1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Не сум размислила за ова. Следниот пат ќе пробам вака. Фала ти :)
     
    На rokiroksana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    И ние имавме алергија на спанаќ по првото давање, од купечки замрзнат...катастрофа :( Тоа беше кога имаше 7 месеци, па педијатарката рече да почекаме барем до кај 10 полни пред да и дадам повторно. Така што сеуште не јадеме.

    Мами, дајте ми предлог за убава комбинација со праска? Имам сокчиња од праска кои не ми ги пие, па сакав да ги искористам во јадењата. Сабајле и направив каша со сокчето, едно јаболко и мелена плазма, но мене лично не ме бендиса а ни она не беше воодушевена. За утре планирам од вечер да покиснам овесни снегулки во сокот па сабајле да додадам уште нешто. Само појма немам што :?:
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.829
    Пол:
    Женски
    И мојата после првото пробување на спанак се нафрли на нозете.

    -тиква,банана,јаболко
    -брокула,компир,пашканат

    @Kitten пробај со банана
     
    На An-na, TIGARCE86 и Kitten им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени:

    * Доење кога сака, колку сака во текот на 24 часа!
    - Појадок (09:00-10:00)
    -
    Каша/ Банана, авокадо, вишни, урми и ленено семе + кокосово масло
    - Ужина (12:00-13:00) - Каша/ Овесни снегулки со јогурт
    - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Јунешко месо, жолта боранија, модар патлиџан, зелена пиперка, младо лукче и магдонос + маслиново масло
    - Ужина (17:00-18:00) - Плазма бисквити потопени во Бекутан чај од сладок анасон и цвет од камилица
    - Вечера (20:00-21:00) - Палента со урда

    Некогаш имаме една ужина, некогаш две. Се зависи кога станува од спиење наутро и кога си легнува навечер.
    Во последно време е ранобудник, па морам да му дадам нешто плус за ручкање.
    Не одбива! :)
     
    На zuto, TIGARCE86, НаталиЛили и 2 други им се допаѓа ова.
  5. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    93
    • хељда и јаболко
    • тиква, спанаќ и компир
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.829
    Пол:
    Женски
    Нели е хељдата 12+ ?
     
  7. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Палента+ авоκадо+ банана+ малце κоκосово масло
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    93
    Иии сериозна си??????
    Јас имам табела каде е нагласена дека е без глутен и е замена за пченица и е 6+ заедно со просо, палента, киноа. Ме уплаши ама убаво
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Без глутен е, ама е високоалергена па затоа се препорачува по 12 месеци да се воведе.
    Ако веќе си дала и нема реакции, не би требало да има никаков проблем ;)
     
  10. rokiroksana

    rokiroksana Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    93
    беља работа, имав просо и хељда не знаев што прво да воведам и се одлучив за хељда мислев дека е во ред, ама нема враќање назад , е сега да продолжам да давам или..? вака нема реакција
     
  11. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    И јас знам деκа е 12 + хељдата,мами а κус κус од κој месец воведовте ,сите ρазлично виκаат 8+ 9+ ваши исκуства фала позз :)
     
  12. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Се приклучуваме и ние кон клубот на нејадачи :( втор ден ми протестира со храната
    Доење кога сака колку сака
    Појадок: киноа со авокадо и праска (не изеде ни 2 лажички)
    Ручек: палента со морков и малку млад кромид (морав да му давам со прсти, за да касне малку (facepalm))
     
  13. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    45.570
    Пол:
    Женски
    Сите алергични на спанаќ, а мојата алергична на компир :)

    Нашето денешно мени:
    Доручек: Јаболко,вишни, праска (од домашен компот), овесни снегулки и ц.цимет
    Ручек: Палента, карфиол, спанаќ, јаболко и путер
    Цицање кога сака и колку сака
    50мл. вода
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Кус-кус кога ќе воведеш глутен (значи на 7,5-8 месеци)
    @rokiroksana јас хељда воведов на 9 месеци. Бев со намера да ја одложувам до 12 но ете сепак ја воведов порано. За среќа и кај нас немаше лоша реакција. Се смета за алергена и затоа препорачливо е да се воведе што подоцна во исхраната.
    На многу табели ја имаат ставено заедно со просото, киноата и амарантот како безглутенска житарка која може да се воведе на почеток на дохрана. Не е крај на светот што си ја вовела толку рано, не се грижи. Штом бебето немало алергиска реакција продолжи си да ја даваш.
     
    На TIGARCE86 и rokiroksana им се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Испланирено е денешното мени:
    појадок- банана, портокал и вишна
    ужинка- крем сир и лепче
    ручек- златна мешавина (грашок,пченка и морков) со жолчка
    ужинка- свеж овошен сок
    вечера- палента со к.млеко
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    @An-na, син ми секогаш го повраќаше спанаќот, и некаде од 16 месеци откако го поврати целиот оброк што го изеде, престанав да му го давам. Истото кај него се случи и со блитвата, не знам зошто. Сега има 4 години, две и пол години спанаќ немаше мириснато, не пак јадено.
    Вчера за првпат после тоа повраќање му дадов спанаќ, домашен, од наше производство, додуша во штрудла, не како вариво, и фала Богу не повраќаше. На мисла сум пак да почнам да му го давам Пробај со домашен непрскан спанаќ, ако најдеш, можно е од хемикалиите да се исфрла :(

    А хељдата не е алергена, туку е енергетска бомба и затоа не се препорачува кај деца под годинка. Јас така знам.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.587
    Пол:
    Женски
    Палента+моρκов+ тиκвица+ м.масло
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    И јас се мислам дали да воведам хељда малце порано...ќе видиме. Но колку што знам, хељдата не е алерген туку е тешка за варење, па затоа се остава за подоцна.
    @rokiroksana нема потреба да се плашиш, штом немало реакција, ништо страшно не си направила. Само давај ја поретко или ако сакаш одложи ја за покасно.

    Денес на мени:
    Појадок- пченица и овесни снегулки во сок од праска, 1/3 банана, 1/4 јаболче.
    Ручек- грашак и морков во ад со урда.
    Вечера- тиква со просо.
     
    На rokiroksana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    45.570
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени:
    Доручек: Круша, банана, праска (од домашен компот)
    Ручек: Гриз, тиквичка, брокула, круша и путер
    Цицање кога сака и колку сака
    50мл. вода
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.829
    Пол:
    Женски
    -Просо,тиква,банана
    -карфиол,пашканат,компир
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.