moeto since ne pie sokovi ..ne mu ni davam nitu se trudam da go naucam..osven sokce od ceden portokal pomesan so voda .(pocnav sega skoro po malku)........
50 гр.слива супер прифативме и слива баравме уште 30мл вода..утре круша на мени после тоа сакам банана,кажете ми што можам после бананата,тиква морков и друго ??? фала ви поздрав
Κајсија,пρасκа(мислам од 6+ деκа е) после ќе почнете со зеленчуци. Можеш и оρиз да воведеш,со него κомбинација во сκоρо сите овошја. Само внимавај,не се пρепоρачува воведување повеќе од 6намиρници месечно.
Втор пат мила вчера и денес,вчера неколку лажички денес повеќе,планирам само 2 дена да ја давам сливата зошто многу му е црна столицата,и банана исто планирам 2 дена зошто прави запек,тој и онака се мачи со запек
Па добро ти си знаеш.Прочитав дека сакаш круша да воведеш утре затоа прашав.После направи пауза 2-3 дена т.с прави комбинации од јаболко-круша,јаболко-слива,слива-круша. Он топик:ние денес 100 гр јаболко,круша,банана. Се мислам да почнам со втор оброк ,убаво јаде.Има 6 месеци и 10 дена и на дохрана сме веке месец и пол.
Душо не сум многу исκусна ама од она што го читам на нет,веќе на 6 и пол месеци,можеш да воведеш и втоρ обρоκ,аκо гледаш деκа си е јадачκа поголемκи сте и се јаде душичκа поздρав
Нашето денешно мени: * Доење кога сака, колку сака! - Појадок (10:30-11:30) - Каша/ Авокадо, круша и вишни * Доење кога сака, колку сака! - Ручек (14:30-15:30) - Каша/ Блитва, морков, пашканат, зелена пиперка, млад лук и кромид * Доење кога сака колку сака! - Ужина (18:00) - Булгур и кисело млеко - Вечера (20:00-21:00) - Млечна каша
Нашето денешно мени: Појадок: Јаболко, круша и сливи (од домашен компот) Ручек: Палента и кисело млеко 100мл. вода и цицање кога сака и колку сака
За денес: - авокадо, јаболко, вишни - тиква варена, карфиол и семе од коприва - бифтек, боранија, кромид, брокула и зелена пиперка - варен компир и кис.млеко.
Појадок: Круша и експандиран ориз Ручек: Телешко, тиквица, морков и брокула Вечера: Палента со јогурт.
Денешното мени: -појадок - јаболко и морков -ручек - боранија, грашок, телешко и кромид -ужинка - овошно-оризова каша (хипп) -вечера - јогурт со овесни снегулки
На крајот на овој македонски сајт каде кажуваат дека Хип се ГМО има: Повеќе инфо на - http://gmoguide.greenpeace.ca/shoppers_guide.pdf И кога ќе ја отвориш оваа листа кај Беби храна е следното, зелено е ОК, црвено е ГМО. Хип ги нема никаде: Пораката ми беше за во темата Воведување на црвста храна, ама тука ми отиде зошто од овде цитирам..
Нашето денешно мени: Појадок: Јаболко и банана Ручек: Морков, блитва, тиквичка, пашканат, карфиол, маслиново масло и кисело млеко 100мл. вода и цицање кога сака и колку сака