1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Железни парички

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tufchence, 20 ноември 2014.

  1. Tufchence

    Tufchence Нов член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ве нервираат ли малите,тешки железни парички? Мене ме нервираа, но најдов решение.. Сите вие кои што ве нервираат сечете шише (пластично) не цело да го сечете само една коса линија низ која може да се ставаат парите. И започнете со своето собирање(имам слушнато ќе се собереле околу 100ЕВРА)

    п.с. Јас почнав да собирам така парички, па до пола ми е шишето, никаде не оставам пари само собирам. Мојата мајка вика права правосмукалка си... :D:D Во моето шише има и денари и евра и центи и се така натаму.

    Собира ли некој како мене или пак има собирано? Колку имате собрано најмногу?
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Јас некако слабо со железарија. Само три денари имам собрано, инаку така у фиока ги пуштам некако по сигурно ми е таму. :D Инаку мајка ми у порцелански сад ги собира, ја нервирало звукот на железните пари по фармерки, џебови и новчаници. :D
     
  3. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    20.898
    Пол:
    Женски
    Си ги берам во тегла, заедно со банкнотите.И денарче да е не го оставам,права правосмукалка сум.:rofl:
     
  4. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Јас во тегла досега не сум собирала железни парички,но кога бев дете ми купија моите како касичка пластично прасенце,пробав малку да собирам и железни и книжни парички,но бргуги потрошив,не се ни наполни целото прасенце,едноставно немав трпение да го чекам целото да се наполни.:rofl:Инаку,мислам дека е одлична идејата за собирање на железни парички во тегла,бидејќи ситнежот од парите треба да го чуваме,а милионите сами се чуваат!:rofl::rofl::rofl:
     
  5. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.748
    Допаѓања:
    60.953
    Ситни парички...Не е за верување, но денарче по денарче се собираат големи парички!!! Мојот поголем син кога беше малечок собираше метални парички во едно бардаче (керамички сад за вода со отвор голем колку 5 денари). Бардачето му го дала баба му и таа му беше чувар на истото... Детенцето секоја ситна паричка ја пушташе во тоа „сефче“. Понекогаш тоа беше 1-2 денарчиња, а понекогаш и полно раче!!! Кога се наполни до врв бардачето, син ми и „чуварот“ на сефот - баба, го скршиле и ги избројале паричките - имаше парички за нов БМХ велосипед!!!
    Инаку, јас лично не сум љубимец на ситните парички, кога ги имам во новчаник се трудам што побргу да се ослободам од нив!!!
     
  6. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Собирам затоа што ме исполнува моментот кога ги пребројувам парите. :rofl:

    Секогаш морам да имам нешто настрана, чисто за моја сигурност, иако сум финансиски зависна од моите. Во шише од 2 литри собирав 10ки и 50ки железни, т.е. повеќе беше со 10ки и во една четвртина од шишето имаше 4.000 денари. Не е тајна дека ги собирав скоро година дена, ама супер ми дојдоа како надополнување на буџетот за одмор. (poolparty)

    Инаку јас имам слушнато дека 100 евра ќе се соберат, ама само од 5 денарки. А ако мешаш се и сешто тогаш јасно е дека не е предвидлива сумата. :D

    Проверете си ги ташните, сигурно имате еден куп железарија од кусури распуштени низ сите прегради и трк до најблиското шише. 8)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам :D Ја полнам касичката постојано. Па сега и железни педесетденарки има, и некако побрзо се полни. Вчера ги броев и имаме околу 1000 денари. Ги обожавам бидејќи се наоѓаат во црни денови.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.824
    Пол:
    Женски
    Керка ми собира :) И она скоро ги броеше имаше околу 1500 со пола наполнета касичка.Кога ке ја наполнела целата ке ги скрупнела вика.Мене ми сметаат во новчаник па и ги давам нејзе
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас пред една недела ги сменив, 2700 мкд и додадов пари и 50€ ги направивме. Искрено повеќето беа монети од 50 мкд и 10 мкд. Некако како гратис парички доаѓаат....:)
     
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Досега не собирав но од пред два месеца собираме заедно со љубави. Тој и самиот си собираше до сега но не толку активно :D
    Купив поголемка касична од оние што не се отвараат што треба да се скршат за да ги извадиш парите(ефтино ја платив:rofl:) за да не ги бројам нон стоп или пак да не влечам од неа ако ми притреба.
    Се договоривме таквите парички да ни бидат + за на одмор или пак да си купиме нешто што ќе ни е потребно за во домот :lol:
     
  11. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат,особено кога ми се расфрлани низ ташна или по џебови и тропкаат.
    Инаку,би требало да почнам да си собирам ситни парички,како што правев кога бев мала,ќе се најдат за нешто. :D
     
  12. Ana3567

    Ana3567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2014
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    461
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам!
    Не ми сметаат воопшто, сепак се пари и кога тогаш, ќе ти се најдат за нешто. Понекогаш и два денари ми завршиле работа за да не раситнам за џабе стотка или нешто покрупно. :lol:
    Веќе неколку години по ред си полнам тегли или поголеми кутивчиња за поклони со железни пари и на крај кога ќе се наполнат си ги пребројувам и ги ставам на сметка.
    Обично не ми е потребна касичка што се крши за да извадиш пари зашто се воздржувам од беспотребно вадење, ама кога сум била во тесно со пари и те како ми излегле во пресрет ситнурииве, посебно ако се најде некоја 50-ка или 10-ка, за мерак.
     
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    И јас ги собирав до скоро. Имав преку 4000мкд. Бев во банка да ги сменам и ми рекоа треба да платам провизија за истото. И се пуштив на таа на шалтер. Зборувам за тутунска банка.. следната недела на друга од истста банка и викам сметки ке плаќам. Истата приказна. За влакно не зстворив се што имам со дотичната банка. Се распрашав, и другите банки исто наплаќаат провизија. Среќа имам познаници во друга банка па ги сменив. И веќе не ги собирам.
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Првпат слушам дека бараат провизија во банка (facepalm) :fubar:
    Туку продолжи да си собираш, а кога ќе треба да ги укрупниш оди во некоја продавница одма ќе ти ги укрупнат, тие тоа чекаат некој да им однесе ситни пари. ;)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    Жива глупост ова банкиве.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Претходно мразев кога ќе ми вратеа железни парички, а сега се радувам кога ќе ми вратам во продавница хаха ги собирав во шишенце од изворска скоро полно ми е :cash::rock::D
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.466
    Напрајте им финта, кажете им дека сакате да ги уплатите на трансакциска и тогаш мора да ви ги примат без да ви наплатат никаква провизија. И после, одете и од банкомат извадете ги. :)
     
  19. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    А не може така. само ако ги ставиш на штедна можело.
    Јас парче се направив на шалтер - нели се ова пари. Друг пат кусур ко ке ми даваш во железни да ми пресметаш провизија. Ужас. А во банката живо пиле немаше сабајле во сабота.
     
  20. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    @kukla21 друг пат оди во менувачница, не наплаќаат провизија или во некое тобако/маркет како што кажа @cresa-jagoda :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.