Здраво, да не има некој инфо за некоја промоција за зачувување на матични клетки и кои фирми да ги следам? Фала Ви
Феминки јас и сопругот размислуваме дали да зачуваме матични клетки, па ако некоја има повеќе инфо нека пише. 1. Ако недај Боже треба да се искористат матичните клетки во кои земји лечат? Дали е легално и дозволено лечење со матични клетки или сеуште се истражува? 2.Како што читав на интернет не е се така розево. Пишува дека ако недај боже му се случи нешто на детето неможе во секоја ситуација да се искористат матичните клетки бидејќи и тие самите ја носат во себе истата генетеска мутација. Тоа значи дека тие матични клетки повеќе би одговарале на некоја друга личност за лечење. Ако ова е вистина, тогаш кои работи се лечат со матични клетки? На интернет статистика има дека реално 0.04% посто е вреојатноста дека некогаш ќе затребаат тие клетки и дека повеќе такви фирми се маркетинг и правење пари.
Некоја да сподели од неодамна што имаат зачувано матични клетки? За каде се решивте и која е цената? Или да споделат искуства и од поодамна.