1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали и што знаете да готвите?

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од maja8, 11 јануари 2010.

  1. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Хмм па според мене знам да готвам. Знам да направам грав, гулаш, спањаќ, ќофтиња, да приготвам компири на неколку начини, да испечам пилешко, риба да испечам или испржам, месо да издинстам, торта да направам или колачи итн. Последниве 2,3 години почнав да читам рецепти за различни јадења на интернет и мислам дека секој може да готви само треба да покаже интерес.
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.682
    Знам по нешто да спремам. Ако сум расположена и ми е мерак знам да се развртам во кујна. :lol:
    Лазањи правам убави, специјалност ми се.
    Дури еднаш ја терав баба да ме учи да сукам пита. Ми вика аа ќе те биде. :D
    Од манџи не знам ништо да зготвам. Пробував еднаш сама нешто си смислував рецепти ама па страв ми е да не ги испотрујам дома :?: . Има време ќе научам и некоја манџика да правам па да бидам права (очајна) домаќинка. :rofl: :)
     
  3. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    Епа знам да сама да го смесам тестото и потоа да направам пита или пица, знам да спржам јајца, компири, знам да правам торти и колачи... во принцип знам повеќе работи да зготвам и си се гордеам поради тоа :rofl:
     
  4. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Знам да готвам речиси се (тоа што јадам знам да си го зготвам,со исклучок на подварок), а највешта сум во тортите бидејќи ме бива за декорација и шарање.
     
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Се што јадам знам да си зготвам. :D
     
  6. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Знам скоро се' да зготвам... најслаба страна ми е сукањето и воопшто правење било какво тесто. моментално сум во фаза кога се "усовршувам" во готвењето, значи се трудам одредено јадење да го зготвам подобро од претходниот пат.
     
  7. Addicted

    Addicted Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Најубаво јадење ми е тоа што сама ќе си го зготвам. Знам скоро се да правам само не знам да месам леб хихи :D
     
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Јас знам се да готвам. Сега не баш се што постои, ама она што го јадам :D . Значи знам и манџички и пржени јадења и печени, а и благо бидејќи сум голем љубител на благото :D
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Знам само јајца да испржам и кафе да варам :rofl: Толку..Ниту имам желба да готвам, ниту ме фатило мерак да ја гледам како готви мајка ми..и да научам нешто :) А жената прекрасно готви и се знае да прави :) Не ме фаќа мерак за ваква работа мене, ќе си направам овошна салата и ќе помине денот :lol:
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Па ми велат дека за мои години сум знаела и убаво сум готвела...Добро сега,не знам некои специјалитети туку онака домакински секојдневни јадења,што си ги јадеме по дома...Знам лебче да замесам,испечам,кифлички,обожавам да си пржам пишии(мекици) :),пржени компирчиња(тоа кој не го знае :?: ) , компир манџа, манџа леќа, гравче варено, потпечени компирчиња( т.е. скоро све со компири да не набропјувам)....потоа...ориз во тавче..и тн.... не ми текнува сега баш се...и така ... :)
     
  11. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    И ја не сум нешто многу по готвењето,знам јајца да спржам и кајгана :lol: јес да тоа е исто,повише сакам друг да ми зготви,некако ми се губи апетитот додека гледам како се прави јадењето :lol:
     
  12. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Тоа што сакам да го јадам со голем мерак знам да го зготвам. Манџите и питите и ги препуштам на мајка ми, нив сакам да ги јадам ама не знам да ги направам. А со преостанатиот репертоар од јадења добро се снаоѓам, посебно со тестенините и сосовите за нив, печурки во сите можни варијанти, благо во сите варијанти :P
     
  13. S-A-N-D-R-A

    S-A-N-D-R-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    Хахахха истото и мене ми го викаат дома,а за готвење истите работи знам да ги напраам, а и плус кифли да месам :rofl: ,
    повеке сум по благите работи, па од нив знам повеке да напрам :rofl:
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.589
    Пол:
    Женски
    Знам да готвам речиси се , а и многу сакам да експериментирам. За жал голем проблем ми се пржени компири, нема да не ги утнам. Знам нема некоја филозофија, ама не ми ги бива. Инаку не сум се учела од никого, како помали сестра ми секогаш стоела до мајак ми и учела и денес е така, кога мајка ми готви сестра ми гледа. Но, јас не, се сама. Морам да признаам мајка ми се гордее, иста ко нејзе сум била на готвењето, а и дечко ми е задоволен.
    Значи: сарма, подварок, компир манџа, боранија, леќа, грав, месо, тестенини, риба...
     
  15. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Јас не знам скоро ништо околу тоа :$ Знам само да си спржам јајца, кришки, виршли, тие такви работи.... И ништо друго. Тие покомплицирани ручеци ЈОК! :D
    Ако не ми зготви некој си јадам нешто од фрижидер. Морам да кажам дека се почесто луѓето почнаа да ми кажуваат како треба да ми е срам на мои години да не знам ништо да зготвам, толку многу ми зборуваат што дури навистина почнува да ми биде срам :$ Ете онојпат другарка ми правеше пире, а јас појма немам како се прави тоа и изразив желба да научам. Ама само на тоа и си остана... :D Се надевам дека во блиска иднина ке поднаучам нешто, не за друго, туку чисто заради самата себе да си знам. Мада пак си мислам дека не сум јас за во кујна :) :P
     
  16. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    652
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    И јас не знаев нисто да готвам но почнав да се интересирам пред се за себе да си знам и кога ке мис е пријаде нешто(голем гурман сум си)да не трчам да купувам и да не јадам нон стоп брза храна туку сама да си спремам нешто.Ја прашував мајка ми а понекогаш кога сакам да ги изненадам со нешто читам од разни интернет портали и така си ги запишувам и ги со текот на времето ги научив.
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    малку Сол
    30 грама Пченкарно брашно
    50 грама Презла
    100 милилитри Млеко
    100 милилитри Масло
    50 грама Брашно
    3 главица/и Кромид/а
    1 Јајца/це
    Време за подготовка: 20 мин.
    Време за готвење: 40 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Кромидот претставува вистински склад на витамин Ц и фолна киселина, а потоа за калиум, калциум и фосфор.
    Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик и антиретик - благодарение на витаминот Ц и кверцетинот. Заради тоа, многу луѓе редовно го користат.
    ПОДГОТОВКА:
    Кромидот исчистете го и исечете на кругови со дебелина околу 1 см.
    Вадете по 2 круга споени, па оставете ги да отстојат 15-ина минути во млеко (ако е многу лут), а потоа валкајте ги во брашно, јајца, презла, пченкарно брашно, па пржете ги на масло, потоа ставајте ги на кујнска хартија да за да се впие непотребната маснотија и служете ги со сос по желба.
    Селско месо
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    30 грама Брашно
    10 грама Буковец
    100 грама Домат
    30 грама Кисела павлака
    4 чешниња Лук
    300 грама Пушено свинско
    1000 грама Свинско
    малку Сол
    150 милилитри Суво бело вино
    300 грама Телешко
    малку мала лажица Црн пипер
    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 30 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Селско месо
    ПОДГОТОВКА:
    Од меленото месо се прават малечки ќофтиња во кои се става сол, црн пипер и сушен лук. Сувото свинско месо се сече на мали парчиња и се става во вода да отстои, а потоа се исцедува.
    Свинското месо се сече на помали парчиња, се пржи во масло за јадење на кое потоа му се додаваат сецканите парчиња лук.
    Откако месото и лукот ќе се зацрвенат им се додаваат сецканиот домат, исецканите на кругови шампињони, исецканото суво месо и ќофтињата. На смесата и се додаваат зачините, солта, буковецот и црниот пипер.
    Смесата се потпржува кратко. На страна се раствара 1 лажица брашно во чаша вода. Брашното и 1 чаша бело вино се додаваат на прженото месо и измешани се ставаат во земјен сад во кои се печат во рерна.
    При крај на печењето се додава павлаката по вкус.
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    малку мала лажица Црн пипер
    125 милилитри Црвено вино
    1 мала лажица Црвен пипер
    малку Сол
    40 грама Пармезан
    250 грама Мелено говедско
    2 лажица/ци Масло
    1 лажица/ци Маслиново масло
    2 чешниња Лук
    85 милилитри Доматно пире
    500 грама Домат
    малку Босилок
    300 грама Шпагети
    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 30 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Ова е најпознатото и најпопуларното јадење од тестенини.
    Во оваа верзија сосот од месо е збогатен со црно вино и зачинет е со темјан и босилок.
    ПОДГОТОВКА:
    Ситно исецкајте ги лукот и кромидот и запржете во една тава додека не омекнат и потемнат.
    Додадете го меленото месо во тавата и постојано мешајте 5 минути.
    Зачинете со сол, црн бибер и црвен пипер.
    Повторно промешајте за да месото ги впие подоцна ставените зачини.
    Дадете ги ситно исецканите домати и црното вино, па оставете да зоврие, притоа намалете го огнот и гответе 15-тина минути, повремено промешувајте за месото подеднакво и рамномерно да се пропржи и свари.
    На крајот додадете го темјанот и босилекот.
    Во меѓувреме, во поголем огноотпорен сад зовријте вода и посолете ја, потоа додадете ги шпагетите и малку маслиново масло.
    Варете 8 до 10 минути додека не се сварат и омекнат
    Исцедете ги шпагетите и сервирајте во чинија, па потоа прелијте со 2-3 кутлачи од болоњезе сосот.
    Пред послужувањето посипете со рендан пармезан и декорирајте со некое свежо билно растение, нане или босилек.
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    125 грама Шунка
    1 лажица/ци Сол
    125 грама Сирење
    1 кесичка/ки Прашак за печиво
    400 грама Брашно
    200 милилитри Јогурт
    1 Јајца/це
    Време за подготовка: 15 мин.
    Време за готвење: 30 мин.
    КРАТОК ТЕКСТ:
    Брзи пирошки
    ПОДГОТОВКА:
    Исејте го брашното заедно со пецивото, ставете го во вангла. Направете вдлабнатина па додајте ги јогуртот, солта, јајцето, ренданото сирење и ситно сечканата шунка. Замесете тесто па расукајте го и направете правоаголници.
    Испржете ги во загреано масло.
    Испржени ставете ги на кујнска хартија, убаво да се исцедат па послужете.
     
  17. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Епа еве сега јас можам да се пофалам дека пред некој ден го зготвив мојт прв ручееек! :D Тоа беше пирее. :D Убаво беше,се изедовме-и ништо не ни бидна. :P :D
    Ајде ке ме биде можеби,сега продолжувам понатаму,да поднаучам уште нешто па ке се пофалам.
     
  18. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    По готвењето сум целата на мама, а нејзините јадења се граничат со перфекција. Единствена маана ми е што претерувам со солта :$ ама мене ми се секогаш таман (а другите во уста неможат да го стават) :lol:
    Годинава дури и туршијата јас ја правев. За зимници сум прва дома, почнав и по куќи да одам да помагам.

    Месото и пржениот компир ми се специјалност, до сега немам утнато. Од манџи, се правам, грав, леќа, соја со ориз... какви ли не комбинации. Највкусно ми е леќа и компир. Риба обожавам да готвам и да јадам :lol: .
    Порано и зелник правев секоја недела, црн леб си месев... Само проблем почнаа да ми прават килограмите, па сега поретко готвам, а и на мама и се карам кога ке предложи да зготви нешто на кое знам дека нема шанси да одолеам, а да не прејадам.

    Леле се испофалив :lol:
    Е за благо не ме бидува многу, сестра ми е задолжена за него. Ама јас и така не јадам торти и такви ствари.
    Се што јадам умеам да си зготвам (штета што сега сум на диета... леле ми се пријаде ;(
     
  19. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Знам да готвам ама од оние полесни јадења :) пицата што ја правам мислам дека неможе да се спореди со ниедна :pizza: исто така макарони со томатело,печена кокошка со патлиџан,пипер и многу зачини :wasntme: има уште,само што не ми текнува во моментов :$
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Знам за среќа да готвам...или со други зборови, нема да останам гладна ако ме оставите сама дома :) Ма домаќинка сум си јас, ако сум модерна и еманципирана жена, само што за жал немам време. Тоа ми е резервирано само за викенд, после работа нема шанси нешто да земам да готвам.

    Од пубертет ми се специјалност палачинките. А инаку знам скоро се да зготвам. Свинското месо можеби единствено не го баратам, ама не ми ни фали бидејќи не го ни јадам.
    Во последно време научив да правам многу добри кифлички. Дури и кори знам да тегнам! И знам да правам бурек, пити и гибаница!

    Ајде, бујрум на гозба! Ќе ве пречекам со слатко и чаша вода! ;)