Здраво сакам некој да ми каже кои документи се потребни за упис во економски факултет.Изводот колку време треба да е стар?
Здраво феминки! Јас се уште сум во дилема,се мислам дали да изберам Сметководство и ревизија или пак Финансиски менаџмент.Би сакала да донесам правилен избор.Па би ми е потребна ваша помош.Дали би можеле да ми дадете совет?Пишете ми во порака или пак овде,секое мислење е добре дојдено.
Се двоумам меѓу финансиски менаџмент и сметководство и ревизија па ме интересира кој смер е полесен а кој потежок(какви се професорите ,предметите, полагањата. Ако може објаснување и однапред ви благодарам.ops:
Може некој да ми каже за оние сега што треба да запишат втора година треба некакви документи или има некоја процедура, одреден некој датум како за оние од прва?
Може ли некој да ми каже по колку предмети има во семестар, кои изборни за која година се и по колку се бираат?
Дали некој знае/слушнал кога планира оној вампирот Ристо Христов да си оди во пензија или бизнисот уште не му се остава
Некој да ми каже нешто повеќе за смерот сметководство и ревизија? Одлучив таму да одам ама искрено страв ми е малце...
Дотичниот е 1949г. (65/66). Заедно со Шуклев и Јанев го сочинува "Светото тројство" на факултетот , мислам дека се е јасно. Шуклев со неговите книги 2000+ , и Јанев со "неговата математика" (овој сега ќе оди во пензија). Али за Ристо е малку познато дека ако сакаш да положиш мора да му ја купиш книгата , занаеме што направи оваа година со социјологија , голем борец е за авторски права .Јас прашувам за Политика на социјален развој зошто задолжителен ми е , затоа ме интересира до кога планира да дреме на факултетов до 67 бидејќи нема ни асистент , ни можна замена .
Здраво.Може ли некој да ми каже кои документи треба да ги заверам на нотар,освен дипломата и свидетелствата и колку документи има вкупно од iknow системот? Фала однапред,
И јас го имав ПСР кај него, и најискрено се изнамачив. Морав и да го презапишувам. Многу малку студенти пушташе, знам една сесија никој не положи. Многу е битно да не му предаваш празен тест, пишувај повеќе а и битно е да ти е убаво, читко напишано.
Имам прашање, значи Математика не го пријавив онлајн, и денес бев и си платив 400 ден. казна, но списоците се објавени пред да платам, што значи ме нема мене. Сега што да правам?
Ќе ја однесеш на студентски уплатницата и на испитот со пријавата ќе назначиш дека си со казна и ќе те пуштат Барем така некои асистенти пуштаат...
Фала ти на советот , ќе земам ќе ги научам есеите поубаво бидејќи тие ми се најголем проблем , па можеби ќе положам