Домашни сокови за растварање

Дискусија во 'Рецепти' започната од Lella, 2 јули 2013.

  1. Lella

    Lella Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    3.731
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема, ама не најдов, сакав да споделам еден рецепт за сок за растварање... Мајка ми направи еден од вишни.

    Е не сум толку добра за пишување рецепти, ама ајде. :?:

    Потребни состојки (за кило вишни)
    - 1 кг шеќер
    - една ќесичка лимонус
    - 1 кг вишни

    Се тргаат гранчињата на вишните, а вишните се ставаат во поголем сад (без да се вадат семките) Се додава шеќерот и лимонтусот, потоа вишните се гмечат. :?: Па се оставаат да се цедат 24 часа. Откако ќе поминат 24 часа, сокот е веќе исцаден, а во цадката (или како и да се вика :lol: ) ќе останат само семките. Сокот се става во шише, се остава да се лади, откако ќе се излади треба во чаша да се стави 1 прст од него, а останатото вода. :D

    Не знам колку добро објаснив ама ајде. :D
    Ако не ви се допаѓа темата во канта. :D
     
    На macalavica и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  2. TheKitty

    TheKitty Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    6
    Вчера направивме јас и татко ми, преубавв е! :inlove:
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    1.841
    Мојот омилен лете сок/леден чај:

    три китки нане
    три кила шеќер
    три лесички лимонтус
    три литри вода

    Се зема едно огромно тенџере, се од горенаведеното се меша заедно и се остава да седи 24 часа, обавезно покриено со капак. После тоа се прецедува во друго тенџере, или пак мојата финта со лажица-решетка ги бркам големите парчиња што ќе ми паднат, и се става на шпорет да преврие 2 минути, буквално од првото меурче на вриење, 2 минути. Се трга од оган да се олади, се прецедува во шишиња (на инката ставам газа за да ги фати сите парталчиња инаку тешко мене не ми го сакаат), и се чува во фрижидер. Се раствора отприлика 1: 2 со вода или кисела вода, како сакате, може и кришки лимон. Наздравје! :*
     
    На macalavica и TheKitty им се допаѓа ова.
  4. Azzra

    Azzra Активен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    17
    0.5 kg. cveklo
    0,5 kg. morkov
    0,5 kg. limon
    se melat vo masina za melenje meso(mozi i rendani ama taka e potesko) mu se dodava 3 l voda i taka sedi 24 casa potoa se cedi ubavo so gaza i mu se dodava 3 kg. seker i 2 limotusi i pak sedi uste eden den za da se stopi ubavo sekerot se sobira vo sisinja .Ova e sirup za rastvoranje i ubavo e da se pie za imunitet, cirkulacija, anemija...
    [mod-kirilica:1x6apfnh][/mod-kirilica:1x6apfnh]
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. doutzen

    doutzen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2013
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    149
    абе овие на виталија врска немаат :puke:
     

Сподели ја оваа страница