Zdravo na site mamicki jas sum nova na forumot i ova e naseto dnevno meni 7:00- 7:30 150ml AD mleko 10:30 kasicka od jabolko i morkovce(domasna) 12:00 120 ml AD mleko 13:00 30ml cajce Becutan 15:30 120ml AD mleko 17:00 50ml kasicka od banana(domasna) 18:00 100 ml ADmleko 20:30 orizova kasa na Hipp 21:30 50ml cajce Becutan Sega spieme i okolu 03:00 imame 150ml AD mleko Imame 5 meseci i 3 nedeli
Денешното мени на беблак! * Доење кога сака, колку сака! Цееееела ноќ, цица како новороденче! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Палента и круша * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Брокула, морков и пашканат + маслиново масло
Знам ама бидејќи не цицаме а сме 8 месеца трееба да имаме најмногу 3 оброка млеко. И давам пред заспивање навечер еднаш додека спие и пред да стане. Уште од почеток ќерками иако ги испила сите потребни оброка нљвечер станува и бара, отвара уста иако испие на пример една третина од шишенцето. Сега кога потпорасна си велам илии сокче или чајче. Што би ме советувале другите мајки?
Дејана2, мој совет е да и даваш млеко ако се буди ноќно време, нема потреба чај или вода да и се полни само мешето кога е тоа нехранливо, млекото е потребно на малите бебиња до 1 год.без разлика колку мл внесуваат дневно После 1 год. децата треба да пијат млеко барем 2 пати дневно, а ако сакаат и повеќе, еднаш навечер и еднаш наутро, а јас како што гледам преку цел ден твоето не пие млеко туку само јаде кашички, а замисли да цицаше во текот на целиот ден?? Немој чајот да го заменуваш со оброк , сеуште е мала нема ни 8 месеци, а ти сакаш да јаде како возрасен
Ке се раководите по бебето а не по часовник.Бебето не е машина туку живо суштество.И ние некогаш преку цел ден ништо не јадеме а некогаш само пикаме храна како гладна година.Давај му колку сака и кога сака.Бебињата што цицаат знаат и по пет пати да станат ноке.Замисли ти во три по полнок да се наголташ со сок па легни да видам дали ке спиеш добро.
Сокот нема ништо корисно, празни калории пред се. Кариес ќе фати уште на неникнати заби со вакво темпо на пиење сок преку ноќ. Мајка давај млекце или вода ако само од навика некогаш се подразбуди и побара голтка две. Менито од денес, покрај цицањето: - појадок каша од крушка и авокадо - ручек каша од компир, тиквичка, морковче и кромидче.
Na bebinja osnova im e mlekoto, a potoa se drugo. Taka da majka navecer mleko, mesto sokce. Ako zberam kolku mleku cica preku den, so sigurnost 1+ litar, baska cvrsta hrana, i sokce i vodicka. Leona cinam prvpat davas avokado, kako go prifati bebus?? I nie imavme za pojadok avocado so banana.
Појадок: Круша, тиква и кокосово масло Ручек: Телешко, цвекло, блитва, пиперка и кромид Вечера: Веројатно просо со јаболка и сливи
Нова како го подготвуваш цвеклото? Го вариш? На колку месеци даде прв пат? Едит: Кога воведовте кромид?
Да девојче, прв пат давам, ставив малку со крушата, излапа се. Утре ќе гледам да биде 50-50 авокадо до друго овошје. Неутрален вкус има па мислам дека не се приметува со др.овошја. Планирам и со зеленчук да го давам. Инаку кромид воведов со полни седум месеци, млад секако, отприлика по 2-3 см од него ставам ( од белото делче).
08+ч ад млеко 11ч овошна јаболко и круша 13ч ад млеко 15+ч тиквици,морков со телешко и малце трошки 16+ч ад млеко 19ч бисквити 22ч ад млеко Спојлер девојче--- пудинг правам како за нас,млекото и шекер и прашак за пудинг,кај нејзе додавам помалце шекер. Имаш на нестле пудиг ако нема мио производи,овие млечни што се марки ги има и мелин и нестле па има од нив пудинг за над 6+. Еднаш неделно ако немам домашен давам од купени
мајки ве молам за совет, по колку грама отприлика ви јадат бебушите дневно т.е. на оброк? Ние имаме 6 и пол месеци и јадеме на сила буквално (воведовме дохрана на 4 и пол месеци), гледам да има два оброци по 100 грама отприлика но секогаш останува пола а другата половина буквално на сила, она врти глава ја сум упорна, ги следам мениата ваши и отприлика и јас правам слични кашички овошни или зеленчукови дали е можно од доењето бебево да не ми јаде? гледам два, три саати да не ја дојам пред оброк за да може да јаде но ете си имаме проблем многу ме фаќа нервоза и незнам што ќе правиме?!
До пред 3недели јадеше околу 150г ама еве сега изгледа од забчињата едвај до 100г изедува значи половина од 100 грама јаде. Исто така пие млеко пред спиење и кога се разбудува после половина час и нудам оброк,како што кажав порано ке го дојадеше целото со малце труд а сега и повеке труд пак малце јаде. Кај вас секогаш е така или последно време? Па ако си цица доволно и даваји колку ке сака,може доволни и е па се најадува со млекото. И јас често се трудам целото да го дојаде или половината ако веке не јаде,де пеам де играм де авионче па каде во уста каде на пот нешто ке лапне,така тоа оди
Мене ми успева пола саат или макс.саат по доење. Прегладнето бебе не е расположено за храна зошто треба да џвака а вака цицето и оп, ем ќе се нацица ем ќе си заспие. Кај нас некогаш изненадува и ќе изеде и 150 гр., ама некогаш одвај до 100 гр, И не секогаш отвара уста, некогаш јас и буткам во устата а она ќе си изеде, значи не се буни. Обавезно пуштен тв, играчки, се е со занимација. А зависи и од јадењето, на пр.црвена тиква печена не сака да види, и еднаш успеав да и дадам околу 80 гр.и одма поврати и тоа ми беше за памет, ако не сака од нешто не давам.
Јас на κеρκа ми и воведов дуња од7 м.и сега со батκото таκа планиρам ,овие денови да му дадам, инаκу ја ваρам и ја κомбиниρам со дρ.овошје или житаρκа
Нашето денешното мени! * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Банана, јаболко и круша + кокосово масло * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Тиквица, компир, морков и просо
Ќе се надоврзам на муабетот за количината на оброкот кој го јадат бебињата. Имам прашувано по колку јадат вашите бебиња баш од причина што ми се чини дека мојата Леа јаде малку (или јас многу очекувам,што знам ) Инаку е напредно бебе, дури е и буцка, има 8,1 кг на неполни 6 месеци, ама сега некако како да е ослабнета или можеби издолжена па мене ми се чини дека е послаба. Овие два дена една мала Хипп каша ја јадевме на трипати . Претходните денови јадеше по 80гр, некогаш по 100гр и мислам доволно беше, ама и тоа некако на сила. Пред некој ден и дадов компир со морков и го изручка, после 2 дена од истото 2 лажички само и поврати . Ајде си велам и моето бебе како и повеќето зеленчукот потешко го прифаќа, ама не е само до зеленчукот туку и овошјето има денови кога со сила го јадеме. Скоро цел месец јадеме цврста храна и има денови кога јаде 80 или 100гр, понекогаш само 50-60 гр. Ќе се потрудам да бидам трпелива и да видам дали ќе го зголемиме оброкот. Зборот ми е, нема правило... Исхраната на бебињата не е по правилник по кој треба да се придржуваме, ваљда така е,што знам.
Снегулке дали ја занимаваш некако додека појадува? Јас на син ми му пуштам песнички или цртани филмови. Занесен е во нив и си крка мераклиски. Мислам дека и тоа игра голема улога, пробај, анимирај ја некако додека се храните. Ако мислиш дека не ти ги јаде зеленчуковите кашички заради тоа што не се благуњави, стави во кашичката некоја овошка. Ако не ја сака многу блендирана, пробај по грубо блендирај, нека не биде многу кашеста. Понекогаш бебињата одбиваат да јадат многу блендирана или погрубо блендирана храна. Обиди се да го смениш начинот на подготовка на кашата. Се надевам дека нешто од ова ќе помогне!
Јагода, цвекло прв пат дадов на 8,5 месеци. Викаат ако не е третирано т.е ако е домашно можеш и од 7 месеци. Го правам на пареа со другиот зеленчук. Од причина што му треба малку повеќе време го сецкам на скроз малечки коцки. Кромид воведов на 8 зошто така ми се погоди, а можеш од 7 ама како што кажа Леона исклучуво млад кромид на почетокот. Денешно мени како он топик Појадок: Авокадо и банана Ручек: Телешко, тиквичка, модар патлиџан, кромид и магдонос Вечера: Киноа со круша