1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дружење со деца со посебни потреби

Дискусија во 'Дете' започната од inimini, 21 октомври 2011.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Мислам дека темата е супер и дека ке има различни коментари. Вакви или онакви но сепак добро е да се слушнат вашите мислења.
    Искуството е супер работа. Од секогаш сум била хумана. Кога ми се роди детето ми рекоа дека е со посебни потреби проблеми во говорот. Но не застанав тука продолжив напред, се до ден денеска ние се движиме секаде, секаде иде и сите ја прифаќаат, сите и помагаат, сите си играат, а зашто да не би играле.
    До пред една година живееше едно девојче во нашата зграда по цел ден беа заедно, беа и двете пресреќни. И помагаше во се. Многу работи учеа една од друга. И можам да кажам за девојчето дека е многу убаво воспитана, прави родители. Не дека ги осудувам оние родители но не ми е мене нормално што кога ке видат дете или човек возрасен хендикепиран се тргаат на страна. Девојчето сеуште доаѓа кај нас за да си игра со моето иако сега подалеку живее.
    А вториот пример е како во еден танцов клуб во кој играше ќерка ми беше прифатена малку од малку за на крај да ми кажат дека не може да учествува на концерт и да продолжи да доаѓа само да се дружи со нормалните. Кој е тој збор нормалните. Но јас не останав без зборови, туку им реков ние не сме ненормални ако мислите. Ех какви луѓе има без љубов и човечко во себе.
    Слободно пишувајте.
     
    На JoyJoy, Волкот и Meredit им се допаѓа ова.
  2. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Дали му дозволувате на вашето дете да се дружи со дете со по

    Зошто да не би му дозволувала? Кога ќе имам ќе го или ја научам дека сите се дечиња и дека секој заслужува љубов. Во Мк се уште владее некоја безвезна дискриминација, што овде во странство го нема. Напротив мн убаво е се осмислено за нивна социјализација и развој.
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Дали му дозволувате на вашето дете да се дружи со дете со по

    Мојот братучед има дете со посебна потреба. Уште од мал многу го сакав (беше миленик во целата фамилија) и моето дете израсна со него (родендени, гости, излети...) така да, го знаеш одговорот :) . Се играат заедно и до некаде се наоѓаат на иста бранова должина. Еднаш приметив дека мојот го игнорира малку ама ништо не реков, само ги вцрвив образите и снашка ми се паѓа мајка му и ми вели ,,ако ти кажам дека само вие ни доаѓате на гости а сите други не избегаваат ќе ми веруваш ли,,. Останав запрепастена, мајка со солзи полни во очите ја гледа реалноста и не се срами од тоа и искрено ми ја кажува.
    И реков, да, детето сака посебна грижа ок, ама мора да се социјализира и тоа. Јас тоа не го гледам како некој хендикеп, детето не е насилно и не е ненормално како што знаат да кажат некои. Тој сака деца и сака да се дружи со нив.
    Си дојдовме дома и очекувам реакција од малиот да ме праша. Ај додека беше помал и не разбираше не му беше јасно ама сега веќе 3 год и 10 мес. разбира и сваќа дека нешто не е во ред.
    Ме праша. Кнедли голтав бидејќи не знаев како да му кажам и објаснам. Само му реков, малку го боли мешето. И тој на мене, ќе пие сирупче и ќе му пројде, ,,да,, му одговорив.
    Знам дека еден ден пак ќе ме праша кога ќе биде уште поголем. Мислам дека ќе биде полесно, веќе знае дека тоа дете му е братучед од вујна и како такво ќе го прифати.
     
    На Meredit и gwen им се допаѓа ова.
  4. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Точно дека ние родителите со такви деца сме игнорирани од другите но еве мој случај кај нас ако не доагаат ја идам кај нив така е полесно. а на децата треба да се објаснува вистината.
     
    На Волкот му/ѝ се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    279.369
    здраво
    најпрво голем поздрав до inimimi
    од поодамна ги Читам твоите постови и ми оставија голем впеЧаток.
    на залост не писав предходно бидејки сеусте не сум родител и немам никакво лиЧно искуство за ситуацијата во која се наогас,но овој пат морав да ти писам дека се восхитувам на твојата позртвуваност, упорност и постојана борба за твоето дете.
    прв пост сто го проЧитав бесе оној за твојата керкиЧка, наЧинот на кој и било оневозмозено уЧеството во приредбата .
    не ми се верувасе....
    дали таа лиЧност е уЧител, воспитно лице, родител...Човек :fubar:
    зарем едно мало девојЧенце заслузува нејзините надези, сниста да бдат урнати поради подобра корео графија?
    зарем има повредно несто од задоволното лице на едно детенце и среката во оЧите на неговите горди родители?
    одговорот го знаеме. На таа лиЧност само ке и посакам да ја науЧи зивотната лекција на помалку болниот наЧин, од тугите судбини, а не да доЧека на своја коза и да го гледа најмилото како рони солзи поради некоја ''воспитаЧка''
    залосно сто твојата тема за концертот за деца со посебни потреби не е доволно активна. мегутоа секој поЧеток е тезок, а ти ги правис првите ЧЕкори. ја подигас насата свест, свеста на Членките на фемина а не сумјам и на сите твои блиски, продолзи така.

    и да не бидам офф :$
    да одговорам на прасањето од оваа тема.
    како сто предходно одговорив немам искуство од оваа област. мегутоа борбата за едукација на околината од страна на лиЧности како тебе вродува со ефект.
    секој ден се трудам да бидам подобра лиЧност, не само да дарам љубов и помос на потесниот круг од мојата фамилија, туку и да имам разбирање,трпение, внимание...и многу повеке кон околината.
    не те познавам, мегутоа морам да казам дека се восхитувам на твојата мајЧинска љубов и позртвуваност
     
    На Meredit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Благодарам прво за убавите напишани зборови.
    Некако пробувам да заборавам на тоа дека мојата керкичка поради нечовечко тие луге нема да учествува. Таа што дека е мајка сопруга и како што пишува на нејзиниот профил образование дипломиран фискултурен наставник кога не е вистински човек, човек во права смисла.
    Идам напред.
    Пробувам све. па најверојатно е дека ке се насмее среката и кај нас. Скоро една наставничка во друг клуб ми рече дека нема кај нас во Мк обучени луге за таа работа. Оп ете пак дискриминација, делење, и ред други несватливи работи. Зашто тоа зар толку е тешко да се сака, како сите ние сакаме свој близок?
    А толку дефектолози има што се без работа но изгледа прво треба да се обучуваат учителите а потоа децата.
    Зашто некој не отвори мини школо за учење на возрасни луге како да се живее, хуманизам, и друго.
    Те молам пробај да дојдеш на 3 декември ако има концерти тоа претежно се одржува универзална сала а ја ке гледам дали има ке знам и ке напишам да знаете и вие кога и во колку саат точно.
     
    На Meredit му/ѝ се допаѓа ова.
  7. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Сеуште не сум мајка,меѓутоа кога би била не би гледала никаква причина зошто не би им дозволила на моите деца да се дружат со деца за посебни потреба од таа причина што и јас како мала се дружев до такво детенце. Исто и сестра ми имаше една другарка со која што учеше во средно.Девојчето имаше проблеми со одењето и уште несто(не знам што конкретно) и знам дека сестра ми и помагаше да оди во тоалет, да и ја среди ташната кога треба да оди дома и ред други работи за кои и требаше помош. Другарка моја е дефектолог и оди кај две деца ги подготвува за да почнат на училиште и во една прилика ми кажуваше како мајките му кажувале дека нивните деца се одбегнуваат од другите деца.За жал сеуште живееме во такво општество и дека многу треба да се работи на оваа тема за да се промени свеста на народот пред се на родителите.
     
  8. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Не гледам никаква пречка за дружење со дечиња со посебни потреби.
    Еве конкретно наши пријатели имаат девојченце со Даунов синдром, кое е на приближна возраст со мојата ќерка. Често одиме кај нив и тие доаѓаат кај нас. Девојченцето е многу мило, срце е, малку има проблеми со говорот и поради тоа оди на логопед. Има и сестричка две годинки помала и сите три заедно си играат. Нема потреба да се врши дискриминација, деца си се деца.
    Мојава е се` уште малечка, не разбира некои работи, не ме ни има прашано, нема ништо приметено (фала Богу за тоа) но гледам дека добро се согласуваат и знаат да се заиграат сите три, не се делат, сите заедно си играат. Плус девојчето оди во градинка во група која не е за деца со потребни потреби и сега за сега е одлично прифатена и од учителките и од децата (ова мајката ми го има кажано).
    Единствено кај девојчето беше проблем тоа што беше повлечена, мирна, многу чувствителна, доколку ја искарав нешто мојава пред неа (ако не дели играчки), девојчето почнуваше да плаче. Беше премногу приврзана за мајка и`, што е разбирливо, но како почна да оди во градинка (мајката се вработи) има големо подобрување. Станува посамостална, почнува да се брани, па дури и таа да наметне што да си играат.
    Деца си се деца, која сум јас да им бранам да си играат, или пак да ги прекинам контактите со пријателите само затоа што имаат детенце со посебни потреби....тоа е премногу сурово и нечовечки.
    Се` додека моево дете сака да си игра, да се дружи јас нема да и` бранам, напротив ќе ја учам секогаш да помага, да биде солидарна, да ја подаде раката секогаш кога ќе може и да не дискриминира.
     
    На KuklickaSk, bittersweet, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Кога Ева одеше во градинка, во нејзината група имаше дете со посебни потреби ( што и да значи тоа). Детето беше прифатено од сите дечиња. Толку бев горда на тоа што децата колку и да се мали имаат повеќе душа и свест од ГОЛЕМИТЕ но празни и бездушни луѓе.
    Родителите на детето го имаа прифатено фактот дека детето има проблеми во развојот, што сметам дека е добро...еве и зошто,
    сега во одделение кај сонцето мое има исто така дете со проблеми во развојот, но родителите тоа го игнорираат. На детето му прават само контра услуга. Сите сакаме децата да ни се совршени, но совршенството бира каде да се вгнезди, а децата сакаат само да бидат сакани.

    Затоа и напишав ( што и да значи тоа) , на почетоков на мислењево. Секое дете има посебни потреби. Секое дете е толку добро колку што го достигнува реперот кој ние му го поставуваме. Секое дете е најубаво, најпаметно, најталентирано ако ние сакаме тоа да го видиме во него.

    Иако беше во друга тема мислењето на инимини за приредбата,... Инимини разговарај со воспитачката во градинка (ако оди малото во градинка) или училиште за овој проблем. Мислам и се надевам дека ќе имаат доблест и слух, а и дека ќе им биде задоволство да детето учествува во некоја од нивните приредби, па и во сите :) , а детето секако однапред ќе знае дека овие претстави се “поважни“ од онаа другата.
     
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Од прво до пето одд. во одделението имавме дете со посебни потреби. Во петто го повторуваа за да биде со сестра му во одд. која е една година помала од него. Таа е супер и не е со посебни потреби. Знаете сега ќе ви кажам за дружењето со Мики (така се вика) од прво до петто одд. Ние воопшто не го дискриминиравме и се дружевме со него како секој човек. Ниту тој беше нападен и агресивен. И многу го браневме, а детето си праве разговор како сите. Јас искрено многу се дружев со него. Му помагав во боењето,читањето...Во СЕ! Сите ние! Тоа зависи од самата индивидуа на човекот како ќе реагира на ваквите случаеви! Само мислам дека сите треба да имаат малку совест...
    Инимини не се грижи !
     
  11. tina71

    tina71 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Да се надоврзам на темава, навистина е жалосно што при толку дефектолози без работа не постои некое место во Скопје каде децата со посебни потреби би се дружеле во слободно време, или посетувале неки друштвени активности неколку пати во неделата.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Непосредно пред Нова Година, бев во еден дом за лица со посебни потреби, каде што имаат дневен престој.
    Нормално, еуфорија околу нова година им владееше. Дојде едно момче со молив и лист и ја замоли другарка ми да му нацрта елка, а оваа му вика : „Ох леле, јас не знам да цртам елки, нека ти нацрта Џинџер една. “ и душа најмила, се натажи и и вели : „ Ама ти си ужасна личност. “ Солзи ми навреа во очите, сакав да го изгушкам, сонце. ;(

    Имав и јас во клас дечко со посебни потреби, после се префрли у специјално школо. За жал, моите соученици беа доволно животни да го зафркаваат и потценуваат, можам да замислам колку беше несреќен. Ама секогаш му помагав за што и да е. Сигурна сум дека е попаметен од нив, и позрел у секој поглед, само што ние, без посебниве потреби не го разбираме тоа. Каква искреност, каква наивност и чистота се крие во тие деца..ех.....

    Нивната најголема потреба меѓу другото е внимание и ЉУБОВ.
     
    На fighter и maca99 им се допаѓа ова.
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да се дружам со ваквите деца,мене ми е жал за ;(
    Додека сите ги одбегнуваат и ги исмејуваат,јас сум секогаш тука да им помогнам.Немам причина зошто би ги одбегнувала,тие не се болни од некоја неизлечлива и префатлива болест.Едноставно тие се дадени така од самиот Господ Бог.На ваквите им треба само љубов.
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Пред некое време, уз муабет за нешто сосем трето, дознав дека во паркот каде што мајка ми ја носи ќерка ми да игра имало некое детенце од околу 6год кое „изгледало не-во-ред“ и кога влегло во заградената градина кај другите деца, сите баби/бебиситерки си ги повлекле децата надвор :o Бабата го сетила моментот, и им рекла „Ама Ххххх не е насилен...“, ама овие со бош изговор сепак ги извадиле децата. Меѓу нив и мајка ми!

    Експлозија од нервоза!
    Добро, и` викам, со кој ум „жигосувате“ дете јавно само затоа што е различно од внуците ваши????
    „Ама може нешто да и` направи, се гледаше дека не може многу физички да се контролира, може да ги повреди“, и на прашањето дали до сега имало некој таков инцидент, нормално одговорот беше Не, ама никогаш не се знае :o ДА, НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА И НОРМАЛНО ДЕТЕ ЌЕ И РИПНИ НА ЌЕРКА МИ НА НОГА ВО ИГРОТЕКА, како што и се има случено, оти тие се само деца, и не знаат за поинаку!!!

    Криви сме родителите за односот кон оваа категорија на деца....малите немаат појма кога некој е различен, за нив сите се деца со кои сакаат да си играат. Ако ќерка ми утврди зошто ја повлекла баба и` од градината, тогаш и следниот пат кога ќе го види детенцето ќе го избегнува, оти за неа тоа е реакција која ја научила од нејзиниот авторитет :(

    Нормално дека сум против ова, 100 пати и` кажав дека не сакам повеќе да се повтори, ама сигурна сум дека пак исто ќе реагираат (посебно таа генерација), затоа што се така учени - во нивно време таквите деца беа „срам“ за фамилијата, и не ги ваделе надвор, затоа сега не знаат како да се однесуваат кон нив, па најлесно им е да избегаат. Срамота!!
     
    На kikikikirika, Dzevelekova, MilaP и 8 други им се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Голема грешка има во родителите и во воспитувачите бидејќи не ги `учат` децата како да се однесуваат и дружат спрема `другите` деца.

    Воедно, воспитувачите не им обрнуваат внимание на училишта, градинка... Пример, кај нас на школо имаше такво детенце, многу беше добро и дружељубиво, ама сите деца го земаа `низ нозе`, а учителката никогаш не реагираше.
    Да реагираше, мислам дека ќе го заштитеше ова невино дете, а и нас ќе ни дадеше лекција како да се однесуваме.

    Ние дома и во фамилија имавме ваков случај (мала братучетка), па како деца веќе бевме навикнати на овие деца и секогаш бевме добри и обзирни спрема нив.

    И жалосно е кога родителите не ги оставаат да се дружат со нив. Нека помислат за миг дека нивното идно дете (или тие што ги имаат) може/ло да биде такво. Како би се чувствувале тогаш?
     
  16. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Жалосно, срамота, гревота,и што уште да кажам
    Убаво си постапуваш со твојата мајка.Јас сепак ке кажам малку грубо дека луѓето што се здрави и прави имаат да не речам фалинка. Не знааат како да комуницураат со такви личности. Никогаш нема да те навредат да те опцујат да те повредат психички или физички лицата со посебни потреби. Но овој народ неможе или пак несака да свати. И пак да не речам се додека не дојде на своја кожа. Несакам никого да повредам. Но така е.
    Луѓе бидете во вистинска смисла ЛУЃЕ
    Бидете ХУМАНИ не е голема работа. Не треба пари, не треба ствари и што уште не. Доволно е само еден убав ЗБОР и од се срце мала но вистинска НАСМЕВКА.
    Дали знаете како им е на тие деца кога ке ги погледнете поинаку, кога ке се потргнете од нив. Зално ке ве погледнат. застанете на страната на родителот или на баба та или дедото на тоа дете, ставете се само 2 минути и ке сватите многу.
    Тоше ни остави аманет да бидеме хумани, добри чесни да се сакаме и помагаме.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Секако дека се дружам со таквите деца, имав до 4 одделение едно девојче со мене учеше, никој не ја сакаше, само јас, со неа одев во тоалет, на одмор секаде.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Јас имав другарче во класот во основно што прво одделение учеше по трет пат кога дојде во нашиот клас. Беше очигледно поголем од сите нас, малку груб, но во основа фино дете. Само учењето му одеше стварно слабо и ретко пратеше настава, не сакаше да пишува за време на часови и нормално после смета и на децата околу него. Кога почнавме второ одделение, наставничката не распореди да седиме машко-женско во клупите, кога потпораснав сфатив дека тоа беше така за да помалце се праи муабет меѓу децата додека траат часовите. И јас како една од помирните деца, ме стави со другарчево и ми рече да му помагам за време на часот. И бидејќи он беше две години постар и две глави повисок од сите, моравме да седиме во последната клупа за да не смета на другите деца да гледаат од таблата. Цело второ одделение го поминав решавајки задачи со него, му го давав моето домашно да го препишува кога не напишал, ми се јавуваше дома на телефон да му објаснам нешто кога не сфаќал и слично. Мислам дека тогаш и не сфаќав дека е нешто поразличен од останатите.
    Ама беше многу грубо дете. Сакајќи да си игра често ме штипеше или ќе ме гурне, а јас бев мало дете, едвај 22 кила. После некое време мајка ми реагираше кај учителката за ова, ама затоа што он обрнуваше повеќе внимание на наставата и напредуваше, наставничката не сакаше да не премести. И така терав цела година. На првиот ден на трето одделение јас носев маичка со слонче и во главата на слончето имаше свирче во маичката. И сите си се занимававме со тоа уште невлезени во училиштето. Дојде и другарчето мое и пробувајки да го стисне свирчето, со еден прст ме издиша, и мајка ми го виде сето тоа. Пак збореше со учителката и мене ме преместија во друга клупа. Ние сеуште одевме заедно во дневен престој и учевме заедно таму. Кога почнавме петто одделение, ни кажаа дека го преместиле во друго школо.

    Поентата од приказната ми беше дека ни јас ни мојата мајка не сме имале ништо против што на тоа дете му требало повеќе помош и јас да му бидам другарче во невоља, ама кога физички се покажало дека може да ме повреди (колку и да тоа било ненамерно) мајка ми решила дека има потреба да ме одвои од него. За време на часовите не би имала иначе избор да се тргнам, морав да седам до него. А вака во дневниот престој додека учиме можам да си отидам ако ме закачал. Проблемот беше што неговите родители ги игнорираа проблемите кои тој ги имаше, а учителката се снаогаше најдобро што знае. Мајка ми никогаш не ми рекла да не се дружам со него или да го избегавам, ама ја разбирам што сакала да ме заштити.
     
  19. stela 34

    stela 34 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    82
    Nasata sredina e tolku zatucana sto koga ke vidi detence so posebni potrebi, prvin pogledot ke te Ubie, ne za site tuku za poveketo nas...........Makedonija e drzava kade ovie decinja se osameni, osameni od pricina sto Poedinci na niv gledaat so drugi oci......gledam vo posledno vreme se otvaraat dnevni centri, i me raduva........tie deca imaat potreba od druzenje.... ne potsmev.....ne sakam da pisuvam kako e na Zapad so vakvi decinja.......znaete kako e ne e kako kaj nas vo Makedonija............i drugo vo svetot ovie deca se vrabotuvaat na ubavi mesta zavisi od stepenot na nivnata poprecenost, razni kancelarii, ustanovi.......znaes milo ti e koga gledas kako svetot funkcionira i mu dava sansa da se gradi vo opsestvoto kako invidualec..............kaj nas koga ke bide toaaaaa.......tuka barem ne treba mnogu, se donesuva zakon i se tera ponataka........toa e
     
    На Снегулк@23 и MilaP им се допаѓа ова.
  20. Волкот

    Волкот Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    139
    Дали иницијативава проработе?
    Децата си било каква попреченост се осамени и немаат друштво.

    Има ли некаков начин како овие деца да се поврзат и дружат?