1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Има ли лек за ракот?

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од RainBow, 10 април 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.526
    Па затоа вика дека на телото не му е потребна целосна алкалност, туку и кисела средина со средна вредност, 7. Заради тоа е неопходно да се јаде од се по нешто. Колку и да создава киселост некоја храна од друга страна храни нешто друго во организмот, се треба да биде во баланс. Ако јадеш нешто со висока киселост треба да го придружиш со нешто алкално. А секако дека зависи од секое тело. Не сме сите исти. Некои фаќаат камења во бубрег, некои имаат слабо срце, некои природно полесно им се закиселува организмот и повеќе се склони и слаби на оваа болест. Секое тело има свои аномалии кои ги носи во генетскиот год. Повеќе верувам во предиспозиција и исклучок од неа, отколку од надворешни фактори.
    Мислам дека и од ова произлегува наводниот лек на пиење на сода бикарбона, оти нели тоа е база. Мислам дека нема ништо лошо од превентивност. Моите пијат од време на време ради намалување на киселини и гасови, мајка ми е малку склона на сугестии па откако и го прочитав тоа си го поврза некако како она се чувствува во поглед и на жлездите со внатрешно и надворешно лачење, како од таму ги забележувала промените во деновите кога пиела раствор и кога не пиела раствор. Па сега... не знам...

    Кога луѓето веруваат во бајачки, зошто да не прочитаме историја на науката, можеби таму се кријат многу одговори кога светот бил помалку замрсен, барем на прв поглед.
     
    На tessie, vickyy90 и Hipster им се допаѓа ова.
  2. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    http://en.wikipedia.org/wiki/Amygdalin
    Не е добро вака да препорачувате нешто ако не сте сигурни дека навистина е така. Ова го имав слушнато повеќе пати, ама не сум побарала повеќе за тоа.
    Пред неколку години кога татко ми беше многу болен, му правевме една течност со лушпи од јајца, лимони, и не се сеќавам што стававме друго, ама ова со варта, што е калциумова вода ме потсети дека можеби има некоја врска. Инаку од тоа со лушпите од јајца немаше подобрување.

    Оваа варова вода на српски се вика vapnena voda, а на англиски limewater, и никаде на интернетов не можам да најдам дека некој ја препорачува за лекување рак, никаде. Дури велат дека може да предизвика реакции и иритации.
    Затоа си помислив дека можеби некој лошо преведил од англиски, lime water исто е и лимонова вода, вода со исцеден лимон, а тоа го промовираат како здрав и освежувачки напиток, и можеби така дошло до таа препорака со грешка во преводот, да се пие варова вода.

    Инаку не гледам некој резон како би се користела таа варова вода за да излечи рак. Доколку тоа би било вистина сега таа би се користела секојдневно, или можеби ете барем ќе имаше напишано нешто и на англиски за ова, ама нема ништо.

    Затоа апелирам да не правите секакви непроверени работи кои може да ви штетат на задравјето.

    Инаку ние дома правиме слатко од тиква со варова вода.

    Ако можеш да кажеш нешто повеќе за таа комшивката што се излечила со варова вода. Каков рак имала, дали направила операција, што друго пиела?[/quote]

    Она имаше рак на ребрата и имаше опрација извадени и се две ребра и псле операциата беше во мн лоша состојба , косата и падна не јадеше од кревет нестануваше итн , а и докторите велеа дека ќе живее уште месец два но некој пријател и го кажал ова и она го пиеше 4 месеци секој ден и оздраве. Ние не верувавме дека ова и помогнало но бидејќ и мојата баба е сега болна од рак маката не натера да го пробаме и ја викнавме комшиката да го направи лекот сега и баба ми го пие па ќе видиме може ќе и помогне и на неа. А инаку не пиела ништо друго освен онаа хемотерапија што ја даваат докторите
     
    На Lepotajce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Е па ете не се излекувала само со варовата вода или од варовата вода, сигурна сум дека ако навистина е излечена тоа било заради хемотерапијата. Всушност сите симптоми кои ги спомна, паѓање на косата, не јадење, лоша состојба, тоа е се од хемотерапијата, не од ракот, кога престанале со хемотерапијата, престанале и симптомите и таа си ги поврзала со тоа дека пиела варова вода, кога таа немала никаква улога.
    Сепак зависи за каков рак се работи, можеби бил само бенигнен рак и не се проширил никаде освен на ребрата, или, не дај боже, да бил некоја поспор вид кој не е многу агресивен.
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Има, ама ако го кажат ќе пропадни фармацевтската индустрија, многу болници, нема производство на апарати за болните...ехе врзана работа е тоа...колку пари се вртат.

    Кое време дојде, да се заработуваат пари на маката и страдањето на некој.
     
  5. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    178
    Може ли некој да ми каже каде да се најде медициниско газје.Фала ви однапред
     
  6. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
  7. miki365

    miki365 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Најквалитетен бил во Полска, а се продавал и во Австрија, Швајцарија, Унгарија и во Суботица - Србија.

    Во Варшава - Република Полска еве ги адресите каде се продавал најквалитетен петролеј - газје. Ова е препорака на д-р Паула Канер од Австрија, која самата се излечила од рак во терминална фаза, а излечила и над 2.000 луѓе со нивни лични сведоштва.
    адреса на Паула Канер : Volga/Troll/Doorpost 24, Austria.

    Во Варшава според д-р Канер можела да се набави на следните адреси:

    u.Hibn era 5 (Hinder Street)
    ul.Wil era S, phone: 20-07-59
    Ulster 145, phone: 20-42-55
    gulper 5 (the store of Mr. Kiowa, across from the movie theatre"Saw")

    Се извинувам поради латиницата, но на кирилица би можело да предизвика забуна кај оние на кои им е потребен точен назив на адресите.
     
  8. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Абре нормални ли сте вие? Каде е таа препорака за лечење со газија или петролеј?
    Па тоа е бре отровно и ако се вдишува, а не пак да се пие?
    Се кладам дека тоа е некоја сосема друга препорака која постепено како расипан телефон дошла до тоа дека газија се препорачува, а првично било нешто друго.

    Еве доказ дека е отровен петролејот кој се употребува за газиените ламби:

    http://en.wikipedia.org/wiki/Kerosene#Toxicity

    Штета, некој ќе се излаже со вакви терапии, наместо со лекување на лекар, и ќе си замине заради отровната газија. А блиските ќе мислат дека смртта била заради ракот. Страшно.

    Иако јас мислам дека оваа препорака започнала со тоа што препораката не била газија, туку парафинско масло. На англиски исто се викаат, керозин, kerosene, и некој полуписмен го превел како газија.

    Инаку и самото парафинско масло, може името да се сретне и како минерално масло, е продукт од нафтата и самото е канцерогено, не е така отровно како газијата, ама создава рак. Тоа се користи во креми, масти и во последно време се забранува затоа што се открива дека всушност создава рак.

    Сепак, ги најдов оригиналните извори за ова и се работело за газија, ама споменуваат и нешто друго, некоја смола, терпентин. А за дозата споменуваат по неколку капки дека се пиело. Ама сепак и тоа е ризик.

    Како и да е, чиста глупост. Зарем ќе верувате само на збор дека некој таму се излечил од ова и ќе се изложувате на непотребен ризик.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Абе изгубени во преводот работава... како оној текстот дека кокаинот бил добар за мозокот на човекот, а станува збор за некое испитување со глувци aко добро се сеќавам...

    Па една лажичка сода бикарбона што ќе ја испијам само кога имам киселини, па после целата сум насекирана шо и како може да биде (шо си пиеше eден дедо секое сабајле во чаша вода па ништо не му беше).
    Несфатливо ми е да се плашат луѓе од лекови, хируршки нож и вештачки обработена храна (што не велам дека не се за плашење), а да не се плашат од разни непроверени лекувања со отровни супстанци, со електроди или шо ти ја знам...

    Луѓето вака или онака, повеќе или помалку, ќе не` отрујат, било да праиме муабет за класична или алтернативна медицина. Она што не може да не` отруе е природата (секако доколку се разбираме во својства на билки).
     
    На expert му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не сум толку запознаена со овој начин на лекување, ама лековите ако ги пиеш без дозволена доза нема да те доведат до смрт? Морфиумот не те води во смрт?
    Не велам дека не е штетен петролејот, ама валда начинов си има доза, мера, процедура.

    И што дека со него се прават газиени ламби? Колку средства кои се користат за гуми, лепила, отрови, ги користиме во козметиката, храната...???

    А, човек кога е во мака, секаде ќе го бара спасот. Тука веќе не се работи за разбирање или не, туку кога чувствува дека му се ближи крајот, се ќе проба за оздрави.
     
    На Vetruska, miki365 и elisabeta им се допаѓа ова.
  11. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Да, тоа се вика дозирање и ризик/бенефит калкулација. Секое средство, макар било природно е отровно во големи дози. Има една поговорка од Парацелзиус, вели дозата го прави лекот. И тоа е точно, скоро сите лекови, и не само лекови, туку сите супстанци во природата се отровни во голема количина, дури и водата.

    Ама тука се работи за средство кое апсолутно нема никаков доказ, ниту пак препорака за лекување на рак. Значи средството си има ризик, макар било само и во поголема колична, ама има и во мали количини, а нема никаков бенефит и дејство.

    И зошто би се користело? Зошто некој да ризикува кога за многу видови рак има стандардна терапија која навистина може да помогне, а ова средство нема никаков ефект, може само да попречува на официјалната терапија.

    Точно, луѓето кои имаат големи проблеми се ќе пробаат, давеникот се фаќа и за сламка. И токму затоа не треба да ги охрабруваме ваквите тракутанци кои ги користат разни профитери за да ги лажат оние кои имаат неопходност од помош. Официјалната медицина, колку и да е бизнис ориентирана, барем има некоја контрола и со неа се бават луѓе кои колку-толку имаат некои познавања. За разлика од овие алтернативни терапии кои се шират преку рекла-казала.
     
  12. Femina-123

    Femina-123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    На Grid.mk објавија статија за лекување на ракот ....

    Докторката Пола Ганер од клиника „Џејкоб“, тврди дека ако некој годишно пие 12 дена редовно по една кафена лажичка газија, никогаш нема да заболи од рак, леукемија или некои слични потешки болести. И самата Д-р Пола била во тешка ситуација, кога на 31-годишна возраст била болна од рак на цревата. Била оперирана, но ракот се проширил на бубрезите и кога лекарите утврдиле дека не можат да и помогнат ја отпуштиле од болница. Тогаш нејзиниот маж и препорачал да земе да пие газија.

    Се случило чудо: по само три дена станала од кревет, а после шест недели достигнала нормална тежина и станува се поздрава. Од тогаш и таа самата на сите болни, но и на здравите им препорачува да пијат газија и во својата евиденција има преку 2.000 излечени случаеви од најтешки болести.

    Интересен е и случајот на фамилијата Шварц од Берлин, која ја вовела праксата, дека секој петок, секој член од фамилијата ќе зема коцка шеќер со 15 капки газија. Ова го прават редовно веќе 70 години и никогаш не биле болни, сите се здрави и долговечни.


    http://grid.mk/read/article/4466273/str ... -so-gazija
     
    На miki365 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. orhidea242

    orhidea242 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    178
    Ти благодарам за информацијата
    А тој што си ја нема маката нека не се прави паметен,бидејки кога се работи за живот сите си го сакаат најдоброто никој не е будала да се труе.
     
    На Lepotajce, Ruby.rose, Florenca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. miki365

    miki365 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Само да додадам дека овој лек е познат уште пред 3000 години, има записи за неговата лековитост и во средниот век. Го применувале Србите за време на Првата светска војна во недостиг на лекови, а кога увиделе дека е ефективен не само за ракот, туку и за ред други болести, почнале и Германците масовно да го применуваат. Има сведоштва дека е ефикасен и за дијабетес, само треба да побарате и да прочитате малку повеќе, а не паушално да дисквалификувате однапред нешто што било применувано со векови наназад и што е проверено и испробано дека делува. И нормално дека целата поента е во дозирањето. Се пие дневно по една мала лажичка на гладно, а не во големи количини кои нормално дека се токсични, секој лек во големи дози се претвора во отров. Затоа, прво малку информирајте се и прочитајте малку повеќе пред да донесувате некои заклучоци.
     
  15. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Ај и јас да кажам нешто.
    Во Грција на островот Егина се наоѓаат мошти на Свети Нектариј Егински.
    Велат дека овој светец се повикува на помош за болести од рак.
    Исто така кој може добро е да отиде таму на поклонение на моштите.

    Незнам колку е точно, не сум разгледувала статистички податоци, но во моја околина
    забележувам повеке мажи заболени од рак, и тоа околу педесета година, рани педесети.
    На моај пријателка сега сопругот од рак и почина, на братучетка ми исто, на колешка исто.
    Пријателката моја вели се е тоа од психата, да се изразам просто. Демек кај секој човек имало различни работи кои го тиштат долкго време и тоа душевно незадоволство или мака резултира после на физичко ниво. Она за ракот на мажот и рече дека е поради тоа што тој имал особина да сузбива во себе работи да не ги кажува , односно да не си олеснува.
    Други видови рак поради завист, некои поради тоа што си имаат омраза,... и истите после избиваат на различни органи.
    На пример дишните органи пателе кога човек има конфликт со самиот себе, или е под голем притисок од надвор, за две различни работи.

    Овие вториве примери ги кажав за да го поврзам со поклонението на моштите, имено најверојатно кај човекот по молитвите кон Светителот Нектариј, доаѓа до душевна промена и болеста полека се повлекува.

    Исто знам на една девојка мајка и беше пред умирање од болница и рекоа дома да ја носат.
    Девојчето одеше по цркви, религиозно беше, и ја молеше мајка и да се крсти пред да умре.
    Мајката некрстена била . Добро мајка и се согласи и се крсти. И знаете што чудо се случи, мајката почнува да здравее, да и се подобрува состојбата, и ден денес е здрава и жива, и после една нејзина другарка кога го виде тоа чудо посака да се крсти и она , и оваа болнава што беше и беше кума :) .
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не мила. Од стандардната терапија прочитај статистика колку луѓе годишно умираат од рак (а, што е најстрашно, возрасната граница многу оди надолу).
    А, на медицината (газијата и др. методи) и попречуваат во трупање поголем профит, ништо друго.

    Која медицина ќе беше таа толку напредна, на Месечина се качија, а лек за ракот нема? Ма немој ! Се е во парите !
     
    На bittersweet, Abeja, vickyy90 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Некои велат дека причина за појава на рак е киселоста на клетките (кисела средина висока вредност на рН) во некои органи.

    На едно место прочитав дека како превентива или во ран стадиум требало многу лимон да се јаде, затоа што тој прави базна реакција иако е кисел на вкус.
     
  18. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Ама дај ти се молам. Газијата била подобра од напредни хемотерапии кои навистина лечат некои видови на рак. Тоа е само отров или во најмала рака лажна надеж.

    Нема еден вид на рак, има стотици, за некои навистина и има лек и можност да се продолжи животот. За разлика од употреба на газија која единствено може само да ти наштети, а не и да ти помогне.
     
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Експерт ти како да си платена за на форумов да се контраш на секој што ке рече дека вакцините се штетни,или пак ако некој рече дека од хемотерапијата се забрзува смртта кај заболени од рак или слични работи да не набројувам сега.
    Сите си кои ја подржуваат алтернативната медицина како да ти се смртни непријатели.
    Кој како сака нека се лечи,а факт е дека лек за ракот има само што никој не е будала да го каже бидејќи ке се урне цела индустрија која богами носи најголеми пари.
     
    На DiaCor му/ѝ се допаѓа ова.
  20. miki365

    miki365 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    А дали знаете дека милионерот Рокфелер пред да ја изгради својата фармацевтска и банкарска империја, применувал лекување со Керозин, па откако видел дека нема финансиски бенефит од таа работа, почнал да продава хемотерапија за болните.

    Еве уште еден линк за порачка на медицински петролеј онлајн. Ова е од аптека од Германија

    http://internet-apotheke-freiburg.de/sh ... ae-2306921