1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.420
    Пол:
    Женски
    Пиеш ли чај за доилки?Повеке течности,супа и почесто ставај го на града.Или обрати се на др јулија на фб.
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Др.јулија на вакви прашања би рекла дека не е градата чешма па да секне водата. Значи додека цица од едната во другата надоаѓа млеко. Ако снемува ќе снема и толку. Не може еднаш два пати да снема па пак да има.
    За пиење ад од шише, го пијат зошто полесно тече, не се мачат како од градата.
    Секоја промена на бебето во цицање, сшиење, од мирно немирно не ја поврзувајте со глад и немање млеко.
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Не знам колкаво е бебето на @chache87 , ама мене на скоро 7 месеци син ми така ме исцицува понекогаш навечер пред спиење, абе капка не остава. Кај нас е проблемот што не сака да јаде кашички, а млекото мое изгледа не го заситува, па бара многу често и цица количински многу. Кога не цица толку начесто (ноќе на пример кога спие) толку многу ми надоаѓа што почнува само да тече од градите како на почеток кога се породив.
    Пред некој ден баш ми снема млеко и во двете гради, во 12.30 ноќта. Тој се нервира, јас не знам што да му правам...а не бевме ни дома туку на гости кај мајка ми...
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    @chache87 а како виде дека немаш млеко? Се сложувам со Леона, значи ако си имала млеко вчера, имаш и денес. И јас најчесто неможам да се одмолзам, поготово кога се меки градите, значи ништо не излегува, но кога бебето ќе повлече тоа е друга приказна.
    Твоево изгледа има друга мака, можеби е стомачето. Јас мислам да баталиш Ад, не го навикнувај на цуцла. Пред подој ставај топли облоги на градите, тоа можеш да го постигнеш и со туширање со топла вода, кај мене на почетокот капеше како од чешма само што ќе излезев од када :)
    Почесто нуди му цице и купи си од чајот за доилки од билна аптека.
     
    На chache87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    15 дена е бебето, и никако не сакам да го навикнувам на АД, вчера испаничив и ми беше многу жал дека плачеше, и затоа го натерав мм да направи. После тоа ми се плачеше но беше премногу гладно. Многу ми влијаат коментарите од страна но ќе игнорирам колку можам. Денес го нудам дури и пред да ми побара самиот и си цица, само се надевам дека добро сме напреднале, во вторник сме на преглед. Фала ви многу девојки на советите. А мислам дека немав млеко затоа што со рака не можев да истиснам ништо а и не го слушав да голта, а пробуваше да влече
     
  6. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    И јас како тазе мајка незз што да му правам тој плаче и зинува со устето а јас мислам гладен е и одма цицката во уста тој си цица,после пак се лути и плаче а јас кога ќе се стиснам млеко не излегува и мислев дека немам млеко,или не му е доволно моето ама никако не посегнав по АД,го гледам во обравчињата и прстињата на раце му се дебелеат буцко на мама.Во вторникот бевме за на вакцина и го мереа и за една недела имаше качено 300 гр,ми рекоа дека е супер само така да продолжиме,а ако му дадев АД немаше да знам дали го задоволува само моето млеко.Не примивме вакцина заради инфекција на кожата ни одложија за утре,па ќе го мерат пак па ќе видиме како напредува.А иначе уште има моменти кога ми седи на цицка на секои 15 мин и јас мислам дека немам мл а тој ја сака само мојата близина.Само смирено и без нервози јас првата недела по цел ден само плачев и мислев дека сум неспособна мајка,бидејќи детето плаче а јас неможам да го смирам,ама на болница ми рекоа дека немам дома билка,цвеќе или кукла туку живо дете кое незнае да каже што му е и ќе си плаче.Еве како што поминуваат деновите и јас сум психички подобра,посмирена,кога плаче хистерично научив да го смирувам без да му ја дадам цицката да цица.Само трпение-спасение се ќе помине.А иначе ја слушав свекрва ми на секое да одиме да му купиме млеко немаш доволно види како плаче ама никако не дозволив и кога и кажаа на болница дека супер напредува остана зачудена
     
    На chache87 и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.420
    Пол:
    Женски
    :) Ние сме 4 месеци-6200 кг а родени сме 2900.И мене свекрва ми уште ме убедува за ад да давам како дохрана.Џабе и укажувам на факти .Детето нонстоп има мокри пелени,весела,буцка се супер .Но една недела веке мн касно ми заспива.Некаде во два сабајле тек .И она тврди дека е тоа од глад.Инаку бебето седи будно и си гуга.Да е гладно ке плаче.Но што е тука е.За месец дена секако ке почнеме со кашички па ке спие по раат свеки :)
     
    На chache87, leona83, tincemajmunce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Тазе мајки, бебето освен од глад плаче и од мал милион причини. Може да му се спие а неможе да заспие, го боли стомачето (тоа најчесто кај новородени), покакано или помочано (од многу мочка станува тешка пелената па им смета), топло му е, нервоза од премногу народ (така мојата правеше кога ќе се заредат гости па секој сака да ја подржи), може некое влакно му се замотало околу прстињата па му смета...
    Не се секирајте, со тек на време ќе си го научите детето зошто плаче, а до тогаш проверувајте ги сите можности.
     
    На heppymom, chache87 и leona83 им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Мали сте уште. Јас не сум баш во тек, не ми замерувајте, ама упорност и се ќе се среди. И јас како и повеќето мајки имав такви периоди кога се породив ама ниту еднаш не пробав со ад. Затоа и немав пред некој ден кога ми требаше. Можеби и грешам, но јас стварно мислам дека ме исцицува до крај. Почекав некое време да ми надојде и после се беше во ред, цицна и си заспа.
     
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Мали сте уште. Јас не сум баш во тек, не ми замерувајте, ама упорност и се ќе се среди. И јас како и повеќето мајки имав такви периоди кога се породив ама ниту еднаш не пробав со ад. Затоа и немав пред некој ден кога ми требаше. Можеби и грешам, но јас стварно мислам дека ме исцицува до крај. Почекав некое време да ми надојде и после се беше во ред, цицна и си заспа.
     
    На chache87 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    30.178
    Пол:
    Женски
    Ај овде да пρашам. Имам алеρгија од поодамна,но се погоди сега баш да се појави а се доиме еκсκлузивно. Ништо се немам напиено,во аптеκа ми ρеκоа не се пρепоρачува летизен за вρеме на доење. Има неκоја мајκа со слично исκуство да ми пообјасне,смета ли што го дојам а имам алеρгија?
     
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мислам дека во соба за доење др.напиша дека летизен/лоратидин се ок со доење.
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.420
    Пол:
    Женски
    Земи аериус место летизен.Консултирај се прво со лекар.На што е алергијата?
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    30.178
    Пол:
    Женски
    Не е на јадење,пρовеρено ми е,едноставно се појавува одвρеме навρеме,отоци со чешање. Сега ми е само на дланκитеви пρстите и во главата. Да си дојам таκа,не влјае на бебуш?
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.420
    Пол:
    Женски
    Самата алергија не верувам дека делува.Што се однесува до лекот не сум сигурна
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.373
    Искусни мајки ми треба помош,очајна сум незнам што да правам.Се породив во средата и вчера се вративме дома,ама уште во болница мојата неможеше да ја фати убаво брадавицата,бидејќи ми се малку вовлечени,се обидуваме да ги извлечеме ама многу тешко ми оди.Инаку градите ми се тешки и болни од вчера изгледа млекото не ми е дојдено уште стискам излегува така малку капки,па морав да земам АД а ич не сакам ама па неможам да го оставам детето гладно.Инаку она ќе ја фати брадавката ама не целосно како што треба ќе повлече еднаш и заспива,а јас неможам да и ја наместам убаво.Кажете совет што да правам,како да ги извлечам брадавиците,земав силиконски,она смука ама не истекува ништо:(.
    Што да правам за да претече млекото? Како да ги омекнам градите? Инаку пијам чај за доилки на Хумана,земав и боза.Многу се нервирам не сакам да давам вештачко млеко.А инаку колку треба да и давам АД на новороденче јас и давам по 40 мл
     
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Прво има разлика од тври и полни гради и вовлечени брадавици. Ако се градите тврди и не може бебувчето да цица тогаш мора да ги омекнеш со измолзување или стоење на пареа. Јас ко будала стоев над тенџере со врела вода и чекав да протече млекото па после продолжував со рачно измолзување. Кај мене не течеше млеко кога молзев со пумпица. Едвај 30мл.
    Ако брадавиците се вовлечени, тогаш треба упорно цицање.
    Така да прво омекни ги градите па стави ја силиконската пупка.
    За тоа што не ти тече млеко со притисок на градите, можам само да ти кажам дека не секој знае да се измолзува. Треба убав зафат на млечните жлезди за да извлечеш млеко. Повикај патронажна сестра. Кај мене доаѓаше сестра дома додека не се научив да се одмолзувам
     
    На Bajaderka, leona83 и azelea им се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    @azelea ако се тврди веројатно се преполни, приклучи се на групата Соба за доење на фејсбук и нека ти пратат линкчиња докторките за правилна положба на бебето за доењето како и за правилно измолзување. Ќе мораш да се помачиш со одмолзувањето, но мораш што поупорно да го наместиш бебето на цицка за да фати. Ад исклучи го како опција штом имаш млеко. Секој почеток е тежок.

    За вовлечените брадавици немам искуство но докторките од Соба за доење ќе ти кажат што да правиш. И добра опција е и патронажната сестра.
     
    На leona83 и azelea им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.420
    Пол:
    Женски
    Ако се полни градите а бебето слабо цица што е и нормално бидејки е мн мало,со чајот за доилки ке си напраиш поголем проб.Ке ти надојде уште повеке млеко,ке трпиш болки ,можеш и мастит да фатиш.
    Ставај го бебето нон стоп на града мора да фати тоа е природен процес.
    Тоа што мн спие да не има жолтица?
     
    На artemidis, leona83 и azelea им се допаѓа ова.