Доживотна издршка

Дискусија во 'Правни совети' започната од zoel, 15 декември 2010.

  1. zoel

    zoel Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Imam dogovor za dozivotna izdrska so tatko mi od 2004 god. toj pocina, vo dogovorot pisuva (Za vozvrat mu go ostava vo nasledstvo imotot po negovata smrt) povedov ostavinska postapka me pratija kaj notar koj mi dade resenie: (se zapira ostavinskata postapka na ostavitelot poradi nemajne imot, bidejki imotot e rasporeden so dogovor za dozivotna vo 2004 god.pred osnoven sud vo koj e opvaten nedvizen imot.Dogovorot e potpisan megu ostavitelot i davatelot na izdrskata.A vo obrazlozenieto na notarot se zavedeni kako naslednici majka i dve kerki koi dadoa izjavi (kaj notarot) deka go priznavaat i ne go osporuvat dogovorot za dozivotna izdrska.Notarot mi rece deka sum direken naslednik i deka ne treba da plakam danok na imot a toa e 3/4 od imotot. No bev vo opstinata tamu mi rekoa deka teba da platam danok na imot so sto jas sum osloboden od danokot na imotot od mojot del a za tri te dela treba da platam .Dojdoa proceniteli i go procenija imotot na pogolema suma koja ne mozam da ja platam
    Ve molam da mi odgovori nekoj i da mi dade praven sovet i koj e vo pravo odnapred Vi blagodaram.


    [mod-kirilica:3qwudgn3][/mod-kirilica:3qwudgn3]
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bellaSk

    bellaSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    8
    dozivotna izdrska

    Поради тоа што имотот си го стекнал врз основа на договор за дозивотна издршка, треба да платис данок. Данок не се плаќа кога ќе стекнеш имот само врз основа на наследување во прв наследен ред, само тие наследници се ослободени од данок, а исто така и ако наследиш врз основа на договор за дар. Доколку сега немаш пари да го платиш данокот нема да можеш имотот да го префрлиш на твое име.
     
    На kankus му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vuk67

    vuk67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    imam skluceno dogovor za dozivotna izdrska so tetka mi vo 2005 god na sud so dvajca svedoci zavereno vo sud.taa pocina sega pred 20 dena .koga otidov vo katastar stoese deka ima kupoprodazen dogovor so drug kupuvac, napraveno vo 2007 god.toj kupuvac e vnuk na nejziniot vonbracen maz od prvata negova zena pocinata. toj ziveese so neja 20 godini.vo dogovorot pisuvase deka vonbracniot maz dava soglasnost da go prodade stanot od 54m2 za 500 iljadi denari . kupuvacot pak ima dal soglasnost deka i po prodazbata toj se soglasuva da ziveat tie dvajcata vo stanot se dodeka se zivi.od 2007 stanot se vodi na ime na kupuvacot.a pak mojot dogovor e validen i stoi vo sudot.a tamu pisuva deka stanot ne bil optovaren so nikakov dokument-izvaden od sudot.jas celo vreme gi ispolnuvav site obvrski kon nea od dogovorot.Dali i mozno da si go vratam stanot ,da pokrenam ostavinska postapka.pred toa da podnesam tuzba za raskinuvanje na nivniot dogovor? I dali imlo do sega takov slucaj kako mojot?

    [mod-kirilica:181rq40j][/mod-kirilica:181rq40j]
     
  4. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    172
    а пред да биде продаден станот на име на тетка ти ли бил? дознај на чие име бил станот затоа што ако таа имала вонбрачен другар и ако станот е стекнат додека биле заедно станот е по половина затоа што кај нас вонбрачната заедница се изедначува со брачна
     
  5. vuk67

    vuk67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    da stanot bil na tetka mi .toj stan e steknat od nejzinot prv soprug koj e pocinat.taa go ima nasledeno od nego .a ovj i e vonbracen maz i nema nikakov udel od stanot..
    [mod-kirilica:8uv0mv0e][/mod-kirilica:8uv0mv0e]
     
  6. LadyLy

    LadyLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво,
    Може ли да ми кажете што е подобро да се направи. Договор за доживотна издршка или договор за дар. Во кој случај трошковите се помали, мислам на данок и сл.
    Баба ми која не ми е крвно сродство, а живееме заедно веќе 10 години и ќе живееме се до нејзина смрт, сака да ми го остави целиот имот што го поседува, но незнам што е најдобро да направам.
    Се надевам дека прашањето ми одговара на темата.
    Поздрав,
     
  7. Danidaniela

    Danidaniela Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Татко ми е починат, а куката во која живеат мајка ми и брат ми ја граделе татко ми и мајка ми. Спроведовме оставинска постапка и јас се отказав од мојот дел, по пола им припадна на мајка ми и брат ми. Ме интересира дали имам право на дел од имотот на мајка ми по нејзината смрт, ако претходно таа не го преписхе или подари некому. Благодарам.
     
  8. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    172
    секако дека имаш право имотот што ќе го остави мајка ти ќе го делите со брат ти по половина.
     
  9. vuk67

    vuk67 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    да станот е на тетками наследен и е од нејзиниот прв сопруг таа зивесе вонбрацно со овој сопруг . ве молам за одговор .
     
  10. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    260
    Подобро ти е договор за доживотна издршка, затоа што тој не може да се оспори дури и ако со него се повредуваат правата на нужни наследници, додека договорот за дар може да се оспори доколку под претпоставка со него се повредени правата на друг нужен наследник (некој роднина на бабати кој што е во крвно сродство со неа кој има предност пред тебе затоа што ти кажа дека не си).
    Со самото тоа што ќе ја гледаш и живееш со бабати се до нејзината смрт е исполнет најважниот услов за договорот за доживотна издршка.

    Е сега во однос на данок за договорите, за дар не се плаќа данок, а за стекнување по основа на договор за доживотна оснона се плаќа...

    Сепак, консултирај се со адвокат подетално да ти објасни и одлучи како ти одговара повеќе.
     
  11. Advokatot

    Advokatot Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    4
    Еве го адвокатот. Уште да ги види документите и да каже што е подобро. Ама мораме да оствариме средба во живо. Вака на невидено ниеден не може да помогне.
     
  12. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    260
    Морав да реплицирам и да бидам офтопик, адвокат, ако тука се зачлени за да бараш клиентела тогаш имаш многу погрешен пристап. Тука на луѓето им треба совет дали за поедноставни или посложени правни проблеми, а ние кој лаик, кој професионалец, се трудиме да помогниме.
    Нормално дека понатака луѓето ќе си воспостават контакт со адвокат за посложените проблеми, ама ние не сме тука за да ги насочиме кај кој адвокат да се обратат.

    Ако сакаш дај по некој совет за правниве проблеми, впрочем си ја усовршил струката, а не соли памет дека неможе да се каже одговорот вака онлајн, него мора во живо.

    Извини однапред ако згрешив во проценката и не ти беше тоа намерата, но јас така сфатив.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoaVista

    BoaVista Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    7.905
    Пол:
    Женски
    Данок секако ќе платите, зошто не сте сродници од прв наследен ред.
    Разликата меѓу двата договора е тоа што договорот за доживотна издршка е двострано обврзувачки т.е товарен договор, и двете странки имаат права и обврски и кај овој договор секогаш се плаќа данок, независно дали сте сродници или не. Кај договорот за поклон не се плаќа данок, ама ако сте сродници од прв наследен ред, во секој друг случај(конкретно и твојот) и тука се плаќа данок, мислам дека беше 3% од утврдената вредност на имотот. Со договорот за доживотна издршка имотот се води на име на примателот на издршката до неговата смрт. По неговата смрт се пренесува на давателот на издршката. Кај договорот за поклон имотот веднаш се пренесува на поклонопримателот.
    Договорот за доживотна издршка е лесно раскинлив додека е жив примателот на издршката, кој може да се повика на тоа дека не го чувате, не се грижите за него итн. По смртта на примателот на издршката овој договор не може да се раскине. Договорот за поклон обично е тешко раскинлив договор, и за време на живот и по смртта на поклонодавателот, ама доколку поклонодавателот има законски наследници тие можат да си бараат нужен дел(доколку биле лишени од истиот).
     
  14. Advokatot

    Advokatot Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    4
    Немам намера никого да навредам со моето присуство. Впрочем и јас сум модератор/администратор на еден, сега веќе згаснат форум (пред да дојде славата на Facebook).
    Тука гледам многу непознавање на правната проблематика, па затоа така мислев да интеревенирам.
    Инаку, само што отворив нова тема, па би ми било драго ако има по некој пост.
    Се надевам дека и јас малку ќе придонесам за разјаснување на некои правни заблуди.
     
  15. luci

    luci Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Женски ај хелп
    Дали може и каде да се провери дали е направен меѓу две странки договор за доживотна издршка или за подарок?
    Треба една моја блиска особа да направи договор за доживотна издршка со вонбрачниот партнер но некако е многу сумљива работата и сака да си провери
     
  16. imelda

    imelda Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    4.677
    Не верувам дека може нешто такво да се провери. Овие договори се меѓу две странки и единствени оригинали се кај нив, евентуално копии кај адвокат.
    Ако другарката прави договор а се сомнева дека има нешто правено пред тоа, да стои во новиот договор како во тестамент, нели со овој договор воедно се поништуваат сите претходни договори доколку ги има. Сепак, ако има претходен договор, личноста која го изгубила може да се спротистави и да го оспорува преку суд новиот договор кога дојде ден да се тој реализира. Најдобро другарката да се консултира со адвокат.
     
  17. JuLleE

    JuLleE Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    2.220
    Допаѓања:
    4.723
    Договорот мора да се завери кај нотар и таму има примерок. И да го загуби странката договорот, никој не може да и го оспори бидејќи си стои кај нотарот и си е валиден. Договорот за доживотна издржка може да го раскине единствено доколку лицето за кое требало да се грижите е незадоволно. На друг начин не.
    Овој и договорот за поклон се правно најсилните и речиси невозможно е да ги побиете. Затоа без грижа ;) . Поклонот не може да го врати ни поколнодавачот. Така да ако имаат направено договор за поклон, џабе е после и тестамент и се кога тој имот повеќе не е на името на поклонодавачот туку на поклонопримачот. Договорот може да се оспори, ама доколку поклонопримачот го тепал поколнодавачот, се однесувал крајно неразумно и неблагодарно, го малтертирал, ама тоа многу тешко се докажува на суд, макар да е жив и поклонодавачот.
     
  18. luci

    luci Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ви благодарам на двете за одговорот, но муабетот Јулие ми беше дали може да се провери да не направил тој претходно со некој друг ваков договор, или пак да не го препишал имотот на друг, или пак тестамент...
     
  19. imelda

    imelda Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    4.677
    За имот на чие име е препишан моментално може да провери во катастар на недвижности, онлајн на нивната страна во пребарување на имотен лист по адреса, ако станува збор за недвижен имот.
     
    На friendy и JuLleE им се допаѓа ова.
  20. nezastitena

    nezastitena Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    26
    Живеам со свекор,свекрва и стрико на мојот сопруг (тој нема деца),а мојот сопруг е починат. По смртта на мојот сопруг јас направив договор за доживотна издршка,мислам дека така беше најдобро. Процесот го водеше адвокат - роднина на семејството на мажот ми. Тоа не ми е проблем јас живеам со нив и се грижам за нив,само тоа некако многу брзо се одвиваше и јас не се распрашав подобро. Знам дека ќе треба да платам данок кога ќе треба да се префла на мое име по нивната смрт. Сакам да прашам, ако може некој да ми одговори- Дали ако мојот свекор имотот го препише на мојот син кој е малолетен (15 год.) и тогаш ке треба да плаќаме данок или нешто. За имотот на стрикото знам дека ќе треба да платам. Ве молам да одговорите
     

Сподели ја оваа страница