1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зимници

Дискусија во 'Рецепти' започната од sesilija, 10 септември 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Значи насловот на темата доволно зборува :)

    Нашиот народ и менталитет се такви што неможеме ако не направиме зимница.
    Иако во денешно време, во зима има речиси секакво свежо овошје или зеленчук- сепак ние си правиме зимница- да има за во зима нешто да се јаде :)

    Но тоа е наша гордост- нешто со што се фалиме пред многу народи- посебно оние од Запад.

    Инспирирана од пријатните мириси на ајвар кои се шират овие денови решив да ја отворам темата- за да споделиме овде како вие ги правите вашите омилени зимници- без разлика дали благи или солени?

    Ајде пишете некој рецепт- можеби вашиот рецепт ќе послужи некому за вкусна зимница ;)
     
    На simona.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Драга Сесија еве јас како млада домаќинка да ти одговорам на темава
    Правиме многу зимница од ајвар, до слатко од сливи,слатко од кајсии, до пеглени пипирки,
    но јас најмногу си го сакам компотот од праски ммм убавина
    Во секое големо тегло ставаш 1 исечена праска на 4 дела , можеш и на 8 ( сакаш излупена сакаш не ),
    ставаш 3 лажици шекер, ги редиш теглата во релна на 200 степени околу 1-2 часа и компотот ти е готов :D
     
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Кисели краставички

    Потребни состојки:
    2 кг. краставички
    2 л. оцет
    1 л. вода
    30 гр. шеќер
    2 главици кромид
    1 врзоп копар
    Сол
    Бел, црн и зелен бибер

    Краставичките ги миеме и ги оставаме да се исцедат, потоа со игла ги дупчиме на неколку места и ги редиме во тегли. Во теглите додаваме сечкан кромид, копар и од трите видови бибер. Во тенџере на оган ставаме да зовријат водата, оцетот, шеќерот и солтта, ако има потреба додаваме уште сол. Со зовриената течност ги прелеваме краставичките, ги затвораме и ги ставаме во рерна околу 30 минути да се издинстаат на температура од 90оС. Теглите ги чуваме во темна и сува просторија, каде што стои останатата зимница.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Којзнае од кога не превеле моите зимница. Никогаш не ни било традиција, најмногу затоа што немаме каде да ја правиме.
    Ама се сеќавам дека како мала, кога правеа еднаш-двапати, бев толку среќна што трчав на сите страни и после не можев да се дојадам ајвар :)

    Инаку еднаш гости од странство кога пробаа ајвар не можеа да веруваат колку е вкусно. И кога им кажаа како се прави се фатија за глава.
     
  5. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Мајка ми прави само слатко и лутеница, за останатото купуваме или пак ни носат роднините, но најчесто купуваме, а и тука е по некоја тегла што ќе размениме со комшиите и кога ќе видиш снабден си за цела зима. Кај мене зимото не може да пројде без ајвар и лутеница. :)
     
  6. Eugenia

    Eugenia Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ве молам пишете ми некој рецепт за џем и слатко од кајсии ако знаете :) поздрав
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    незнам да правам ама знам да ја јадам зимницата на мајками хаххахахахахахха :$ :$ :$ преубава
     
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Не си Македонец ако немаш ајвар бре :D Јас обожавам наши традиционални подготвени јадења, мезиња....зимници :$ Да јадам секако, околу подготовките скоро секогаш сум со обавези :P

    Еве еден рецепт, лесен, едноставен а многу вкусен. Не пишувам грамажи зашто појма немам колку точно треба, меѓутоа по некоја моја логика би требало кој колку милува, т.е. зависно за колку луѓе спрема.

    Потребни се домати кои претходно се лупат, се сецкаат на ситни коцкички и се пржат да се добие смеса слична на кечап. При крај на пржењето кога ќе испари сокот, не во целост секако, се зачинува со сол и се става ситно сецкан магдонос. Тоа се трга на страна и следниот чекор е пржење на пиперки, но цели.

    Откако ќе се испржат и тие се полни во тегла сосот и низ него пиперките... не сум само сигурна дали се прави нешто за конзервација, али у секој случај многу ме бендисува, њам њам :)
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Нема година а да не правиме зимница, јадам се што ќе се направи :D . Најмногу го мразам делот лупење пипер, после рацете ми корнат на пипер чинам ќе ги исечам.
    Во 7мо одд. преку фолклорниот клуб бевме за Турција и на луѓето кај што седев им однесов тегла ајвар, се испотепаа колку слатко им било, на едно јадење ја испразнија :lol: и цело време ми велеа ммм ммм.. делиш`с :!: . Имаше и Босанци со нас, ми велат тоа е наш специјалитет -мислете па дека е ваш.
     
  10. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Домакинќи ај ако знаете писете ми рецепт за компот од капини,колку лажици шеќер се става и колку треба да вријат.
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Истово и јас го правам, ама за јадење свежо, не за зимница. Во доматите кога се пред крај со крчкање ставам и лукче, на крај магдоносот. Пиперките не ги пржам, туку ги печам, па се додаваат во сосот онака цели, само излупени. И навистина е ммммммм :) А навистина ме интересира делот со конзервирањето, дали би требало уште нешто да се направи за да издржат преку зима. Ако знае некој, нека напише pls.
     
  12. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Комотно можам да си се пофалам дека ги правам најубавите модри патилиџани - зимница, кој не верува бујрум да проба :D
    5 кг. модри патлиџани ги мијам добро, не ги лупам, ги сечам на кругови.
    После ги редам во кофа, ред модри па ги посипувам со едра сол, па пак модри итн.
    Ги оставам преку ноќ.
    Утредента приготвувам смеса од 600 мл. оцет, 800 мл. вода и 1/2 кг. зејтин, значи на оган се става да се загрее. Откако ќе се загрее се ставаат модрите, само 3-4-5 мин. и се полнат во тегли (загреани нели во рерна), ред модри малку лукче и магданос, па пак модри итн.
    Не се полнат теглите со смесата од зејтинот и оцетот, тие сами си попримаат.

    Друго од зимница што правам?
    Руска салата ја викаат, онаа мешаната морков, зелени домати, карфиол, зелка, се ситно сечкано.
    Краставички во тегли.
    Компот од праска.
    Сокови од свашта, баш денес правев од праски (6 кг) и за синчето од сливи, круши и јаболки (4кг), капнав!
    И тоа е тоа.
    Ајварот не го јадеме не го ни правам.
     
    На Maneki987 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Правиме како не, иначе ќе се умри зимава за јадење :rofl:

    Озбилно, правиме со мајка ми, ама не се и не многу. Значи, ајвар, колку да има, кисели краставички доматен сос, и евентуално со време ако сме правиме слатко од сливи. Друго не сме направиле едно десетина години, ниту се јади, ниту имаме време. Мармалад брат ми што си бара, краставички татко ми, тоа мора да има. Што ќе си го матам јас умот со денови да направам слатко од смокви, кога на секоја полица по продавници го има. И немој некој да рече не е исто, оти за мене е баш исто. Толку работа само за некој кој буквално нема што да прави. Јас посебно не сакам такви конзервирани зеленчуци, во цела зима една краставичка дали ќе каснам или не :?: :D И плус, алергична сум на конзерванс и винобран, а во се се додава :P па се вадиме на тоа :lol: А бе оди, колку само работа имаме сега, зимници ќе делкаме :D

    Еве, пошто подфорумов е „Рецепти“, како ние го правиме слаткото од сливи да не е смотано и едноставно: додаваме ситно сецкани оревчиња и рум :) Вкусно :mm:
     
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Ајверче обавезно! Па кисели краставици!!!
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Леле колку е празна темава..... :tmi:

    Ајде, дајте некои рецепти за зимници, на салати, и што и да правите...... :)
     
  16. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    reinlover ај рецептот за сок од праска ако може
     
  17. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еднаш пишав претходно и пак ќе кажам, правењето зимница во поголеми количини е измачување за жената. Едно да имаш епизодна улога, да прољупиш некоја пиперка со ред муабет, а друго е да почнеш од миење на пиперките, а да завршиш со миење на лонци и се помеѓу. И од лоок ала Миле (од рекламата за Брилијант), да се прешалташ утредента за на работа во лоок ала госпоѓа. Не благодарам. Вкусно е, но не за мене. Во помали количини си спремив неколу слатка, компоти, модар патлиџан во тегла, малу салца, но два дена околу ќумбе, не фала.
    Денес купив една одлична лутеница од една струмичка фирма, скоро е како домашна.
     
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ајвар, ајвар ами како :D Ако преку зима нема ајвар, тоа не е МАКЕДОНСКА куќа. Така да си знаете :)
    Потоа, ТУРШИЈА. Краставички, доматчиња, карфиолче, морковчиња. Мх мх :)
    Кисели краставички. И домати во тегла, како се викаат не знам.

    Да живее ЗИМНИЦАТА! :!:
     
    На wild.cat му/ѝ се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Леле, колку многу сакам ајвар, би го јадела во неограничени количини. :D Мислам дека дома само јас јадам половина (може и повеќе) од направената количина. Инаку, годинава доцниме со ајварот, нешто ко да не им се прави на моите.... :^)
    Други работи од зимница не обожавам баш многу. Сакам туршија (секогаш прави мајка ми), особено карфиолот многу го сакам :) Лутенка не сакам, не сакаат ни моите, затоа и не правиме секоја година.
    Ама затоа секоја година имаме во изобилство компоти (од многу овошја-сливи, праски, дуњи, кајсии......), мармалади исто така....Повеќе сме по благото :) , но со оглед на тоа што моите последниве години не смеат да конзумираат многу благо, посебно татко ми (од здравствени причини), многу голем дел од овие работи одат кај сестра ми.

    Уф, како ми се пријаде ајвар кога ја видов темава.....Одам да ги убедам да се купат пиперки што е можно побрзо!!
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.394
    Ние не правиме, ама купуваме. Знаеме каде може да се нарача добар ајвар, а и од купечките кои се добри, иако малку има такви.
    Сопругот и ќерката многу сакаат ајвар. Особено ќерка ми, може да јаде секој ден по пола тегла, и око да не и трепне :D
    Сака и кисели краставички, па и нив ги купуваме редовно.

    Јас и син ми не сме љубители на зимници. Ајвар јадам многу ретко, а туршија речиси никогаш.

    Единствено цвекло сакам, иако повеќе го сакам свежо, ама тоа во тегла е посоодветно за современи домаќинки :D