Pojadok-praska so jogurt. Rucek-boranija,morkov,malce kromid,malce kompir so maslinovo. Vecera-banana so biskvit. +ad mleko,voda i caj. 11 meseci
За денес: - каша од јапонско јаболко и обично јаболко - каша од бифтек, младо лукче, пашканат, малку морковче и тиквица - варени демек органски суви сливи и круша - овесни снегулки со кис.млеко. Доење денес меѓу секој оброк, уште слабо со вода.
1 оброк јапонско јаболко со банана 2 оброк карфиол(2ден) СО морков, компир и маслиново масло 3оброк ноќна каша на хип со јаболко и житарки
Не се секирај немаат толку потреба за вода за да пијат како на лето, така ми кажа педијатар да не се секирам.
Појадок-банана и јаболко Ручек-брокула,морков,пашканат,оривче и жолчка Вечера-житарици нестле Измеѓу ад 3 пати по 150 мл,чајче 200 мл е со водата имаме проблем несака воопшто да се напие му се гади кога ќе пивне
Isto sme i nie so voda,ili i se gadi ili i toa sto ke go zeme vo usta go pluka a kasicki jade a voda nesaka i nesaka
07.30 доење 09.30 јаболко круша и праска 11.30 доење 15.00 телешко со морковче, кромитче, пашканат, тиквичка и маслиново масло 17.00доење До вечерата малку јаболко сам да грицка 20.00 млечно житна каша од хип со слива Уште малку ќе се доиме и во кревет Водичка од чаша со клунче пиеме околу 300..чаша и пол скоро
Нашето денешно мени Доручек Каша од круша и банана Ручек Каша од морков, брокула, кромид и компир, со малку маслиново масло и јогурт. Вечера Каша Hipp од јаболко и бисквити. Имаме 9 месеци
Денес недела не во 07.30 станавме во 08.00доење 10.00 овесни снегулки и ленено семе со јогурт и малку банана 11.30 доење Сега му правам прокељ, тиквица, малку оривче и брокула со крем сирење за ручек и бидејќи менито унапред му го правам за неколку дена, ќе вечераме хелјда и круша
За денес: - каша од праска само - жолчка со варен гриз - компир, карфиол и млад кромид, може и лажиче кисело млеко зошто го пасирам компирот - малку тиква варена - ако има потреба некоја млечна каша, ама настојувам да цица повеќе кога сум дома.
Појадок: круша и банана (ништо не касна како и обично) Ручек: ориз, спанаќ и морков. ( изеде 70 грама. Напредуваме!) Купивме и хранилка со мрежичка, еве веќе една недела ни стои како украс. Комотно можам на елката да си ја закачам
Денешното мени: 11:00 мелен ориз со банана (150 гр) 13:00 кисело млеко со жолчка 16:00 ориз, спанаќ , малку кисело млеко и маслиново масло (250 гр ) 18:00 тиква со сокче од круша (не очекував дека ќе ја јаде бидејќи обилен ни беше ручекот, ама за инат на мене цело си го излапка ) За вечера ќе пробам пак палента (иако никогаш ми ја нема јадено) си велам денес апетитче си има па можеби ќе пријаде и палента... Ако не ја сака палентата тогаш ќе и дадам гриз со бисквити од Нестле. Вода има испиено околу 150мл, сок од хип 100мл и цицаше (поточно се галеше на цицето ) 2 пати. Милото мое мамино цел ден сака да лапка
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Банана, круша и јаболко * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Блитва, морков, млад кромид и кисело млеко * Доење кога сака колку сака! - Вечера (18:00-19:00) - Каша/ BabyDream млечна каша со банана (Помеѓу оброците парче круша во хранилка со мрежичка)
Pojadok-jabolko,krusa i ananas. Rucek-tarana. Vecera-zitni(pcenka i oris) + puding od cokolado. +ad mleko okolu 500/600ml vo tek na 24c +voda i ovosen sok(ne saka mn sok i voda).
1 оброк карфиол+пашканат+кромиид+маслиново масло 2 оброк банана+круша 3 оброк каша за добра ноќ со јаболко и житарки
Па искрено и јас мислам дека многу се собра. Некако апетит си имаше и се што понудив си изеде. Е сега жолчката со кисело млеко и тиквата ни беа нешто како ужинка, во помали количини. Инаку дневно имаме 3 оброка од по 120-150 гр ама забележувам дека некако не и достига, па почнав да и правам во поголеми количини,па колку јаде толку и давам. Инаку 7 ипл месеци имаме, колку твоето бебе
На нашето денешно мени имаше нова намирница ТИКВИЧКА. Од досегашното досегашните пробани намирници (јаболко, морков, компир) дефинитивно тиквичката најубава ни беше Мислам дека малава ми ги сака потечни кашичките, таа е формулата за празно тањирче, дефинитифно
^ И ние тиквичката најмногу ја сакаме заедно со морковот А јас мислев овошните повеќе ќе ги сака. Супер што е вака
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (11:00-12:00) - Каша/ Авокадо, банана и јаболко со овесни снегулки * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (15:00-16:00) - Каша/ Телешко месо, тиквица, брокула, зелена пиперка, кус-кус и маслиново масло * Доење кога сака колку сака! - Вечера (18:00-19:00) - Каша/ Јогурт и палента (Помеѓу оброците парче јаболко во хранилка со мрежичка)