не постапите така, ќе згрешите пред Господа и за гревот свој ќе претрпите казна, што ќе ве стигне.” (4. Мојсеј 32:23)
     
    На Таа Сум, A-j-a, Mini90 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ако Бог казнуваше тука на земјава, па тогаш немаше човек да остане.
    Бог многу ги сака грешниците а го казнува гревот!..не ми оди нешто тука:)
     
    На kikkki, Gosh и rose60 им се допаѓа ова.
  11. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.530
    Допаѓања:
    7.421
    Пол:
    Женски
    Ние не знаеме тоа:)
     
    На rose60 и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се соглсувам со @Bitter-Sweet и во продолжение би додал дека Бог како апсолутно праведен и свет не може да прогледа низ прсти на човековиот грев и затоа мора да го казни гревот. Но од друга страна, Божјата безусловна љубов сака да го спаси и поштеди грешниот човек од казната и затоа Бог смислил мудро решение како да ги исполни сите три (праведен, свет и љубов):
    Бог го испрати Својот Син Исус Христос во светот и Тој се отелотвори во човечко тело и доброволно се жртвуваше за човековиот грев на крстот. Казната за нашиот грев падна врз Него како што беше пророкувано стотици години претходно (Исаија 53та глава, Библијата). Преку Исус Бог ја покажа Својата љубов кон човештвото, кон тебе и мене, со тоа што Исус ја зема казната за нашите гревови и плати за неа со смрт, за ние да не мора да бидеме казнети, туку преку вера во Исус да имаме ослободување од таа казна и живот вечен.
    Ова звучи како добра вест за нас нели? Епа зборот „евангелие“ токму и тоа значи - ев ангелион = добра вест.
     
    На Bender Rodriguez, Victorian, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Постои и поинакво дисциплинско казнување кое најчесто го добиваат верниците. Еве ќе цитирам од Библијата:

    „Сине мој! Не презирај го Господовото укорување, ниту ослабувај, кога те изобличува, зашто Господ го казнува оној, кого го љуби, а го бие секој син, кого што го прима." Ако трпите укорување, Бог постапува со вас како со синови.“ (Евреите 12:5-7, Библијата)

    Јас за себе можам да кажам дека во мојот 13 годишен христијански живот многупати сум навлегувал во некои гревови од кои Бог ме вадел преку дициплински мерки. Прво ми говорел преку совеста и сум знаел дека тоа што го правам е погрешно, но сум продолжувал да го правам тоа. И кога совеста ми закоравувала, Бог превземал дисциплински мерки. Во времето на укорувањето, тоа за мене значело болка. Но подоцна ретроспективно гледано - во тоа ја гледам Божјата љубов и грижа.
    Истото би го направил утре и јас за мојот син или ќерка. Ако си игра на прометна улица, прво ќе му кажам со збор. Ама ако не послуша, ќе добие и дисциплински мерки. Не затоа што го мразам и сакам да му/и нанесам болка, туку затоа што го/ја сакам и не сакам да биде удрен/а од кола.
     
    На iloveyou29, Victorian и A-j-a им се допаѓа ова.
  14. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.641
    Допаѓања:
    9.459
    Пол:
    Женски
    Јас лично не верувам во Господ. Јас во тоа што верувам не ме казнува никогаш, и не е над мене туку до мене. Само ми дава лекции и ме води кроз животот, не ме тера да ја постигнам перфекцијата за да бидам лик негов, туку сум тоа што е и ТОА.
    Никогаш нема да кажам дека ме казнува. За мене се е игра на карма и на лекции, енергии и ниски и високи вибрации.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Бог не казнува , гледам тие со најголеми гревови си живееат одлично , а добриот починува млад . Јас верувам во Господ но чудна ми е неговата практика .
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Како рекле, Господ забава ама не заборава. Се во свое време, ако лошите не платат преку самите себе ќе платат преку нивните најмили. Неговата практика и логика е сосема на место. :)
     
    На mizerija, iloveyou29, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Па и тоа ми е нелогично , зошто гревот да се плати после 100 години на третото поколение , а тој што го направил да си нема галје ?
    Добриот човек секогаш ке патит
     
    На candy.cane, ванилала, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Божја волја. :) Мене ми е сосема логично.
     
    На Таа Сум, Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ена работа не ми е логична, ако знаеш да ми ја објасниш..на пр.ако мајката била примерен верник а има дете кое било злосторник или ете направил гревови или на пр. мојот татко е грешен а јас сум без гревови(мало морген) и сега мајката оди во рајот или јас а детето гори во пеколот нели со татко ми, па нели ние во рајот ке тагуваме за тие што се во пеколот..јас по таткоми, мајкта по синот?
    Се надевам дека ме разбра:)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Мислиш, кога би се разделиле еден на едната а друг на другата страна? Не го знам ова ама мислам дека не би тагувале еден за друг. На пример јас сум грешник но покајник кој се надева ќе заслужи свое место во царството небесно а моите најблиски се грешници кои не се каат и јасно ми е дека нивното место нема да биде таму и не ми е жал бидејќи ја почитувам божјата волја и казната која треба да им следи. А на нив повеќе би им било жал за себе, за нивната грешна душа отколку за мене.