1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали ги осудувате родителите кои имаат деца, а немаат услови за да ги прехранат?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr. Right, 20 октомври 2016.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Веќе неколку дена e активна темата за семејството од Свети Николе и тоа во какви услови живееле, а сепак знаејќи дека немаат основни услови за живот се одлучиле да имаат бебе. И не се само тие. Ги има повеќе.
    Прашањето е:
    Дали лично вие би се одлучиле на ваков чекор?
    Дали ги осудувате луѓето кои веќе се наоѓаат во оваа не така убава ситуација?
    И можеби најглавното прашање кое ме поттикна да ја отворам темава е - дали тоа што се нема доволно финансиски средства треба да се откажеме од родителството?

    Ако веќе има ваква или слична тема слободно нека оди во канта.
     
    На Hipster, cresa-jagoda, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  2. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Го следев настанот со семејството од Св. Николе и добро е тоа што се најде помош, меѓутоа, мојот став за ваквите семејства е дека се навикнати само да им се помага. Демек сите ние сме пребогати што имаме и чекаме деца. Еве за мене зборувам - не сум. Ама се трудиме, значи се работи, се бара работа а не се чека на друг. Сметам дека никој не треба да се лиши од родителство ама борбата за одгледување на тоа дете останува на родителот а не само да се кука дека нема. Родителот да работи и да заработи, ако бара и ќе најде било каква работа за да го прехрани своето дете.
     
    На butterfly6223, H.VAGA, eloves и 9 други им се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    Ги осудувам бидејќи еве конкретно за актуелното семејство од Св.Николе, невработени се обајцата, речиси немаат кров над глава, задолжени, и се раѓа бебе на кое немаат пари млеко да му купат, а пак што останало за нешто друго? Задолжително било баш во овој период да имаат дете? Можеби натаму ке се вработат и слично па ке можат барем колку толку да го прехранат тоа дете, а вака, ајде сите на телевизија и ќе чекаме донации... ама тие донации се моментални и после неколку месец што? тоа бебе треба да јаде, памперси, витамини, лекови, сите знаеме што е потребно. Али што беше тоа планирање на семејство? Па само 25 години има дотичната мајка.
    И не велам дека треба да се откажеме од родителство поради финансиите, но тоа не значи дека по секоја цена мора да имаме дете дури и кога немаме услови млеко да му купиме. Секој треба да биде свесен дека мора да му пружи адекватни услови на тоа дете, оти кукањето по тв ќе дојде и ќе пројде, а понатаму? Еве читам и за други семејства кој се во криза и по дефолт сите овие семејства се многудетни. Задолжително е да имаш 5 деца ако едвај имаш услови за едно? Родителите што имаат едно дете, не се оствариле како родители? Пред се измачување за детето ќе биде што ќе расте во такви нехумани услови, а ако сакаш да бидеш родител, треба да мислиш за потпомството уште пред да го створиш, љубов е љубов ама од љубов не се живее..
     
    На VDT2906, unicorn360, teffi.tkm и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Јас лично не би имала бебе ако немам доволно средства да му обезбедам се што треба. Бременоста е нешто што се планира а не нешто што ќе те изненади, затоа прво би работела, би заработила па после би родила.
    А што се однесува до таквите семејства како тоа што беше актуелно деновиве, не ги осудувам, донекаде и можам да ги разберам. Да, родителите се способни за работа ама до работата кај нас тешко се доаѓа. Ќе речете нека работат што било ама тоа што било не носи многу пари и пак нема да се справат со трошоците и пак нешто ќе им фали. Е ако веќе се мрзи што не сакаат со прст да мрднат, тоа е веќе друго. Тоа не би можела да го разберам, родител да не направи ништо за своето дете...
     
    На mami blue му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Зависи. Скоро секој сака да се исполни како родител. Јас лично не би сакала да размислувам за дете ако јас и партнерот немаме стабилна работа. Зборам за момент кога ќе размислувам за дете, подоцна не знам на каде би се сменале работите. Да неможам да ги прехранам, е сосем друга работа во која последно би размислувала за дете. Дали ги осудувам тие родители - делумно. Сфаќам дека многу голем дел од луѓето сакаат да се исполнат како родители, сметаат дека детето ќе ги мотивира или не знам како. Не би можела јас така искрено, сакам барем основните потреби да можам да им ги задоволам. Радо би родителот да сака да си најди работа, да се обидува да се грижи за детето него да го роди и да го фрли. Во тој случај, ретко ама да, ги судам таквите родители. Децата се се, освен играчка. Тие се среќа, тие го прат животот на чоекот поинаков и нема смисла тие да страат поради другите, ама и нема смисла ако некој неможи да си дозволи многу работи во животот да нема дете.
    Читав многу за случајот со семејството на Лука, се изначитав се ама учам денојве колоквиуми, државен испит, барам работа, неможам многу да се вклучам па ќе пишам чисто тука. Ако тие имаат дете и барем едниот родител неќи да работи - тие луѓе, е злобно да се речи дека не заслужуваат дете, ама греота е детето да биди така расфрлано. Ако барем едниот родител се труди да заработи со цела сила која ја има тој, тие родители заслужуваат дете и ќе му дадат на тоа дете се шо имаат, можеби не премногу ама тоа не ги прави лоши родители зошто неможат да обезбедат луксуз. Среќата на едно дете не зависи од добрата ситуираност на родителите, туку од нивната способност на задоволување на нивните основни потреби - храна, љубов и разбирање. Едно дете, повеќе се грижи мама и тато да го сакаат, да имаат и малку време да си поиграат со него, да го преслечат кога ќе се испоти и да го нахранат со истото тоа што родителите го јадат. Децата разбираат, ако е нешто шо сум разбрала последниот период. Не велам дека финансискиот аспект не е важен, важен е, и самата реков дека кога ќе стигнам да размислувам за деца и за мое семејство, јас ќе го земам финансискиот аспект како главен услов за дури и едно дете, а желба ми е да одам до три, ама ако немам услови не би одела до три. Ама немам право да ги осудувам тие родители кои се трудат да имаат дете, кои се трудат да вложат се што имаат во тоа дете дури и ако тоа не е премногу за разлика од мене, од тебе, од некој друг. Секој го сака своето дете во рамките на своите потреби. Ама да го сака, ако го искористува, мислам дека сите имаме секакво право да осудуваме таков родител зошто детето во секој случај е безпомошно, зошто е дете. Детата се невини, кревки и треба да им се помогнува. Во поглед на случајот за Лука, среќна сум што малото бебе ќе биди здомено, ќе биди среќно барем краток период, а се надвам и на подолг и дека ќе работат неговите и ќе му обезбедат иднина соодветна на нивните финансии и се надевам дека ова ќе крени свеста на сите останати, па дури и на институциите да реагираат зошто не е само Лука, сигурно има многу повеќе помали или поголеми деца кои врват низ истото.
     
    На eloves, Ketchup, ♡BuBaLe♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.220
    Кога ги видов луѓето од Свети Николе и мене тоа ми падна на памет. Како направиле дете, а немаат работа, немаат кров над глава, немаат за себе, не па за дете. Ги осудувам да. Мислат само со половиот орган да ви кажам некои луѓе и кога ќе го направат детето се чудат дека тоа треба да јаде и пие. Лошо во секој случај. Ќе ти помогнат некое време, ама на крај ќе потонеш. Јас сум за планирање на семејство. Едно дете, па ако имаш услови второ, па трето, ама среќавам жени што немаат едни влошки што се вика да си купат, и вика ќе чувам 3 деца. Детето е одговорност.
     
    На cresa-jagoda и NOVAVON им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Ако немаат ништо, па нека немаат ни дете :^)
    Точно е дека детето е одговорност, но после нас не остануваат куќите, колите, парите...остануваат децата.
    Никој не треба да е лишен од тоа.
    Материјалните работи доаѓаат и си одат.
    Некогаш си горе, некогаш доле.
    Тоа што го видовме во случајот со луѓето од Свети Николе е срам за државата. (настрана сите етикети кои им ги залепија на луѓето; точни/неточни незнам)
    Поминете во Бутел, покрај зградите со социјални станови, ќе ви биде јасно колку се социјални.
    Прашајте кој работи општополезни работи за дневница. Робијаши со статус полуслободни (незнам точно како ги викаат, но излагаат работат, па се враќаат во затвор)
    За имање дете без планирање, се одлучуваат оние кои немаат никакви изгледни шанси да просперираат во општеството.
    Сите други кои се школуваат, во потрага се по работа или подобра работа, планираат...не сега, за 3-5 години.
    Првите се во право.
    И вторите се во право.
    Само животот не е за секого мајка.
     
    На WildMk, referentka, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па... како доста чувствителна личност, малку грубо ми е тоа „осудувам“, па ќе речам дека не ги разбирам.
    Посебно оние без никакви услови што формираат многудетни семејства, само со неедуцираноста како фактор можам да си го објаснам и да го оправдам тоа.
    За децата ми е најмногу жал во вакви ситуации, па затоа и јас се согласувам со Димн - имањето стабилна работа, средства и услови со кои можеш да му пружиш на детето безгрижно детство е една од главните работи што ги подразбирам под подготвеност да имаш дете.
     
    На VDT2906, QweenSM, КикиМаус и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Која сум јас па да судам.
    Ама дека оправдувам, не.
    Кога веќе си направил дете земи работи, обезбеди му го основното, кога веќе не можеш друго.Најлесно е да играш на карта сожалување, тоа време што го троши на кукање и плачење, може работа да бара, аргати секогаш се бараат.Пример може да бере грозје, да цепе дрва, да копа...Дневница секако ќе однесе дома и детето нема да му биде ни гладно, ни страдно.
    Ама не, полесно е цел ден нозете во вис, рацете зад грб, а детето сама нека се снајде.
    Он битно го одработил позабавниот дел-правањето, а понатаму друг нека го гледа, нека купува млеко и пелени.
    А, што во иднина? Кога детето ќе тргне на школо и ќе се замеша со други дечиња од нормална средина и ќе виде дека има и ,,подобро''?Уште од мало комплекси на ,,нижа вредност'' , фрустрации...
    Или и тоа ќе заврши на улица како многу други деца од такви семејства, па ќе обезбедува егзистенција за цела фамилија.
     
    На mode-kristina, eloves, Mr. Right и 6 други им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.791
    Допаѓања:
    5.425
    значи според мене има разлика помеѓу сиромашно семејство и семејство без основни средства за живот, како овие погоре, без храна, без соодветен дом..значи зборувам од тоа што го видов како апел за помош.
    И да материјалните работи си одат, ама овде се работи за преживување, основни работи. Никој не вели дека мора да имаш куќи и ајфони за детето, ама да немаш соодветно место за живеење(под закуп нека биде не мора сопстввено), да немаш обезбедено греење за тоа новороденче, што знам? Баш поради тоа што некогаш сме долу некогаш горе, не е задожително да имаме потпомство баш кога сме ептен ама ептен долу, збориме за луге во нивните 20ти години, не е дека цел живот ќе биле без деца.
     
    На eloves, 1209, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Не сум судија да осудувам.
    Не се согласувам, ама ми е јасно зошто го прават тоа.
    Во цела мизерија и црнила во животот- една светла точка.
    Тоа е и всушност поентата на животот макар за некои луѓе.

    Веројатноста дека ваквите семејства како горенаведеното имаат пари за контрацепција или се едуцирани воошто е минимална.
    Не се живеј без никакво задоволство во животот....

    Лично јас не планирам да имам деца се додека сум сигурна дека ќе можам да им овозможам се како што треба. Без да барам од дома, или да се молам да позајмувам.
    Ама ако се случи, ќе дадам се од себе да му овозможам се најдобро што можам.
    И ќе се надевам дека ќе разберат, како јас што сум ги разбрала моите дома.
    Таков е животот.
     
    На sanjaeva, LollySky, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Никого не осудувам зашто имал или немал дете/деца.
    Меѓутоа здрав разум да се уклучи треба.
    Кога помислуваш на дете треба да помислиш и на условите кои ќе му ги обезбедиш/
    Не може краен план да ти е барање милостина.
    А има и луѓе кои немаат капацитет да размислат.
    Да не се разбереме погрешно, и јас сакам да помогнам на ваквите случаи.
    Ама дали тие родители се без вина ( не зборам за конкретниот случај ). 9 месеци трае бременост, таткото можел да бара и да најде работа, било што.
    Барем детето да има храна да не умре од глад или студ, барем толку да се обезбеди пред да се реши на таков чекор.
    А од друга страна па многу веројатно е да немаат ни пари за контрацепција ниту за абортус можат да размислуваат.
     
    На mode-kristina, cresa-jagoda, eloves и 6 други им се допаѓа ова.
  13. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Добро кажаа погоре има разлика од сиромашни,до немање на основни услови за живот.
    И ако спаѓаат во втората категорија,мислам дека може да одложат да ѓи подобрат условите па да имаат деца.
    Не знам како ќе ме сфатите,ама овие од Св.Николе ми стои дека слемпале дете за да примаат донации.Оти кој на двајца работоспособни млади луѓе би им пратил некоја помош.Можат да ѓи засукаат ракавите и да работат,а не да чекаат социјално.
    Разбирам помош за некој што е неспособен за работа...дали старост,дали болест,а нема пари.Ваквите случаи ич не ѓи разбирам.
    Има работа во Мк само реално е ниско платена.Само подобро нешто,него ли ништо.

    Имаше виц:Оди маж во социјално и вика немам пари имам 10 деца.Го прашуваат,а знаеш ли нешто да работиш,им вика не.И таа на шалтерот му рекла значи не знаеш ништо освен деца да правиш:D
    Жално само за детето со такви родители...
     
    На cresa-jagoda и violetblue им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.079
    Допаѓања:
    11.220
    Да, има разлика голема од сиромашно семејство и семејство кое нема ништо, никакви услови за дете. Има сиромашни семејства кои израснале по 3 деца, без луксузи, и се труделе да им пружат што можат. Ама ова таткото кога рече „ми треба фамилија“. Да треба, ама па не рече некој да му понуди работа. Мора да се мисли, мора. Има сиромашни луѓе, ама децата не им се гладни, и искинати. Познавам многу такви неодговорни родители кои по дома седат, пијат, пушат, а детето од 15 години аргат го праќаат некој да се изживува и да го понижува. Во таков случај повеќе ги оправдувам оние кои немаат ниту едно дете од разни причини, отколку овие со по 5-6 и ги фрлаат како кучиња.
     
    На Ицолгудбејбе, cresa-jagoda и violetblue им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Лош е насловот на темата, и нема тука никој што да си игра Бог, и да си дава за право да осудува.
    Но, ниту мене не ми се допаѓа идејата која се проткајува векови наназад низ патријахалните општества како нашето, дека по секоја цена мора да се продолжи генетскиот код. Денес, согласно со општествените потреби мора да се издвојат приоритетите, и да се направат отстапки главно поради неизвесната иднина.
    Дури и оние кои се изјаснивте погоре дека не би имале деца доколку не бидете сигурни дека имате стабилно работно место, јас ќе ви кажам дека такво нешто не постои. Ништо не ви е гарант дека утре нема да бидете отпуштени, или дека бизнисот ќе опстои.

    Да се надоврзам инаку..Менувајќи канали, фатив дел од прилогот кој се емитуваше за семејството од Св. Николе, и размислувајќи дојдов до заклучок дека, и под претпоставка да преживее детето, прашање е колку среќна иднина би имало, разгледано од сите можни аспекти. Особено, тогаш кога ќе треба да се соочи со финансискиот дефицит за елементарни училишни потреби. Затоа мислам дека во вакви случаи преостанува само да се надеваме дека некој ќе го чуе овој апел, и ќе се обиде да најде соодветна работа за родителите.
     
    На crimson и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    До некаде да, не оправдувам, Но од друга страна па и сепак не е мое да осудувам, многу зависи од ситуацијата. Можеби од кога добиле дете, западнале во сиромаштија, можеби пак безработицата не е само нивна вина, па мислам во Македонија живееме нели.
    Ама наместо нив да ги осудуваме, не треба ли да се завртиме кон оние што само гледаат сеир и ништо не преземаат? Ајде сеа некои си добиле детенце, ќе земеме ќе ги осудуваме какви бездушници се, наместо заради тоа невино душиче да им помогнеме. Кој е повеќе за осудување? Тие родители или оние кои нив ги окривуваат наместо да се покажат луѓе и да помогнат. Ете не мора социјално, нека им понудат негде работа
    А и крај крајова, па родител е многу повеќе од тоа да му обезбедиш за јадење и облека на детето.
     
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Не дека ги осудувам (која сум јас или сите ние за да осудуваме), ама едноставно не ги оправдувам во никој случај. Обично сите семејства што бараат помош на тв, имаат по 5-6 деца околу нив, од кои најмалото има 4-5 месеци (facepalm)
    Па која е логиката тука? Гледаш немаш пари, па смири се малку што туку сте запанле со децата. Потруди се со пари да се снајдеш, со покрив над глава, па после мисли на деца.
    Ќе излезе на тв и кажува, еве дома имаме 6 деца ( и ги покажуваат сите дечиња во успорена снимка со срцепарателна песна) и сопугата ми е бремена со 7мо дете. :drunk:
    Ок...
    Уште кога ќе се зачнат тие деца осудени се на пропаст.

    За актуелното семејство, прво ми падна жал за таткото кога рече дека бил сирак, дека немал родители па затоа сакал да си основа свое семејство, да има жена и деца. Рече дека сака и бара работа ама никој не му помага.
    Донекаде тука и градоначалникот е крив. Зошто не му помага? Гледа дека некој млад човек сака и моли да работи, а тие не го приметуваат дека е жив. Па најди му работа било каде. Очигледно нема завршено некое јако образование, па вработи го или хигиеничар (по болници, школи, општина), или чувар, или во јавна хигиена...тој сигурно не бара повеќе...

    Секој сака да си има деца, ама очигледно на некои им е гајле во какви услови ќе растат.
    Реков ми падна жал за ова семејство, ама може требале да почекаат со дете додека се најде работа.
    Поарно е да имаш ОДМА дете и да го гледаш како е гладно, жедно и босо, или да почекаш некоја година па да си го гледаш среќно?
     
    На Luna91, cresa-jagoda, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Иако не е мое да судам , не ни сакам, и се трудам да не ги осудувам , сепак мал дел од мене ги осудува тие луѓе пошто ги класифицирам за идиоти, гледано од професионален аспект.
    Значи не можеш да правиш ебено дете ако немаш да јадеш леб!
    Не може детето да ти страда зашто ти и твојата глупа жена сте се клокотеле повеќе од што треба и сте си свршавале внатре без да помислите дека живот правите.
    Гревчиња дечињата.. они ништо не се криви, сите се раѓаме безгрешни и добри , после 6та година ни се развива лева хемисфера и сфаќаме у какво место живееме и после се преодредуваме дали ќе бидеме светци или ѓаволи , во зависност со што не хранеле уште од мали ...
    Ете гревче бебенцето немало НИШТО да јаде , што да искочи од него понатака со такво темпо? ... ;(
    Не знам што да кажам уште ама се надевам ме сфаќате сите што сакам да кажам.
    Ме радува фактот што има многу хумани луѓе и алтруисти што помагаат колку можат и животи спасуваат!
    Фала им на нив од мое име за делата што ги имаат направено. :l:
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Не разбирам котење ко животни да сме без свест и одговорност. И доста немале пари за контрацепција во денешно време кога 1кондом е 30денари.(facepalm)
    За друго понатаму не навлегувам бидејќи секој здраворазмен,работоспособен зрел човек треба да има план за заработка.
     
    На Offspring и Sesil им се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Абе ако е еден кондом 30 ден. за цел месец ке му треба 900 ден. а да земеме месечна плата од 10000 ден...кондомов излегува дека е луксуз:)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.