1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени:
    -9 ч.доење
    - 10.15 кашичка од јаболко, авокадо и кокосово масло
    - 12:45 кашичка од блитва, морков, пашканат и малку млада тиквичка
    - 14:45 доење
    - 17:00 каша од праска
    И до крај на денот доење колку сака.


    П.с ама некако новава платформа ич не ми се свиѓа, се е повпечатливо отколку постот.
     
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени!

    * Доење кога сака, колку сака!

    - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Банана, круша и јаболко + кокосово масло

    * Доење кога сака, колку сака!

    - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Брокула, блитва, морков и просо (Ја камуфлирам блитвата која не ја сака, со брокулата која ја обожава) ]:)
    Денеска има напредок во однос на количината која ја изеде, се надевам дека се враќаме во форма!
     
  3. milamamica

    milamamica Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    61
    здраво мамички, загрижени и помалку загрижени (кога станува збор за јадењето..)...

    девојчица моја има 13 МЕСЕЦИ, НЕШТО ПОВЕКЕ ОД 9 кг (родилна 3.100 гр.)...ситна е...
    имам неколку проблемчиња...
    прво, не сака да јаде од друг освен од мене..па и во градинка и бабите и тато има проблем со хранењето...
    второ, болежлива е, со бактерии во носето кое постојано и е активно чинам (а најчесто бато ни ги пренесува или од градинката)....иако крвта и е ок...
    трето, растат катниците и знам дека и тоа и прави дополнително мака....
    четврто, на 4 месеци имаше варичела која се искомплицира и премина во бронхит...уф...
    петто, многу често кака (околу 4 пати дневно)

    Инаку, немам проблем од типот НИШТО несака да јаде, но бидејќи малку се поправа јас сум збунка и незнам дали е доволно она што и го давам да јаде...хммм

    Дневното мени (кога и давам јас кога сум дома - за викенд на пр.) изгледа вака....
    - за доручек на пример: палента со 1 лаж. павлака, сиренце и едно цело јајце (цело го јаде) (вкупно 250 гр. и повеке)
    - за ручек : околу 100 гр. мевце (тел. пил. или риба) компир, морков, пиперка, домат, кромнид, лук итн, (вкупно околу250-300 гр.)
    - овошен оброк: овошје, обавезно 1 банана со две други овошки, малку сокче и 2-3 бисквити (околу 250 гр. )
    - ужинка: 1 овошно јогуртче (100-150 гр,) или пудингче (100-150 гр.)
    - вечера: млечен оброк, тарана или гриз со чоколадо и бисквити....(околу 250 гр.)
    знае и да цицне ама не многу, најчесто 1 преку ден и 2 пати ноќе но незнам колку внесува при цицањето??

    Е сега, се случува да не изеде се од се ова...но 80% од се ова, го јаде.....
    НЕЗНАМ ДАЛИ Е ДОВОЛНО?? А МАЛКУ НАПРЕДУВА ВО ТЕЖИНА.....
    ШТО Е ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ?
    ПОЗДРАВЧЕ И УБАВ ВИ ДЕН!:makeup:
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.611
    Пол:
    Женски
    Што е тоа златен микс?
     
  5. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Оние замрзнатите кеси на фриком со мешан зеленчук.
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    По мене е доволно. Син ми ни пола од тоа не јаде:)
     
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.237
    Пол:
    Женски
    Миламамица јас мислам дека тоа е сосема доволно. А зошто сметаш дека е ситна? Има три пати од родилната тежина.
    Во однос на бактериите, еден совет од мене, колку повеќе го чуваш толку повеќе ќе закачува и бактерии и вируси. Пушти го детето нека се тркала по подот, извади ја надвор помалку облечена, нека игра со песок и земја. Некои би ме осудиле ама јас не се замарам дали им се рацете секогаш чисти и измиени (освен ако сме биле надвор). Син ми има примано отприлика 5-6 пати антибиотик до својата 6-та година а ќерка ми со свои 8 месеци - ни еднаш. Секоја нечистотија или студ е како една вакцина. Не сум сигурна ама мислам дека во Холандија, на сред зима, на температура под минусот ги вадат децата голи и ги влечкаат на ќебе по мраз. Тоа го прават за да бидат отпорни на настинки предизвикани од студ. Можеш да побараш и на youtube, има еден руски доктор кој кажува како да бидат децата поотпорни на вируси. Знам дека споменува да играат со играчки кои биле надвор повеќе од две недели. Закачувале ситни вируси кои не се опасни за здравјето ама се корисни за отпорноста. Ќе го најдам и ќе ви пишам како да го барате.
    Извинете за тоа што заминав од темата.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени!

    * Доење кога сака, колку сака!
    - Појадок (11:00-12:00)
    - Млечна каша/ Baby's first pap/ Три - четири лажички со молење
    -//- (14:00) - Каша/ Банана и круша + кокосово масло/ Изеде се, Фаааала Богу!!!
    * Доење кога сака, колку сака!
    - Ручек (17:45)
    - Каша/ Брокула, морков, тиквица и пашканат + маслиново масло (Ручекот се припрема, ако не јаде и сега, ќе ме полуди!)
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Денес:
    * да не пишувам во колку цицала еве само оброците:
    - појадок палента со кисело млеко малку
    - ручек каша од ориз, брокула, млад кромид и бифтек ( ама околу 30 гр.)
    - вечера кашичка од праска. ( имаме проблем со какањето).

    Јагода јадеше ли синко?
     
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Јас да пишам син ми колку јаде, а веќе е годинка, оваа ќе ви изгледа како многу. А за нас е многу, јас сум среќна што воопшто почна и да јаде, се случува да има и по 3 оброка дневно,
    Многу се грижев, ама веќе не. Кога е гладен сам си бара, но проблемот е што е прибирлив, не јаде се, а и количински малку, но ете се уште се доиме и некако си надокнадува. Почна да оди од 11 месеци, лази од 7 месеци, сеуште има 8.500 кг, а 3 кг е роден, сеуште не ја триплирал тежината, но што да правам, се пробав и тоа е, детето не е јадач, темпераментно е, па затоа и ќе бројам и ќе се радувам на грамови. Битно да е здрав.
    Во целост се согласувам со анина, децата мора да се остават сами да станат отпорни на вирусите и бактериите.
    Син ми е настинат, црвено му е грлото и јас пак го изнесувам надвор, со јакна, капа, шалче. И да ви кажам ете го денес и вчера шетавме и престана со кашлањето. Јас го шетам уште од бебе, роден е зимно време и од тогаш излегуваме надвор. Исто и со рацете, не ги мијам постојано, затоа што е невозможно. Син ми и да сакам неможам да го изолирам од бактерии и вируси кога го лижи подот. Што ако сум чистела, сепак е под, а тој фино ќе си го излиже]:).
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.758
    Допаѓања:
    137.607
    Пол:
    Женски
    leleee a jas mislev samo sinko lize na podot....ne sme bile edinstveni:D
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    И ја пие водата од кадичката додека се бања, полна со купка за капење, морска сол и можеби мочка, ако се измочал(facepalm):D
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Изеде се (Без две лажички) :)
    Гледам да направам растојание од најмалку саат ипол од подој до оброк и ете пак ми забушава. Сето ова почна да се случува после примената вакцина, се надевам каде и да е ќе се вратиме во нормала. А и други промени гледам кај него.. Стана мноооогу приврзан за мене, плаче ако не сум во негова близина и сака да го држам постојано во раце. Навечер бара често да цица. Доцна заспива, рано станува.. Што знам, можеби е некој период..
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно и вчерашно мени и не е баш некое си јадење:worried:
    Вчера за ужинка круша од хип (која мн ја сакаше) вчера уста не ми отвори
    Ручек морков домашен, 1 лажиче дали изеде или не
    Денес ни беше истото мени со мало подобрување
    2 лажички круша
    за ручек 1 лажичка морков
    И јас ја имам истата дилема како на јагода Пред да ја прими вакцината јадеше овошни кашички по 50-80 мл и со лажичката сам си носеше во уста,
    Потоа вакцина 3-4 дена не јадеше , не сакаше ни витаминот да го испие, 2-3 дена јадеше и еве сега пак 2-3 дена не ми јаде,
    незнам дали е до него , дали не сака да јаде, можеби сака уште само да цица, навистина незнам
     
  15. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Период или заби или не дај Боже закачил некое вирусче кое лесно го поминува оти цица. Нас тоа ни се случи и во соба за доење др.ми кажа и така испадна, после една недела се смири. Еве сега сите болни по дома и на ќерка ми нисето пи малку и тече ( бела водичка) ама доволно да прави проблеми и за спиење и преку ден. Потешко цица.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Денешното мени:
    - 12:00 круша, јаболко и овесни снегулки (130гр :clap: )
    - 15:30 тиквица, брокула, компир,мајчино млеко и малку маслиново масло ( 150гр ^_^ )

    Преку цел ден и давам водичка. Ех колку ќе сум среќна секој ден да го празни вака чинивчето :) .
     
  17. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Нашето денешно мени:
    9:30 цврст јогурт со банана и круша
    15:30 батат, келераба, брокула ,телешко мевце, и лазжица цврст јогурт
    Доење кога сака и кога сака мама денес е дома :D
     
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Melinara од кога почнавте до келераба?

    Денес:
    - појадок авокадо и јаболка
    - ручек блитва, морков, пашканат, младо кромидче и мала лажица кисело млеко
    - вечера само кисело млеко едно филџанче.

    Кој става маслиново ладно цедено масло дали приметил дека има бебето полесно кака? Денес тоа ми кажаа, да ставам пи некоја капка во ручекот.
    Си мислам дека повеќе ефект ќе има кокосовото масло или не?
     
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени!

    * Доење кога сака, колку сака!
    - Појадок (11:00-12:00)
    - Каша/ Тиква
    * Доење кога сака, колку сака!
    - Ручек (15:00-16:00)
    - Каша/ Блитва, морков и тиквица + маслиново масло
    * Доење кога сака, колку сака!
    - Вечера (19:00)
    - Млечна каша/ Baby's first pap

    Денеска изеде се што мама зготвила, браво за моето бебе! :clap:
     
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Леона кокосовото е посилен лаксатив.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.