Кога за баба ти и дедо ти секогаш си слаб/а и неухранет/а,иако имаш 10+ вишок килограми. Кога правиш свадба која чини најмалку 10000 евра,а живееш мизерен живот.
http://www.slavorum.org/30-things-that-mean-you-are-slavic/ http://www.slavorum.org/10-things-that-mean-you-are-macedonian/
Кога во кеса голема чуваш и други кеси..т.е кеса у кеса... Кога далечинското е смотано со селотејп...
Кога ќе фанеш некој/а комшија или комшика како фрла ѓубре од прозор. Кога седнуваш и на маса те чека пинџур со колбаси или сирење. Кога ќе видиш како се дерат од едната на другата страна од тротоарот и тоа е сосем нормално. Кога слушаш како ти трубат за сосем трети и небитни особи и ти го раскажуваат цел нивен живот од самото раѓање па се до моментот...
...кога при донесување одлука се доверуваш на некој близок и го прашуваш што да правиш, а тој ти ги разрешува сите дилеми и те просветлува со познатиот ултимејт most valuable совет - Ти си знаеш...
.. кога во подрумот ги оставаш сите непотребни работи кои треба да се фрлат, но ги оставаш за друг пат да не потребаат.
Кажи де....не кажуваме на никого. Уште поинтересно е ако ќесата пушти ,,вода,, ...па остава трага...лочка
Тоа не сум го приметила,татко ми на време ја фрлаше,никој да не ја види,да не мислат комшиите дека е негова А што е нај интересно,се се случуваше на главна улица пред наша врата,додека дотичната особа чекаше тахи
Кога ѕидовите ти се преполни со гоблени. Кога во ходникот сеуште ти стои слика од Тито иако Југославија не постои веќе 20 и кусур години. Кога го чуваш новиот сервис за посебни прилики. Кога неможеш да најдеш куќа која што не направила ајвар за зимница годинава. Кога мораш да потекнуваш од село (кога некој ќе те праша од кое село си дошол во градот). Кога секој петок на мени имате грав.