1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Мојот пост се однесуваше баш на тие мајки кои и се поважни градите одколку здравјето на бебето. Многу убаво имам напишано дека Мајки многу мајки и таа фраза " немам млеко " при првото плачење на бебето ја користат како изговор да се одкажат од доењето. Исклучок на оние кои неможат да си ги доат од здраствени причини.
     
  2. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна си значи и самата вечиш дека напочетокот си го доила детето што значи дека си имала млеко незнам што овде е спорно. Значи се потврдува ставот на докторката Јулија, баш сега го барам и ќе го споделам.
     
  3. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Сум доела, сум морала да престанам баш од тие што ги спомнав биолошки, медицински и икс причини претходно. Има многу ситуации во кои жената не може да продолжи да дои затоа не сакав да се генерализира. А причината што пишав е дека ти спомна лесно било со ад, дете мирно, најадено, мајка наспана. Па за мајки што се мислат дали би им било полесно, да нагласам, не не би било полесно. Ако можете, доите, потешко е со ад :)
     
    На Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски

    Треба да си ми пријател на фб за да те додадам. Пиши ми во лп име и презиме.
     
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Вака сега. Да не генерализираме што е потешко. Секоја од нас се има сретнато со различни предизвици особено на почетокот на мајчинството.

    И двата начини си имаат предности и недостатоци.

    Мајките кои даваат адаптирано млеко имаат мака со шишиња, спремање, стерилизирање и сл. Но, на сметка на тоа, хранењето на детето најчесто е пократко. Како најголема мака не ја гледам физичката, туку емотивната (зборувам за мајки кои сакале а од х причини не можеле да го дојат своето бебе). Другите не ги коментирам.

    Мајките кои дојат си го имаат секогаш спремно млекото, но самото доење трае подолго.

    Не велам дека нема исклучоци, има. Има бебиња што од мали цицале кратко (баш мислам некоја мајка на форумов имаше пишано такво лично искуство), а ете и случај опишан како кај ИвеБрајан, каде што и хранењето со ад е долг процес.


    Мислењево е на база на моето лично искуство и моите предизвици како мајка што дои.

    Лично јас како предност на хранењето со ад ја гледам можноста за купување на мала независност. Да не ме сфатите погрешно, но после толку неспиени ноќи, си велам, да можеше сопругот да превземе една вечер, само една вечер да врзам сон.

    Како друга фрустрација секако би ги спомнала проблемите со гризење при доење, влечење, тегавење на града, кои и тоа како ги гњават брадавиците. Јас веќе два месеци се борам да ги оправам. Некогаш кога ќе фати беба да цица ми доаѓа да вриштам од болка. После доење ме печат, како на жешки рингли да сум ги држела... Мачкај ланолини, кокосово масло... ама тоа е тоа.

    Друг предизвик, ретко која мајка на почетокот не се прашала колку млеко добива детето со доењето. Дали е доволно. Колку пати сум си рекла - ех да можев да дадам бројка на тоа колку детето исцица на овој подој! Треба време мајките што дојат да добијат самодоверба. Кај ад имаш бројка. Гледаш. Не се секираш дали е детето гладно.

    Со ад го храниш детето каде и да си. Додека јас лично како доилка се замарам каде ќе го дојам детето кога сум излезена (ја прочитав и темата доење во јавност и ми стана јасно дека сеуште сме малку конзервативни во тој поглед).


    Она што сакам да го кажам е дека не е ни така лесно како што изгледа - што убаво мајка, доиш, вади цицката и се ти е спремно.. И тоа си доаѓа со одредени маки.


    Во контекст на муабетот дека секоја жена има млеко. Така е. Освен ако од медицински причини не е поинаку (хормони и сл).

    Она што јас го сфатив е само дека не секоја жена има одма млеко и многу. Е тука е цаката. Многу мајки се откажуваат не затоа што не сакаат да дојат, туку затоа што се плашат дека децата им се гладни па даваат ад. И така се намалува лактацијата, па на крај приказната завршува дека мајката немала доволно млеко.
    Тука треба мајките да се поиздржливи. А знам колку е тешко во пракса.


    Жени, како и да е, да се живи здрави бебушиве, и вака и така ќе пораснат! Но она што им е најважно е смирена и среќна мама! :*
     
    На Среќичка, zuto, Bufi и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Се е релативно мила...Да си имала искуство (како мене и многу други) со крвави и болни брадавици, со мастит и температури, со болен грб и се друго пропратно што носи доењето, не ќе зборуваше вака. Значи, да не се разбереме погрешно - никој не те обвини (поточно ти сама се јави на темава) дека не си сакала да доиш и слично... Но, темата овде е доење! И секоја совесна и реална мајка (верувам и ти - бидејќи сепак, иако кратко, си имала искуство со доење) советува доење и упорност. Само премногу лично си го сфатила напишаното и затоа мислам дека твојот одговор е повеќе одбранбен отколку реален. И јас имав период кога воведов ад (значи знам што значи!), само среќа траеше кратко и благодарение на мојата тврдоглавост и упорност го исфрлив по само 2-3 искористени пакети и успешно си се доевме цела година. Значи, да повторам - не те критикуваме - но темава е доење и се што беше напишано е точно, затоа што многу мајки веднаш, без ни минимален напор (не зборуваме за медицински оправдани причини), се фаќаат за ад!
     
    На mariz и Kaffe им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Мамички, ајде да ги оставиме и тие мамички кои од само нив познати причини, од самиот старт почнале со ад. Нивно дете, нивниот избор и право.
    Не е поголема мајка таа што се обидува да дои од онаа што ете едноставно не сакала да се "помачи". Да не судиме.

    Јас со првото знаев се теоретски, гледав видеа, учев правилни положби при доењето, ама кога ми дојде бебето ептен се намачивме. Никако да фати, јас почнувам да се нервирам, во болница ми вршат притисок, млеко нема, брадавици вовлечени, јас психички и физички преморена итн. Му даваа ад во болница. Веднаш по излегување од болница и јас зедов едно пакување ад за секој случај. Тоа е оној момент кога имаш страв дека бебе ќе ти е гладно, а сам си, немаш никој да те подучи, охрабри, смири.
    Ама го ставав бебето на града и после два-три дена успеавме. Ми дојде и повеќе млеко, фативме некој ред.
    Понатаму после неколку месеци, поради х причини млеко ми се намалуваше па почнав и со ад повторно.
    Со второво планирам доење ексклузивно и се надевам овој пат ќе бидам поопуштена и нема да ми биде толку стресно во почетокот. :)
     
    На Kaetana, bittersweet, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
  9. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Ама на форумов има мајки кои се сметаат за гооолеми мајки бидејќи дојдат и тоа ЕКСКЛУЗИВНО.
    А какво е тоа неексклузивно ???
    Ова е форум за тие што размислуваат вака, ама и за тие што размислуваат поинаку.
    Значи ли дека некоја мајка е будала ако од Х причини не дои ????
     
    На elena.mak, lina-kalina, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Абе срцка како знаеш дека не сум имала искуство со тоа? Па додека доев тој месец ипол бебчо крв бљуцкаше и повраќаше, тој цица мене до ножно прсте ме здоболува :) Тој се успива, ја мрцвари дете да се најаде (пошто ми се успиваше 60 секунди откако ќе почнеше да цица. И ред други заврзлами. Јас не се јавив тука како увредена, туку зашто прочитав нешто како со ад било полесно, пишав за сите мами што се двоумат, да знаат со ад не е полесно. Па нека изберат. И тоа и тоа е тешко, вака е здраво за детето, онака не баш. Воопшто јас не се осетив искритикувана и навредена. Знам зошто морам ова да го правам. Не на секоја мајка и успева упорноста, и не по нејзина вина (не зборам за себе, еве замисли си јас онака сум си избрала ад). Зборувам за многу мајки што ги читам овде а знам дека немале избор. Боли кога некој ќе рече дека требала упорна да биде, или кога некој ќе и рече не рипај на прво плачење на бебе дека е гладно. Сите рипаме, сите не боли бебчо што плаче. Па како поддршка за доењето, пишав, да не си мисли некој: ма за*би, преоѓам на ад, не можам веќе. Ништо нема да видите аир од ад а ќе му земете многу на бебчо, а и на себе (во психичка смисла).
     
    На Kaetana и Kiflicka05 им се допаѓа ова.
  11. Dreams11

    Dreams11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    ме додаде мариз па чекам еве да ме прифанат ......фала во секој случај!
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Никој не му е на никого во кожата ниту својата ситуација и упорност може целосно да ја преслика на сосема друга ситуација.
    Нема потреба од пасивно осудување наспроти големината на сопственото мајчинство.
     
    На elena.mak, Kaetana, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  13. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Иако не ми беше ова поентата, морам да се согласам со постов. Бидејќи некогаш и во разговор со мајки чувствувам надменост и гледање одозгора зошто дојат. Нема врска што почнале со мандаринче од трети месец и животинско царство од петти, па си се конзумира тоа редовно (одредени, не сите). Битно дојат. Али почитувам, нема врска. Затоа спомнав за чувствителноста кон тие што се на ад. По избор или не, верувам дека го прават тоа што мислат дека е најдобро. Се додека не ми рече некој не дојам за да имам убави гради, респект за секоја мајка :)
     
    Последна измена: 4 мај 2015
    На Kaetana, Kitten и referentka им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Моево не беше упатено на тебе ниту на некоја мајка посебно.
    Ги читав сите ,,реплики,, и пишам општо, бидејки сум прочитала и тешки обвинувања упатени на мајка која не дои.
    Доењето е пожелно но не е страшно и ако неможе да се дои па се дава АД.
    Јас имам две деца кои од три месеци па нагоре беа на АД и еве сега се здрави и прави луѓе и ништо не им фали.
     
    На IveBrajan му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kiflicka05

    Kiflicka05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    670
    Пол:
    Женски
    Па, мислам дека на тие мајки што избрале АД заради убавите гради око не им трепнува ако некој им "префрли" за тоа :D.
    А според мене, нема потреба ни ти да бидеш чувствителна за ад-то...на крај на приказната, секој си знае зошто се одлучил за она за кое што се одлучил и си е одговорен за тоа. Мајката не е мајка само заради доењето ;).
    Сепак ќе речам (знам дека се повторувам) - оваа тема е за доење и тука суштината е да се поттикнат на истрајност и упорност мајките кои се соочуваат со почетните предизвици и тешкотии на доењето :)
     
    На Kaetana, bittersweet, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Абе и тие што одлучиле да не дојат поради убави гради, и за нив зборувам. Ако одлучила- одлучила, нејзино право.
    Секој си знае за себе, што, како и што му е најдобро. Секој ги знае предностите или недостатоците, ако ме праша некој за мислење ќе му кажам, ама ако ми каже дека сака да има убави гради и не дои поради тоа, кога веќе ја донела таа одлука, не сакам да ја осудувам.

    Мајчинство (родителство) е многу поголем аспект од самото доење или недоење.
     
    На bittersweet, Kiflicka05 и danichap им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Градите дали ќе доиш или ќе даваш ад веќе претрпуваат видни измени од самата бременост, назад како што биле нема, со доење пупките страдаат а градите само се зголемуваат или намалуваат.

    Мене па ми е чудно што таму во болница многу ве убедуваат да давате ад, тука кај мене и да сака некоја директно на шише ја разубедуваат и ги предочуваат предностите на мајчиното млеко, си има сестри за лактација кои им стојат на располагање на родилките, ги учат правилно да дојат, положби кои се најкомотни и за мајката и за бебето.

    Не мислам дека сум нешто над тие што дават ад, нивно дете нивни избор јас моиве три си ги доев, првиот 14 месеци, вториот скоро година, морав да го одбијам ради малава дека ќе се родеше а сега малава колку сака толку ќе ја дојам.
    Не му ја мислам дали имам или немам млеко, знам дека почетокот нема да има колку после 2-3 недели, не сум ги мерела секојдневно децава дали напредуваат, гледам по пелените дека се најадени. После месец од породување кога веќе имав повеќе млеко се одмолзував за да можи и мм да ме одмени и да ги нахрани навечер децата, од мене не прифаќаа цуцла ама од мм прифаќаа.

    Може е мачно кога ќе подпораснат па си натежнуваат, гризат ама па ептен некако брзо растат и не трае вечно доењето, ништо не е тешко што е за доброто на бебето.
     
    На MacenceEna, zuto, Mrs.Bass и 8 други им се допаѓа ова.
  18. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Јас кога се породив сестрите воопшто не ми предложија ад, напротив ги тешеа сите мајки да не се секираат, ќе си дојде млекото. Така да не знам за тоа дека тераат на ад. Е маана е што самите сестри не знаат баш многу да помогнат, не се експерти за лактација. Која сестра и да ја прашав јас, се различен (контрадикторен) совет добивав за една иста работа. Се што научив е за жал од форуми и интернет, на ГАК баш и не најдов некој стручен да ми помогне :)
     
  19. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Жити се а во Македонија кој е специјалист за лактација?
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    И мене не ме тераа на ад, туку ми вршеа притисок како јас така сум немала млеко ко да нешто не е во ред со мене, го знаете тој пристап на медицинско особље тука во државните, така да јас мислам од стрес уште повеќе не ми доаѓаше млеко. Кога си отидов дома веќе се стабилизирав.

    Нема тука никој стручен, никој посветен вистински за таа тема, сите дојдат и кажат тоа и тоа ама нивно објаснување трае две минути и толку, снаоѓај се. Тогаш после некое време ти дојдат во соба, ти ја стиснат градата, ти ги преброиш сите ѕвезди и прокоментираат : уште немаш млеко, или било што друго во тој стил, а ти бидејќи немаш поим ни како ни што, се чувствуваш уште толку полошо.
    Ајде сега сум со второ и подруго е, сама ќе се снајдам, ама за прворотките навистина треба многу повеќе охрабрување, советување, смирено објаснување и некој да ти посвети внимание. Тоа во државните болници слабо дека ќе добиеш.
     
    На bittersweet, danichap и artemidis им се допаѓа ова.