1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење во јавност

Дискусија во 'Бебе' започната од BoaVista, 26 септември 2010.

?

Дали го поддржувате доењето во јавност?

  1. Да, но само доколку е дискретно

    167 глас(а)
    53,4%
  2. Да, не е важно дали е дискретно или не

    98 глас(а)
    31,3%
  3. Не го поддржувам воопшто

    34 глас(а)
    10,9%
  4. Сеедно ми е

    14 глас(а)
    4,5%
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @An-na ако велиш дека секој си има свои норми, зошто се обидуваш да не убедиш дека доењето е сосема оправдано во било која ситуација?
    Сум го напишала моето мислење на темава, ама еве пак ќе повторам, доколку доењето е што е можно подискретно, тогаш воопшто не ми пречи. Ама да кажам дека ми е пријатно или нормално да гледам цела цицка на мегдан, во ресторан или дома со цело друштво, баш и не можам.

    Интересни сте ми вие новопечените мајки со муабетот "Јас сум мајка и ми се може, буквално се".
    Дискутираме на форум, каде нели секој може да го искаже своето мислење. Не обидувајте се да наметнете став, и може вие не забележувате, ама премногу лично го сфаќате тоа што доењето некому не му е баш најпријатна глетка.
    На крај краева, дошол ли некој до вас да ви каже да престанете со доењето, бидејќи ете, не му е пријатно за гледање? Ако одговорот е не, тогаш оладете малку.
     
    На CameliaMiller, srcence1607, cupicupicake и 4 други им се допаѓа ова.
  2. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    952
    SloboDka vo dr tema vidov ako ne se lazam deka si trudna. Ke go dois li tvoeto dete?
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    34.171
    Пол:
    Женски
    Kaжи ми, те молам, каде имам напишано дека очекувам од сите вас да сте за доење во јавност? Јас такво нешто немам пишано.
    Исто, наведи ми каде имам кажано дека “Јас сум мајка и се ми се може”?
    Јас не се обидувам да го наметнам сопствениот став, вие тоа го правите.
    Дали вие кои што сте против доењето (или за дискретно доење, небитно) правите ограничувања на другите?
    Дали кажувате кој како, каде и кога смее или не смее да дои?
    И сега кој на кого наметнува став?
    Да се разбереме се работи за јавни простории. Дома кај вас можете да имате сопствени правила кон кои гостите треба да се придржуваат. Во јавност не можете да наметнувате свои правила.
    Како што кажав и погоре има пишани правила и норми кои се санкционираат доколку не се почитуваат.
    Едно од нив е и водење љубов на јавно место @slobodka
     
    На Annath и bittersweet им се допаѓа ова.
  4. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    17.203
    Темава сте ја напнале впрочем како и секоја друга. Жени...
    Некоја одобрува доење во јавност и за неа тоа е најприродната можна работа, други го сметаат тоа како интимен чин што не треба да се споделува со другите.
    Некоја смета дека со самото тоа што е мајка и е дозволено се па дури и покажување на градите во јавност, други го сметаат тоа како гадно.
    Некоја приметува што се случува одоколу, друга има ставено оглав и си гледа само пред себе.
    Ставови се во прашање. Кажете си го својот и тоа е тоа. Нема потреба од напаѓање туѓ став и докажување чиј е поправилен.
    Мојот став го кажав. Ако сметаш дека во јавност треба доењето да биде подзаскриено и дискретно не значи дека си против јавно доење. Гледам многу ги мешате тие работи.
    Сум за дискретно доење во јавност, а не мавтање на цицките без усул кај ќе стигнеш само затоа што си мајка и се ти е дозволено. А ние одстрана што гледаме треба да мижеме и да вртиме глава настрана и да пазиме да не случајно ни излезе пред очи зошто ќе искочи дека зјапаме. И да кажам мој став во врска со доењето во кола. Рековте дека во лето е пеколно во кола. Епа во тој пекол да ги изнесувате бебчињата на сонце е уште понеоправдано за мене. Особено ако се работи за аздис )(шопинг, кафе и сл). Возрасен човек ќе приумре не бебче... Се знае кое време се излегува да на прошетка со бебушки . А ако се работи за неминовна потреба друг муабет.
     
    Последна измена: 27 јули 2015
    На CameliaMiller, tessie, SpangeBob и 5 други им се допаѓа ова.
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @An-na немаш можеби напишано директно, јасно и концизно со тие зборови, но сигурна сум дека добар дел од девојките би се согласиле дека од твоите мислења може да се стекне таков впечаток.

    Прочитав мислења на жени, кои доеле во јавност, меѓутоа се потрудиле тоа да биде што е можно подискретно, и тоа е за почитување. Мислам дека @danichap објасни како го направила тоа, и да сум седела во истиот ресторан, не би забележала воопшто. Доколку спроти мене некоја доилка да извади цицка, не би гледала, ама секако би забележала.
    Некои доилки, вадењето на цицката на било кое јавно место, го поистоветуваат со преместување на чантата од една во друга рака, што е во најмала рака вулгарно. Ги сфаќам јас сите ваши аргументи, ама не се баш толку оправдани, како што мислите вие.


    Што знам, дали е до мене, ама еве не би сакала роднините, другари, или било кој маж да може со еден поглед да ми ја види цицката во деколте, а уште помалку додека дојам.
     
    На CameliaMiller, tessie, srcence1607 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Па ти си таа што врега и се кара, прочитај си го мислењето уште еднаш и ќе сфатиш ;)
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.382
    Допаѓања:
    34.171
    Пол:
    Женски
    Можеби ти не би забележала доилка ако “пристојно” дои, ама верувај има секакви душебрижници, манијаци и сл. кои малтене да можат би ти седнале во скут за да видат што точно правиш.
    Сум имала ситуации каде што доев во кола, па се најде една г-ѓа застана, убаво ме измерка, си прокоментира со пријателката и си отидоа. И? Утре истата г-ѓа ќе прераскажува дека се згрозила од глетката и сл. Имам и други примери за раскажување, ама ова ми е најново.
    Јас не знам каде ги наоѓате овие екстремни примери со вадење цицки и сл. Јас до сега не сум видела такво нешто. Двете сестри ги доеа децата пред мене, ама јас пак не успеав да видам цела цицка на изволте, ко што опишувате вие тука. Ве молам следниот пат кога ќе забележите нешто слично, снимете или сликнете. Баш би сакала да го видам тој грозен чин.
     
    На TIGARCE86, bittersweet, bella.s и 4 други им се допаѓа ова.
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Јас пишав погоре. Во изминативе десет години мои на перманентна работа со мајки со бебиња до сега имав само еден случај на недолично доење. САМО ЕДЕН. Така да ова екстремнове примери се стварно не потребни. Дај наведете некој пример каде мајка доела пристојно а сељаците зјапачи се ѕвереле. Е такви ќе ги има повеќе во секој случај. Не се сељаците зјапачи криви кутрите, така се воспитани од мали да се интересираат повеќе за другите околу себе (кој доел, како доел, кој јаде, што јадел, рекла, казала), отколку за своето некултурно однесување и манири.
     
    На Annath, bittersweet, stefanija70 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.576
    Допаѓања:
    155.683
    Пол:
    Женски
    А зошто темава не се крсти „Екстремно доење во јавност изразено со огромна вулгарност и цицки на мегдан“? Зошто тие зборови се веќе пречести во темава. Значи сите кружите во еден огромен круг, со едни исти парафразирани аргументи за да дојди на тоа дека никој неќите ко ќе некоја дои крајно, како да речам, некултурно. Двете страни во повеќе наврати имате кажано дека релугарно, затскриено доење во јавност е доста прифатливо и никогаш не сфаќам зошто сте се фатиле толку за врат за ова ... :x :worried: Некои сакаат, некои не, после ова ко ќе се одјавиме на форумот пак сите ќе правиме онака како што ни одговара, не?
    Peace :l:
     
    На TIGARCE86, Annath, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.210
    Допаѓања:
    124.114
    А се што Ан-на не видела, не постои.

    Знаете, како што ви ги читам коментариве, бидијќи јас пишав за госпожата со цицката надвор како шета низ ресторан и дои дете, не бебе, сфаќам дека јас сум виновна.
    Моја вина е што сум отишла таму, што сум погледнала, што не ми се допаднала, па дури и почнав да се сомневам дали сум видела, оти никој друг не видел. Еве, Ана не видела, на пример. Најверојатно некаде порано во денот сум имала некој телепатски момент со мајката, каде сум ја убедила дека треба да излезе надвор, во ресторан, каде се слави роденден на возрасни луѓе, да дојде со гладно дете и наместо да се заврти настрана, она мора да шета низ ресторан. И нормално, да не може да се покрие. Не знам, веројатно треба да гледам само во пепелникот на масата и да не погледнам настрана од масата. Една другарка имаше дечко кој не и даваше да гледа подалеку од пепелникот оти ќе гледала по мажи. Може човекот не бил ненормален, да го слушавме сите, никој немаше да види цицка наваму - натаму низ ресторанот. Ниту пак келнер, оти нели не смееш да гледаш подалеку од масата.

    Може мајките ја разбираат потребата од шетање низ ресторан со цицка надвор, ама колку и да разбирате, не можете на немајките да ни забраните да ни е гадно и да осудиме мајка која шета со цицката. Не седи, не се покрила, не се обидела да биде незабележителна, туку се шетала со цицката надвор покрај 6-7 маси. И да, цела цицка се гледаше, не само дел, оти детето со заби и ја имаше повлечено брадавицата надоле, полузаспано и цела цицка беше надвор. Дете. Не бебе. Дете на кое и леб да му дадеш ќе јаде. Ама пуста мајка нели...

    Ако забележавте, никој не рече ништо за мајките кои дојат во јавност без да бидат забележани од цела кафана, туку за ваквите „горди“ и модерни мами.

    Ама еве Ана не видела, може и да не постои женава... Може јас сум ненормална. И АНа, имаш видено слон? Оти ако немаш, а јас имам, може не сум го видела...
     
    На CameliaMiller, slobodka, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Срцка па и јас немам видено во моиве 27 години такво екстремно доење и сега и мене ќе ме нападнеш? Се дружам со мајки - доилки до сега ни една нема така доено ЗНАЧИ таквите се 1000 на една т.е. многу се ретки. Впрочем ми е гајле дали некоја ќе се шета со гради на мегдан и ќе го дои детето или ќе му менува пелена сред ресторан или сред парк некои ќе имаат секс или.. Јас пак синко ќе си го доам каде и да посака и ич ама ич нема да ми е гајле за тие што ќе зјапат и ќе ме пишуваат овде или во некој друг форум. Сега добра ноќ буцко мој бара да цица!
     
    На stefanija70 и Kaetana им се допаѓа ова.
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Е што толку ја нападнавте cupicupicake? Тотално го разбирам моментот, луѓе сме, и да не сакам да гледам случајно ќе ми отиде погледот. Мене лично нема да ми биде гајле што прави таа мајка на таа маса ниту би се гадела, но искрено ситуацијата не е баш природна за тие што седеле со неа. И јас сум сеуште доилка и знам за мера и усул БАШ поради тоа што менталитетот на балканов нема да се смени уште многу години.
    Треба да има мајки кои дојат јавно, а не како мене глупача, првите шест месеци што се вика не мрднав од дома поради моментот да не му направам на некого незгодно да се осеќа (а јас лично немам ни срам ни перде). Никаде не ја земав со мене туку ќе ја надоев и трррррррк најбрзо што можам да завршам работа и рикверц дома. Што будала сум била. За наредно дете така нема. Баш ми е ќеиф што има се повеќе мајки што дојат надвор, незнаете која мака е да имате доенче кое ве бара на секои два саата а и вие имате душа, сакате да излезете меѓу луѓе, да си испазарите нешто и тн. Нормално, зборувам за доење со осет према околината а и бебето.

    Затоа сега немам гајле на плажа....8) Детево е веќе годиначе но и вади заби, па кога е нервозна ептен ме влече за цице. Да не треба да брзам назад до куќата за на некој да не му направам незгодно?

    Не ни очекувам да разберат и прифатат тие што не се сеуште мајки. Знам бидејќи и јас како тинејџерка сум се гадела од извадена набрекната дојка целата со вени што се оцртуваат....Ама друг мозок....тогаш ниту сум знаела како е да си мајка, ниту сум чувствувала потреба некогаш да бидам мајка ;)
     
    На SpangeBob, Nausicaa, Giovanna и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    а вакви користи ли некој?? :nod:

    [​IMG]
     
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Многу е убаво на лик, ама по мое искуство не функционално баш. Прво на жештиниве да си врзам волкава марама околу вратот ќе умрам. Второ на жештиниве да го пикнам син ми во тоа ако плачел од глад, во ова ќе се одере од плачење. Деновиве мака мачиме за цицање од тоа што е жешко, а пред некој ден дур го доев на надвор од дома (на зорт излезена, инаку не мрдам на топлово)пробав една тенка тетра да му ставам нешто вака, крај, крај, цел е испотен од цицање па плус и тоа на глава, не е изводливо. ЖАЛ МИ Е ЌЕ МОРА ЦИЦКИ ДА ГЛЕДАТЕ:rofl:
     
    На bittersweet, Kaetana, danichap и 14 други им се допаѓа ова.
  15. ZojaP

    ZojaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2014
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
  16. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Фала богу читам дека има совесни мајки кои културно ги дојат дечињата, секоја чест и почит кон вас! Разбирам дете е му се јаде, меѓутоа мене ми паѓа незгодно кога во сред автобус на ЈСП ги дојат, сепак треба да се има почит кон патниците. Не делува воопшто културно, може да се направи тоа по дискретно ако се сака. Немора сите да гледаат на мегдан града и демонстрирање како треба да се дои.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    На ZojaP му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.968
    Допаѓања:
    260.942
    И едното и другото се неумесни.
    Види, секој има право што сака да прави, и со допичњак да шета, и со двете цицки на мегдан да дои.
    Тоа што некој не родил, не значи дека не видел што е мајка (оти нели нас, мечки не израснаа во планина).

    Ако секој прави што сака, оти му се може, ќе настане тотален хаос.
    Сите ние имаме некакви потреби, тоа не значи дека треба се на ачик да правиме.

    Има начин, гушни дете, сврти се настрана, не мора детето во сред ресторан да го думкаш ако веќе мора со цицка да спие.

    Никој не е должен да страда затоа што некоја решила да раѓа.
    Ни мене попуст ресторанот ќе ми даде, ни дотичната оброкот ќе ми го плати.
     
  19. dafe993

    dafe993 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    12.467
    Пол:
    Женски
    Јас сум мајка и немам ништо против доењето во јавност, меѓутоа јас лично не можам да дојам во јавност, па макар и дискретно едноставно ми е срам. Обично ја дојам повеќе време пред да излеземе некаде, а и земам и чајче во случај да се задржам повеќе од планираното. Еднш ми се случи да сме излезени скоро цел ден на подалечна релација, ја надоив убаво пред да тргнеме, патувавме скоро 2 часа, кога пристигнавме таму останав сама во кола за да ја надојам (покриена со ќебенце), ручавме и си тргнавме, на половина час од дома почна да кенка и дадов чај си го испи и се смири, кога дојдовме дома повторно ја доев подолго време. Друг случај исто бев дома ја доев во меѓувреме се јави мм итно да излеземе, таа не се доцица половина час беше мирна,а потоа почна да плаче, таксито и за 5 минути дома... Се извинувам за малку подолгиот пост. Позз : прегратка:
     
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.406
    Пол:
    Женски
    Ни во кола не доиш слободно?