Вака мајки . Моето бебенце остана на интензивна ,после на посинтензивна . Хрането е со шприц и сега не сака да цица воопшто ,а сестрата ми рече кога си го земав да го дојам колку има млеко толку ,ама незнае да цица или пак не го сака тоа млеко нр влече само држи... Му давам Бејбилан си цица од цуцла вака од града не сака . Незнам дали да продолжам да се трудам да го дојдам или само со вештачко?
Труди се да го доиш, колку повеќе го ставаш на града толку повеќе ќе ти надоаѓа млеко!! Тешко е на почетокот додека се навикнете и се воспостави лактација, но мора да видеш упорна ако сакаш да доиш. Само упорноста се исплаќа, ќе видиш за месец дена како ќе си дојде се на свое место.
Водата превриј си ја од сабајле .И после по потреба само подстопли ја и дај и да пие.Можеш и термос да купиш за кога патуваш да ти е водата топла внатре.Јас и за ноќе ја чував во термос(со првото дете).
Мајки колку пати цицаат вашите бебиња после годинката ? Им оставате ли молзено млеко додека сте на работа ? Пијат ли некакво млеко во тој период ?
И купи си силиконска брадавица, може и е чудно на гола града да влече или пак додека цица стимулирај ја со притисок градата за да и потече и да почне да цица побргу. Не се откажувај.
Моето на 9 месеци го оставив бидејќи почнав на работа,но не му оставав млеко бидејќи не успевав да се измолзам.За тоа време додека ме немаше( околу 6-7 саати)јадеше доручек и ручек,но кога ќе дојдев не можеше да се нацица.Како растеше мислам се повеќе цицаше како да надокнадуваше за времето што ме нема посебно навечер ,цицаше речиси цела ноќ Така теравме до 22 месеци и веќе беше неподносливо,наместо да намалува подои тој се повеќе бараше и така се одбивме.
А се измолзуваше додека беше на работа ? Дали треба да се стимулира лактација во тие саати додека не цица?
Јас пак се карав со свекрвата зошто ми викаше со термосот , незнаев дека може и отстоена вода Фала многу
Јас не се измолзував ама немав проблем воопшто со лактација,млеко имав премногу некогаш знаеше да ми тече самото и до крајот носев влошки за гради.Кога ќе дојдев дома додека цицаше од едната од другата течеше.
Кај мене престана да тече и да надоаѓа откако добив циклус после 11 месеци. Затоа се плашам малку. На работа имам можност да се одмолзувам досега се одмолзувам еднаш но сакам да пробам и два пати . Успевам да измолзам 100мл за 10 минути. Мајка ми и го дава тоа млекце во шише другиот ден и го пие без проблем иако шише ич не сакаше досега а откако ќе се вратам цица неколку пати но не осеќам надоаѓање на млеко некогаш.. Она сака да цица а сакам и јас да продолжиме додека она сака.
Мислам нема да имате проблем се додека сака да цица. Кај мене никогаш не пиеше од шише секако се обидував,мислев ќе биде гладен,пробавме и АД да му даваат додека сум на работа ама не сакаше.Па успешно се доевме до 22 месеци.Да можев и јас тој ќе цицаше уште многууу.
Болките во мускулите и грчевите ми се вратија како во бременоста. Дали да пијам магнезиум директ, да не има некое дејство врз млекото? И за омега 3 исто ме интересира дали смее?
Мајќи, кажете ми по одбивањето на бебето од доење какво млеко му давате обично или адаптирано? Зборам за бебе по наполнета една год.
Јас сакам да ја прашам @mama89 како издржува цела вечер да не се молзи пошто бебуле и спие цела вечер, не се буди за цицање, нели ти се стврднуваат градите? Башка навечер кога спиеме, телото одмара и уште повеќе се ствара млеко отколку преку ден. Е тоа ме интересира чисто да си знам, мојата сеуште се буди 2-3 пати ноќта за цицање, јас мижам, таа миже ама важно цицаме шо да праиме
До кај 50 дена ми се стврднуваа многу на 2-3 но сега не толку меки ми се нормални бидејќи е убаво воспоставена лактација, а се случува кога ќе станам сабајле да има кругче на пижамата ама сега си спијам со градник и ставам од тие круговите што се влошки за гради за секој случај, но главно мака немам 9-10 саати спиеме не се будиме,веќе музење заборавив што е ви посакувам среќа милаа