Затворање на стационарот Вардариште

Дискусија во 'Дом' започната од mil4ence, 19 ноември 2012.

  1. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    161
    Мислам дека нема ваква тема отворено,но ако има заклучете ја. ;)
    И да не бегам off topik,на You Tube видов едно видео кое што многу ми падна жал http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... dGJyqf2l8A

    Во стрционаов кчињата се усмртуваат 30 дена по доаѓањето а 30 дена по законот е минимум!! :envy:
    НЕ им даваат доволно храна и вода па побрзо умираат. ;(
    НЕМА греење и во зимите, кучињата од вардариште измрзнуваат. :swear: :swear: :swear:
    Кучките со кутриња се породуваат таму и не успеваат да ги заштитат малите од студот. :( ;(
    Во стационарот има САМО ЕДЕН ВЕТЕРИНАР КОЈ НЕМОЖЕ ДА ГИ ИЗЛЕЧИ СИТЕ БОЛНИ КУЧИЊА :x

    Затоа ВДОМИ НЕ КУПУВАЈ ,спаси живот за да ти даде љубов.
     
    На anuskaNESTLE, LOmikol, Dala и 3 други им се допаѓа ова.
  2. EleMental

    EleMental Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.191
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Јас сум го посетил Вардариште и можам да потврдам се што напиша погоре.

    Мали кутриња, спијат на студен бетон, во сопствената мочка, преплашени и гладни. Додуша ни големо, ни мало таму не си поминува лесно, благо кажано.

    И тој еден ветеринар што го ставиле не се замара со кучињата со третмани, туку е таму колку заради законските прописи, дека треба да има ветеринарно лице во такви конц. логори.

    Чиниите што се за храна се црни и нечисти, и најчесто празни. Има и многу нерасчистени случаеви со масовни погубувања и фрлање на телата во локалната депонија. Луѓево не се обврзани да даваат отчет на никој. Државата е јасно зад нив.

    Да, дефинитивно за љубителите на кучиња, вдомете кутре, и тоа е живо битие што ќе ве сака со се што има во себе.
     
    На mil4ence, BoaVista и Ella.313 им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.831
    Допаѓања:
    8.013
    Пол:
    Женски
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Подобро да го затворат, кога и онака не се грижат за кучињата, незнам што воопшто и истиот постои.Јас незнам каква душа имаат за да ги усмртуваат.Со која душа го прават тоа, без свест? И незнам од каде им е тоа право да ги усмртуваат?Не можам да разберам, па ако веќе незнаат да ги чуваат или не ги сакаат, подобро нека ги вдомат, ама нека не им нанесуваат зло.Зарем ако се улични не треба да постојат? :fubar: |( Најдобро нека го затворат стационарот и онака нема фајде од истиот.
    Не сум била во стационарот, немам срце да отидам, душа ме боли, ко ќе видам како некој ги повредува.
     
    На mil4ence, LOmikol, Inhume и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dala

    Dala Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    1.865
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Навистина,кучето НЕмора да биде раса,аман!И,да подобро нека го затворат отколку вака,да ги усмртуваат бе!|( Е ај нив да ги умртат во рок од трирсет дена,ненормални будали :fubar:
     
    На mil4ence и LOmikol им се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    4.685
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Не знам каков е стационарот, ама каде на друго место има во Македонија да се затвори/чува куче бездомник и да му се даде шанса за вдомување? Има или нема? И во ред е тоа, не во ред, туку најлогично е да се буди свеста на народот дека не мора да земе само мало кутре или да го купи со врвно педигре, оти секое куче е способно да му ја даде на новиот стопан својата љубов. Ама од каде ќе оди човек да го избере тоа постаро куче? Нема сам да го брка и лови на улица па да си го во води дома.
    Љубител сум на кучиња, и не само на кучиња, за секоја животина ми е криво, за див гулаб сум се дигнала саат возење во еден правец да го однесам во специјална болница за дивина, дома чувам куче и јасно ми е како ден дека има поголема душа во него од некои луѓе. Месечно донирам во организации кои згрижуваат и вдомуваат несакани миленици, одземени од луѓе што се изживувале на нив и скитници секако. Ама никако не можам да се согласам да биде дозволено кучиња без газди да скитаат по град каде стигнат, без да се заловат. Сега во Македонија ако единствена опција за овие е дотичниот стационар, тогаш таа е, немате друга. Или има, пак да прашам? Многу краток рок на чување и не знам колку изводливо е за толку кратко време да се најде нов и проверен дом, ама ако 30 дена е рокот да се чуваат за некој да ги побара и избере, во спротивно успивање за да се отстапи место за новите станари кои доаѓаат дневно да си ги добијат нивните 30 дена шанса, тогаш и ќе се успиваат, тоа е. Да се затвори стационарот и да се пуштаат да дивеат назад на улица?
     
  6. EleMental

    EleMental Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.191
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Програмата поради која беше отворен стационарот беше ЗАЛОВИ СТЕРИЛИЗИРАЈ ВРАТИ, но тие не ги стерилизираат сите што ќе ги уловат, има и масовни погубувања, а тие што ги заловиле и стерилизирале никогаш не ги враќаат таму каде што биле фатени, туку каде ќе им текне.
    Тука има проблем бидејќи кучињата се територијални и кога ќе почнат да го бранат своето парче земја, и луѓето се загрозени, или барем се чувствуваат загрозено покрај лаежите.
    Човекот како централен дел во равенката тука дејствува навистина примитивно и бездушно.

    Јас бев прво или второ одделение кога практично за уши го фатив првото улично кутре, го донесов дома и се карав и им плачев на моите да го задржиме. Од тогаш скоро и не сум останал без миленик дома.

    Не мора да се ловат милениците по улица, понуди им храна, нека видат дека не си див шинтер што сака да ги стрпа во железен кафез и ќе се опуштат. Му ставаш околувратник и твој е.

    Трошоците околу ветеринарни прегледи се практично неминовни, вакцинација и останати проверки, ама барен не си дал 600 евра на ќорав пинч или некое др. позерско куче. Ти текнува?
     
    На BoaVista и AnimalLover им се допаѓа ова.
  7. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Мора да постои стационар за животните, само во нашава посрана земја има пари за споменици, нема минимални средства да се донираат на стационарот, а не се свесни колку добро на тој начин ќе го решат проблемот со бездомните кучиња и болестите поврзани со нив.

    Едно време гледав кај нас пуштаа кучиња заловени низ Центар, бидејќи ние сме на помало населено место. Сите беа со ушна маркица и мирни, факт е дека агресивните кучиња се убиени.

    Мене срцево ми се кинеше кога гледав слики од мали топчиња по 1-3 месеци како спијат на бетонче.

    Да се затворни не е решение, мора да постои место за уличните кучиња, но и мора некако да доаѓаат донации до самиот стационар не до здруженијава за заштита на миленици. Кога гледам на анимал планет како фунционираат на запад, дури и психолози за кучињата имаат со посебна програма па одредуваат според катактерот на кој вид фамилија да се подари.
    Ама кај нас колку и да се бориш да го смениш тоа секогаш ќе те прават будала, зошто имало луѓе скитници и на нив требало да им се помогне прво...само што луѓето се сами криви за својата пололжба во која се наоѓаат, за разлика од кучињава што ни малце не се криви што се скитничиња затоа што некој бездушник решил за чува женка а после малите да ги остави по контињери.
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    4.685
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Фати, стерилизирај и врати не решава проблем на бездомно куче. Ниту пак за секое ќе се најде човек да го земе директно од улица. За мене не е прифатливо куче без газда да скита по град, без разлика дали е кастрирано или не за тоа како што рече и ти EleMental, дека луѓето се загрозени или барем се чувствуваат загрозени.
     
  9. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    161
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Најдов еден текст од Анима мунди.(Тоа е група на љубители на животни кои сакаат да се затвори стационарот Вардариште.).Еве ги нивните барања кои што не се исполнети накои јас ги напишав горе:
    1. Кучињата се усмртуваат произволно, т.е не се држат во стационарот 30 дена, како што е пропишан минимален временски период потребен за исцрпување за можноста за вдомување. Истото е проверливо во евиденцијата на животните, а воедно голем број граѓани вклучувајќи не и нас сведочат дека кучињата во најголем дел по вдомувањето исчезнуваат преку ноќ;

    2. Освен што се континуирано изложени на грубо постапување, страв, болка, неудобност, стационарот нема никакви услови да работи во зима.Тој во ниту еден случај не ги исполнува стандардите за хуман третман на кучињата (кои треба и постоперативно да престојуваат во истиот), кога не постои систем на загревање на истиот, а температурата во оваа сезона се симнува и под – 10 степени целзиусеви. Потенцираме – тие кучиња се оневозможени да се движат и природно да се загреваат, а таквите температури можат да бидат смртоносни за животните, особено што истите подложат на оперативен третман. Лежат на мокро и замрзнато и умираат во измачување. Изложување на животни на такви температури, представува измачување и кршење на Законот за заштита и благосостојба, како и кршење на Кривичниот Закон (член 233, став 2). Условите кои се неопходни за хуман престој и третман на животните дефинирани се во Правилникот , во Член 2 – Технички услови како и во Член 3 -Простории во прифатилиште. Тие членови, како и сите понатамошни членови прецизирани во Правилникот се кршат во повеќе одредби (на Ваше барање ќе ви ги разработиме поединечно, според Европска стандардизација што претставува измачување на животни):

    3. Немаат соодветна вода за пиење, здравствената исправност не е испитана,

    4. Лежат константно во влажни или дословно мокри -замрзнати боксови,

    5. Нема дневна светлина, заштита од временските промени – а кучињата би требале да престојуваат и до 30 дена,

    6. Нема ладилник за лешови,

    7. Видно се изггладнети и преслаби животните кои подолго престојуваат,

    8. Севкупно се изложени на неудобност и мачење, зошто и само премрзнување е долготрајно измачување,

    9. Температурата паѓа и до – 10 степени целзиусеви, животните се оневозможени да се засолнат, стоплат или го изразат своето нормално однесување.

    10. Нема 24 часовен дежурен ветеринарен надзор,

    11. Персоналот е груб, несоодветен, ако се обучени, обучени се само неколкумина – со Правилникот е востановено дека теебаат сите,

    12. Просториите не се адекватни ниту за престој, ниту за карантин, ниту за посоперативна нега

    13. Ладилник за собирање лешеви нема, што е пропишано со Правилникот,

    14. Ветеринарната амбуланта во склоп на стационарот не е регистрирана во согласност со прописите за ветеринарно здравство,

    15. На боксовите каде се држат животните нема листа со податоци за секое куче поединечно, според прописите востановени со Правилникот – недостиг на листата посочува можност за импровизирање и неспроведување на Програмата, што ние го тврдиме со години.

    16. Нема простори адекватни за прием на болни животни, како што е пропишано – таквите се изложени на непотребо измачување

    17. Временските услови, екстремните температури влијаат на висока смртност, болести (огромна стапка на пневмонии) и долготрајно измачување.

    18. Не се води соодветна евиденција, пропишана со Член 9

    19. Не се запазуваат Препишаните постапки за еутаназија ......
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.182
    Допаѓања:
    5.374
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Не само да се затвори, туку и кривично да се гонат гнасите што стојат зад него, гнасите кои со лопати усмртуваат кутриња и гнасата што се претставува како „татко“ на градов!

    И улична судбина е подобра од судбината во Вардариште, не за џабе не пуштаат да се снима во деловите кај што ги држат кучињата. И камен срце да имаш ќе ти заплаче кога ќе видиш такви грозотии.

    И јас сум за вдомување на мешанче, лично чував едно три години, пред гнасите да ми ја отрујат.

    Одамна им е објавена војна на уличните животинки, само си тонеме во апатија, одминуваме се што моли за помош. Гнасно...
     
    На mil4ence, Edie.S, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EleMental

    EleMental Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.191
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    @ Imelda

    Традиционално гледано, на куче без гениталии му е потешко да се размножува, ахам да.

    Оваа програма, доколку е спроведена како што треба ќе ги оневозможи уличните животни да се множат, со што ќе се спасуваат илјадници животи да не завршат пред време под нечии тркала, од тепање и труење.

    Плус, кастрирано/стерилизирано животно нема да биде толку агресивно за време на периодот на парење затоа штттоооооо....точноо, нема гениталии, а со тоа ни нагони веќе.

    Нема да бидат ни толку територијални, а тоа директ влијае на бројот на конфликти меѓу нив со што и средините во кои што ќе гладуваат и мизеруваат ќе бидат помирни.

    Човечкиот фактор тука, како страната која треба да биде разумна и цивилизирана се однесува како најголем дивјак.

    И оваа програма не сме ја измислиле ние Македонците, оваа програма е успешно применувана во многу европски земји, ни само ја копиравме, а имплементацијата е хорор филм кој многумина од нас го знаат веќе.

    Ова е решението за уличните животни, доколку некој во владата се заинтересира вистински да го реши проблемот и престанат да вработуваат бивши затвореници и да им даваат одврзани раце.
     
    На Saya му/ѝ се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    4.685
    Затварање на Стационарот Вардариште.За или Против

    Може јас сум наивна оти не гледам скитници во моја околина, да чекаат некој да им фрли парче леб или да ги тепа со лопата или да ги трови, па не сум баш убедена во таа програма фати серилизирај и пушти на улица.

    Еве овие фатените скитници нема да се множат, ама сите што имаат миленик дома не е стерилизиран, и имаат кутриња, даваат на народ, да си ги чуваат и сакаат и повеќето тоа го прават, ама има на некои им станат доса дни, пораснат и не им се веќе слатки мали кутриња, и ги оставаат сами да си берат гајле. Без соодветно место за привремено згрижување секогаш ќе има скитници на улица.
    Проблемот како што гледам во стационарот не е стационарот туку на одговорните што го водат. Еве, најосновно, што му фали е вистински љубители на животни да работат таму, парно и ладилник за лешеви, храна, ќебиња и доброволци. Јасно, на владата не и е на точка за расправа работава и прави или дава многу малку финансии. Ваквите центри во западна Европа добиваат нешто од владата финансии но во главно зависат од добрата волја на народот кој донира пари, кои одат за плаќање ветеринарни сметки и храна, донира храна и ќебиња, волонтира во самите центри со хранење, чистење, галење, шетање и тренирање, ветеринари на обука помагаат за искуство и затоа што сакаат да помогнат.

    Во овие центри не се успива здраво куче и тоа го тврдам со факт, оти сум била волонтер за локален центар на RSPCA, ако никој не го избере во еден центар во рок од 6 месеци се преместува во центар на друг град каде има место. Отворени се секој ден за народ да дојде да ги гледа и да си избере едно, и не се даваат туку така, донација за центарот од сто фунти како прво, и задолжителен микрочип на товар од новиот газда, па новиот дом се проверува дали е адекватен, газдите ако се цел ден на работа мораат да вработат шетач, па се врши проверка првиот месец, кучето се враќа во центарот ако новите газди не знаат да го чуваат убаво. Овие проверки ги прават волонтери на центарот во слободно време, пред да одат на работа, после работа, за викенд итн.

    И сега нели е прашање, ако Македонија веќе копира систем за грижа на бездомни кучиња, оти не се копира овој?
     
    На icegirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    ^ Оти на волот Коце не му се даваат пари, оти целиот стационар може да се среди само од една нога на нашиве херои на плоштад. Морее како би ги затворила "татково" наш и бившите затвореници во еден од кафезите, сите заедно, и ќе идам секој ден до таму само да ги гледам како гнијат, без око да ми трепне!

    Да се вратиме во реалноста.. Не, нека не се затвара. Само нека се избркаат или нека се фрлат во депонија гнасите што работат таму и нека се вработат луѓе од Анима Мунди и сл.организации, вистински љубители на животните.
    И ветеринар имам да им предложам :!:
    За доброволци за храна, пари и ќебиња не се сомневам дека ќе има. Јас сум еден од нив и еве јавно кажувам дека би одела секој ден, носејќи храна и еднаш месечно одредена сума пари.

    Многу ама многу се нервирам за случајов. Душава ми се кине коа ќе видам колку сме назад од светов. Колку малограѓанштинава наша незнае да цени животно.
    Јас имам живеено во Италија и не сте свесни како се третира кучето таму! Еве ви најпрост пример: Две фамилии се заинтересирани за еден стан и предност добива тој што има куче. А кај нас, од зграда те бркаат ако го имаш дома истото.

    Се молам само да го дочекам тој ден, кога кон уличните животинчиња ќе се постапува како на запад или како во RSPCA, на оној начин што го опишала Имелда и на кој секојдневно му се восхитувам гледајќи АнималПланет.
     
    На LOmikol и imelda им се допаѓа ова.
  14. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    161


    1.Тие мали кутриња се или вдомени или најдени од некој човек или се родиле во тполо домче заедно со мајката.
    2.Ако ги остават и тие кучиња ќе бидат серилизирани/кастрирани.
    3.Со тек на време секое уче старее и умира но тие што се на улица,сами и ненехранети умираат од 2 или 3 год до 6 или 7 год.
    4.Им препоречувам на сите љубители на кучиња кои имаат расно куче да не се тревожат поради тоа што се шетаат на улица сами зашто тие се најмилите и најдобрите кучиња на светот.
    5.Уличните кучиња се ВИСТИНСКИ кучиња за разлика од тие расните и разгалени кучиња.
    6.Не велам дека нетреба да купувате расни кучиња но јас од мое искуство го велам ова по срмтта на моето расно куче земам кутре од вардариште па може и возрасно ќе земам.
     
    На LOmikol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    312
    Замислете,ова сонценце да убиено,а? ;(
    [​IMG]
    [​IMG]
    Колу мили очиња имаат...се расплакав.. ;(
     
    На mil4ence и LOmikol им се допаѓа ова.
  16. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    161
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    2.278
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Јас би сакала да вдомам едно од овие, но неможам... ;(
    Ако земам нема да знам колкаво ќе порасне, какво крзно ќе има, дали ќе се митари многу...
    Ако земам ќе нанесам лошо и на кучето и на мене.
     

Сподели ја оваа страница