1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост после абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од loli674, 26 јануари 2010.

  1. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    ZDR , те читав и во другите теми, и би сакала да додадам нешто. Не си сигурна како е можно да си и покрај внимавање останала бремена, е па штом е така тоа бебе -чудо решило да си најде начин да дојде на свет и многу ми е жал за тоа што сакаш да го спречиш тоа. Господ кога дава, Господ и снабдува. Не можеш да знаеш дека кога би решила да го задржиш бебето, токму тогаш ви се отвори врата за добра работа, за дечко ти пример.
    Животот не можеш да планираш, можеш ама никогаш не испадне на начин на кој сакаме. Па и во тоа е убавината. Во изненадувања. Барем добивте убаво изненадување. Можеби не ти изгледа сега како такво, ама ниедна жена која се одлучила да роди нема зажалено за таа одлука. Само она која се одлучила на абортус можно е да се кае некогаш во животот за таква одлука...

    Уште нешто, ова е моето мислење, ама да имам дечко со кој сум толку години во врска и живееме заедно, и тој да не ме охрабрува да го задржам бебето, искрено би се посомневала во квалитет на нашата врска. После толку години заедно да не го посакам плодот на сето тоа ми е чудно, кога веќе е тука. Ајде, да те разберам тебе како женско, на жена и треба повеќе тоа чувство на сигурност, финансиска стабилност, ама маж да те поддржува на абортус ми е показател дека и понатаму нема да е спремен или дека никогаш нема да се бори за нешто.
    Машко ако се осмели и рече: ајде да го имаме ова бебе, ќе се снајдеме, ќе ни се отвори нешто, ќе се потрудам повеќе, млади сме, здраби сме, имај верба, ќе биде... Тоа би било доволно на една жена во голема мерка да го промени ставот, бидејќи и самата ќе се почуствува сигурно. Тоа е само моето размислување.

    АМА, ако ти си цврсто убедена во твојата (вашата) одлука, можам да ти кажам дека абортусите извршени во рана бременост носат многу мали компликации и мислам дека е многу мала вероватност да не можеш да останеш бремена повторно. Тоа е краткотрајна процедура бидејќи си во рана бременост. Само долготрајна психичка нелагодност.
     
    На Анимал, zalosna, glosipgirl и 7 други им се допаѓа ова.
  2. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Можност да не се забремени после абортус секогаш постои,тоа никој неможе да ти гарантира,било каде да биде извршена интервенцијата.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Јас лично познавам жена која остана бремена веднаш после породувањето на првото дете. Се одлучи на абортус. Сега, и после 10 години, таа не може да има второ дете. Не сум сигурна што и како ама знам дека се искомплицирало нешто.
    Мое мислење - не можам да свататам што е тоа што ве тера на абортус доколку вреќе сте во врска?
    Разбирам абортус од финансиска неможност да се гледа трето или четврто дете... Можам да разберам и абортус поради несериозност на врската, па си останала бремена после вториот секс а имаш 17 години... Ама зрела девојка која има сериозна врска да се одлучи на абортус????????? ЦЦЦЦЦ па не се сексајте бре... Ако не сте спремни за бебе не сте спремни ни за заеднички живот, ни за брак, ни за љубов, ни за разбирање а воедно и за секс.
     
    На zalosna, glosipgirl, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.187
    Прво да одговорам на осноното прашање во темата, „Дали може никогаш повеќе да не забремени после абортус? Секако, како во било која интервенција така и во оваа постои ризик од настанување на последици, впрочем и нај обична операција на слепо црево или кила, може да доведе до смрт, на пациентот(дедо ми пред 15 години на 58 години почина при рутинска операција на кила) така да во се постои ризик па и во абортусот. Мислам дека во денешно време тој ризик е сведен на минимум ако се врши во стручни установи, и под надзор на стручно лице.
    Но постојат и други фактори кои во мегувреме може да се случат кои ќе доведат до неплодност кои ги наведов во темата Абортус.
    Секако дека најпрво треба да се обрне вниманието на превенцијата, но доколку дојде до последиците мој совет е абортусот, да се направи во што порана фаза некаде 1-1,5 месеци за да се изегнат компликациите.
    Многу е лесно да кажеме, е како може да дојде до бременост ако сте пазеле, или зошто имате секс ако незнаете да пазите? Но гиниколошкине ординации се полни баш од оние кои „знаат да пазат“.
    Сакам да кажам, лесно е да мудрувате се додека тоа вам не ви се случи, а тогаш наогате милион оправдувања кои ви изгледале смешно кога сте ги слушале од други.
    Јас мислам дека треба овие луге, а тоа сме сите ние, нашите мајки, сестри, другарки, да ги ослободиме од стигмата дека се убијци, дека прават злочин, малтене треба да ги изложиме на столбот на срамот затоа што се дрзнале они да одлучат кога и колку деца ќе имаа......
    Со кое право некој се дрзнува да отценуа кој кога треба да роди и колку да роди?
    Зошто секогаш матрејалната состојба ја поврзувате со тоа дали некој треба да рага или не?
    Ако некој има пари не значи дека треба да има 10 деца и доколку некој нема не значи дека треба да нема ни деца.
    Да престанеме ние да одлучуваме за тугите животи туку да си го гледаме сопствениот живот.
    Јас сакам да ги охрабрам сите жени, да се ослоодат од овие стигми од минатото и да си го живеат животот како они што сакаат, да не дозволуваат други да им го одредуваат животот, па дури ни нивните партнери, лесно е да ви каже роди го, но детето е одговорност на мајката целиот живот, а татко не џабе рекле може да биде секој. Не џабе кога нешто не оли велиме леле мајко, а не леле татко. Тие кои сега се повикуваат на бога, дека е тоа грев и сл, тогаш зошто користат кондоми, и зошто го користат сексот за уживање, а не како што рекол бог. Зарем од таа сперма која што ќе заврши во кондомот ако завршела онаму каде што треба неможе да испадне некој Ајнштајн или Бах? Замисли колку слатко и убаво детенце може да било, а вие го фрлате заради ваше уживање.
    Да, патетизирам затоа што од прилика така звучат оние кои сакаат да ги разубедат другите, а недај боже нив да им се деси први би отишле на абортус.
    Особено ме нервира, кога ќе слошнам или прочитам како тоа можеле да имаат секс а неможат деца да чуваат. Потребата за секс е едно а родителството е друго, потреба за секс имаме сите ние, од пубертет па до гроб, само интензитетот на таа потреба е кај секого различна и зависно од годините, додека подготвеноста кога и на колку деца сме спремни да бидеме родители е индивидуална и зависи од многу фактори.
    Се извинувам што го оддолжив постов, но најмногу ме нервира кога жена се обидува да и наметне вина на друга жена, за работа во која може и она утре да се најде, наместо тие да бидат најгласни во одбраната на своето право.
     
    На okcenzi, darcy, SuperGirl24 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски

    Извини ама немам да ти препорачам некој конкретно, оти мојот доктор мислам дека пред се тера ин витра... Ама за консултација, верувам дека сите се стручни и коректни и дека ќе ти го посветат потребното внимание...

    Распрашај се и со новиов закон со комисии што е... Викаат ужасен бил со папирологии и процедури.

    Мислам каде и да одиш на приватно, ќе ги добиеш податоците и потребното стручно мислење...
     
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Јас само да се пријавам дека се согласувам целосно со постот на @Sky-butterfly и на @anina. Може сум оф топик ама мене само лајк не ми беше доволен, бидејќи толку се согласувам што ставам потпис на нивните постови! Поздравче. :hai:
     
    На tincemajmunce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Хм ... не се согласувам со оние феминки коишто упорно тврдат дека може да останеш повторно бремена ... Тој е киретажа, знаете ли што е тоа и како изгледа? Јас сум медицинско лице тоа го гледам постојано, го раздробуваат детето па како со лажица го ваѓаат. При оваа постапка никој не ти гарантира дека нема да повреди нешто што не треба ...
    Што значи нормално дека има шанса да не можеш повторно да раѓаш но и не мора да значи..
    ОВА не се однесуваше за некоја од случаите наведени погоре, се однесува за темата
     
    На Serafima и glosipgirl им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Поттикната од мислењата кои подстакнуваат некаква си женска независност и ослободување од стеги, морам да одговорам дека тоа многу малку има врска со тоа.
    Абортусот е многу повеќе од физички чин, камо среќа да е само физичка интервенција, туку многу повеќе и подлабоко влијае на духовниот дел од нашето суштество, бидејќи ние сме освен физички и духовни битија.
    Бидејќи е долг постов ќе го ставам во спојлер.
    Бев во слична ситуација како членката ЗДР. Независна секогаш тежнееав да бидам, едвај чекав да завршам средно и да се одвојам од дома, да живеам сама, да бидам слободна, да работам итн.
    Имав долга, стабилна врска, од неколку години, кога го искусив шокот од непланирана бременост на некои 23 години мислам. Бев толку збунета, се прашував како е можно ова да се случува, бев шокирана и бев исплашена. Во разговорот со дечко ми, немаше опција за бебе. Вистина дека самата не бев спремна, не очекував, не знаев што понатаму, дојде се изненада, ама после некое време едноставно знам дека да имаше некое макар и најмало охрабрување од дечко ми да го задржам бебето, вероватно би пристала да го задржам, бидејќи бев во шок, не знаев што да мислам. Ама, иако беше шок за двајцата, за женско е секогаш поголем притисок.

    Го абортирав бебето, многу бргу помина интервенцијата, следниот ден веќе отидов на работа.
    Останавме во врска не знаејќи дека тоа се врежа во нас отколку што бевме свесни. Се оформи плодот на една врска, не само во физичка смисла, туку и духовна, која со абортусот ја пресековме.
    После само неколку месеци, дечко ми, на кого самиот највероватно беше влијаело сето ова, почна да ме опседа со некои бебиња, да сме направиле бебе, изразуваше желба за бебе. Дали тоа беше чинот на каење или што, не знам. Јас не бев ни свесна до тогаш колку всушност бев повредена од него бидејќи тој првиот момент не ме охрабри, не се израдува, колку ми удри на мојата женска гордост, почнав да го презирам. Сигурно дека и тој не беше спремен највероватно, ама тој неговиот став ми остана во срцето. Набргу потоа, ја прекинав врската.

    Години потоа, тој имаше веќе две деца, јас се борев за бебе, се водев како секундарно стерилна.
    Кога и пишав на ЗДР дека се мали шанси да не може да има бебе, сакав да и помогнам на нејзината психа, која итекако има врска со идното забременувањето.
    Самата се измачував, колку пати се покајав, колку само се обвинував дека ете поради тоа не можев да останам бремена сега кога толку многу сакав, иако реално ги знаев фактите дека немаше никакви компликации, бев на контрола после абортусот, и докторот ми имаше потврдено дека тој абортус не е причина за не можноста да останам повторно бремена, јас и понатаму едноставно проживував едно духовно и душевно измачување.
    Мојот сопруг го знае сето ова, ама да не знае, можам да замислам дека многу потешко ќе поминам низ сето тоа, ќе ме следи како дух стореното.

    Сега помина време, не ме боли веќе, по Божја милост сум исполнета и задоволна, имам едно дете, второ на пат, ама процесот на обнова, на исцелувањето, на покајувањето, на измирување со Бог, на прифаќањето, мојот духовен раст и ментално "одблокирање" беше долг.

    Поента ми е дека ако навистина гледате себеси во иднината заедно, размислете уште еднаш повторно.
    Инаку, после абортусот врската ќе ви пати, ќе се губи. Не е тоа одлука за купување/менување стан, што е голема животна одлука, ама се сведува само на материјалното, физичкото, нешто опипливо, туку е многу повеќе од тоа, задира во дух и душа, повеќе ништо нема да е исто.
    Дури и настрана да ставиме лични убедувања и/или несогласувања дека Бог дава живот, факт е дека е нешто што влијае на нашата свест и совест. Можеби во поголема или помала мерка, зависи од особата, ама има влијание.
    Иако поминав низ сето тоа, сега секогаш ќе речам дека не сум за абортус. Не сакам да го оправдувам мојот чин, мада не живеам во минатото и сум сосема задоволна од сегашноста, знам дека секоја одлука носи и своите последици, кога тогаш мора да се соочиме со нив.
     
    На НаталиЛили, jacqueline.s, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    @ZDR донесе ли одлука? :?: Што и да е, со лесно нека е.
     
  10. janickaskopje

    janickaskopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    264
    не подржувам абортус од било која причина освен медицинска-да нема друг излез! и да го осудувам кој што сака нека рече тоа е мое мислење и никогаш нема да го поддржам! и мислам дека е греота да се пишуваат вакви теми читајќи ги првиите две три теми во оваа категорија бременост...
     
  11. ZDR

    ZDR Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    53
    Да lovelu93 само што времето ми поминува а никој ен ми препорачува клиника и доктор... а јас сум 7ма недела .. :worried: Во систина имам утре преглед, ама докторот е мн зафатен страв ми е дека ќе треба да чекам и да поминат некои други процедури... :(
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Штом си толку сигурна што да ти кажам освен да не губиш време, што порано тоа подобро... не се двоуми многу, во Систина за кого и да се решиш не верувам дека ќе погрешиш, таман работа. Процедури има, мора да ги има... а и времево ти е кратко, уште 3 недели и законски веќе истекува времето за абортус, колку што јас знам.
     
  13. newgirl1

    newgirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Девојки, имам 22 и имам несакана бременост, дали знае некоја колку пари е абортус во Скопјево?
    Многу ми е рано, но моиве викаат дека ако абортирам нема друго дете да имам, се лутат и не сум среќна..Дали е вистина?
     
  14. newgirl1

    newgirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    4
    Инаку да додадам, дали ако абортираш на 22-23 и ако пак можеш да имаш деца,
    дали е вистина дека мора до 28-29 најкасно 30 да родиш?
     
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Глупости на квадрат (facepalm)
    Еден куп жени родиле после абортус, на 35 па и на 40 години.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Tочно. Секоја бременост е индивидуална работа. Дури и две бремености кај иста жена се приказна за себе. Дури идните мајки се советуваат се` почесто да не претеруваат со читање многу многу додека се бремени затоа што не сите совети се апликативни за секоја бременост. Така што, нема правило.
     
  17. Kiki-Viki

    Kiki-Viki Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Feminki imam edno prasanje, mozebi e malku off topic no me interesira dali posle kiretaza ( poradi obilno krvarenje, ne poradi nesakana bremenost) moze da se zabremeni?
     
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Тоа што си го имала е слично на абортус, и тогаш се прави киретажа на внатрешниот слој од матката, така да одговорот би бил ист- ќе можеш, но секогаш постојат мали шанси и да неможеш.
     
  19. Kirjana86

    Kirjana86 Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Zdravo zenski,imav spontan na 16 oktomvri ovaa godina,e sega se pazime,deka ni rekoa da pocekame,no mene nesto mi se uvrte vo glava deka pak sum zabremenela,strav mi e da kupam test,dali bi imala problemi dokolu sum bremena a ne pomina vreme? ako nekoj znae neka pise odnapred blagodaram
     
  20. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    а имаше ли киретажа или со крварење се исчисти. со киретажа најдобро е после тоа да се чека 6 месеци па да се почне со обиди. ти мн скоро ако си стварно бремена. а дали ги направи потребните брисеви после тоа. дај боже се да е во ред ама може и пак да дојде до спонтан
     
    На Kirjana86 му/ѝ се допаѓа ова.