Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    7
    Јас па слушнав 4та нема да полагаме екстерни за нас ги укинале , ке видеме што ке биде , иначе колку и што сум толку и не сум за таков оценување затоа што во еден тест не може он да те оцене за цела година макар и за едно полугодие , плус пример јас сум паничар а и учам напамет одлична сум ама за тестовите ке ме фане паника, нема ништо да ми текне и го ке го извадам тестот слаб.. значи мислам дека до негде и не се во ред овие тестови.. али тоа е мое мислење :) позз
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lackygirl

    lackygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    921
    Фала Богу што завршив средно тред 3 години :lol: прва генерација бевме за матура ( лесно поминавме) иако не знаевме што е како е, сепак први бевме ама се помина убаво ама сега со екстерниве :worried: немора до толку што знам не би требало да ги има ете матурата ја воведоа.
     
  3. specificone

    specificone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    808
    Екстерното тестирање во училиштата одложено за наредната година
    четврток, 28 октомври 2010

    Екстерно тестирање на учениците се воведува за да се оцени дали наставниците објективно го вреднуваат нивното знаење. Проверката беше планирана на крајот на 2010/2011 по четири наставни предмети, според распоред и правила подготвени од Државниот испитен центар





    Министерот Тодоровски најви дека екстерното тестирање на учениците кое беше предвидено за крајот на 2010/2011 година е одложено за 2011/2012 година. Тој нформира дека целта на одлагањето е овој сложен процес да биде спроведен беспрекорно точно.

    - Предложивме законски измени екстерното наместо да отпочне од оваа учебна година да отпочне од наредната, а оваа учебна година да спроведеме екстерно тестирање кое нема да има никакво влијание и врз нив и врз наставниците. Затоа што е огромен процес и не треба да избрзаме и да го компромотираме. Ќе се обидеме тоа да биде електронско и целиот систем да го промениме. Се ни е готово. Правилниците ни се готови, подзакнските акти... се е тоа завршено, меѓутоа огромен е системот.. сите наставници и мала грешка може да го компромотира целиот процес. Мораме да бидеме претпазливи, изјави Тодоров.

    Тој додаде дека за оваа година МОН планира да спроведе неколку пробни екстерни тестирања за да се провери функционалноста на системот. Има неколку варијанти колку ученици и предмети да бидат опфатени со пробите.

    Екстерно тестирање на учениците се воведува за да се оцени дали наставниците објективно го вреднуваат нивното знаење. Проверката беше планирана на крајот на 2010/2011 по четири наставни предмети, според распоред и правила подготвени од Државниот испитен центар. Ова ќе биде второ одлагање на екстерното тестирање зашто во претходната учебна година Уставниот суд донесе одлука за привремено запирање на процесот.
     
    На Eli4e, blueeparadise и mar17 им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    1.244
    Да, да и јас го прочитав ова пред некој ден. абе тие секоја година најавуваат тестирања и се ги одложуваат за следната година, па за следната. |( незнам ни зашо го прават тоа. демек да проверат дали праведно оценувале наставниците.епа сеа вака јас нема да учам цела година, и за тестот све ке набубам ( можеби не е можно се, али една 4ка на пример. ) и ке добијам 4ка а цела година сум имала 2ка и сеа јас ке иам 3ка ваљда а на наставникот ке му одбијат од плата :^) или пак јас ќе учам цела година значи ке имам само 5, 5, 5 и на тестов ќе ми се блокира паметот се ке заборавам пошо ја ептен се потресувам и ке добијам на пример 2ка и што ? како и да е, не чини.ја ке учам, ке учам цела година, овде ке се блокирам ке добијам 2ка а тој што цела година не учел ке научи на пример и ке добие 5ка и пак не чини, неправедно си е хахах. шо да праиш.. :D
     
  5. balerina123

    balerina123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Се си има добра и лоШа страна...екстерно е добро за професорите, нема да примаат интервенции, имаат добар изговор за тоа. Но...ако некој сака да намести професор дека не го бидува за таа работа( од лични,политички,семејни и др.причини) права шанса има за тоа.....Мислам дека оваа не е единствен начин за подобрување на образованието.Па и кога ке размислам..незнам што му фалеше на старото. Ова со 9-летка ги уби децана...наместо да се упростува материјалот ,учат за локална самоуправа, дефиниција за држава на 9 години..множење и делење до 100 на 8 години...КАТАСТРОФА...не треба се да се прифаќа од запад.., (а и таму неучат се и сешто) ние сме друг народ,менталитет.Имам уште многу да пишувам, ама ништо од тоа....како викаат..кучињата си лаат, караванот си врви ...Поздрав
     
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    1.463
    Јас сум 2-ра година средно и сметам дека екстерното отценување на крајот од годината не е во ред. Пред се фактот што цела година сме оделе во училиште и сме се труделе на крај краева да извлечеме некоја добра отцена со учење на материјалот по ред, сега на крајот доаѓа време кога СЕ ОДЕДНАШ МОРА ДА НАУЧИМЕ! Тоа е крајно безврска.
    Освен тоа јас можеби цела година сум учела напорно за мојот просек колку-толку да варира на подобар за да можам да се запишам на факултет, и ОП наеднаш на крајот морам да го учам повторно и тоа од септембар месец да ги повторувам истите работи....
    Не е навистина фер...А меѓудругото може и не ми е денот! Можеби сум под стрес (што е многу нормално да си под стрес ако цела година си со добри отцени и на крај те тестираат). Или пак ми се слоши! А имаше и таков случај додека бев основно кога не тестираа. Некои просто испопаднаа во несвест кога им ги дадоа тестовите... :^) Така да ова е ГЛУПОСТ НАД ГЛУПОСТИТЕ според мене.
    Точно е дека во странство се вршат вакви тестирања, но нашите стандарди се далеку од нивните. Бидејки тие имаат полесен материјал ако земеме во обзир и покоректно отценување.
    Така да се гледа многу јасно дека сакаме да направиме нешто, а не ни оди. Епа, моја порака до нив е кога ќе ги прегледуваат тестовите да не се чудат колку се слаби резултатите, туку добро да се запрашаат во што е проблемот. Сепак, има многу сегменти од програмата што не е во склоп со нашата возраст.
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.144
    Eкстерниве тестови како замисла се океј, но како што мислат да ги реализираат е катастрофа.

    Прво значи не се надевајте дека тие што имале незаслужени петки, ќе имаат помали оцени. Тие пак ќе најдат начин да се провлечат. Еве ќе се послужам со пример од матурата, по екстерните предмети. Дете што не знае што е Македонски јазик, изваде 4 со прејаки перцентили. Зошто? Препишуваше, со слушалки, со ливчиња и пак се снајде. Таквите стално ќе ги има, така да не се надевајте дека некој нема да излези со оценка како вашата а не знае 2+2 колку се.

    Второ, нека ги направат учебниците сегде исти (низ цела Македонија) затоа што вака не оди. А и плус еден професор си обрнува повеќе внимание (лупетам) на барок пример, а друг на ренесанса. Некој што не ја снета некоја тема за релевантна може да се падни на тој екстерен тест.

    Трето, нема оценки кај учениците јаки, нема 5ки оти професорите полудеа. Јас знам тогаш кога требаше ние да полагаме, сите како (се извинувам на израз) ненормални. Јас имав константно 5ка, но јас си знам со какви тортури ги заработував. Она не беше оценување, она беше изживување. Бубај ајде се што треба и што не треба на памет.

    Четврто оценката според мене не ја прави само учењето. Активноста на часот, дисциплината, носењето на домашни, проекти сето влијае. Жив пример е братучеда ми. По математика немаше час да не е излезена на табла, да решава задачи, да се труди, и навистина да знае. Но ете на тестот згреши во пресметките и доби 4. И тоа вистинска оценка е? Секако дека не.

    Според мене подобро би било да има некаква комисија со која што очи во очи ќе се види кој колку знае, каде никој нема да знае што би можела комисијата да праша. Тие би утврдиле по начинот на кој што се изразува ученикот дали си вреди или не на оценката. А вака тест, кој секако ќе биди пробијан, и тортури од професорите - не водат нигде
     
  8. trendy

    trendy Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2010
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    161
    леле екстерни тестови [​IMG]
    неќам да спомнувам уште 6 месеци екстерното тестиранје . уфф :@ :@
     
  9. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.430
    а не ли ова година ќе се правеле само за проба?
    јас мислам дека екстерните тестови имат добри и лоши страни..
    добра:
    ако некој е син/ќерка на некој наставник/ка-професор/ка или на некој близок со наставниците или некој богат, па му стават само петки и за знаење и за незнаење, па така со екстерните тестови можат да се избегнат протекциите, а и на наставниците/професорите ќе им биде страв па ќе гледат да му стават на секому според заслужениот труд..
    лоша:
    па ние не сме роботи.. колку и да сме учеле редовно, се заборава, а за една недела ќе треба да повториме цел учебник, а ќе биде по 4 предмети.. па ние не сме матуранти! барем да се правеше на секое тримесечје, или пак еднаш на полугодието, а вториот пат на крајот на годината, мислам дека така би било полесно, или пак нека дојдат на обичен час, ама кога наставникот/професорот ќе испрашува, па нека гледат кој учи..а нека погледнат и сите тестови и нека споредат со оцената во дневникот, нека ѕирнат во тефтерите на наставниците/професорите.. зошто го прават сложено кога може да биде поедноставно!?
     
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    866
    Допаѓања:
    170
    Нели ги одложија екстерните и оваа година?
     
  11. specificone

    specificone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    808
    ^Читај малку, има погоре......
    Екстерно годинава нема да има.
    Го средувале системот
     
  12. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    2.430
    а јас прочитав дека ќе има, ама нема да влијае ниту на наставикот/професорот ниту на ученикот.. само пробно.. :?: :?:
     
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    2.549
    Допаѓања:
    2.736
    Погоре повеќето напишаа за тоа да се проверат тие коишто си поминуваат со 5 и 4 со врски и се согласувам за тоа. Но мислам дека е премногу едно дете од 6то одделение да научи 4 учебници на памет.И,ако се паднат некои ептен тешки предмети и да ти се измеша се живо и диво и на крај да паднеш во несвест кога ќе го видиш тестот.И еве јас на пример усмено сум подобра тест некогаш знам и утка да направам и глупаво е што ако имам 5 и добијам 2 или 3,4 или 3 да ми пишат на крај.Идејата не е лоша,но е многу лошо реализирана може еве на тромесечие да се прави по неколку теми од предметите,на полугодие уште еднаш и еднаш на крај.И може да те фати некој стрес,да имаш некој проблем и да го утнеш тестот.
    Па и на крај краишта кој сака да го тестираат 4 предмета по цела книга !?
     
  14. Independent.girl

    Independent.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    ии сеаа оваа година ќе има ?? :)
    дали знае некој? ;)
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    11.800
    Пол:
    Женски
    Тестирање НЕМА да има. :rofl: 8)
    Али затоа ќе има нешо незнам као да го наречам.. ќе го викам тестирање подоле. :lol:
    Во моето школо ќе има тестирање, т.е само осмите.. Избираа две одд. коишто ќе ги тестираат. (шо е најбитно моето одд :!: ) Ќе не тестираат по 5 предмети (хемија, биологија, физика, математика, географија) ќе има од прилика математика 8 прашања итн.. За материјалот од 5 одд. до 8 одд. Ќе ни дадат 3-4 часа и ќе имаме мала пауза.. Али најбитно е шо резултатите нема да влијаат врз оцената (малце не верувам али ај, има некои терсене наставници) како и да е.. само ќе ги собираат резултатите и ќе видат на кое ниво се наоѓа македонија по образованието..
     
    На Lali-Esposito му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lali-Esposito

    Lali-Esposito Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    24
    Истото ќе биде и во моето училиште. Истово ова тестирање кај нас класната го објасни како тестирање од ЕУ. Лесни се прашањата, од чиста култура се, треба само да се користи мозокот. Затоа овие неколку недели со наставниците ќе си го вежбаме мозокот. Elennaa со среќа. :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    11.800
    Пол:
    Женски
    Фала, исто и на тебе. :angel:
    Иначе според тие тестови шо им ги дале на наставниците, изгледаат стварно лесно. Али ипак малце ми фуфка. :$
     
    На Independent.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    65
    И во нашето школо се падна ваквото тестирање ама среќа не се паднавме ние туку др. клас. :lol: Ова не е нешто од материјалот многу повеќе се логични прашања и задачи со цел да се види нели нивото на образование во Македонија и дали не трупаат со многу податоци што не се потребни
     
    На Independent.girl и Elennaa им се допаѓа ова.
  19. Night.Wish

    Night.Wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    30
    И кај нас ке има такво тестирање, и баш нашиот клас се падна.. Инаку, нема да влијае тоа на оценката, зошто како 1 наставниците не ни знаат сеуште дали ке имаат повратна информација, значи незнаат дали ке ги добијат резултатите на секое дете посебно.. Класната и кажала на мајка ми. А другите наставници само не лажат, ни кажуваат дека ке влијае на оценката, дека само од овие тестови ке гледале и такви глупости што нема никаква врска.. Само сакаат да не заплашат и да учиме повеќе. Ама јас не се замарам многу многу со тоа :D
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.876
    Допаѓања:
    11.800
    Пол:
    Женски
    Исто! Сите ни викаат, а не ни знаат дали ќе добијат повратна инф. И да не ги фалам, но навистина се малце глупави, се фаќаат во својата замка. Де викаат така, де вака. :lol:
     

Сподели ја оваа страница