1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересен текст

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Причината поради која го пишувам ова е што многу често сретнувам писма испратени од татковците до нивните ќерки, текстови од малите татини принцези посветени на татенцата кои никогаш нема да ги заборават, писма од гордиот татко до ќерката која треба да избере маж сличен на него и слични глупави зборови кои на НЕтатините ќерки им делуваат смешно.
    Што е со ќерките чии татковци си отидоа? Не умреа. Си отидоа. Напуштија. И тоа по свој избор. Како им е на НЕтатините принцези кога ги читаат тие чудни стории за размазената ќерка на тато?

    Верувам дека секоја напуштена девојка од најголемиот човек во нејзиниот живот може да биде поголема принцеза од секоја растреперена капка на татковата дланка.

    Стакленото ѕвоно во кое е растена една мала татина среќа, во светот на напуштеното чудовиште, е скршено. И тоа е во ред. Зашто чудовиштето излезе од тој совршен свет, се запозна со улиците, со лелекот кој се одѕива од тие улици, со немаштијата во најпразните сокаци, со преживувањето во најтемните улички, со плачот на силните мајки...

    Уште полошо за оние чии татковци не си заминаа и го гледаа секое плачење и страдање и патење на нивните деца. Нивниот татко сигурно бил обвинуван во нивните очи. И тој секако го знаел тоа но, не се грижел доволно многу за да смени нешто. Тој бил способен само да го сврти грбот и да си замине од секое обвинување.

    Но, не ги жалам. Тие девојки научија како да заработат без да глумат лесни девојки по градот.

    И додека најголемата несреќа во животот на една татина принцеза е кога нејзиниот симпатија не ја сака, напуштеното чудовиште се смее на такви банални работи и заработува за живот, за себе, својата мајка и помалите браќа и сестри.

    Заработува за да може да си плати ужина на училиште, за слободна карта во автобусите на ЈСП, за студирање, за да излезе во град. Ама сето тоа е во ред.

    И сакам да ги поздравам сите напуштени девојки зашто секоја од нив научи како да ја најде светлата точка и во најцрната темнина.

    Секоја една одеше со лицето изложено на секоја болка и тага фрлена од татковата рака и исправено чекореше низ стрмнините на животот. Ама тоа ја направи посилна.

    Таква девојка нема никогаш да заплаче зашто симпатијата не ја сака...
    (превземено од црнобело.com)
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Еден златар си седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите.





    Едно девојче се доближило до излогот. Прекрасните сини очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети.





    Одлучно влегла во дуќанот и со раката покажала кон една тиркизно сина огрлица.





    - За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како поклон?





    Трговецот просто не си верувал и го прашал девојчето: „ Колку пари имаш?“





    Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки.





    Ќе биде ли доволно? - прашала гордо.





    Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека поклонот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја.





    Трговецот отишол назад, го спакувал поклонот и го дал на девојчето.





    Земи ја, внимавај и оди дома кај сестра ти.





    Таа гордо го зела поклонот и тргнала дома.





    Еден час покасно во дуќанот влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата на пултот и прашала:





    - „ Дали ова е купено овде?“





    - „ Да, госпоѓице “ - одговорил трговецот.





    - „ Колку чини ова?“





    - „ Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам“ - одговорил трговецот.





    - „ Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.“





    Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката.





    „Вашата сестра ја плати највисоката цена, ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ.“
     
    На smile:), Роберт 7, *Ench@nted* и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kika *

    Kika * Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Писмото кое го расплака светот

    Немам, што да правам, но морам да ти го кажам ова…

    Јас имав и сестра од 2 години која заедно со родителите загина во сообраќајна несреќа! Јас живеам со болна баба и брат од 5 години! Морам да готвам да перам немам време да излезам да си играм, мене никој не ми доаѓа на родителска, веќе немам кому да му ги кажувам своите тајни. Одев на Brake Dance но од несреќата повеќе не одам, тоа беше мој сон. Ти не знаеш како е тоа, цел живот го слушам тоа, сите се луѓе но ретко кој е човек, работам во кинеска продавница трчам цел ден, едвај стигам дома да научам но сепак ги имам сите петки. Морам да учам за кога ќе пораснам да имам што да работам за да го издржувам своето семејство. Јас и барат ми немаме што да јадеме, одиме до ѓубриштата за да најдеме парче леб чисто колку да го заситиме стомакот, морам да заработам пари за лекарствата на баба ми. Морам да го носам брат ми во градинка и да одам по него, морам да го облекувам сега јас сум му како мајка.

    Тој едвај преживеа во несреќата и имаше инфаркт, морам да го водам на контрола. Никој не го разбира мојот живот, сите ми го вртат грбот, кога ќе поминам покрај некого сите бегаат, кога играме нешто на училиште секогаш последен ме избираат. Кога еднаш подготвувавме приредба за родителите игравме фолклор и јас се фатив до едно девојче а нејзините раце беа толку нежни и таа ми рече „дали некогаш си ги измил рацете“ јас ја погледнав и се насмевнав, а душата ми плачеше, како не сум се измил! Туку рацете ми се такви од работа. Трчам насекаде, ноќе не смееам да спијам за да не и се случи нешто на баба, спиеме на слама и на брат ми секогаш му е ладно и морам да ја соблекувам својата облека за да го згреам да не дехидрира.

    Ова е мојот живот ајде ти напиши ми го својот? Само играш на компјутер, а многумина ќе се запрашаат од каде ми е мене? Па одам секој ден во библиотека да научам нешто повеќе и понекогаш се вклучувам на Фб за да се слушнам со тетка ми од Италија да и кажам дека сите сме добри! Вие имате се, полн ормар и велите дека немате што да носите, 4-5 мобилни телефони и сакате нови, а јас сакам само МАЈКА и ТАТКО.

    Поучна приказна

    Еден ден, еден човек го поканил својот пријател, Индијанец, во посета. Тој живеел во голем град и сакал да го одведе својот пријател на прошетка.
    Додека тие шетале, Индијанецот одеднаш застанал и извикал: „Слушам штурец!
    На тоа човекот му одговорил: „Не е можно на олкава бука од луѓе и автомобили да чуеш штурец.“
    Во тој момент Индијанецот се наведнал покрај тревата и со прстот покажал кон едно мало штурче.
    Како?“ – го прашал човекот.
    Индијанецот му побарал една паричка и потоа ја пуштил врз тротоарот. Паричката при ударот на земјата испуштила звук која го привлекла вниманието на сите околу нив. Случајните минувачи одеднаш застанале и го насочиле погледот кон местото од каде доаѓал звукот од паднатата паричка. „Ти го слушаш она кое си научил да го слушаш, без разлика каде си или колкава е бучавата“, му рекол Индијанецот.„Како што можеш да видиш, сите овие луѓе во истата бука успеаја да ја чујат паричката, но не и штурецот.“
    Најважно е да слушате, па токму затоа и обидете се да го чуете она на кое не сте навикнати да обрнувате внимание. Којзнае што може да откриете. Отворете ги вашето срце и ум за нови и различни нешта, бидејќи доколку нешто не забележувате, не значи и дека тоа не постои или пак, дека е невозможно
     
  4. Sweet Justice

    Sweet Justice Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2015
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Многу одамна постоеше остров на кој живееја сите чувства: среќата, тагата, љубовта и сите други. Еден ден на чувствата им беше соопштено дека островот ќе потоне, и дека тие мораат да го напуштат за да се спасат.
    Љубовта беше последната која остана на остовот. Таа сакаше да издржи се до последниот момент. Но кога островот почна да тоне таа одлучи да побара помош.

    Љубовта прво ја здогледа алчноста како го напушта островот.Кога љубовта ја замоли да ја поведе со себе алчноста и одговори: „жал ми е љубов, но не можам да те земам мојот брод е полн со злато сребро и други скапоцености. Нема место за тебе“

    Потоа помина и самобендисаноста, и кога љубовта ја замоли за превоз таа и одговори: „Извини љубов, не можам да ти помогнам ти си целата мокра и можеш да го оштетиш мојот прекрасен брод“

    Во близина беше и тагата. Па љубовта во очај побра рака за спас и од неа но тагата меланхолично одговри: „Ох... љубов премногу сум тажна, сакам да бидам сама“

    Среќата беше до толку еуфорична што дури не ги ни слушна молбите на љубовта.

    Наеднаш љубовта слушна еден глас „Дојди љубов, јас ќе ти помогнам“ тоа беше еден старец. Љубовта беше толку среќна и возбудена што дури не стаса да го праша старецот за неговото име.

    Кога пристигнаа на копно секој си тргна по својот пат. Љубовта тогаш сфати колку многу му должи на старецот, па се обрати до еден друг старец- знаењето. Знаењето и кажа на љубовта дека нејзиниот спасител е времето.

    „Времето?“ зачудено праша љубовта „Зошто времето би ми помогнало мене?“

    Знаењето се насмевна и на лицето му заигра длабока мудрост

    „Бидејќи само времето може да разбере колку е важна љубовта“.
     
    На 8463., *Ench@nted* и Таа Сум им се допаѓа ова.
  6. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Две семејства. Во едното цело време има караници, а во другото владее мир и спокојство. Не можејќи да издржи, жената го праќа мажот да види, зошто кај соседите владее таква хармонија. Отишол тој и гледа, сосетката пере. Поминува мажот, се сопнува и турнува отворена кутија со боја врз испраната облека…
    – Извини! – Рекла неговата жена. – Јас сум виновна што ја ставив тука испраната облека.
    – Не, ти извини! Јас сум виновен, зошто не ја ...затворив кутијата со боја. – Одговорил сопругот.
    Се вратил мажот и жената го прашува:
    – Што се случува кај соседите? Дозна ли зошто никогаш не се караат?
    – Да! Дознав.
    – И…
    – Па, кај нас сите се во право, а кај нив сите се виновни.....
     
    На Роберт 7, 8463., Таа Сум и 8 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Имам јас добра приказна...
    Си била една жена која секој ден седела на прозорот и гледала како комшивката ги пружела алиштата. Постојано коментирала како комшивката пружа нечисти алишта, дека целите се со дамки и не знае ни убаво да ги испере. И така ден за ден, постојано истата приказна.
    Еден ден, алиштата на комшивката веќе не биле целите со дамки, туку снежно бели.
    Изненадена, жената отрчала кај мажот, да му каже дека комшивката конечно научила да ги пере алиштата.
    На тоа мажот и одговорил дека тој го избришал прозорот тоа утро.

    Толку сме опседнати со прљавиот веш на другите луѓе, што забораваме на нашите нечисти прозори...
    И така, твојата приказна ме потсети на тоа...
     
    Последна измена од модератор: 27 март 2018
    На Роберт 7, Belgin1, LegallyBlonde13 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Presque vu

    Presque vu Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2018
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Да, душичке и двете приказни се поучни,првата не учи на трпението,смирението,хармонијата,мирот,спокојството,опростувањето,љубовта во семејството,префрлање на вината на себеси,а не на другиот,а втората, твојата приказна исто е поучна,дека секогаш треба да се погледнеме само себеси во огледало,бидејќи за никој друг нема да одговараме на Страшниот суд Божји,само за себеси...
     
    Последна измена: 27 март 2018
    На 8463., Таа Сум, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Еден мудар човек стоеше на брегот и ги гледаше децата како си ѕидаат кула од песок. Само што ја завршија својата прекрасна кула, за која им требаше толку многу време и трпение, дојде бран и за миг ја избриша од земјата. Човекот се натажи очекувајќи кај децата да види солзи и гнев. Но тие само кротко си седнаа на песокот се фатија за раце и почнаа слатко да се смеат. Веќе следниот миг започнаа да градат нова кула.
    Човекот се насмевна и рече „Денес од овие дечиња научив многу важна лекција. Сите нешта во нашиот живот за кои трошиме толку многу време и енергија, се создадени во песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе дојде бран и ќе го однесе она што сме го изградиле со толку труд. Кога тоа ќе се случи, ќе можат да се смеат само оние што ќе имаат некого да го држат за рака“.


    Некои школки од надвор се мазни и сјајни, блескаат од боја, а некои неугледни, груби и рапави. Но под таа своја тврда коричка сите школки се нежни и ранливи. Токму како и луѓето во внатрешноста на своите души. Често се случува во школката да влезе некое особено неугодно зрнце песок, кое се заглавува во мекото ткиво на школката и таа никако не може да го исфрли. За некои школки тоа зрнце песок станува погубно: им ја разорува внатрешноста до крај.
    Но има и школки кои поинаку се однесуваат. За да ја ублажат болката што им ја создава острото зрнце песок тие неуморно го заобиколуваат, обвиткувајќи го со тенки слоеви на мазен седеф. Така зрнцето песок полека станува бисер. Исто и со луѓето. Некои од своето зрнце песок прават животна драма од која никако да се соземат. Други, пак, своите зрнца песок ги претвораат во бисери.
    Оние првите се незадоволни и постојано се жалат на тоа колку е суров животот. А вторите трпеливо ги создаваат своите бисери, сѐ додека болката не исчезне. Луѓето што во себе носат бисери ќе ги препознаеш по блескавите насмевки.


    Некој многу богат бизнисмен сакаше на својот син да му покаже што е сиромаштија, за уште повеќе да си го цени богатството што го има. Го однесе на село кај едно сиромашно семејство со многу деца. Поминаа таму дури два дена.
    -И? Виде ли сега што е разликата меѓу богатството и сиромаштијата? – го праша богатиот својот син кога се вратија дома.
    -Видов, тато! – одговори детето. – Јас сум единец, а тие деца имаат браќа и сестри. Ние пред куќата имаме базен, а тие имаат река во која пливаат и ловат риба. Ние имаме клима уред, а тие само ќе ги отворат прозорците и им доаѓа свежина од дрвјата пред куќата и од реката. Ние за птиците гледаме на телевизија, а кај нив вистински птици им слетуваат на прозорците. Ние имаме куче, а тие имаат стадо овци. Да, тато, научив што е богатство и жал ми е што не сме така богати.
     
    На 8463., *Ench@nted*, Таа Сум и 2 други им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Screenshot_2.png
     
    На winter flower му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    11.204
    Пол:
    Машки
    Кога ќе излезете во шумата и ќе ги погледнете дрвјата, ќе ги видите сите овие различни дрвја. И некои од нив се свиткани, а некои од нив се прави, а некои од нив се зимзелени, а некои од нив се што и да е. И ќе го погледнете дрвото и ќе го дозволите тоа. Гледаш зошто е така. Вие разбирате дека не добива доволно светлина, и така се свртува на тој начин. И не биднувате емоционални поради тоа. Вие само го дозволувате тоа. Го цените дрвото. Во мигот кога ќе се приближите кон луѓето, ќе го изгубите сето тоа. И постојано велите "Ти си премногу ова, или јас сум премногу она". Таков ум со предрасуди доаѓа. И така практикувам да ги претворам луѓето во дрвја. Што значи да ги цениме какви што се.

    -Рам Дасс.
     
    На Briar Rose, *Ench@nted* и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Еден млад човек запрашал еден мудар старец: „Што сум јас?“
    Старецот рекол: „Ти си она што ти мислиш. Ќе ти го објаснам тоа со една приказна.“
    Еден ден, покрај градските ѕидини, во самракот, луѓето можеле да видат две личности кои се прегрнуваат.
    Невиното детенце мисли: Тоа се тато и мама.
    Човекот со бујна фантазија мисли: Тоа се љубовници.
    Човекот кој живее сам мисли: Тоа се двајца пријатели кои со години не се виделе.
    Човекот кој е алчен за пари мисли: Тоа се двајца трговци кои склопиле успешна зделка.
    Жената со нежна душа мисли: Тоа е таткото кој го прегрнува синот кој се вратил од војна.
    Човекој кој тагува поради смртта на својата ќерка мисли: Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат.
    Девојката која сонува за љубов мисли: Тоа се двајца заљубени до уши.
    Убиецот мисли: Тоа се двајца кои се борат до смрт.
    Тесноградиот човек мисли: Којзнае зошто се прегрнуваат.
    Божјиот човек мисли: Колку е убаво да се видат двајца луѓе кои се прегрнуваат.
    Старецот на крај заклучил: „Секој размислува и просудува во зависност од тоа што е самиот тој и што носи во себе.“






    Некогаш одамна дедото му раскажувал приказна на внукот за една животна вистина.
    Во душата на секој човек се води борба. Како борба помеѓу два волци. Во душата на секој од нас, едниот волк претставува зло. Претставува бес, завист, љубомора, жалење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, грев, лутина, инфериорност, лага, лажна гордост, егоизам.
    [​IMG]Другиот волк го преставува доброто. Го преставува она што дава уживање, мир, надеж, љубов, ведрина, скромност, љубезност, добрина, срдечност, дарежливост, вистина, сочувство и верба.
    Внукот се замислил неколку моменти. Своите мисли вредно ги насочил во длабочината на дедовите зборови па го запрашал:
    - Кој волк победува на крајот?
    Дедото одговорил со насмевка на своето старо лице:
    - Победува оној кој повеќе го храниш.
     
    На 8463., *Ench@nted*, Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Едно јато штркови, како и секоја година, летало на југ. Во едно семејство од јатото, едно мало штркче немало доволно сила да го издржи целиот пат.
    Татко му го зел на својот грб и продолжил да лета. Некаде над океанот, таткото го прашал својот син:
    – Сине, кога ќе остарам, ќе ме носиш ли и ти на твојот грб како што јас те носам сега?
    – Да тато, ќе те носам.
    Таткото наеднаш ги зафрлил крилјата навалувајќи се на едната страна и исфрлајќи го синот од својот грб со цел самиот да лета.
    Следната година се повторила истата приказна – младиот штрк немал сила за да го прелета целиот пат, па татко му го зел на својот грб. Над океанот, таткото штрк повторно го прашал сина си дали ќе си ги сменат улогите кога тој ќе остари.
    – Секако тато, ќе те носам јас кога ти ќе бидеш стар – одговорил синот.
    Татко му повторно го исфрлил од својот грб за да лета сам.
    Третата година штрковите повторно патувале на југ, кога таткото штрк носејќи го својот син на грбот уште еднаш го прашал:
    – Сине, кога ќе остарам, ќе ме носиш ли ти мене на грбот како што те носам јас тебе сега?
    – Нема тато.
    – Зошто?
    – Затоа што тогаш јас ќе го носам моето дете.
     
    На Роберт 7, 8463., Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Си живееле еднаш маж и жена, кои имале дванаесетгодишен син и едно магаре.

    Одлучиле да заминат на патување, да работат и да го запознаат светот, и такатргнале на пат.

    Кога дошле во првото село, луѓето коментирале:

    „Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат.“

    Тогаш жената рекла на својот маж: „Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син.“ Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.

    Кога дошле во друго село, луѓето мрмореле:

    „Погледнете го ова, нека се засрами човекот што дозволува неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи.“ Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.

    Така тие пристигнале и во трето село каде што луѓето повторно коментирале: „Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнала на магарето. И кутро дете, којзнае што уште го чека со таква мајка.“ После ова одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.

    Кога дошле во следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца одлучиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите од луѓето кои им се смееле: „Видете ги овие три будали… пешачат, а имаат магаре кое што може да ги носи. Зар не би било нормално еден да поштедите од пешачење, а само двајца да пешачат.“

    Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да пронајдеш личност на којашто ќе ѝ бидеш добар таков каков што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат, живеј си го животот.
     
    На 8463., winter flower, Таа Сум и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    A psychologist walked around a room while teaching stress management to an audience. As she raised a glass of water, everyone expected they’d be asked the “half empty or half full” question. Instead, with a smile on her face, she inquired: “How heavy is this glass of water?”

    Answers called out ranged from 8 oz. to 20 oz.

    She replied, “The absolute weight doesn’t matter. It depends on how long I hold it. If I hold it for a minute, it’s not a problem. If I hold it for an hour, I’ll have an ache in my arm. If I hold it for a day, my arm will feel numb and paralyzed. In each case, the weight of the glass doesn’t change, but the longer I hold it, the heavier it becomes.”

    She continued, “The stresses and worries in life are like that glass of water. Think about them for a while and nothing happens. Think about them a bit longer and they begin to hurt. And if you think about them all day long, you will feel paralyzed – incapable of doing anything.”

    Remember to put the glass down.


    — Jimmy Harmon
     
  16. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    ЖИВОТ

    Чудни се неговите патеки, ќе те однесе на разни лавиринти, ќе научиш многу работи, ќе прочиташ и меѓу редови и на крајот доаѓаш до заклучок дека е вредно да се живее, вреди да се обидеш да го најдеш она вистинското во себе, да подаруваш среќа, да живееш со тоа убаво чувство довека...
    Наместо омраза, злоба, завист... подарувајте среќа и љубов без заборав.

    Живееме во едно време, кое од ден на ден наметнува нови правила и норми на однесување. Се случува да се изостават важни работи кои се составен дел од нашето секојдневие. Денешниот млад човек забрзано ги усогласува обврските со темпото на животот, при тоа не завртувајќи внимание на ситниците кои се составен дел од секојдневието. Пред се, се става акцент на обврските поврзани со кариерата, личниот интерес, брзата заработувачка, додека останатото време во денот ретко кој го користи за да ги задоволи потребите за останатите во семејството. Се бараат разни изговори, оправдувања се со цел да се избегнат тие контакти.

    Не ретко се случува едниот и да претера со својата грубост, при тоа оставајќи ги другите во дилема;
    што се случува?
    Зошто вакви испади кога за нив нема потреба?

    Одговорот за многубројните прашања е избегнат. Во најголем број случаеви, столбот на семејството се повлекува, бара разни начини да го замени семејниот дом со друштвото во кафеана, другарите,кладилниците и слично.

    Семејството останува само со едниот родител кој колку и да сака не е секогаш во состојба да ги
    задоволи сите потреби одеднаш. Тоа го чувствува на сопствена кожа, а веднаш по него се децата.
    Од ден на ден, незадоволството расте, се бара решение за проблемите но безуспешно.

    Не ретко се случува во изливи на бес да се случат и немили настани, едниот да го почувствува бесот и ароганцијата на другиот, тогаш да биде сведок на вистинското лице на другиот, злобата која ја носи во себе, зависта на успехот на другите...

    Тогаш настанува вистински кошмар, од кој неможе лесно да се ослободи никој. Тоа трае со денови,
    понекогаш и со месеци, се трпат разни испади, закани, уцени, и тоа трае, не може да се контролира.

    Одеднаш животот станува лавиринт - бесцелно патување од кое неможеш да се ослободиш. Се се врти како магичен круг и секој нов ден се чини како нова казна. Исходот од новонастанатата ситуација не може никој да го предвиди.

    За жал, во повеќето случаеви решението на вакви проблеми е разидување на брачните
    партнери. Реткост е на мирен начин да се постигне договор околу заедничкиот имот и грижата за децата.
    Најчесто брачните другари на најлош можен начин завршуваат со брачниот живот, со меѓусебни обвинувања, кавги по судовите за тоа кој е во право а кој грешел.

    И што се случува потоа? Секој заминува на своја страна, во нов живот.
    А каде се тука децата - тие невини суштества сведоци на секоја кавга, погрден збор, злоупотреба,завист, љубомора и што уште не.

    Иако деца, сепак таквите што животот ги ставил на крстопат многу рано созреваат и учат многу побрзо од нивните врсници. Стануваат одговорни, внимателни кон родителот со кој остануваат притоа внимавајќи да не го повредат на било кој начин.

    Во животот сите ние грешиме, но прашањето е - колкави се нашите грешки и дали може нештата да го добијат својот правилен тек?

    Која е пораката на животот? Дали треба да живееме само за себе или пак со некој нов ден да го докажуваме колку ни значи семејството и блиските околу нас?

    Наместо завист, љубомора, себичност - подарувајте среќа и љубов до бесконечност. Нека блиските околу вас дознаат какви чувства носите во себе, не бидете себични туку во секој миг покажете колку сте големи. Голем е тој што знае да сака, што ќе ве утеши во најголема мака.

    Секогаш најдете време за своето семејство, покажете колку ви значат, затоа што ситниците го
    сочинуваат животот. Нема пара што ќе ја плати насмевката на вашите деца и среќата која извира од очите на вашиот брачен другар. Денес во овој суров свет, за малку среќа секој живее....
     
    На winter flower му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Taznadevojka3

    Taznadevojka3 Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Mi treba nekoj tekst za zena koja stanala majka ve molam pomognete mi
     
  18. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2016
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Што е мажот без жена покрај себе?

    Мажот без жена покрај себе најчесто е кариериста. Ладен и промислен бизнисмен. Или пак средновечен осаменик кој се залажува дека тоа е она што го посакувал во живото, а вистината е дека не е.


    Тој е повреден и тажен. Осамен, но и уплашен. Кога мажот ги сокрива емоциите и солзите се смета за вистински маж. Но, тоа воопшто не треба да биде така. Мажот не е слабак ако покажува емоции, ниту тоа го прави помалку мажествен. Мажот е подеднакво ранлив и му е потребно внимание и некој кој ќе го сака.

    Мажот без жена е како стих кој недостасува во песна, која без тоа нема ниту мелодија, бидејќи тој е исто толку вреден за жената која е покрај него.

    Жената на мажот му ги прави утрата поубави, а ноќите потопли. Кога е сам, тој е препуштен на инсомнијата која води борба наместо него. Затоа бегството го бара во антидепресиви и во другите жени. Да, пак жени, бидејќи што е тој без нив?

    Амбициите на мажот без жена се помалку вредни. Таа е најчесто онаа која го охрабрува и верува во него, дури и кога не е оправдано, заради неа тој знае дека може подобро и вреди повеќе. Мажот го знае тоа. Затоа и велат дека позади секој успешен маж стои уште поуспешна жена.

    Мажот без жена покрај себе е помалку свесен за потребите на другите, бидејќи за емпатија му е потребна жена. Жената е онаа која бира, но му дозволува постојано да ја лови, дури и тогаш кога веќе ја освоил. Места, територии, срцето, сите полиња кои тој сака да ги освојува бидејќи во природата на мажот е да доминира. Без жена во неговиот живот не би имал како да го прави тоа, и често не е ни свесен за тоа.

    Без жена тој не би бил свесен ни што значи и колку е важна улогата да биде татко.

    Мажот без жена е осуден да трага по невозможното.
    Меѓусебната потреба еден за друг е она што ја прави жената жена, а мажот маж. Сјајот во очите и вербата дека тие тоа навистина го можат тоа заедно. Мажот и жената се создадени за љубов.
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.