Дечки јас закажав утре за на фризер, фризерката ми рече од црна лесно се добива кафена со деколорант и дека не ја оштетувало косатаа. Па утре одам да видиме што и како ке се договоримеееее ако останам без косааа ке биде смеење
Девојки, имам фарбана прилично светла плава коса (накај жолта) и моментално имам желба да ја постигнам бојата како на сликата, гледам дека во корените е потемно плаво а надолу убава плава нијанса. Дали некој има желба да ми каже со кои фарби да ја постигнам истата боја, а да не ми испадне жолта? Гледам дека многу ја фалите еволушн 11.11, дали е слична на оваа светлата нијанса или е повеќе накај сиво?
еволушн 11.11 испаѓа по на сиво за ваква пробај ја на кене 2000 оваа испаѓа жолта плус 12 посто хидроген
Јас си купив лореал продиџи . Very light ash blonde 9.10 што мислите ? п.с си купив и Гарниер колор сензатион 110 и сега незнам која да ја ставам...ај хелпувајте
^Лореал според мене. Лично мене воопшто не ми се допаѓаат фарбите на Гарниер, многу потемни нијанси добивам од прикажаните.
Имам боја на коса како девојкава на сликава може нијанса потемна, сакам да ја осветлам и да добијам мн светли прамени, што фарба да земам???
прво треба бланш да се стави па потоа фарба , за фарба лесно има многу нијанси колку ти душа сака но треба прво со бланш да се осветли зашто ако ставиш само фарба портокалова ќе ти излезе косата. Најубаво оди си на фризер вака сама може да ја оштетиш косата
Имам ваква боја на коса Пред неколку месеци пробав со елеа фарба (плава) од пола надолу ама не ми фати, односно ми фати сосема малку само на светлина се познава. Па сега сакам да се исфарбам целосно плава како @Salome што ја има сликата ставено Па со која фарба може ова да ми успее
Батерфлај јас се фарбам со Гарниер Колор Сенсејшн 8.0 Само да ти напоменам дека на твојата боја на коса, од оваа фарба нема да ти се фати ваква плава боја.Ќе излезе накај црвенкасто-кафеава, за жал. Јас прво бев на фризер(минатото лето)да ми ја осветли косата, па после накај Октомври месец, се фарбав со оваа фарба.Инаку природната боја на коса ми е посветла од твојата, светло смеѓа. Мој совет ти е ако сакаш толку драстично да менеш боја од темно кафена на плава, поарно иди си кај некој добар фризер да не ти е криво после. После одкога ќе ти е осветлена можеш со каква сакаш фарба да се фарбаш. Јас сум многу задоволна од Гарниер, еве како изгледа:
Јас се фарбам веќе година ипол и дефинитивно за ништо на светов не би ја зетемнила веќе косава, и морам да ви споделам искуство со гарниер 111 Се фарбам по препорака на фризерката и ајде фризерка се знае арно ама ја гледам косава само што исфарбана кафеава ама она темно кафеава срце почна да ме стега да ја колнам фризерката да фрлам се пред себе да плачам и уште викам ќе се мијам и мајка ми ме премислува вика седи барем кафеава да ти биде а не шарена и така седам јас 40тина минути и се мијам и што да видам кафеава бе кафеава плачам више и ја сушам и вртам глава накај огледало и што да видам плавооо сивооо никогаш поубавоо срце на место ми се врати и косата ми беше многу убава мека. Иначе се фарбам претежно со експлицит ама ќе продолжам со гарниер нз зошто пак ја земав експлицитот а имам пробано се фарби и ми се плаче зошто пробав палете нешто полошо амин косава уште неможам да ја средам после неколку месеци. И се фарбам секој месец цела коса. Ми кажа фризерката исто мајонез да и ставам после секое фарбанје и во кеса замотана да седам неколку саати ама некако уште го немам тоа применето. еве како јас оплавував.
Јас денеска се исфарбав со оваа фарба на гарниер и косата ми излезе како на оваа слика (за нијанса посветла) . Па сега дали од ова можи со повторно фарбање да ја направам плава ?
Сакам ваква да се фарбам.Препорака за фарба? Се мислам да ја пробам Гарниер Колор Сенсејшн 9.23 сив прелив да ставам одпосле. Вие што мислите? Искрено ми треба совет со некој што има повеќе искуство со фарбањето од мене. (Фризерката запна Колестон да ми става демек само со тие фарби можело да се постигне таква нијанса.На мене не ми се дава толку оти една фарба е 800ден. по три фарби колку што треба за мојата коса да се покрие плус работна рака ќе ми излезе 50 евра едно фарбанје.Очигледно оти сака да ме одере.Мало морген)
Ако ти е темна косата, тешко со било која ќе ја постигнеш таа боја на сликата со едно фарбање. А колестон се добри фарби, ако не и најдобри, ама за темна коса прво бланш па фарба.
Не ми е темна, руса ми е.Малку погоре има ставено слика од мојата коса и со која фарба сум фарбана-Гарниер осмицата.Косата никогаш не ми е ни била темна, а бланш не иде у предвид.Сепак фала.
Ако ти е руса, тогаш пробај со таа на Гарниер 9.23...знаеш, секоја коса е различна. Ако не пробаш, нема да знаеш дали ќе ти фати таа нијанса или не. Јас одамна се фарбам руса, а фарби имам сменето неброено и од ретко која сум задоволна во последно време.
Ќе видам...Мојата коса е прилично флексибилна и секоја фарба ми фаќа.Само за прелив се мислам дали да ставам... Планирам некаде околу крајот на месецот да се фарбам поточно околу22-25 Мај, а до тогаш ќе се попитам и со други фризери што како.Во меѓувреме секој совет ми е добредојден.
Vo koj salon ke se farbas ? Preliv mozes da stavis imam stavano i brgu pagaa ne e kako farbite toj da stoi dolgo
Абе сама ќе се фарбам. За прелив се мислам да ставам одпосле врз фарбата.Ама тоа е опционо оти за две недели којзнае што ќе одлучам хахах.