1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    За жал имам и јас тазе пример во потесното семејство. Им плачеше бебето попладне ( грчеви може се, не плачат само за цицање) и они одма гладно е и се префрлија на ад, па за чудо два три дена се смири бебето и пак продолжи со плачење ама сега не сака ни да ја види градата. Да не зборам што и финансиски не се способни да го хранат со ад. А мајкава имаше млеко, барем тоа можам да го потврдам со две доени деца. Некогаш некој мислејќи дека помага поголема штета прави, ама тоа се одлуки на кои тешко може друг да влијае.
     
  2. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мамички помагајте :( имаме 3 дена, се доиме. Но многу ме болат градите и сега кога ја доев ми потече крв. Наместо млеко, цицаше крв. Кажете што да превземам? Дали дс прекинам да ка дојам? Дали смејаѓ да користам електрична пумпа?
     
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Лошо е поставено бебето на града, или како да кажам лошо ја фајќа брадавицата и ти прави рагади. Разгледај ја групата на ФБ ,,соба за доење,, Таму е убаво обајснето како треба да цица бебето, односно која е правилната положба.
    Инаку и ние минавме низ тоа, знам колку страшно боли. За две недели се опоравивме. Низ аптеките има креми кои ќе ти ја ублажат болката,ти препорачувам да си купиш. Кај мене двете брадавици беа крвави, грозно беше и не престанав да ја дојам. Биди упорна и мора да научиш и ти и бебето како точно да биде поставено на града, а после е се лесно како песна.
    Само не се откажувај, нека ја ,,лапне,, не само брадавицата туку и ареолата, и ѕирни на ФБ во ,,соба за доење,, супер е објаснето со слики.
    Ајде со среќа, мора да се научите и да уживате во доењето. Поздрав!
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    И мене ми беше исто, забележав кога се одмолзував (имав многу млеко, само ми течеше) со пумпица. Оттогаш ја баталив пумпицата и само со рака се одмолзував, така нема шанси да ја разраниш. За еден ден ми помина раната. Гледај да ја стиснеш ареолата и цела да и ја ставиш во уста. Или неколку саати не и давај од таа града и мачкај се со кремче, ланолинче. Ќе издржиш, јас за една недела мака немав, после доењетоми беше песна. Со лесно мамичке. :)
     
  5. bambusce

    bambusce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    594
    Низ истото поминав и јас.Не е страшно ако голтне крв немој да се секираш само никако да не престануваш да доиш, јас за пола ден што не му давав да цица од едната града поради рагадите и тоа што премногу ме болеше добив грутка па едвај успеав да ја разбијам.За електрична пумпа незнам најверојатно е поефикасна ама од рачната пумпа мене уште повеке ми се разранија.Ти препорачувам рачно да се молзиш а за раните јас користев чист ланолин кој не се мие пред доење.Ти посакувам успешно доење :)
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Чоколадке никакво откажување од доење!Првите две недели се такви кај сите верувај ми.Бебето е мало и неможе да исцица.Земи ланолин или ад капки мајчкај.Измолзувај колку што можеш.Ладни облоги по доење мене мн ми помогнаа.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Чоколатке, да не ги повторувам истите работи што ти ги кажаа останатите, само да се надоврзам...Никако електрична пумпа, само ќе ја влошиш работата, повеќе ќе те боли. Премногу агресивна била, ова од туѓи искуства. Или рачна пумпица, или со раце ќе се одмолзуваш кога ќе ти надојде многу млеко.
    И нормално, никако немој да се откажуваш!
     
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Добро да се намести бебето инаку џабе е и пумпи и ланолини и се. Ќе дојде патронажна деновиве сигурно, максимално искористи ја и кокосово масло органско можеш да ставаш на раните.
     
    На Vetruska и Mama25 им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.748
    Допаѓања:
    32.115
    Пол:
    Женски
    Јас го дојам син ми. Откако се породив, првите 2 дена немав доволно млеко, па во болница му даваа дохрана. Почнав да се одмолзувам со рачна пумпица и ми надојде млеко. Син ми цица на секои 2 и пол до 3 саати.
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Браво, само продолжи да го доиш. Инаку јас имав доволно млеко ама пак ми го дохрануваа таму. Само една сестра не ми го земаше за дохрана, другите не ме ни прашуваа. Им кажував дека си цица убаво, одговорот беше Ако.
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.748
    Допаѓања:
    32.115
    Пол:
    Женски
    Првиот пат кога почнав убаво да го дојам, додека уште бев во болница, веќе не му даваа дохрана. На сестрите им беше мило што почна убаво да цица. Самите тие ни велеа на нас мајките да не се откажуваме од доење.
     
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    Јас пак со моите прашања |( :tmi: . Син ми одамна цица многу кратко. Често, а кратко. Цица од едната, и по некоја минута пушта, ама гледам дека уште сака, ама кога ќе ја фати истата одма ја пушта. Неколку пати така пробувам му ја нудам истата и после му ја нудам и другата. Од другата исто толку цица и ја пушта. Порано кога беше потопло мислев дека така си ја гаси жедта, но сега не е толку топло, а и само на цицање е-зошто би бил толку жеден. Проверувам да не немам млеко, а тоа има во изобилство. Пробувам да му стимулирам додека цица-се трга пак.
    Прашањето ми е зошто не сака да цица подолго од една? Нели велат да се доцицува едната до крај оти понатаму доаѓа похранливо млеко? Како да го натерам да цица повеќе?
    И пак ќе напоменам дека минатиот месец беше поправен само 200 грама. :(
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    Zuto мојата откако е родена така цица.Нам максимумот ни е 10 мин цицање и толку заспива.А знае да побара после 30 мин пак и се така во круг.За мојава би рекла дека е мрзлива.Но фала богу за два месеци две кила има накачено па не се грижам што кратко цица.Само лошо е што неможам да се организирам никако.Што убаво би било да се нацица саглам и после бар два часа раат да бидам.Ние вака се на цице сме заглавени :)
     
  14. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    исто ама скроз исто прави матеј ама имам приметено кога е уморен и незнае што прави па затоа така, и јас имам млеко ама ете нешто друго е ваљда проблем, како што гледам на слична возраст се па можеби има нешто до тоа. инаку мојот почна и многу да се тегне на града и ме болат брадавиците ама ќе издржиме, а ние добро напредуваме 800грама качивме месецов со оглед дека од 4 месец нагоре качуваат по помалку тежина
     
  15. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    И ние кога бевме помали првите 2-3 месеци добро качувавме на килажа. Ја дуплиравме на неполни три месеци. Оттогаш се мачиме вака со килажа, а цицањето ни е исто... Не знам до што може да е. Мислам дека не е до мрзеливост кај нас. Изгледа како да не му се допаѓа млекцето на мама :lol:
     
  16. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајки син ми откако се роди се додека цицаше, цицаше по 3-5 мин. Секогаш мерев:) па одлично напредуваше. А ќерка ми цица, цица.....подолго. Немајте гајле се додека убаво напредуваат. А за лутењето на цицето- само да нема ништо шарено околи вас, позатемнета просторија, без јаки звуци, сега многу лесно може се да им одвлече внимание.
     
  17. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Мене синко мој ме грицка со предните две запчиња, а што ќе правам кога ќе му излезат и другите, тек допрва па кога ќе дознае дека ме боли ќе си игра со гризење. :rofl: :(
     
  18. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    45.570
    Пол:
    Женски
    Мамички малата за една недела ќе прави 4 месеци и во последно време не ми сака да цица кога е будна, а кога спие или е полу заспана си цица многу убаво дури и снемува воздух од што цица лакомо. Знам дека е период кога се ја интересира ама мене ме загрижува незиното одбивање за цицање кога е будна. Ваше мислење :?:
     
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    Period e. Probaj vo zatemneta i tivka prostorija. Smenete polozba. Sum procitala vo soba za doenje mnogu takvi prasanja.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.827
    Пол:
    Женски
    За мајките што дојат...давате ли покрај цицање и вода некогаш?