1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    796
    Си стави уште една перница под глава, ламбата ја намести така да светлината оди над книгата и ја намали музиката. Воздухот во топлата соба мирисаше на "felce azzurra" гел за туширање.
    Тогаш, го слушна ѕвончето.
    Стоеше накиснат, премрзнат, и неизбричен, никаков и ничиј, во темниот ходник.
    "Може ли да влезам?"
    "А ги купи ли?" - го праша човекот кој замина да купи цигари пред две години, четири месеци, пет дена и дванаесет часа.
    -Со насмевка:
    "Ќе ме пуштиш ли да влезам да ти објаснам?"
    Од чантата, што бепе закачена во ходник, извади 100денари - "Те молам,оди и за мене купи една кутија цигари."
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    796
    Што и да и дадеш на жена таа тоа ќе го мултиплицира.
    Ако и дадеш куќа, таа ќе ти даде дом.
    Ако и дадеш насмевка, таа ќе ти го даде срцето.

    Ако и дадеш продукти, таа ќе ти даде оброк.

    Ако и дадеш сперма, таа ќе ти даде бебе.

    Таа мултиплицира и зголемува се што и е дадено

    Па - ако и дадеш срање, ќе добиеш повеќе срања отколку што кој било човек на свет...
     
    На guguence и kikkki им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Многу одамна во еднo царство си живеел еден мудар и среќен цар. Во неговата старост тој бил тажен само за едно - немал деца.
    Еднаш царот си помислил: „ Ќе го изберам во царството најчесното дете и ќе го посвојам. “
    Тој наредил да им се раздадат семиња од цвеќиња на сите деца и објавил:
    „ Оној кој ќе одгледа од ова семе најубави цвеќиња, ќе ми биде син или ќерка.“
    Сите деца го насадиле семето и го полевале секое утро и секоја вечер.
    Петар исто така се трудел околу семето. Но поминале десет дена, потоа поминало пола месец, па еден месец, а семето во саксијата сеуште не пораснало.
    „Колку чудно“, - се зачудил Петар.
    Конечно, ја запрашал мајка му:
    „ Зошто моето семе не израснува?“
    Таа му одговорила:
    „ Пробај да го засадиш во друга земја.“
    Петар го пресадил семето во друга земја и пак ништо.
    Дошол денот кога царот требало да ги види цвеќињата. Сите деца облечени во свечена облека излегле надвор држејќи ги саксиите со цвеќињата. Секое дете посакувало да стане принц.
    Но што е тоа? Зошто царот, гледајќи ги цвеќињата, поминувал покрај сите деца на улицата и не му се зарадувало лицето?
    Одеднаш пред една куќа го забележал Петар, кој плачејќи стоел со празна саксија. Царот наредил да го повикаат момчето.
    „Зошто стоиш со празна саксија?“ – го прашал царот.
    Петар, со липање, раскажал, како тој го насадил семето, но тоа не пораснало, изгледа, како казна за тоа што некогаш украл јаболко од туѓа градина.
    Слушајќи го одговорот, царот го зел во раце Петар и рекол:
    „Еве го мојот чесен син!“
    Луѓето почнале да прашуваат:
    „Зошто царот го посвои детето со празна саксија?“
    И царот им објаснил:
    „ Луѓе! Семето, кое јас им го разделив на децата беше варено.“
    И тогаш сите одобрувајќи климнале со главите.
    А, на децата, кои стоеле со прекрасните цвеќиња од срам им поцрвенеле обравчињата:
    Сите тие насадиле друго семе.
     
    На *Ench@nted*, sweet-cherry, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Поучна животна приказна за една љубов

    Таа рече: Немаш убаво тело.
    Тој почна да спортува и стана успешен спортист.
    Таа рече: Не си доволно храбар...
    Тој отиде мировник во Авганистан и се врати со орден за храброст.
    Таа рече: Глуп си.
    Тој заврши факултет, докторира, и напиша книга.
    Таа рече: Не можеш да ме издржуваш.
    Тој отвори фирма и започна свој бизнис кој наскоро започна да му носи солиден приход.
    Таа рече: Ти си канцелариски глушец.
    Тој започна да се занимава со аикидо, нуркање, скок од падобран.
    Таа рече: Алчен си.
    Тој и купи куќа и автомобил.
    Таа рече: Бизнисот направи од тебе ѓаволски бездушен човек...
    Тој продаде се и со сите пари изгради домови за бездомниците. Потоа тој отиде кај неа со букет цвеќе, со стари фармерки, ослабен и гладен.
    Таа рече: Џабе се трудиш, не те сакам и тоа е...
     
    На flowersss, LittlePinky, guguence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Учителка им рекла на децата да играат една игра.
    Им донела торба со компири и им рекла да земат толку компири колку што мразат луѓе. Секој компир го претставувал еден човек кој го мразат.

    Некои деца зеле по 2 компира, некои 3, некои 5...
    Учителката им рекла да ги носат компирите со себе каде и да одат, дури и во тоалетот, во текот на една недела.
    Деновите минувале и децата почнале да се жалат на непријатниот мирис од расипаните компири. Оние кои носеле најмногу компири им било најтешко и најмногу мирисале.
    По една недела играта завршила. Учителката прашала како се чувствувале во текот на оваа недела.
    Децата почнале да се жалат колку им било тешко да ги носат компирите со себе. Учителката им го објаснила значењето на оваа игра:
    - Истото се случува кога чувате во срцето омраза кон некого. Смрдеата на омразата ќе навлезе во вашето срце и вие ќе ја носите насекаде со себе. Ако ви е тешко
    да го поднесете мирисот на расипаниот компир за една недела, замислете што ќе се случи ако го носите отровот на омразата во своите срца до крајот на животот?

    Исфрлете ја омразата од своите срца за да не носите товар и смрдеа цел живот. Да научите да ги заборавате лошите работи и да простувате е најубавото нешто во животот.
     
    На *Ench@nted*, LittlePinky и karak им се допаѓа ова.
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Луѓе со црвени ружи – Поучна приказна


    Ова е приказна за луѓето со црвена ружа.

    Случката се случила пред крајот на Втората светска војна, на Главната централна станица во Њујорк. Приказната говори за еден млад дечко кој барал една личност која што никогаш не ја видел, а многу ја сакал.

    Тој е поручникот Џон Бланшард. „Стана од клупата на која што седеше на Главната централна станица во Њујорк, ја затегаше својата војничка униформа и почна внимателно да ја набљудува масата луѓе која се движеше низ Големата станица во Њујорк.“

    Бараше девојка која што неговото срце ја познаваше, но чиј лик не можеше да го знае. Девојка со црвена ружа.

    Неговото интересирање за оваа девојка започнало тринаесет месеци порано, во една библиотека на Флорида. Кога од полицата зел една книга, го привлекла содржината на таа книга, не од текстот во неа туку од забелешките кои се наоѓале на маргините на скоро секоја страница. Тоа бил многу убав ракопис и тој заклучил дека зад тој ракопис стои едно суштество кое е промислена душа и еден длабок ум. На првата страница од книгата нашол дури име и презиме на претходниот сопственик. Тоа била госпоѓицата Колис Мејхел. Потрошил доста време и труд, и ја пронашол дури и нејзината адреса. Живеела во Њујорк. Ѝ напишал писмо во кое се претставил и ја повикал да се допишуваат.
    Следниот ден се случило да биде качен на брод и одвезен во Европа како војник на фронт во Втората светска војна.
    Следната цела година и уште еден месец, значи 13 месеци тие се допишувале и се запознавале преку писмата. Секоја буква паѓала на плодно тло. Започнала романса. Официрот Бланшард во едно писмо, при крај на тринаесетиот месец ѝ побарал слика, ама девојката одбила да му прати. Нему тоа му изгледало уште попривлечно. Таа сметала дека ако тој навистина е заинтересиран, нема многу да му значи како таа изгледа. Кога дошол конечниот ден да се врати од Европа од фронтот, се договориле за нивниот прв состанок. Во седум часот навечер на Главната централна станица во Њујорк.
    „Ќе ме препознаеш“ - напишала девојката – „по црвената ружа што ќе ја носам на крагната.“

    И така во 7 часот навечер тој бил на станицата барајќи ја со очите, девојката која што неговото срце ја сакало, а чиешто лице никогаш не го видело. Официрот кажува:
    „Млада личност одеше накај мене. Беше висока и витка. Нејзината руса коса беше со локни кои паѓаа на нејзините раменици, нејзините очи беа сини како некои цветови. Цртите на лицето ѝ беа беспрекорни, нејзините усни одразуваа цврстина ама и одлучност. Беше облечена во светло-зелен костим и изгледаше како пролетта да оживеала. Кренав накај неа, потполно заборавајќи дека таа на својата крагна нема црвена ружа. Додека ѝ приоѓав, мал провокативен насмев помина преку нејзините усни и само ми рече: „Морнару, дали јас и ти одиме во ист правец?“

    „Скоро неконтролирано направив уште еден чекор накај неа, а потоа точно преку неа ја здогледав Полис Мејхел, личност која на својата крагна имаше црвена ружа. Стоеше некако баш зад оваа прекрасна девојка. Имаше малку седа коса која ѝ беше соберена и пристисната со веќе износен шешир. Нејзиното лице беше тркалезно, а исто така и телото. На нозете носеше чевли со ниски потпетици. Девојката во зелениот костим одеше многу брзо. Почувствував во тој момент како да се раздвојувам на половина. Ме влечеше желба да ја следам девојката во зелениот костим, ама сепак моето тежнеење беше длабоко за жената чиј дух беше споен со мојот. И таа тука стоеше. Нејзиното бледо и тркалезно лице беше племенито и чувстително, нејзините сиви очи имаа светкав сјај.
    Не се колебав. Ја кренав книгата со сиви корици со мојата рака – тоа беше знак на препознање од моја страна. И сега сфатив дека и не треба да биде љубов туку нешто посебно, нешто дури и подобро од љубовта. Пријателството за кое бев и треба да бидам секогаш благодарен. Се исправив како вистински војник, се поздравив, ѝ ја подадов книгата на жената и додека ѝ зборував почувствував некоја горчина на разочарување.

    Јас сум поручникот Џон Бланшард, а вие би требало да сте г-ѓицата Мејхел. Многу ми е драго што се најдовме овде на оваа станица. Дали би прифатиле да ве однесам на вечера?“ На лицето на жената се појавила пријатна насмевка.

    „Јас незнам што треба да значи сето ова, младичу“ – одговорила. „Ама младата дама во зелениот костим која само што помина овде, ме замоли да ја ставам оваа црвена ружа на крагната од мојот капут. И рече ако ме повикате на вечера, да ви речам дека таа вас ве чека во големиот ресторан преку патот.

    Таа рече дека ме употребува како некој вид на тест.“


    Вистинската вредност на човечката душа се гледа во одговорот на непривлечното.
    Некој напишал: „Кажи ми кого сакаш и јас ќе ти кажам кој си.“ Кој носи црвена ружа?!

    Обично оние кои не се приметуваат. Обично оние за кои мислиме дека не треба да носат црвена ружа.
     
    На душленце и Philippa им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Awww.. :inlove:

    Девојка;"Боже! Денес ни е петгодишнина од врската.
    Момче;"О!"
    Девојка;"Заборави, нели?!"
    Момче;"С..секако дека не"
    Девојка; "Да, заборави! Препознавам кога лажеш. Не ми се верува дека по 5 години го заборави овој ден!"
    Момче; "Но, душо, жал ми е."
    Девојка; "Не. Молчи! Ќе одам да се разладам."
    Момче; "Чекај!"
    *Девојката излегува од куќата*
    *Момчето го зема мобилниот*
    Момче; "Еј, дојдете кај мене дома. Таа отиде.."
    -1 час подоцна-
    *Телефонот на девојката ѕвони*
    Девојка; "Здраво?"
    Момче; "Душо, каде си?"
    Девојка; "Знаеш каде."
    Момче; "Кремариа?"
    Девојка; "Знаеш дека сакам да јадам сладолед кога сум тажна."
    Момче; "Доаѓам таму."
    -10 минути подоцна-
    *Момчето доаѓа кај девојката. Тој носеше смокинг.*
    Девојка; "Зошто си облечен така?"
    Момче; "Само дојди со мене, принцезо."
    *Момчето и подава рака и таа ја прифаќа со задоволство*
    -Пристигнувањето кај куќата-
    Момче; "Подготви се за моментот на твојот живот."
    Девојка; "Во ред."
    *Кога се отвори вратата имаше маса за двајца и ливчиња од роза на земјата до масата.*
    Момче; "Да јадеме."
    Девојка; "Боже, о-ова е прекрасно."
    Момче; "Се за тебе, љубов.. но почекај."
    *Момчето истрчува до собата и се враќа*
    Девојка; "На принцезата и треба диадема ...но мојата идна жена заслужува прстен."
    *Очите на девојката се насолзуваат*
    Момче; "Секогаш те сакав. Сакав да го направам ова совршено. Ќе се омажиш ли за мене?"
    Девојка; "ДА! ДА!"
    *Тој станува и ја бакнува.*
    Девојка; "Не ми се верува."
    Момче; "Верувај принцезо моја."
     
    На smile:), Agrona, guguence и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
  9. srcesrce

    srcesrce Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Си бил еден човек од Aмерика кој бил многу богат. Неговото богатство вредело милиони. Тој поседувал куќи, земји, антики и замок. Сепак, иако имал се и изгледал среќен однадвор, одвнатре бил несреќен. Неговата жена стареела а тие немале дете. Тој отсекогаш сакал дете за да ја продолжи семејната лоза.

    За чудо, неговата жена останала бремена во подоцнежните години, и родила мало момче. Но момчето било хендикепирано, но човекот го сакал со сето срце. Кога момчето имаше 5 години, мајка му умре. Татко му се приврза многу со момчето. Кога тоа направи 13 години, поради неговите недостатоци кои му го отежнуваа животот, таткото наскоро почина од преголема тага и скршено срце.
    Имотот беше на аукција пред илјада понудувачи. Прв предмет кој се понуди беше една слика од момчето. Но никој не даде понуда. Тие чекаа како грабливци на богатството. Конечно, сиромашната куќна помошничка, која помогнала во гледањето на момчето, понудила 5 долари за сликата и лесно ја добила понудата. На шок на сите, аукционерот извади рачно напишан тестамент од позадината на сликата. Во него пишувало:

    “На личноста која мисли доволно на мојот син за да ја купи сликата, и го давам целото наследство.“

    Аукцијата завршила. Алчната толпа се разотишла во шок и срам.

    Многу пати некои работи мислиме дека се богатства а не ја цениме вредноста на вистинските богатства.
     
    На smile:), *Ench@nted* и JessicaJJ96 им се допаѓа ова.
  10. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    За Вас кои сте родители:


    1. Децата не се домашни миленици.

    2. Животот кој тие ќе одберат да го живеат и оној кој вие сакате да го живеат не секогаш се поклопува. Не се обвинувајте заради тоа.

    3. Не сфаќајте го она што вашите деца го зборуваат или прават премногу лично.

    4. Немојте долго да им држите лутина. Кратката меморија понекогаш е добра.

    5. Нечистотијата и нередот кој го прават се плодна почва за благосостојба.

    6. Не им претурајте по собата додека се во пубертет. Не се знае на што може да налетате.

    7. Не се грижете зашто не ве слушаат. Грижете како се однесувате вие дома, бидејќи тие постојано ве гледаат.

    8. Учете од нив. Ќе се изненадите колку многу имаат да ве научат.

    9. Сакајте ги засекогаш, но пуштете ги да си одат рано.

    Конечно. Никогаш не можете со сигурност да знаете каков родител сте и дали нешто правите добро или не. Никогаш! И ова ќе ви биде главна преокупација додека сте живи. Но, кога вашите деца ќе добијат деца, ќе добиете дел од одговорите.
     
    На LittlePinky и Agrona им се допаѓа ова.
  11. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Е, така е! Љубовта и лудоста одат рака под рака!
    Мислам дека имаше видео на јутјуб со истиов текст! :^)
     
  12. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Една баба стои на ред на каса во голем супермаркет. Позади неа во редот стои млада жена со син на возраст од околу 9-10 години. Синот цело време...


    ...ја туркал количката која 5-6 пати ја удрила бабата по нозете.

    Бабичката се завртела кон малиот и го замолила да престане да ја удира.

    Тој дрско продолжил, па бабата се свртела кон мајка му велејќи и:

    - Зар не можете да му кажете да вашиот син да внимава и да престане да ме удира?

    Младата госпоѓа, без возбудување – мртва, ладна одговорила:

    - Не! Мојата метода на воспитување му дава слобода да прави што сака, сè додека во неговата свест не му стане јасно дека тоа што го прави не другите не е во ред. Научно е докажано дека тој метод е многу ефикасен!

    Во редот позади дамата со детето стоел дечко на возраст од околу 20 години, кој внимателно го слушал целиот разговор, а во раката држел џем од сливи. Кога дамата го завршила своето објаснување за методот на воспитување, тој го отворил капачето од теглата и ја истурил на главата на мајката со детето.

    Бесна и нервозна се свртела кон дечкото, а тој ладнокрвно и одговорил:

    - Знаете, госпоѓо, јас сум воспитуван слободно, баш на ист начин како и вашиот син. И еве, видете го резултатот.

    Старицата весело се свртела кон касиерката и и рекла:

    - Ве молам ставете ја оваа тегла со џем на моја сметка..
     
    На *Ench@nted*, flowersss, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Victory15

    Victory15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    160
    Банка на времето

    Замислете дека има една банка која секое утро остава по $86.400 на вашата сметка. Банката не може да ги пренесува парите од еден на друг ден. Секоја вечер, банката едноставно го брише балансот и ја повлекува сумата која не сте успеале да ја искористите во текот на денот. Што би направиле во таа ситуација? Секој ден би ги ваделе парите до последен цент, се разбира!!!
    Секој од нас има една таква банка. Нејзиното име е ВРЕМЕ.
    Секое утро таа ви кредитира со 86.400 секунди.
    Секоја ноќ ги отпишува, како изгубени, сите оние секунди икои не сте успеале да ги инвестирате во добри цели.
    Оваа банка не ги пренесува секундите во следниот ден. Не доволува надминување на лимитот и влегување во минус. Таа секој ден отвара нова сметка за вас.
    Секоја ноќ ги гори остатоците од изминатиот ден.
    Ако не успеете да ги искористите дневните депозити, загубата е ваша. Нема враќање назад. Н ема вадење и повлекување за „утре“.
    Мора да живеете во сегашноста со денешните депозити.
    Инвестирајте ги паметно така што ќе добиете што е можно повеќе форма на здравје, среќа и успех!
    Часовникот работи и врти. Искористете го денешниот ден најдобро што можете.


    За да ја цените вредноста на ЕДНА ГОДИНА, прашајте студент кој паднал предмет и година.
    За да ја цените вредноста на ЕДЕН МЕСЕЦ, прашајте мајка која родила недонесено бебе.
    За да ја цените вредноста на ЕДНА НЕДЕЛА, прашајте уредник на неделен магазин.
    За да ја цените вредноста на ЕДЕН ЧАС, прашајте ги вљубените кои едвај чекаат да се сретнат.
    За да ја цените вредноста на ЕДНА МИНУТА, прашајте личност кој испуштил воз или лет.
    За да ја цените вредноста на ЕДНА СЕКУНДА прашајте личност која штотуку избегнала несреќа.
    За да ја цените вредноста на ЕДНА МИЛИСЕКУНДА, прашајте личност која освоила сребрен медал на Олимпијада


    Ценете го секој миг што го имате! А ценете го уште повеќе ако сте го поминале со некој посебен, доволно посебен да го троши вашето време.
    Запомнете дека времето не чека никого!
    Вчерашниот ден е минато, историја..
    Утрешниот ден е мистерија..
    Денешниот ден е подарок! :) :f: :sun:
     
    На Viki15 и sweet-star им се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Мудра животна приказна: Ехо

    Еден човек и неговиот син заедно шетале низ шума. Одеднаш, момчето запрело и осетило неподнослива болка во нозете. Со сета сила што му останала во моментот воздивнал. Одненадеж, слушнал како воздишките се враќаат од далечината.
    Заинтересирано му се обратил на просторот околу себе „Кој си ти?” Одговорот кој го добил било самото прашање. Ова страшно го налутило, па повторно извикал: „Кукавицо!” Гласот повторно му одговорил: „Кукавицо!”

    Момчето го погледнало својот татко и зачудено го прашал: „Тато, што се случува тука?”

    Таткото со мала насмевка на ликот му се обратил: „Сине, внимавај што ќе направам сега.” Тогаш таткото викнал: „Ти се восхитувам!” Гласот му одговорил: „Ти се восхитувам!” Таткото повторно извикал: „Прекрасен си!” Просторот повторно му возвратил со истите зборови.

    Момчето стоело зачудено и сè уште не разбирало што се случува. Тогаш таткото му објаснил:

    „Луѓето ова го нарекуваат ехо, но всушност тоа е суштината на животот. Ако сакаш повеќе љубов, подари љубов. Ако сакаш повеќе добро, подари повеќе добрина. Животот секогаш ти го враќа она што го даваш. Ако сакаш да добиеш почит и разбирање, секојдневно давај почит и разбирање. Ова правило се однесува на секој аспект од животот. Животот секогаш ти го враќа она што го даваш, запомни...”
     
    На *Ench@nted* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Сакам да кажам...

    Приказна за најубавата жена на светот

    Еднаш една група момчиња расправале на темата: Како изгледа најубавата жена на светот? Едниот сакал црни очи. Другиот сакал плави очи,бескрајно длабоки ,како небото. Третиот,па најмногу сакал кафеави очи,топли и насмеани.А за косата..,едниот зборувал дека се поубави оние со кратка коса, а другиот тврдел,со долга.Едни се воодушевувале на оние со високо и велич
    енствено држење,а другите на оние со нежна и елегантна фигура.
    И секој од нив мислел дека неговото мислење и опис е најточно и не престанувал да ги убедува другите во исправноста на својот суд. Гледајќи дека така нема да стигнат до заедничко согласување,конечно решиле да одат до еден мудар човеки да го слушнат неговото мислење.
    “Почнавме да расправаме“,му рекоа,“и не успеавме никако да се разбереме.Кажи,ни мудар човеку,која жена е најубавата на светот?“
    После подолга пауза, тој одговори со овие три збора:
    “ТАА КОЈА ШТО ЈА САКАШ.“
     
  16. love-it

    love-it Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    78
    Точно... :talk:
     
  17. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Не се тоа три збора. :D

    Поучна приказна: Како да успеете во животот?

    Едно момче кое било во потрага по работа се пријавил во Microsoft како чистач. Кадровскиот директор го примил на разговор и по краткиот тест му рекол: „Примени сте. Оставете ми го вашиот меил, за да можам да ви го испратам списокот на вашите задачи.“

    Момчето, збунето, одговара дека нема ниту компјутер, ниту мејл адреса.

    Директорот уште позачуден му одговорил: „Епа, тогаш жал ми е! Ако немате мејл адреса, виртуелно значи дека не постоите, и со тоа јас не можам да ве вработам...“

    Изморено, сиромашно и очајното момче излегол од компанијата без идеја што да прави со само 10 долари во џеб.

    Наеднаш, се упатил кон супермаркетот и купил 10 килограми јагоди. За кратко време започнал да ги препродава, одејќи од врата на врата и до попладнето го дуплирал својот капитал.

    Изненаден, полн со ентузијазам, ја повторил истата постапка 3 пати и се вратил дома со 60 долари.

    Тогаш сфатил дека тој систем би можел да му овозможи живот, па од утро до мрак до применувал во континуитет.

    Работејќи го дуплирал својот капитал секој ден. За кратко време купил и мало камионче кое го штедело од патот кој го одел, за подоцна да го замени со достоен автомобил.

    Во рок од 1 година, младото момче станува сопственик на неколку такви моторни возила.

    По 5 години тој веќе бил сопственик на една од најголемите мрежи за дистрибуција на намирници во САД. Во тој момент, мислејќи на себе и своето семејство, решил да ја осигура иднината која го очекува.

    Се јавил кај агент за да потпише полиса за осигурување. Агентот на крајот од разговорот му го побарал неговиот мејл, за да може да му го прати проспектот од осигурувањето.

    Тој повторно одговорил дека нема меил адреса!

    „Баш чудно,“ прокоментирал агентот. „Немате мејл, а успеавте да направите империја. А, замислете каде би биле да го имавте!“

    Човекот за кратко се замислил, па му одговорил: „Знам. Ќе бев во Microsoft и ќе ги чистев ВЦ школките!“

    Запомнете:

    - Интернетот не ги решава сите проблеми во животот!

    - Ако работите напорно, а немате мејл адреса, сеедно е! Секако ќе станете успешни!!
     
    На smile:) му/ѝ се допаѓа ова.
  18. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    ПОУЧНА ПРИКАЗНА: ЗА МАЖОТ ШТО ПОСАКАЛ ДА БИДЕ ЖЕНА, НО ГОРКО СЕ ПОКАЈАЛ!


    На некој маж му дошло преку глава да оди на работа секој ден додека жена му останува дома. Тој сакал да види што прави таа па се помолил: “Драги Господе: Јас одам на работа секој ден по 8 часа додека жена ми само седи дома. Сакам она да знае низ што се поминувам и затоа те молам да дозволиш нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин.“

    Бог решил да му ја исполни желбата на мажот. Следното утро човекот се разбудил како жена.

    Станал, подготвил појадок за својата сопруга (мажот), ги разбудил децата, им подготвил алишта за на училиште, спакувал ужинка, ги однел на училиште, се вратил дома за да исчисти, отишол до банка да подигне пари, до супермаркет по намирници за ручек.

    Го сменил песокот на мачките и го избањал кучето. Веќе дошло 13 часот и побрзал да ги намести креветите во спалната, да ги испере алиштата, да пребрише прашина и паркет; истрчал да ги земе децата од училиште.

    Им подготвил ручек и им помогнал околу домашната задача. Потоа ја наместил даската за пеглање и додека пеглал гледал серија на телевизија. Во 16:30 почнал со готвење на зеленчукот за вечера.

    По вечерата ја исчистил кујната, ја вклучил машината за садови, ги ставил перените алишта на тераса да се сушат, ги избањал децата и ги легнал да спијат.

    Во 21:00 бил комплетно исцрпен, а домашните работи останале недовршени… додека во кревет го чекала жена му која очекувала да води љубов со него, што некако едвај без да се пожали успеал да и удоволи.

    Следното утро штом се разбудил клекнал покрај креветот и се помолил:

    “Господе, не знам што си мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам дозволи ми да се вратам во своето тело!“

    Господ на тоа му одговорил “Сине мој, имам чувство дека ја научи лекцијата и ќе бидам среќен се да вратам онака како што беше. Само, ќе мораш да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ ти забремени“.

    Внимавајте што посакувате затоа што може навистина да ви се оствари!
     
  19. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ,, Си ја сакам таа своја конфузија кога нешто е слатко, а невозможно, блиско, а недостижно, понекогаш дури и отровно за мојата среќа.

    Сепак, среќата ми е релативна состојба, која често пати се граничи со монотонија. Кој ќе ме разубеди во спротивното - не знам, но додека не успее, ќе уживам во мојата лична перцепција на среќата.

    Според мене, среќата лежи во личноста која ме вади од кожа и може да го направи тоа во било кој момент од денот.

    За мене среќа е кога со високо кренат поглед го лоцирам она што е на врвот на кулата, она што не можам да го досегнам ни во сон, без оглед на тоа колку скалила ќе искачам. Сè попатно како да е помалку важно.

    Среќна сум кога недозволеното ќе стане моја лична опсесија, која ме доведува до лудило. Никогаш не сум разбрала зошто некој и нешто ја има таа моќ врз мене, но ете, секојдневно ми се случува.

    Среќна сум со она што никој не може да го има, со она што никој не го посакува. Не затоа што не е доволно привлечно, туку затоа што сите му се плашат. Изгледа сум отрпнала од страв, па се заљубувам во возбудата.

    И сè уште не сум ја пронашла дефиницијата за она што го сакам, ако тоа се прашувате.

    Само знам дека тоа е нешто поголемо од секојдневно испланираните секунди, минути, часови... Многу поголемо од оние клишеа кои сите ми ги посакуваат.

    Најчудно е што, ако еден ден го достигнам недостижното, повторно ќе најдам таква цел, таква личност, таква случка.

    Вие? Го пронајдовте она нешто за кое постоите? Она нешто кое ви го крева адреналинот, ви ги отвора очите и ви го запира здивот?

    Можеби е тој, можеби е таа, можеби е предмет... Сеедно, само пронајдете го што побрзо! ,,
     
    На Papillon.Papi и vinozito1 им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Божја волја

    Си живееше еден многу сиромашен селанец со својот син. Сé што имаа тие беше една кобила. Еднаш кобилата им избега, па нивниот сосед дојде и им рече:
    „Колку страшно, ви побегна кобилата!“

    А селанецот на тоа одговори:

    „Јас не знам дали е страшно или не. Бог знае. Божја волја, слава Му“.

    Следниот ден кобилата се врати и со себе донесе цело стадо диви коњи. Сите соседи се собраа и коментираа:

    „Каква среќа. Кобилата ти донесе толку многу други коњи. Сега си богат човек“.

    „Јас не знам дали е тоа добро или лошо. Бог знае. Божја волја, слава Му“.
    Синот на селанецот посака да ги скроти коњите, и јавна еден од нив. Но коњот го фрли далеку од себе, тој ја скрши ногата и остана сакат. Соседите му рекоа на селанецот:

    „Каква несреќа те снајде. Син ти остана сакат“.

    Селанецот пак одговори:

    „Јас не знам дали е тоа среќа или несреќа. Бог знае. Божја волја, слава Му“.

    Набрзо потоа дојдоа војници во селото и сите способни млади луѓе ги мобилизираа за војна. Го зедоа и синот на соседот, а оној на селанецот не, оти беше сакат. Тогаш соседот му рече:

    „Можеби никогаш повеќе не ќе си го видам синот. Но ти си среќен, твојот син го поштедија“.

    А селанецот повторно смирено одговори:

    „Јас не знам дали е тоа среќа или несреќа. Бог знае. Божја волја, слава Му“.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.