1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Запознавање и љубов преку интернет

Дискусија во 'Врски' започната од LAVICA81, 16 јануари 2010.

  1. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Јас мојот дечко исто така го запознав на интернет. Тогаш кога беше во мода Пријатели јас си барав личности и да се од мојот град. Го видов него му пишав порака да ми даде скајп се допишувавме дење -ноќе буквално , татко ми одеше на работа а јас тогаш си легнував :D бевме како брат и сестра , тој ме викаше сис. а јас него бро. :D Подоцна работите се сменија јас почнав да чувствувам нешто кон него а и тој кон мене, па така закажавме средба :inlove: . Кога го видов бев збунета мислев дека не е човек за мене , што е нај трагично мислев дека е некој наркоман (детето алергија имало баш тогаш) :lol: . и ајде бидна работата , и сега можам да кажам дека имаме една прекрасна врска која трае 2 години и 3 месеци :inlove:
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мојот прв контакт со мм се оствари благодарение на тогашниот моментално популарен топ.мк
    Никогаш нема да зажалам пто се зачленив и што си го запознав моето злато таму :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  3. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Мислам дека веќе оваа работа стана нормална, и не е повеќе "мода". :)
    Доста време поминуваме на интернет, па не е ни чудно што повеќето се запознале некој преку интернет, и притоа прераснало во љубов, врска, брак...
    За некое време чудно ќе биде поинакво запознавање, она олд скул.... |(
    Немам ништо против запознавање на интернет, сум се запознавала и јас, али почнува да ми недостига старото запознавање по дискотеки, по другарки итн... :D
     
    На SparkyAngel, crazylady и Night.Star им се допаѓа ова.
  4. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Мислам дека во денешно време има многу врски, па и бракови каде што партнерите се запознале преку интернет и сега совршено функционираат заедно. Сепак мислам дека треба да се внимава, бидејќи не значи дека секогаш е се така во реалноста како и на интернет. Затоа и пред да се запознаете и дознаете нешто повеќе еден за друг и не мора да се оптеретувате со таа личност. А понатаму како и за секоја обична врска и за овие врски се потребни истите работи за да опстојуваат: љубов, разбирање, почит, доверба :). Значи откако ќе се впуштите во врска, веќе нема никава разлика од тоа дали сте се запознале во дискотека или на нет :)
     
  5. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.743
    Допаѓања:
    8.756
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум мислела дека лјубовта на мојот живот ке ја најдам преку интернет... :D пуста досада си седам пред компијутер си бирам во контакти онака спонтано и онака после некој ден тој прв ми пишува и почнуваме разговор и онака најобично од каде си што како...на почетокот тој пише мене ме нема , па јас пишам него го нема, после некоја недела почнавме по пола саат да разговараме после се повеке и повеке разговаравме времето неосетно ми минеше, и кога да се освестам јас прво станување од кревет го барам него на скајп си велам што ми е мене не е можно да имаш чуства спрема некој со кој само разговараш и си го видела на слика :$ .си велам може ми глуме лудило дека е нежен и културен,нема на тоа да паднам ама јоооок срце не ми дава да престанам да мислам на него, разменивме и тел броеви и после 3 месеци тој дојде во мојот град пошто тој е од друг град, да се видиме, дојде со голем букет рози и гоолемо мече :inlove: , кога го видов незнам како се изнагушкавме како да се знаеме 100 год, се качивме во такси се гледавме и држевме за рака...неможев да поверувам па јас го сакам :inlove: тогаш ми стана јасно :D , конечно и јас да се залјубам, првите три месеца доагаше по 2,3 дена преку една недела седеше во хотел, и бидејки сакавме да сме нон стоп заедно, после 3 месеци дојде да живее овде под стан...и така јас сум си со него 3 години едноставно го сакам, обожавам тој е најубавото нешто што ми се има случено во мојот живот, едноставно ме освои со својата добрина, нежност, харизма,топлината, разбирањето, лјубовта ...епа дечки NEVER SAY NEVER :inlove: :inlove: :inlove:
     
  6. nate1993

    nate1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    za zal nasata vrska zavrsi tragicno i se razdelivme veke 7 meseci kako ne sme zaedno toj e veke i veren so druga
     
  7. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Не секогаш ваквите интернет комуникации завршуваат среќно и ги исполнуваат нашите барања и очекувања за совршенство. Моето лично искуство и не е нешто специфично, бидејќи во принцип повеќе сум по тет а тет средби. Кога излезе мирцот му се нафрливме со другарките (во тоа време бевме луди тинејџерки) и запознавме многу момци кои доаѓаа во мојот град петок или сабота навечер па со другарките ги демневме прво од страна па ако ни изгледаа некако во ред им се кажувавме ако не се правевме наудрени :) Ништо поромантично не ми се случи ниту мене ниту на некоја моја блиска другарка освен пријателски средби кои некако не се погодија баш достојни за да се роди некоја љубов. Лоша среќа, можеби :) Затоа и во текот на моето созревање, во студентските денови имаше многу средби и романтични афери но никако пред комјутер туку се изнаоѓаа сите агли на градот и тоа беше убаво време. Времињата набрзо се сменија и компјутерите почнаа да земаат голем замав во нашите животи и сакаш-нејќеш мораш да живееш со тоа. Но отсекогаш не сум придавала значење на скајп, интернетот го сакам да читам нешто а типкањето на тастатура не може да ме задржи пред компјутер ни 10 мин. Но се случи еднашка спонтано да запознам едно момче од Грција со кое секојдневно и до доцна во ноќта правевме муабети и толку добро се разбиравме, просто како со никој досега. А се мислев дека имам големо искуство во комуникација со мажи но излезе дека сепак има уште посебни видови за истражување. Можам да напишам цела книга за нашите шепотења по телефон, музика на увце, раскажување делови од нашиот живот - концерти, театарски претстави. Почна дури и да не плаши и двајцата таа психичка поврзаност како секој од нас да го живеел животот на другиот. Да не должам многу, оставам на вашата фантазија. И кога конечно се наближи времето за нашата средба, кога мојата виза беше во процедура почна да ми се губи, да ми кука дека лош период го зафатило и дека не сака јас да го видам во таква положба. Е тоа ти е грчки педер :) За среќа, мојот бивш дечко беше таму некаде па фатив воз и ми се случи прекрасна авантура уште во возот, заемни симпатии и искри се родија со едно момче од Литванија но за жал одевме во различни правци и тој ме убедуваше да застанам во Солун и да продолжам со него на журка но мене бившиот требаше да ме чека на станица во Атина и имав други планови. Прекрасно време поминав таму, ете од лошо искуство се роди една прекрасна авантура која никогаш нема да ја заборавам. Визата секако требаше да се искористи :D
     
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Се сложувам, сега интернетот стана најнормален, а за многумина и единствен начин за запознавање.
    Но женски пазете, друго е кога некој ви пишува од дома, удобно сместен пред компјутерот, скриен, ослободен во пишувањето, а друго е кога ќе направите муабет во живо.
    Лично, јас сум запознала само пријатели преку интернет, и сме пишувале како први другари да сме, ама во живо кога почнавме да се гледаме видов дека се многу поинакви, и не биле толкави јаки фаци како што се правеле пред компјутер. ;)
     
    На nate1993 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Е овака јас од досада се зачленив на некој страници за флерт,врски, комуникација и 300 глупости сакав да видам како е тоа ... мада мислам дека на тие страници сите мислат на sex, ама секако јас си одам таму со друга намера да си запознаам некој онака да си се допишувам само ....Е сеа шо мислите вие за тоа, можно ли е да се оствари некој однос .. еве јас веке 2 недели се допишувам со еден дечко си разменивме скајп, фејсбук и си се слушаме си се гледаме.... ама шо знам, он ми се свиѓа овака физички лично уште не сум го запознала но тој сака да се запознаеме, ми кажа му се свиѓам и јас него, супер сум ова она..Мене ми се чини нормален дека е, секако му кажав дека ако се запознаеме да не очекува sex или нешто друго пошто не сум ја таква, и он вика ОК. Ама шо знам има ли некој некои искуства со запознавањата преку интернет??? Можно ли е од тоа нешто сериозно да излезе?? прашувам затоа што јас оваквото запознавање го сметам за неозбилно и кратко .. ?
    фала однапред
     
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Запознавање преку интернет .. ???

    Знам парови и парови кои се запознаа на времето кога постоеше само мирц. Немаше фб. Створија и фамилија де. Така што... да ти речам, сликава кај мене е многу убава, ќе ми веруваш ли без да ја видиш со свои очи?!
    Машко на состанок не оди со мисла, оваа сега ќе биде мојата совршена половина... ма, има да се изнаодиме 10 години! не! За цел живот и точка!
    Може, а и не мора да мисли на тоа: ах, што секс ќе падне по состаноков! Али, ако воопшто нешто размислува, планира.. посигурно е таа варијанта да мисли на секс, него дека тргнал со намера да има сериозна врска. Али не значи дека е лош, не го бива за дечко и што ти знам филмови правење. Ќе излезете, ќе се видите... ако има хемија меѓу вас - супер. Ако не, никому ништо - секој по дома и на нови состаноци :D со други људи.
    Не зависи од тоа каде и како сте се запознале (верувај и нему не ќе му е нешто битно “како-каде“, ако вистински има некоја шанса за нешто да се развие меѓу вас).
    А и, не е договор за купо-продажба состанокот па да си се спогодите за условите, се со ред. Излези спонтано, види, чуј, осети... ризикувај. Ако не ти мириса на арно, замини си со неарно потоа и тоа е. ]:)
     
  11. female.3

    female.3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    37
    Запознавање преку интернет .. ???

    е да.. ке видиме ајде па што ке биде тоа ... не знам никогаш не сум ги сакала тие состаноци кои што се договорени преку интернет, затоа шо не знам уствари ни со кој излегувам, ни каков е ни што е но ајде ке пробам и тоа еднаш да видам како е... повеке сакам кога спонтано се сретнувам со некој отколку овака но ке видиме... Фала ти :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Според мене, доволно е да се има барем еден заеднички пријател, што ја знае личноста со која треба да се запознаете, чисто онака да си бидете на посигурно, дека не е некој што ќе ви направи нешто непосакувано |(
    Како и да е, јас и дечко ми се запознавме на една интернет страна, муабети ова она, излеговме и еве до кај дојдовме сега, една ипол година сме заедно и преубаво ни е :$ :)
     
  13. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Користи ли некои страните за запознавање преку интернет, како на пример http://www.ergeni.com.mk/ ??
    Има ли и некои други, јас на оваа се регистрирав но некако слабо ми иде, да пробам со некоја друга страна?
     
  14. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Јас знам многу парови што се запознале преку интернет (еден случај и девојката беше од кај нас а дечкото од Србија се запознаа преку интернет па и се венчаа пред неколку години а сега имаат и 2 дечиња) ама кога станува збор за мене многу ми е чудно да не речам глупо да се заљубам во некој преку интернет. Всушност пред 2 години пишев со еден дечко од Скопје на msn 3 месеци секоја вечер по незнам колку часови па си разменивме и броеви.. На почетокот пишевме само другарски муабет тој ми кажуваше колку го повредила некоја бивша и такви муабети но после 2 месеци почна да ми пише и љубовни пораки и да ми кажува колку ме сака а знаеше и да се јави да се слушнеме преку тел. Од мене има видено само една слика онака само фацата и ништо повеќе а и јас исто од него и поради тоа мене не ми беше верно тоа што ми го повторуваше нонстоп. Добро знам дека изгледот на некој и воопшто не му значи ама сепак чудно ми беше. После 1 месец решив да ги прекинам сите контакти со него сфатив дека ако продолжам да пишам можеби и ке се заљубам зашто карактерно беше супер детето. На него ништо не му кажав можеби беше глупо од моја страна ама тогаш мислев дека така е правилно. Тој продолжи да ми титка да ми пише пораки и да ми ѕвоне ама јас едноставно го игнорирав. Многу ме изненади кога таа Нова Година одма после 12 часот тој беше првиот што ми пиша порака за да ми ја честита новата година. Нормално и јас му вратив на пораката но од утредента пак истата прикаска ни му враќав кога тој ми титкаше ни пак се јавував кога ми ѕвонеше. После некое време престана да ѕвоне туку само титкаше. Од тогаш немам контактирано со него а тој и до ден денес знае понелпгаш да титне. Незнам дали сум постапила правилно ама тоа е било поминало и не би сакала да се врати. :)
     
  15. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека има шанси вие да сте во врска, да сте заедно и слично (секако ако ти се допаѓа и се друго е во ред) тогаш не гледам причина зашто сама би си ставила пречка на нешто што понатаму,МОЖЕБИ, би можело да израсне во нешто поголемо :) Ако ги имаш сите тие услови да се гледате така често, колку да може да ја одржите врската, тогаш не гледам некоја причина за да прекинеш контакт со него :) Ова беше само мое мислење, а ти постапи како што мислиш дека е подобро. :) Среќно :*
     
  16. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    МММММММММ интересна тема :D Баш јас вака се запонав со дечко ми, :lol: незнам ни јас самата која храброст ја имав да се видам со некој кој само на фб го знам, ноо онака симпатичен ми беше а и една моја другарка го знаеше, и ми кажа фин дечко демек бил :lol: И јас ајде да се запознаеме, се запознавме и она како :o кога ќе биде втора средба ....... :^)

    А инаку има доста вакви случаеви каде што преку интернет ќе се роди една голема љубов, една моја другарка се запозна преку фб со еден дечко од Италија и премногу се затреска во него, интересно беше на никој не му се веруваше, го немаше ни видено а статус ВО ВРСКА...Почна полека да се повлекува да не излегува постојано со него на скајп, се запиша и на курс италијански а и дечкото знаеше англиски па така некако се разбираа, си заврши таа средно и за година време замина да живее со него во Италија. Но за мене тие случаеви се ногу ретки затоа што од искуство и не верувам многу на луѓето, особено на машките. Така да едно напишано ТЕ САКАМ на интернет не би ми значило ништо додека во живо се тоа не се докаже, друго е кога ќе седнеш пред некој да видиш како се однесува, како зборува, начинот на кој се изразува се тоа може да се прекрие или изглуми за некоја минута помината пред интернет мрежата.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Се е можно. Посебно во ера на технологија и интернет луѓето се повеќе се среќаваат на овој начин. Луѓе, бизнисите веќе функционираат преку интернет ... пријателства се склопуваат, договори ... итн. Знам многумина кои се запознале вака и завршиле во брак поубаво дури и од оние кои години еден до друг биле. Има и негативни и позитивни страни. Али верувате од немање време на запад луѓе се запознаваат вака и што?? Преварантите се секаде, дали пред компјутер или надвор на улица, кафиќ, што и да е. Зависно среќата ваша како ќе ве послужи. Немојте да сте скептици ... иднината ни носи само ваков начин на комуникација. Ќе се запознаете па ако осетите дека нешто може да има плус тогаш договор и средба па што ќе биде, биде. И вие нели сте пред компјутер ... а фини, искрени и реални. Е па тогаш и од др страна е некој таков. Затоа дајте шанса ако мислите дека треба.
     
    На marama и nena2010 им се допаѓа ова.
  18. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми се запознавме на фб поточно го имав забележано во град и едвај го најдов на фб го аднав и тој ме прифати а јас пак никогаш немав навика така да правам и викам ај да сменам и му идам like на слика и се враќам од училиште гледам во известувања like од него почнавме да се poke па си муабетевме на chat и skype се запознавме и се заљубивме тоа беше пред госина ипол и уште сме заедно
     
  19. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Оуу не, нененене!

    Баш вчера се запознав со еден кој само преку интернет сум го знаела. Сум видела многу слики и се тоа, ама живо-dafuq?! :^)

    И си ветив-No more !
     
  20. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    И ние си се запознавме на интернет, се надевам дека ќе имаме убава приказна :wasntme: :wasntme:
    Хепи едн :rofl: :rofl: