Зајачко месо рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од PParaskeva, 2 март 2011.

  1. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    215
    Месото од зајак секаде во светот е високо ценето ( освем овде во Македонија каде шо сеуште поедници веруваат дека може да се спари мачор со зајчица :rofl: )
    Вредноста на ова месо је многу голема, корисноста исто така .......... Ова месо се препорачува во исхраната на секој човек. Највише кај спортисти , хронично болни луге кои несмеат да јадат друго месо, кај мали деца, трудници. Богато со витамини и минерали , препорачливо и лица кој имаат проблем со коските пошто содржи високо ниво на калциум.

    Еве една рецепта од мене ја често сакам да си спремам зајче и го правам вака :

    Потребно е:
    Еден зајак
    150-200 гр. сува сланина
    100 гр. кромид
    100 гр. моркови
    1-2 дафинови листа
    100 гр. керевис
    2 лажици вински оцет
    200 гр. масло
    црн пипер
    магданос
    сол

    Подготовка:
    Најпрво правиш раствор за да ја отстраниш миризбата на диво месо - Се проврива во тенџере разен зеленчук и тоа керевис, кромид, пашканат, моркови, сите исечкани на тркалца, потоа дафинов лист, корен од магданос, црн пипер во зрно, сол, по вкус и една до две лажици вински оцет и друго по желба.

    Откако ќе проврие растворот се остава да се олади, а потоа во него се става одраниот и исчистениот зајак. Сe остава да отстои 1 ден во овој раствор, а садот треба да биде покриен.

    Пред да се динста зајакот се шпикува со сува сланина, а потоа се динста заедно со зеленчук: моркови, керевис, пашканат, кромид, 1-2 дафинови листа и малку вода. При динстањето се додава и малку путер.
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    23.162
    Леле солзи ми дојдоа...се можам да јадам како месо (добро не се,само месо од птици,мисиркино и пилешко,другите не ми ги сака душава,а и желудникот),ама месо од зајак?!Никогаш!
    Колку сака нека е здраво и ЦЕНЕТО у свет...кога ќе помислам на тоа мало бушаво опавче,тие убави,слатки ушиња,тоа плашливо срценце...не,не,не...мене јадете ме ако сакате,него не би го јадела!
     
    На fuel, kate21, white.kitten и 9 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    3.711
    Допаѓања:
    20.487
    Пол:
    Женски
    Лилит бе, ме насмеа :lol:
    Порано кога беше дозволен лов на зајаци, дедо ловеше во шумата. Мама зајакот го правеше со каша и мене ми беше така најубав, на друг начин не. Зајак не сум јадела со години за жал.

    Најверојтно знаете како се прави каша, па глупо би било да објаснувам.
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.500
    А морковиве треба зајаков прво да ги изеде или...? :?:

    Се шалам, коментирајте си понатака, ама јас рецептов ко да не сум го видела. Едно време чував едно зајче мутаво, големо, со ушиња кои му се влечеа по паркетот - и такво мутле дебело, слатко да го јадам ли?! Па жал ми е и мене :(

    Се слагам со Лилит, па сега може да направи она - сам себе го избришал а и мене ако сакал.

    Јас зајчиња не јадам! Ни Багс Бани не го јадам.

    Duck season, rabbit season, ehmm what's up Doc? :)
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    1.479
    Уф див зајак леле обожавам и тоа направен на цветиниколски начин :) со сосче печено со кромидче, моркови брокулка уф уф убавини
     
    На PParaskeva и ciribiribela им се допаѓа ова.
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    570
    Свекор ми е ловец , свекрва ми знае совршено да подготви зајак. Прво го вари цела вечер во мирудии, става оцет,ловорови лисја,магдонос,лук , кромид. После го става во тава за печење,сечка моркови на тркалца и додава претходно испржен кромид. Му полева малку вода и бело вино, го затвора со капак и го става да се пече 1 час. После џабе колку да кажувам, вкусот нема да ви го доловам :)
     
    На PParaskeva му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vidoe

    vidoe Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    ако сакате да приготвите див зајак,прво треба добро да се свари за да може месото да биде меко и вкусно,по овој процес се зачинува може да се пече во рерна,исто така може и под вршник,и најдобриот начин зачинетиот зајак се мота во фолија се премачкува со дебел слој кал се копа една дупка отприлика 30 цм се става жар во дупката потоа се става замотаниот зајак па се става пак жар се покрива сето тоа со земја се чека 4 до 5 часа,ова е толку вкусно сто почесто ке го применувате.
    јас имам печено под врсник и во кал и двете се вкусни,на овие начини се приготвува и пиле ,јагне...
     
  8. vendiii

    vendiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    2.336
    Еднаш пробав и никогаш повеќе ! :shake: :shake: :shake: Залакот ми допираше во грлово џабе .... :puke:
    Не можам и не можам ... Имав зајче милениче послатко нешто не сум видела ... Не не го јадев тоа не сум до толку :D и си мислам има многу месо не сум допрела до прекрасниве животинки едни од поомилените ...

    Змии , гуштери , крокодили , волци ,ајкули ... Да ми речеш :lol: :rofl: ова НЕ !
     
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.500
    Леле кај улетав пак во темава?! И добро, сериозно си го јадете зајчево онака со сласт или? Па не ви е жал? :(
    Ова ко Французине мрднати да ми простите, и они зајаци на тони јадат....ама добро они јадат и жаби и полжави, некоја чудна Вили Ква Ква сорта се тие.

    Патем ве поздрави буцево :sweat:

    [​IMG]
     
    На white.kitten, MacenceEna, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    690
    Добро ајде сфаќам, домашни животни кои со години и години се чуваат во заробеништво, и се користат за прехрана, ама диви животни?? Страшно луѓе, најубаво ќе биде да почнеме меѓу себе да си се јадеме, да се истребиме да заличи светов на убаво место, дур не сме го уништиле целосно. Сметајте ме за налудничава колку сакате, ама јас попрво би изела човек него диво животинче.
     
  11. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    215
    Фала за поздравите............................ од буцето примете поздрави од постариот брат на буцето
    [​IMG]
    Кога ке го поздравуваш........................... да му кажеш дека това му је неговата светла иднина :D :lol:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    4.165
    Види, бе види бе.. салата го напрајла братов, со зелка и тоа :(
    Бар на поубав начин да завршеше кутриот, а не со подварок :(
     
  13. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    215
    [​IMG] еве и со компирчиња ................. малиот ке го причекаме уште малку :lol:
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    11.517
    свашта..........
    да не бидам офф топик, не јадам зајак, и никогаш не би јадела,па ако сака нека биде највусното јадење на светот! зајак срничка јагне јаре тоа :shake: :shake:
    Tатко ми еднаш фати еден див зајак, и мајка ми нема шанса да го убиваш, и го чувавме кратко, и го пуштивме после ми се чини на водно!
    бегај бре, зајаче да јадам... никогаш
    A јас ќе ве поздравам со моите 11 зајчиња набрзо, мислам дека многу поубаво се осеќам кога си лезам со нив на кревет, и кога ме бакнуваат со јазичето по раката ;),отколку да ми биде наполнет мевот со нив, и после да ги по*ерам
     
    На Hopeful, nesa, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.500
    Абе јас чув дека и човечко месо е вкусно, нешто као пилешко :?:

    ОК, на страна тоа дека не би јадела зајче, Параскева, да ми простиш, али ова што ти е на сликите не изгледа толку здраво како што го испофали месото на почеток.
    Колку може да биде здраво месото ако ти го направиш со милион мрснотии во кое буквално се дави?

    Море ич. Дури ни примамливо не изгледа, па макар замислувала дека не е зајче.
    Си има милион други јадења на светов, некои животни не ми иде да ги јадам и крај бе. Не па да ги бркам по ливади и трчам по нив со пушка.
    Ннаааа пи пи пи моУковче! Гили гили. Абе ајде.
     
    На Hopeful, Lilit и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    215
    Богато је со витамини и минерали............ белковини,и уште многу од това а масти нема ич
    фкусно је верувај :lol:
     
  17. zhap4e

    zhap4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    1.807
    Допаѓања:
    4.165
    Ако ако пишувајте вие, можда ќе ме убедите да станам вегетаријанец :(
    И моиве дома, мајка ми и татко ми да им го спремиш ќе си го лапнат со задоволство, ама јас не можам зајче...
    Ај свинчињата и останатите животинки ги елиминирав бавно, бавно од менито. Ама пилињата ми останаа :( ретко се, ама сепак ги јадам. А, ко мала си чував едно пилче мало жуто Сељим. Порасна дури и застануваше на седмоседот да кукурика јадното, ко задавено цуцувче ко-кодакаше :( и на крај куче го лапна :worried: ;(
     
  18. Buttterfly

    Buttterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    717
    На чичко ми ловењето му е хоби, и повеќе пати има уловено диви зајаци.
    Имам пробано месо од зајак, и воопшто не ми се допаѓа. :)

    Инаку, Параскева, без навреда, ама ми заличи на садист со сликите од зајакот.
    Чинам, уште да почнеше да кажуваш како си му ја драла кожата и како си го колела со уживање.
    Во ред е тоа што ти се допаѓа тоа месо, ама не мораш да ставаш слики од печено зајче.
    Како што гледам - на повеќето не им се допаѓа да гледаат. Вклучувајќи ме и мене. :)
     
  19. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    215
    :rofl: А това од погоре сликите од буцко................................ требе ли да ми поредизвикаат каење и емоции ?
    Не го колам јас,си ги колам заклани и на крајот од краиштата, ова је кулинарско катче и нормално је да има слики од приготвени рецепти и живоптинчиња во облик на храна.
    Не је нормално во оваја тема................ да има слики кој се за во тема домашни миленици.
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    3.952
    Темата е рецепти, не ја полнете со офтопици...
    Офтопик :D Малку е лицемерно да се згрозуваме од приготвено зајаче додека уживаме во свинско, пилешко...И тие се животни, тоа што зајчево има послатка фаца не прави разлика...
    Ако некој канибал реши да ме јаде дали би ме сожалиле повеќе ако сум нашминкана оти така сум полична? :D
     
    На DAngel, marama и zhap4e им се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница