1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешното мени (за бебиња до 1 година)

Дискусија во 'Бебе' започната од girl1985, 9 август 2012.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Лелеее штрајк, а бе уста да не отвори!!!! А што убаво си јадеше, и ќе рече некој мали се не разбираат. Тргнав на работа и одма промена во се. Офффф.
    Туку за темава:
    - појадок каша од варена тиква + јаболко
    - ручек каша од карфиол, брокула и пашканат
    - вечера палента со кис.млеко.
    Количината да не ја коментирам.

    Инаку мајки пишав еднаш дека кога му дадоа на син ми без моја дозвола жив.царство махинално ја плеснав по рака личноста. И сега сите знаат дека нема зафрк.со мене за тоа. Па сол, шеќер, лимон ( да не ве боцкам) ама би збеснала. И како сега бебето ќе јаде???? Ма муабет нема да им правам.
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.330
    И ние живееме одвоено со старите, само ептен сме блиску,така да секојдневно се гледаме. Демек да помогнат, ама не ја пропуштиле приликата да му даваат да јаде и што смее и што не смее. Ми велат ,,ај ти јади без сол и шеќер??? ние тебе со манџи те израснавме и ете те здрава и права,, Ме виделе дека тиква и давам па и тие и дале, дали со шеќер или без немало врска. Муабетот го завршивме со нивна консатација дека дететто само си барало и сакало.

    Како и да е, сега ми е поважно да ја нахранам малата отколку да се надумдрувам и докажувам со нив.
    За недела дена полниме 7 месеци, ќе почнам со кисело млеко уште од утре и се надевам дека пак ќе ми ги јаде зеленчуковите каши. За овошните каши спасот го гледам во бананата бидејќи дава малку поблаг вкус (а и бисквити јадеме така да некако ќе лакпаме овошје).
    Утре сме на вакцина, ќе прашам и таму за совет како да се храниме понатаму.
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Е да, во право си, најди си начин, но внимавај кога ќе го оставиш пак:)
    Инаку за сладникав вкус може цејлонски цимет да се дава, баш вчера читав во една српска група за здрава храна за деца. Планирам да купам ама кога ќе одам до прод.за здрава храна.
     
  4. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    И јас некогаш си викам како нема некој да ја земе барем некогаш на два саати да одморам ама кога ве читам - не мора никој да ја зима, ќе издржам. :)

    Појадок:
    Авокадо, банана, ленено семе

    Ручек:
    Телешко, спанаќ, интегрален ориз, патлиџан и пашканат

    Вечера:
    Палента со урми

    И 50 мл вода денес! 8)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.393
    Допаѓања:
    318.060
    Пол:
    Женски
    Шо убаво мени сте имале денес
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    pojadok- tikva i krusa ( ne ja bendisa mnogu, definitvno najslatko i tikva so banana)
    Rucek- Karfiol,brokula,.kompir,kromid+m.mas
    Vecera- kindergriz(hipp) napraven so voda
    Jas od sto ziveam daleku od babi i zabi nikoj ne mi se mesa. Uste koga bevme dole svekrvata bese pravila pire so edna kupa zacini i daj i, daj i neka jade. IMA PREMNOGU ZACINI nema da i dadam i rekov. I tolku glas ne pusti sveki poveke. Ama da sme Mk mozebi ke se mesa, a mozebi i ne,.oti jas ne kjutam, pleskam se vo faca i se imam postaveno (si pokazav zabi navreme) a sega za deteto ako proba nekoj da se mesa oci ke vadam :devil::punch:
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    28.824
    Пол:
    Женски
    Мама денес дома:) доење на раат
    07.30 доење
    09.30 батат и авокадо со малку мај. Млеко
    11.30 доење
    15.00 морков, кромитче, просо, брокула и масл. Масло со лажица павлака
    16.30 доење
    18.00ужинка малку јаболко тој сам да си држи со рачето и да грицка-уатвари повеќе шмука отколку да грицка
    20.00 хелјда со круша
    22.00 доење
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    235.799
    Мајки а да не ја претеравте малку, м?
    Што ако бабата дала тиква со шеќер, или јадење со сол, зарем крај на свет е, па ете повеќе нема право да го причува на саат-два? Убаво е да водите грижа за здравјето и исхраната на детето, ама не до степен да го отргнете од сите оти кога е во друштво на роднини има опаснот од СОЛ?! Па што ако, нема бебе да се разболи од едно ронче.

    За здравата исхрана дискутиравме, сите се сложивме што е најдобро за бебињава, оваа што го дискутирате е сосема друга тема. И јас бев против да му даваат на син ми да проба од манџи, од чоколада кога беше помал, ама никогаш не се однесував како вас, се извинувам ако некој се навреди некултурно и вообразено. Убаво им објаснив што смее малиот да јаде, и се случуваше пак да има некој испад од роднините, ама не искарав никого ниту пак плеснав некого по рака. Постапката со плескањето по рака ми е толку одвратна, што извини Леона ама во оваа ситуација си испаднла крајно невоспитана. Кој ти дава право да плеснеш некого затоа што му дал животинско на детето? Па и уште се гордееш со постапката и неколку пати ја пишуваш овде на форум. Друга се карала со свекрвата за шеќерот, трета за солта. Што се не прочитав. Арно си знаете, децата никому не ги оставјте, ќе ви ги нахранат со манџи, а на некое може и компир ќе му испржат|(.

    Може и затоа така се однесуваат и не ви ги прифаќат советите. Јас убаво објаснив и немав некои поголеми проблеми. Се е до начинот на комуницирање.

    Сега нападнете ме како несовесна мајка, јас своето си го кажав, претерувате. Никого не сакав да навредам, напротив, некои од вас ве читам и практикувам рецепти и совети, некои се постари и поискусни од мене, па која сум јас да и делам памет на некоја мајка, само сакав да ви посочам каде грешите, а грешите. Ќе има денови кога ќе се молите да има кој да ви го причува детето, сега се мали, ама потоа и те како ќе ви треба саат време.
     
    На Domakica, Enamena, MacenceEna и 5 други им се допаѓа ова.
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Е па извини ти ама напишав махинално, и не реков дека се гордеам со постапката, така ми дојде, и да знаеш тоа не беше ни баба ни дедо ни роднина туку комшивка. Е па ако јас не сум му дала нема право друг да даде. Што ако не дај Боже бил алергичен ( или е) а они не знаат? Што правиме тогаш?
    Сметам дека ако некој ништо не знае за бебето не треба ни да се меша во исхраната. Друго, вистина е дека бебињата не знаат за благ и солен вкус додека не пробаат, ама пробаа ли оди па дај им од бљуткавите каши кои им ги правиме.
    Може сум направила грешки со исхраната за првото дете кое и во моментите кога се молев да касне нешто ( што не беше пред година и пол) бев пресреќна ама сега кога добро почнавме со ќерка ми ( со исклучок ма периоди) си јаде убаво навистина не сакам да давам сол, шеќер и сл.
    И зошто бе мајки одма со такви постови да осудувате? Колку тука пишуваат дека даваат работи што јас не би ги дала па не им рипнав да ги правам парче со двометарски пост!
    На прашање кој како постапил, кога дал нешто, смее, не смее и сл.даваме мислења и сопствени ставови, а не вреѓаме никого.
    Од вакви работи човек да му одмили и форум и консултација и се.
    Ајде кој е безгрешен нека се јави ( кој никој никогаш не се побунил ако му се мешаат во исхраната и чувањето на детето, ама за мое дете мои правила ќе важат)!
     
    На *Milicka*, janula, snegulkata и 4 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    @JuLleE не станува збор за совесни или несовесни мајки, станува збор за комплетно негирање на желбите на мајката од страна на бабите (мајка, свекрва) кои поаѓаат од ставот дека тие изгледале 2,3 здрави прави деца сега снаата или ќерката ли ќе ги учи како да се храни бебе.
    Во Скопје додека бев имав една комшика која иако мајката спремаше здрава храна за бебето 8,5 месеци, бабата ја фрлаше таа храна и даваше смоки, кроасани,чоколадо, демек она го чува она како сака така ќе си прави, кому му правеше жената инает.?

    Сите ние сме пораснале на манџи и такви ми ти работи али кога веќе се знае дека е штетно да се дава на 6 месеци тогаш зошто упорно да се расправаме и убедуваме со постарите дека не е во ред, зошто тие да не ги почитуваат желбите на родителите, зошто да ги наметнуваат својот став, зошто чувањето на внуците да им биде условено со наметнување на своите желби.?
    Никој не вика дека бабите биле лоши мајки затоа што давале манџи, смоки итн тогаш не се знаело дека е штетно, сега се знае ама треба да се убедуваш со сите само затоа што сакаш здраво да го храниш детето како да не дај Боже го злоставуваш затоа што не му даваш на 6 месеци манџа.

    Јас имам среќа што и родителите на мм се поклоници на здравата храна па си добивам од нив многу корисни совети за здравата храна а и татко ми го истренира веќе снаа ми за да не се меша во исхраната на внуците така да и за моите знае дека истите правила важат.
     
    На joy1, do-re-mi, leona83 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    235.799
    @leona83 Никој тебе не те навреди само ја искоментирав твојата постапка, ок, ја искритикував како некултурна, еве се работело и за комшивка. Вие кога критикувате мајки за чоколино и чоколада се оправдувате дека се совети, а сега кога некој вас ве критикува и си дава мислење за вашите постапки ви се одмилува од форумот. Штом веќе пишувате за се и сешто очекувајте дека некој ќе даде мислење сосема спротивно од вас.
    @bittersweet муабетот ми беше во однос на лошата комуникација и поставеност на мајките во однос на роднините. И јас за жал се соочувам со вакви работи, но ги решив со смирен разговор, не со плескање и со остар разговор. Јас сум мајка и јас одлучувам како и што ќе јаде, наметнав таков став, па сега за се ме прашуваат, а ако се случи да дадат шеќер и сол не правам драма.
    Јас затоа реков јасно е што децата треба да јадат, муабетот е сега што ако бабата пример даде сол. Па не е крај на свет, и не треба одма детето дома и никако на гледање кај роднини
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Не е работата што се дало еднаш или два пати. Работата е што не се почитува зборот на мајката, а и самиот човек воопшто. Како што разбрав, не било несакајќи туку со намера. Никој нема право да се меша во нечиј избор. Ако сум решила така да се хранам јас и/или моето дете, тоа е мој личен избор. Ако некој не се согласува со мене не мора да го применува на себе и на своето дете.

    Роднина моја е вегетаријанка и нејзината ќерка исто така, никогаш нема пробано месо откако е родена (12 години). Јас не се согласувам со тој избор, ама никогаш не сум и "бутнала" месо или јајца во јадењето. Тие си знаат најдобро за нив.
    Според мене постапката работење зад грб е крајно вулгарна.
     
    На snegulkata, slimy, bambusce и 4 други им се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Дали јас имам искритикувано некој за чоколино и сл.?
    Темава е за бебињата, за денешното мени а не за мојата постапка, коментирај ме за исхраната за бебето......ама има луѓе кои секогаш уживаат да напаѓаат други по форумот. Дури повеќе се нагласува друго отколку тоа што треба, си можела само да напишеш не ти е во ред постапката а не да вреѓаш.

    Он топик:
    - појадок каша од круша и просо
    - ужина каша од јаболко само
    - ручек месо, млад кромид, зелена пиперка и мл.тиквица
    - вечера допрва ќе смислам:)
    Денес за среќа ќе цица колку сака, дома сум.
     
    На Cacuvche, TIGARCE86 и zuto им се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Нашето денешно мени:

    * Доење кога сака, колку сака!
    - Појадок (11:00-12:00)
    -
    Каша/ Авокадо, банана и овесни снегулки
    * Доење кога сака, колку сака!
    - Ручек (15:00-16:00)
    -
    Каша/ Телешко месо, блитва, ориз и млад кромид
    * Доење кога сака колку сака!
    - Вечера (18:00-19:00) -
    Каша/ Палента и кисело млеко
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.125
    Појадок:
    Круша ( прв пат земав некој нов вид грчки големи круши и вкусна се погоди), две модри сливи

    Ручек:
    Киноа, спанаќ, пиперка, патлиџан и млад кромид

    Вечера:
    Интегрален ориз со суви кајсии ( и оваа комбинација прв пат ќе ја пробаме )

    Вкупно Аптамил цел ден: 510 мл.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    Pojadok- kasa od krusa i sliva
    Rucek - brokula, tikvicka, morkov plus m.maslo
    Vecera jabolko i banana
     
  17. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Будење во 9 и пол, појадок во 10 и пол - чокилино околу 200 гр
    Ужинка во 13 и 30 - блендирано цело јаболко
    Ручек во 16 часот - каша од телешко месо, брокула, морков, целер, туквичка и модар патлиџан. Околу 80 грама.изеде (кога јаде зеленчук мака мачиме освен ако не се изнервирам и ја чекам да плаче за јадење, е тогаш бришка прави)

    Сега спиеме, а вечерата ќе е околу 7 и 30 веројатно - просо и јаболко

    Плус ноќните будења за млеко.
     
  18. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    741
    Некогаш кога читам дека некој не ја почитува одлуката не мајката за исхраната на детето се ужаснувам особено ако се работи за бабата,јас еве на пример живееме заедно со старите и до сега сум немала никаков проблем околу тоа знае како и што давам и без мое знаење нема шанси да даде нешто ако случајно нема да бидам дома и треба таа да го нахрани првен ме прашува што да му дадам денес или пак какоп што читам дека некои баби не се качувале да ги видат внуците со денови се чудам јас кога и да побарам да го чуваат немам никаков проблем дури и самите ми викаат на вечер слези го долу да се погалиме малце или пак свекрвами се качува горе иако до тогаш сни биле долу(кроз дента дури е мажотми на работа сум на долниот спрат) само за да бидат со него.
    Само прашањето ми беше за вечерата гледам дека некој давате овошје за вечера а јас знам дека навечер не се дава овошје и немам никакви идеи што да давам освен палента јогурт или некоја млечна каша на хип обично ја јадиме таа со 5 житарици и слива.
     
  19. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.237
    Допаѓања:
    235.799
    @leona83 муабетот е за постапката во однос на хранењето, коментирам за нејзе, никаде не те навредив, не те вреѓав, јас само го кажувам она што го сметам за погрешно, а тоа е вашиот однос спрема околината. Настапувате остро, чиниш само вие сте мајки, погрешно ве сфаќаат и затоа и ви враќаат на тој начин. Јас да сум на место на комшивката со тебе повеќе не би останала во контакт, прво според мене таа немала лоша намера, туку напротив, а второ поради вообразеноста и дрскоста да кренеш рака на некој кој ете не ти е ни роднина за толку мала работа.
    Упорно ми го насочувате коментарот во друга насока, а јас коментирам за сосема друго. Па вие први ја почнавте темата со како тоа роднините давале сол и шеќер.
    Заборавтае дека живееме во Македонија, и очигледно е дека некои работи тешко се менуваат, особено кај постарите лица. Тие мислат дека децата треба да се хранат како што тие тоа го правеле пред 20 години. Нека делат совети, обидете се да им објасните дека вие тој начин не го прифаќате.
    Комшивката твоја му дала чоколадо мислејќи дека прави добро, таков ни е менталитетот кај нас. Чоколадото важи за благодет. На син ми за слава и роденден сите му носат чоколада, има колекција на Киндер и Милки кој тој секако не ги јаде, ама гостите мислат дека така треба, дека со тоа ми одаваат внимание. Подобро е кило банани отколку Милка, ама кај нас овошје се носи на болен. Тоа е тој судир на генерации, на менталитет кој тешко се искоренува. Никој вас не ви вели да ги храните децата со запршки, смоки и чоколада, туку дека за некои работи се наоѓа компромис. На свекрва особено колку повеќе и контраш (таа смета дека и контраш) толку повеќе упорно ќе го прави тоа.
    На син ми на 3 месеци му беа дале шеќерова вода и што требаше да сторам, да ги исплескам сите по ред, да се скарам, да го сокријам детето?
    И кога сме веќе кај форумот и коментирањето, не примеќате дека само две-три коментираат и за исхрана и совети? Се прашувате зошто другите ги нема, а колку мајки има само на форумот?
    Односот мајки, поработете на него, општо и овде на форумот.
    А јас сум си таква, отворено кажувам се, на било која тема и не вреѓам, туку кој како ќе си прифати.
    Секој не знае да се носи со критиката.
     
    На WORRIED.BT и MacenceEna им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Епа еве сама кажуваш дека си немала проблем и дека разбрале кога си објаснила. А што кога некој не разбира и по неколку фини објаснувања? Не велам дека треба тепачка да има, ама според мене таков човек заслужува посебен третман. Како што рече и ти, секој е тука да си каже свое мислење...