1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    196 глас(а)
    53,7%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    118 глас(а)
    32,3%
  3. Не го поддржувам воопшто

    34 глас(а)
    9,3%
  4. Сеедно ми е

    17 глас(а)
    4,7%
  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Zначи доев малку време,и никогаш во јавност,јас сум конкретно против тоа бидејќи мене не ми е убаво така,тоа треба да еинтимен момент меѓу мајка и дете, NO, сите не сме исти,некои сакаат така,не велам со гради истурени нанапред ама да го дојат бебушот во јавност,нели сите сакаме да ги прошетаме бебушите,нема да ги држиме во кафез дома додека не ни секне млеко, мене ми е невкусно да видам мајка да дои во јавност,ама зошто да осудувам,не сме сите исти,некоја сака,тоа е слобода на воља, бадијала се расправате,може и двете страни се во право а може и не се.

    сметајте дека може од страна на оние кои осудуваат доење во јавност се десило навистина да видат некоја која сака само внимани, а не некоја која сакала да го надои бебушот.

    значи мое мислење за доење во јавност е кој како сака никому не можете да забраните и не пробувајте да забаните.

    се надевам бев доволно јасно, и немојте да споредувате миничи со доење,врска немаат едно со друго. Jас сум мајка па носам миничи,ко ми стојат зашо да не носам, така и доењето,кога детето е гладно,зашто да не е надоено?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Вчера бев во кафич со другарка, каде се служи и храна.
    Нарачав јас нешто за јадење, таа не сакаше, била прејадена.
    И почнав да јадам, а таа ми зркна во чинијата и во уста кога ја ставав храната.
    Дури и ми беше незгодно да јадам. Си велев што ми се зазјапа оваа. :^)
    А, ја прашав 10 пати, не сакала да јаде.

    Нешто слично ми е со ова. Некој си обавува некаква функција. Остави го, гледај си пред себе. Никој не те тера да зјапаш без осет, па да коментираш потоа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не убедувам јас никого, Форумов е за дискусија, не дека сме во Собранието на РМ па ќе изгласуваме закони :D Се е ова забава. На секој мој нов одговор пишувам смајли, ама ипак има некои кои Форумов го сфаќаат премногу сериозно. :)
     
  4. Emilijaa13

    Emilijaa13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    29
    Не ме сфати ти :) Јас немам апсолутно ништо против мајките кои дојат во јавност, ниту пак мене нешто такво ми пречи, само си кажав за мене лично. А доколку се најдам во таква ситуација нормално дека нема да го оставам бебенцето гладно и расплакано, би пробала да најдам некое подзатскриено место, а доколку нема такво би седнала на некоја клупа и би го надоила, па кој ме гледа нека ме гледа :)
     
  5. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Емилија па нели кажа едно големо НЕ за доење во јавност. Како сега би седнала на клупа и би го надоила детето :D
     
    На joy1 и koritsaki им се допаѓа ова.
  6. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Кога во општеството некој гледа само за својот нос тогаш и тоа општество брзо доживува декаденција.

    И, во Македонија веќе никој не гледа за никого освен 2 реченици озборување и тоа е тоа, но затоа погледни каква девијантна младина доаѓа денес баш поради тоа што не се осудени и дозволено им е да прават што сакаат. Ова секако не го споредувам со доење коешто е природна нужна потреба.
     
  7. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    ‘На форумов има посебна тема каде што може да се дискутира за денешната младина...
    А, оваа тема и самата дискусија во неа е еден индикатор за моралната ерозија на истата таа младина.Системот на вредности е превртен наопаку.Не им пречи Ким и нејзините слики каде полугола ја шета ќерката..па ,уште и ја глорифицираат,се воодушевуваат... :fubar: Им пречат мајките кои дојат.
    Наместо да се дискутира за некои побитни теми во општеството како што е на пример насилството врз децата,нивната безбедност,колку од нив се исчезнати без трага ,нивните права ,децата кои раснат во несоодветни услови...Фрапира фактот како некои членови овде на форумов ,толку ревносно и посветено инелектуалниот капацитет што го имаат (или поточно речено што го немаат)го трошат на бесполезни дискусии и полемики.Навистина трагично!
     
    На Nova, Bridget, artemidis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Ако ова се однесуваше на мене не знам каде јас тоа реков дека ми пречат мајки кои дојат? Истиот јас сум доен, како и милиони и милиони други деца. Мајчиното млеко е извор на здравје и љубов за бебето.

    На форум сите се светици и светци и критикуваат други, но во реалност се бетер и од критикуваните.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.547
    А зошто ме цитираш?? Точно озборувањето на другите им е на прво место, интересен е чуздиот живот. Никој не си гледа напред. За девијантната појава е криво домашното воспитување.
     
  10. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Најпрво до сите мајки морам да кажам дека сум запрепастена како тие возвишените и светиците како што се претставуваат(иако во последните години повеќе од две третини од нив се останати бремени дури биле немажени, ама сепак ајде ќе речиме дека се светици) со цел памет и без трошка самопочит зедоа и се споредуваа самите тие кога дојат, со разголени тинејџерки. Јас од срце им препорачувам да потпишат петиција и јас ќе ја потпишам, и нека се воведи кодекс на облекување спрема возраста, по кафичите, рестораните, кафаните итн итн... Верувам дека многу мајки и јас ќе им бидеме вечно благодарни ако успеат во тоа.

    Што се однесува до доењето јавност, мора да кажам дека е различно во странство, различно е во Скопје, различно е во останатите градови во Македонија(или во провинцијата како што вие скопјаните љубите да кажете) и друго е на село. Во Скопје пак е некако полабаво и кој кај сака оди. Ама во другите градови, се знае на кој каде му е местото, се знае каде излегуват тинејџери, се знае каде од 18 години до кај 30тина, се знае каде од 30тина години па нагоре. Па баш ме интересира како ќе си помините вие мајките од Скопје или пак вие од странство, многу слободните , ако го пуштите детето ваше да трча низ кафичите каде што одат нафураните и дигнатите тинејџери и тие до кај 30тина години. Или со цел памет, земете да доите дете, па и уште не покриени летно време надвор во некои од тие кафичи додека сите се распафтани со цигарите и има чад на сите страни сите се расприкажани и се надвикуваат едни со други и музиката е на максимум. Има така да ви се испонашаат или да ве изманијачат има да се изнаслушате такви гнасни коментари за вашите гради и тоа што сте зеле да го доите детето, што ќе ви се згади или пак ако детето ваше турни некоја чаша или не дај Боже турни некој од фамозните iPhone-и распостелени на маса како за на изложба, не сакам ни да замислам како ќе ви изреагираат има да ви се испозаканат, да ве испоспцујат, изнаколнат бетер од пензионери во ЈСП. И не само тоа ем цел град ќе ве разбери ем сите сеир ќе гледаат, нема да ви текни уште еднаш да седните во некои од тие кафичи.

    И тие се јавни места, ама не верувам дали некоја од вас со цел памет би седнала и би го доела детето, таму. Затоа уште еднаш преиспитајте се дали на секое јавно место сте спремни да го доите бебето или само на одредени.
     
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Pa toa e rabotata so vas razgalenite tinejgeri, mislite deka na nekoja majka na koja mu e gladno deteto, ke ja zasega za mislenjata na ostanatite. Ne, zlatni majkata doilka ne ja interesira apsolutno nisto og komentarite i pogledite pod oko, nea edinstveno i e bitno da si go nahrani deteto. A ostanatite neka odat u kur*c.
     
    На Lolo5 и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    :rofl: Очигледно нема потреба што повеќе да се дискутира овде, сто пати се кажаа некои работи а некој упорно не разбира што всушност е кажано од повеќето други :?:
     
  13. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131
    [/quote]

    Добро бе бејбиблонд, тебе штркот ли те донесе на свет? Незнам за тебе, ама во моите очи мајка ми е нешто возвишено, свето...јас бар така ти ја доживеав (иронично) мислата, исправи ме ако грешам...,а и каква врска има тоа што останала бремена па направила свадба? Мислиш дека во тој случај не постои љубов или пак дека таа мајка е помалку света бидејќи ни две ни три, љубовникот кој го познава и со кого е заедно и дели се и направил дете? Јас бар не гледам ништо грешно во тоа.

    Ова второво болдираново кажува се....тоа значи дека по другите градови сеуште постојат ограничувања и тоа не само за доењето туку кој знае за што уште не (можам да приметам од постот и за старосните граници во кафулињата) Епа драго моме на вас останува да се изборите против сите тие ограничувања, предрасуди, бидејќи еден ден и вие ќе станете мајки и треба да си ги уживате сите права на мајчинството вклучувајќи го и доењето, а не тогаш да ти се појавуваат некоја бејбиблонд, Стојна, Петра (како нас сега) и да ти солат памет како било културно, совесно, негадливо и што уште не...

    Темава е доење во јавност, така да бебето ми е премногу мало за да оди (само) од маса на маса и да прави бељи т.е. да крши чаши и ајфон-ови, така да сеуште можеме да ги избегнеме реакциите и пцовките на другите гости, на моја среќа :D

    И не со третина туку замисли со цел памет би го доела бебето (дискретно со марама) на такво јавно место ако тоа побара!

    И чисто информативно....знаеш ли кој прв доел во јавност? Во шведскиот парламент една пратеничка на сред седница и тоа пред 20 и кусур години. Ти сигурно уште не си ни била во план....
     
    На Lolo5, Silver.E, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  14. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    А кој ти даде право да изигруваш модератор? Секој има право да си каже мислење. Ако ти смета, како што кажавте мајките не гледајте, така и ти не читај ако ти смета некој член.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lovelive

    lovelive Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Абре аман babyblond како не ти се смачи веке ''зборуваш без врска и така кажи си дека живееш за другите ти е важно што мислат 'што ке речат' на кафе дали за тебе разговараат .Со таков став нема никаде да стигнеш јас ќе си правам како сакам и како мене ми одговара не само за доење за се зошто живеам за мене 'живеам мој живот
     
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Прекрасен пример за оф топик и зборање без врска. :!: Кој ти забрани да живееш како сакаш? Јас дојдов дома и ти кажав како да живееш? Каде да го доиш бебето или не? Ти се обратив со некое мислење тебе досега? Што се однесува до мене што сакаш прави, не ме интересира. Ако сакај дои го бебето додека другите околу тебе пушат ако со цел памет си седнала со бебе воопшто таму, важно да не е гладно, а тоа дека ќе се изнадиши чад од цигари и дека е пасивен пушач очигледно за тебе и за остантите како што гледам нема врска. Ако некој нафуран тинејџер седи до тебе и ти дофрла или збора секакви гнасни работи за да се прави интересен пред другарите, ќе седиш и ќе доиш и ќе си ќутиш. Да, да ти верувам... Секако. Како што скокаш овде без никој да ти се обрати, скокни ако се најдеш во таква ситуација да те видам, со бебето в раце, овде лесно е.

    И поентата не е во тоа дали си го доела таму и дали те оговарале. Туку дека не треба воопшто да го носиш таму да го правиш од мало бебето пасивен пушач. Оти утре кога ќе има 10+ години колку сакаш карај го, убедувај го дека се штетни цигарите немој да те чуди ако пуши цигари или ако има проблеми со дишењето скраја да е.
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lovelive

    lovelive Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Браво бе сега и ке не подучуваш на кои места е добро а на кои не да ги носиме нашите деца, плус колку што знам пушењето во кафичи е забрането ,освен таму кај што живееш ти ако уште нема стигнато законот и може не дојде дома да ми кажеш како да живеам ама затоа и на форумот немој да кажуваш и да скокаш ''ко прле пред магаре,,порасни прво роди едно дете и дој го или не го дои каде сакаш..да не те оговараат,оти страмота е таму кај тебе цицка немат видено ,и ке се зборува за такво нешто една недела по кафичи
     
    На koritsaki и SimonaTino им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.894
    Бејбиблонд изгледа живееш некаде каде ¨мачо¨ фраерите со два реда школо, но ајфон и клуч од кола на маса ви диктираат правила на однесување, и на нив се огледувате, на таа проста маса која глуми холивуд затоа што успеала пара да направи баш од бизниси од кои се бара голема доза на простотилок за да успееш. И ти веројатно внимаваш многу кога седиш во кафиќи со ваков народ оти малку ако отскокнеш од тоа што за нив е прифатливо ќе бидеш мета на оговарање и исмејување. Па се чудиш како една мајка може да се осуди да дои пред нив, кога ти не смееш ни да се насмееш погласно од страв да не речат дека ти фали нешто. Кој е тука за жалење и исмејување, дечките кои изиграваат селски шерифи, ти која го вреднуваш и почитуваш многу нивното мислење и однесување или мајката која дои и на која и е гајле за такви како вас?
     
    На SexiLy, Moonglow, Silver.E и 9 други им се допаѓа ова.
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Можеби немам родено дете, ама можеби имам ова е анонимен форум можам што сакам да кажам. И што е најважно знам да читам и пред било што да одговорам не ме мрзи да го прочитам цел текст. И тој дел со пушењето и целата атмосфера убаво ја имам објаснато еве и ти болдирав за да не се мачиш. И обично мајките одат во тие каде што одат постари оти таму е ппомирно, не е толку гласна музиката. Стварно што би барале мајки со бебиња каде што одат тинејџери во град каде што е општопозанато до која возраст и во кои кафичи и останати јавни места одат луѓето(oва се однесува и на Bridget)? Сфаќам дека не разбирате вие што сте од Скопје, останатите кои се во странство и излегле од некои од тие градови верувам дека им е јасно за што зборувам, ама тоа и беше поентата дека секаде се различно поставени работите, различно се во странство, различно се во Скопје, различно во другите градови во Македонија, различно по селата. Доаѓате тука пишувате и осудувате кој ќе стигнете, а не ви текнува дека секаде е различен менталитетот и културата и секаде различно реагираат луѓето во вашата околина на доењето во јавност. Ете дури и во Скопје како што е општо земено полабаво една феминка сподели искуство како на сред ГТЦ бидејќи не сакала да ѝ плаче бебето додека да стигне на паркингот седнала на некоја од клупите да го дои и некои продавачки со цел памет ја зјапале. Ама како така, вие сте мајки вие сте најпаметни(иако без проблем и се споредувате со разголени непристојни тинејџерки),сите што не се мајки немаат врска со животот.

     
  20. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Мојот коментар не се однесуваше конкретно само на тебе.Незнам зошто се најде засегнат?Јас само општо се надоврзав на твојата констатација за девијантните појави во јавноста и начинот на кои тие се рефлектираат во оваа тема.
    Да точно не,рече дека си против доењето туку против доењето во јавност во тоа е разликата.
    Голотијата кога се дои во јавност ви пречи и таквиот став е наметнат од околината,за жал не само кај женскиот, ете ти си жив пример дека тоа е така и кај дел од машкиот род.Предрасудите и стереотипите сеуште не се искоренети и имаат силно влијание.
    За разлика од ова голотијата во плејбој списанијата не ви пречи или полуразголената Ким која парадира по улиците.Овде никој не се буни, напротив добива аплауз за циркузот.Епа во тоа е целата суштина на муабетот,погрешно детектирање на девијантните појави во општеството,автоматски со тоа и практикување на погрешен систем на вредности.Вистинските станале лажни а,лажните вистински во очите на поединци.Резултат декаденција во прогрес!!!
    Затоа секој поединец на кој Бог му дал глава на рамена и разум треба да мисли и расудува со сопствената глава а,не да се води по доминантното мислење на толпата.Не значи по дифолт дека тое е правилно.Оној што го следи стадото во себеси мора да има и нешто од овца, нели?!Без навреда!
    Коментарите за тоа какви сме во реалност дали светци или не се излишни...можеби сме и подобри????
    Не сме сите во ист калап правени! :)
     
    На livert, Sky-butterfly, Psihologue и 1 друга личност им се допаѓа ова.