1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Екстерни тестови

Дискусија во 'Образование' започната од Wild.Child, 26 октомври 2010.

  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Годинава изгледа сигурно ќе има екстерни...или пак така велат за да седнеме и да учиме нон-стоп...не знам. Ама кој си учи си учи и плашење не треба многу! :D
     
  2. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Велат дека ќе има ама тотално сум против. Не е за учењето, не ми е тешко да седнам да научам, ама не можат они врз основа на две страни тест да ми го оценат знаењето. Претерано многу е тоа, не за џабе материјалот се дели на делови. А и плус, ако има екстерни најверојатно ќе бидат некаде околу мај. И ајде сега нека ми објасни нашиот ценет министер за образование како јас ќе учам цела книга и плус ќе поправам уште други 14 предмети ?!
    Ништо, за ова една голема НУЛА.
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Значи екстерните, конкретно за матурантите ќе бидат најкасно до крајот на февруари и ќе се полага само еден предмет.
    Плус материјалот што ќе го полагаме ќе биде само од првото полугодие, така што не гледам никаков простор за бунење, штрајк и слични а у глупоштарии.
    И јас би била против екстерните, меѓутоа доколку би го полагале годишниот материјал, на повеќе премети, а вака ука бука за ништо - нејќум.
    А тоа што оценката од екстерното тестирање ќе ја дооформува онаа конечната, па нека!
    Конечно ќе видиме кој е кој и чие знаење тежи повеќе, па ќе видиме дали оние што се чукаат во гради за просекот 5.00 си го заслужиле или не.
    Место за трема не гледам - доколку полагаш македонски да кажеме, си имал 5 на полугодие и си го знаеш материјалот - нема место за страв, едно добро повторување и на коњот си.
     
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Значи многу го отупеа со екстрениве. Еден ден викаат има, друг нема да има. Ни они не знаат веќе.
    Според мене многу глупава работа е. Ти учиш и вложуваш труд во текот на целата година, активен си, професорот ја забележува секоја твоја активност за на крај да те тестираат за целиот материјал, на кој за жал може да направиш утка и да падне во вода трудот од целата година. Оцената ќе ти се намали а и професорот страда. Три во едно |(

    Од друга страна разбирливо ми е зошто сакаат да се спроведе ова тестирање. Сите знаеме дека постојат оние врскаџии кои добиваат незаслужени оцени, но факт е дека секогаш ќе ги има..
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кај мене проф. по македонски рече македонски ќе полагаме и кажа на кои теми. Ми одговара до некаде, ако е само 1 предмет како што прочитав погоре. Повеќе би ми одговарало англиски, ама ај.
     
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Класната моја рече (колку што ја сфатив) дека екстерните ќе бидат на почетокот од второ полугодие, да го завршиме прво цел материјал, тинтири минтири, па после екстерното. Значи, на пола книга ќе не тестираат.
    Не дека е нешто страшно екстерниве, но претеруваат. Годинава и матура, и екстерни. Добро е што барем направија на пола книга, инаку прв пат кога закажаа екстерни бев на цела книга, македонски и ХЕМИЈА :?: а хемија тапа џонсон бев. Добро е што откажаа.
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    И кај мене рекоа за матуранти крај на јануари, евентуално почеток на февруари. Нормално, логично е да можеш распустот да учиш. И класната рече на родителска дека уште не е сигурно, паднал предлогот на Уставен, но Владата упорна, па ќе видиме. Иако верувам дека ќе имаме.
     
  9. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Е многу убаво, ние матурантите си налепивме годинава- и екстерни и државна матура :envy: . Нас ни кажаа дека екстерни ќе се полагаат во декевмри, некаде кон крајот на месецот, е сега незнам колку предмети, најверојатно два, барем така ни кажаа на училиште, од кои македонски е задолжителен, а другиот не знам како ќе се избира, дали по класови со влечење на ливчиња :?:
     
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи сегде различно се збори, дезинформации и шпекулации! Ќе видиме дали воопшто ќе има на крај :lol:
     
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Матурантите ќе прават екстерни тестови до крајот на февруари и тоа само по македонски и англиски јазик. Па супер што само по овие 2 предмети ќе правеме, зашто и така ни требаат за матура.
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Во секое училиште различно кажуваат, некаде па не ни им спомнуваат.
    Нас ни рекоа дека ќе полагаме на 26, 27, 28, 29 декември, 4 предмети и тоа по еден секој ден, тестирањето ќе трае 60 минути. Тестовите ќе бидат со прашања за заокружување, дополнување и целосно одговарање. Предметите не ги знаеме.
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ќе падне планов пред Уставен Суд. Што не го бива, не го бива.
    Ако веќе одлучиле на крај годишен тест да прават, нека не не тормозат во текот на годината со испрашување на секој втор час. |(
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    ^ Се сложувам со тебе.
    Јас разбрав дека матурантите ќе ги тестирале во декември, а нас средношколците во мај..
    Ништо нема да постигнат со ова досадно тестирање. |(
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^Да, ние во декември. Барем февруари да беше како што викаа, да го имавме распустов. И барем да не се повеќе од 2 предмети меѓу кои и македонски да биде како што кажуваше професорката кај нас, и да одат само во дневник. Море, да кажат барем што побрзо КОИ ПРЕДМЕТИ! Среќа што ќе не тестираат на материјалот до пола, не на цела година, е уште тоа фалеше. Иако јас мислам дека постои добар процент екстерниве да пропаднат како и досега :D
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Нас ни кажаа дека уште по 2 предмети ќе сме правиле, всушност, дали од тие 4 еден ќе одберат или сите 4 не се ни кажале. Ама, мислам дека е многу тоа, македонски, англиски, бизнис и граѓанско, а јас незнам ни зошто воопшто ги учиме овие последниве 2.
     
  17. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Датумите се знаат уште од пред недела-две, 26, 27, 28 и 29 декември, ама само за матурантите.
    За другите не знам.

    Дај Боже да нема за нас. :wasntme:
     
  18. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Значи ќе полагаме на од 26-29 декември по 4 предмети :| Во мојот град на сите средни училишта веќе им кажаа кои предмети ќе ги полагаат, само ние уште ништо не знаеме, како и секогаш, последни за се сме :envy:
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Во гимназија еве конкретно за мојов смер во 4та имаме 11 предмети од кои спорт отпаѓа, значи 10 од кои 4 изборни, што и тие отпаѓаат зошто нели цел клас прави екстерно веројатно ќе биде на заедничките предмети не верувам јас да полагам економија, друг програмски јазици, трет драма итн. Има 6 предмети на располагање: македонски, англиски, германски, математика, бизнис и претприемништво и филозофија. Хмммм...
     
  20. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    По некоја логика моја, македонски би требало сите да полагаме, како задолжителен предмет. А за останатите не знам стварно .... :?: