1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зимници

Дискусија во 'Рецепти' започната од sesilija, 10 септември 2010.

  1. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Бидејки се ближи периодот кога се прават зимници еве некој рецепт од мене јас сум по слаткото и соковите:
    слатко од смокви
    На 1 кг здрели смокви оди по 600 гр шеќер е сега да речеме за 3 кг смокви ќе ни треба 1 и 200 гр шеќер го тураме во шерпа,потоа додаваме вода колку да го покрие шеќерот и еден прст да има над него.Оставаме да зоврие откако ке зоврие му ги додаваме смоквите цели секако само исчистени од рачката да речам дршка и оставаме да врие без мешање само со малку протресување на шерпата.Готов ќе биде кога ке извадиме од шербетот со лажичка и кога ке излади да капи по капка.пред ваѓање додаваме еден исечкан лимон на тркалцина и една ванила и оставаме да се лади до другата ден покриен со влажна крпа.
    потоа го загреваме и го збираме во топли тегли и заборавив да напоменам ке направи и пена малу но ке си ја извадиме со лажица
    сок од капини и малини
    Ги тураме во шерпа им додаваме вода колку да ги покрие и два прста над нив да има оставаме да врие околу 30 минути кога ке побелат овошјата е доволно.Го цедиме низ газа и добиената течност ја мериме на 1кг течност по 800 гр шекер се заедно оставаме да врие околу 20 мин пред ваѓање редиме лимонтус на пример на 10 кг јас ставам 5 пакетчиња.Сокот го збираме жежок во врели шишиња за подолго да стои.
    слатко од црешни
    Иако црешните завршија јас ке ви го кажам овај рецепт мене слакото ми е најубаво од ова овошје.
    Црешните ги оставам цели само семката ја вадам на малу специфичен начин со шнола од црните оние обични ја фтерувам во дупчето кај што стои рачката и вртам наоколу околу семката кога ќе и поминам еден круг ја ваѓам нагоре,семката застанува на заоблениот крај од шнолата.
    на 1 кг црешни околу 500 кг шеќер постапката е иста како кај смоквите само не се редии лимонот.
     
  2. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Јас од зимница сакам само карфиол мммм :*
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Ајвар, апетитка, кисели краставички :mm:
     
  4. M.arija

    M.arija Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    268
    Најмногу од земница обожавам ајвар :D
     
  5. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
    МАЛИЏАНО


    4 модри патлиџани
    200 гр. овчо сирење
    6 чешниња лук
    50 гр. ореви
    50 гр. масло
    црн пипер

    Измијте ги патлиџаните, потоа избришете ги и испечете ги во рерна или, на плотната од шпоретот. Кога патлиџаните ќе се оладат излупете ги оставете ги во цедалка да се цедат. За тоа време во дрвена ваганка истолчете го лукот со солта, ставете ги оревите па и нив добро истолчете ги и ставете го црниот пипер. Исцедените патлиџани истолчете ги и помешајте ги со лукот оревите па додајте го изгмеченото сирење. Загрејте го маслото до вриење и внимтелно помешајте гo во оваа пикантна салата. Салатата може да се послужи какo прилог со печено месо, а може да се користи како предјадење.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Девојки, ај ако некоја е информирана да ми пише.
    Моиве сакаат да ставаат кисела зелка,ама со хималајска сол. Купил татко ми 2 кг, арно ама таа посолена е од обичната,а обичната одела 2 кг на 100 кг зелка. Ама ај оди измери единица мерка за соленост да процениш колку треба во ваков случај.
    Имаше некој рецепт по интернетов,ама не можам да го најдам, ако некоја случајно го има или памти, нека ми пише во најскоро време. Колку би можел да е соодносот, јас викам кг и пол на 100 кг, ме прават будала, викаат многу е солено...
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Лилит јас никогаш не мерам.Ја длабам кочанката на зелката и ја полнам со сол.Е сега за хималајската не знам.Можеби е паметно да одиш со половина доза од обичната.Па досолувајте по вкус.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Домаќинки, која ставала фиферонки во тегли?
    Кажувајте солило како се прави?
     
    На joy1 и Petar80 им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    @Eli23, јас знам вака: за една полна тегла фефронки треба 1 филџан оцет, 1 кафена лажичка шеќер, 1 каф. лаж. сол, а потоата теглата се дополнува во вода и се стерилизира.

    Го запишав пред неколку години од еден извесен блог за зимници, имаше сешто таму. Ако го најдам ќе го постирам подоцна. :)
     
    На orevokrsacka и Eli23 им се допаѓа ова.
  10. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Слично и јас ги подготвувам фефероните: едно мало филџанче алкохолен оцет, една супена лажица сол, едно ипол мало лажиче шеќер, неколку зрна бибер. Теглата се надополнува со вода, се затвораат убаво и ги ставаш на шпорет во големо тенџере со вода постепено да се загреваат. Пред да зоврие водата во тенџерето, го гасиш шпоретот и ги оставаш така до наредниот ден постепено да се изладат.
    Истиот рецепт важи и за киселите краставички.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Ај ве молам некој ако знае да ми каже како се прави цвекло во тегла. Благодарам :*
     
  12. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.357
    Пол:
    Машки
    На fificaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Ајварот ми е еден од најубавите македонски јадења. Едвај чекам да дојде септември, кога и се рпави ајварот, и да го почнам со радост да го правам.
    Една тура направивме викендов што помина. Пиперките не ни се погодија. Ги земавме од паркингот спроти пазарчето во Ѓорче Петров.
    Знае ли некој каде може да се најде убава пиперка во Скопје за правење ајвар или контакт од некој што продава?
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dmbalea

    dmbalea Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2015
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Ништо не чекај, отиде септември :lol::lol:
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Навистина се вкусни, но мачни за правење зимниците. Подобро е да си купиш. Мислам полесно. Порано немаше да се купи зимница, но сега има се. Но по мој вкус, мислам дека ајварот домашен е неспоредлив со купениот. Нема шанси да купиш ајвар, ма незнам колку и да е скап, да наликува на домашниот. Домашен си е домашен. Додека пак за краставичките, цвеклото, фефероните и сл. нема потреба да се мачиш да правиш. И купените се солидни, а може и подобри од домашните.
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Јас со ајвар завршив за годинава. околу 40тина тегли излегоа. и значи дефинитивно се е до морковот. не туриш ли морков обавезно избива зејтин после тоа. вечер џем од сливи со рум ке правам :)
     
    На irenna и joy1 им се допаѓа ова.
  17. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Направив зимница кај дечко ми дека тој живее во кука но моите не знаат и ке ги изненадам :) направив 20 тегли руска салата - 10 ке оставам кај дечко ми. По 10 тегли ајвар ми дадоа комшивките,сега имаме 20. Десет кај дечко ми - десет дома,70 тегли слатко од смокви (богами се турив од правење,имат тука едно дрво со смокви и неможиме да постигниме да ги изедиме дека секој ден по 40 излегуваат) и 20 тегли слатко од сливи десет за нас десет за дечко ми со малку помош од комшивката :D
     
  18. merida

    merida Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    266
    Жени купив корнишони ама не ги направив одма и ми фатиле како мувла одозгора... Сега за во канта се? Или има чаре?
     
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Ние сме домаќинска куќа кај нас ретко да нема нешто од зимница, значи од кисели краставици, лути феферони во тегла, модар домат со печени пиперки кисели во тегла, црвени ајварски пиперки печени и кисели во тегла, туршија, кисела зелка, ајвар, лутеница со везенки, сос од домат за паста.. буквално се.

    Би сакала да споделам рецепт за сос од домати за паста, кој пробал знае завкусот на пастата од свежо направен домашен сос.

    Ставам црвен пипер, морков, кромид и црвен домат, по мерка како за желба кој колку милува да прави, и зависно од самиот вкус кој колку има желба за нешто повеќе или помалку од зеленчукот, пиперот се пече и лупи, доматот се вари се вари а кромидот и морковот само се чистат и сето тоа се мели, пороа се става да проврие околу 2 часа, се става по еден филџан шеќер и сол налку сецкан лук и магдонос. Овој сос е фантазија, многу вкусен.
     
    На zhap4e и irenna им се допаѓа ова.
  20. hajdi lejdi

    hajdi lejdi Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    28
    omilen period od godinava najmnogu sakam koga se podgotvuva zimnica podrumite taka gi napolnivme pa se prasuvam kako ke go ispraznime pocnuvajki so ajvar zavrsuvajki so kisela zelka mmmm