И јас се фарбав со Еволушн и бојата ми беше супер но мн ја сушат косата , и јас овие месеца се фарбам со Гарниер 111 и сум презадоволна од тоа каква боја добивам но не се мн трајни морам на 15 дена да се фарбам обавезно
Девојки за по бела коса дали да си купам гарниер колор сенсатион 111 или гарниер натурал колор 111 фалааа ви однапред
Која и да земеш нема да згрешиш,јас лично користев гарниер колор сензејшн 111 и баш бела ми беше но не се долготрајни овие фарби на 15 дена мора коренот да го фарбаш
Ке ја пробам денеска гарниер сензејшн 111 .гледам во тинекс се намалени на 129 денари гарниер натурал од 170 па вајда и другава е намалена хихих.ја користев елеа се е ок ама мн брзо ми пага бојата на едно миенје и толку...а коренот и онака брзо ми расте ..ај ке ја пробам па ке видиме.
Нa кoлку време се фaрбaш? Јaс сегa нa Кене 1517 јa земaв , не е бaш белa кo штo oчекувaв нo вaжнo е штo пoртoкaлoвa не ми е, сo тoa пoртoкaлoвoтo кaј кoрените ептен имaм прoблем , знaеш сo рaстoт нa кoсaтa се спуштa тoa нaдoле и пoтoa ми стaнувa пoлa белa пoлa пoртoкaлoвa и ускренo нa мoменти се мислaм мaлку дa јa зaтемнaм , нештo кo медoвo кaфенa aмa пa сите ми викaaт плaвa убaвo ми стoи a пa немoжaм и блaнш дa не стaвaм нa 4 месецa. Ти прoбaј си јa oвaa нa гaрниер немa штo дa изгубиш
Се фарбам на еден месец мада некогаш знам и два пати месечно пошто си имам мака портокаловово нејке никако да се покрие бидејки бев црна...со коренот немам мака си искача како што е фарбата таман...абе тешко на нас плавушите хехе.ја го избегнувам бланшот мн гори а бајаги ја изгорев косава.абе само фарбата да се погоди и таман.пред неколку години бев плава уствари бела и тоа само од фарба ни бојата пагаше ни ништо ама таа фарба од палете ја нема веке а и го немаат тој квалитет фарбиве денеска...
@koritsaki Еве ја бојата која ми излезе со Garnier Color Sensation 8.0.Не можев нешто да ти ја пратам преку лп. Малце неисчашлан ми изгледа праменот, ама тоа е, се сликав после дување со фен, а не ја исфенирав со четка и не ми третирана косата со силиконски.
Фала ти, пробај нема да згрешеш ако се исфарбаш и на мене многу ми се допаѓа бојата.Мислам дека на тебе и посветла ќе ти излезе. Малце коренот ми е проблематичен оти многу брзо подникнувам ама мислам кај секоја што се фарба е така.
За црна фарбана зборуваш? Или да чекаш да ти порасне па да го ишишаш црното или да ставиш деколоратор па да добиеш некоја портокалово црвенкаста боја или бланш ,тоа е тоа. А не знам зашто е толку загрижувачки ако ставите бланш? Ако некој знае како да работи со бланшот и ако ја негувате косата нема да ви се оштети воопшто косата
да црна сум фарбана, а несакам со бланш затоа што имам ретка коса, и многу слабо влакно така да еднаш два прамена што извадив ми беа запалени како се чешлав така се кинеше. Затоа мислев друга опчија ? А со деколорантор имаш ли искуство ?
Хех , иста коса имаме па да,јас имам ставано и бланш и деколоратор , деколоратор имаш во космо околу 800 ден, разликата е што малку ја осветлува косата ама бојата 90%ја вади и потоа можеш да се префарбаш како сакаш а ако сакаш светло плава треба многу пати да се фарбаш а и може да не ти успее. Јас бев задоволна воопшто не ми се оштети косата од деколораторот само што мене ми беше темна за да достигнам плава коса и морав потоа бланш да ставам. И потоа се фарбав неколку пати со еволушн и 12% хидроген и ја добив плавата боја ама косата ми се оштети од бланшот (дека и сама го ставав )
а епа добро е тогаш пробај со деколоратор, и потоа фарбај се со истата чоколадна нијанса и ќе ја добиеш бојата. Пробај па пиши што си направила
Пред месец дена се фарбав со една сива нијанса на Афродита, ама жолта ми испадна косата, па сакам да се префарбам. Ваква нијанса некоја да ми препорачате, ама не многу скапа фарба.