16 септември почнуваат предавањата за сите, прва година на 15ти имаат само прв час, некоја свеченост.
Кој изборен да го земам за трет семестар? Вие што сте прва година изборен земете си Трговско право, најлесен е и професорот е многу добар Предавањата не се задолжителни
Професорот ќе ти даде две или три теми и од нив ти се паѓат 2 задачи,најчесто ги дава задачите од испит истите што ти се паднале или од другата група
Предлог за изборен предмет на смер сметководство и ревизија за втора година. И вие што сте на овој смер што избравте/ќе изберете
Може некој да ми каже нешто околу предметот Финансиски менаџмент, тежок ли е за учење, какви се колоквиумите?
Женски, да ве прашам тешко ли е да се извади 10ка? И колкава е тежината на предметите у прв семестар , колку труд треба да се вложи? Инаку трговско право ми е изборен другите три ги знаете
Кога се запишував на iknow системот, внесов оценки од сите четири години, од матура и од проектната, и самото ми пресмета.
Ај некоја постара колешка нека ни каже на нас бруцошите, како е во прва година прв семестар, на кој предмет да обрнеме најголемо внимание, на кои часови вреди да одиме.. книги задолжително по кои предмети треба да купиме итн. Фала
Вака, сега тоа тешко, лесно си е индивидуално, и зависи од самиот студент колку ќе се потруди. Од прв семестар најмногу внимание треба да се посвети на математика. Многумина велат дека е ептен тешко ама нека не ве плаши и обесхрабрува тоа ако идете на вежби редовно и со малку повеќе труд и тоа ќе си положите. Сметководство е ептен лесно, на предавања ако сте кај Зорица корисно е да идете, а ако сте кај Љубиша идењето на предавања е тотално бесмислено. А и на испит голем дел прашања се истите од Либро.Економија предавањата кај Таки се ептен корисни, супер објаснува проф. и предметот треба да се учи со разбирање.А трговско исто така ептен лесно. Не знам кој ќе предава оваа година ама и кај проф Ангела и кај Дарко лесно ссе поминува и се вадат добри оценки.
Доколку одиш на предавања нема да имаш проблем, бидејќи се учи многу од предавање. Колоквиумите мислам дека носат по 35 бода, не се многу тешки, дава од тоа што го предава на час. Исто треба да се изработи проект (мислам не е задолжително, ама е добро ако сакаш повисока оценка), има бодови од присуство и домашни.
Предлог изборни за трета година?И некој ако може да каже нешто за предметите Индустриска политика, Аграрна политика,Методи на продажба?Кој е најлесен да се избере?