1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Интересни идеи за Новогодишни украси

Дискусија во 'Дом' започната од viki4ka, 6 октомври 2010.

  1. stanceva

    stanceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Јас многу сакам украси сама да изработувам,имам идеи.Кажи што те интересира и ке ти помогнам,дали венчиња,свекници, лампиони.
     
    На beticka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baki-dk

    baki-dk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    За изработка на ова венче потребни се: совитлива жица со средна дебелина, коноп, зимзелени гранчиња, неколку помали шишарки, црвени и златни лампиони, црвена машна и лепак.

    Жицата свиткајте ја во форма на правилен круг со помош на клешти, а свежите зимзелени гранчиња (потребно е да бидат свежи и долги за да полесно се свиткуваат) исплетете ги во круг околу свитканата жица и прицврстете ги со коноп. Со супер-лепак на самото гранче залепете неколку шишарки (тие треба претходно да бидат исушени за да бидат лесни), потоа заврзете ги лампионите и на крај, заврзете ја или залепете ја пеперутка-машната.

    Доколку машната е поголема и потешка, прободете ја со игла и конец, како да шиете, а потоа цврсто заврзете ја за новогодишното венче. Кога венчето ќе биде готово, може да го закачите на врата или на ѕид.

    [​IMG]


    За изработка на венец со сијалички, потребна е свиткана жица (како и кај претходниот пример), гранчиња на зимзелено дрво, а може и да послужат гранчиња од вештачка елка која веќе не ја употребувате. Обвиткајте ги околу жиците завиткани во круг, прицврстите ги со коноп, а потоа обвиткајте го низот од сијалички. Ова венче подобро е да се закачи на ѕид (близу до електричен приклучок) за да може да се приклучат сијаличките и да се создаде целосен амбиент.


    [​IMG]
     
  4. stanceva

    stanceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Денес ги прегледував лампионите од лани.Мојата елка е накитена во плави и розови лампиони,но денес со мали пари ги направив розовите сребрени.купив алуминска фолија и сите розови ги направив сребрени.Од фолјиата направив и ланец сребрен.За ефтини паринови лампиони и нов изглед на елката :D
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    ^баш сега го најдела мајка ми во една кутија кај што чуваме украсни кеси.. ептен е убаво и многу лесно се прави.. :)
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Oва јас што го постирав? Ако е тоа кажи ми го рецептот за правење, го немаше на страницата а баш ми е интересно :wasntme:
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stanceva

    stanceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 090.jpg
      Picture 090.jpg
      Големина на фајлот:
      22,3 KB
      Прегледи:
      2.267
  9. stanceva

    stanceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture 091.jpg
      Picture 091.jpg
      Големина на фајлот:
      31 KB
      Прегледи:
      2.263
  10. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Еве како да направите новогодишни украсни колачиња. :)
    [​IMG]
    Потребен материјал за овие предмети е:
    -Fimo маса (или друга смеса што можете да ја печете) во бела и кафеава боја,
    -калапи со различни форми,
    -подлога на којашто ќе ја измазните смесата,
    -некој предмет со којшто ќе ја мазните смесата.
    [​IMG]
    Кафеавата смеса измазнете ја добро за да добие дебелина од 3мм.
    [​IMG]
    Со калапите направете форми што најмногу ги сакате, а со белата смеса правете го украсувањето на слатките, и тоа во форма на точки, снегулки или сè што мислите дека ќе биде интересно.
    [​IMG]
    Можете да изберете и друга боја за декорација од којашто би можеле да формирате ситни топчиња или коцки.
    [​IMG]
    На секој украс направете мал отвор за подоцна да можете да ставите лента и да го обесете. Готовите украси ставете ги во рерна да се печат (онака како што Ви пишува на упатството).
    [​IMG]
    Кога ќе ги извадете, почекајте да се изладат, а потоа тие се подготвени за декорирање. Ваквите уникатни украси можете да ги ставите на Вашата елка , прозорците, вратите, лустерите... но, можете да ги претворите и во оригинален накит.
    [​IMG][​IMG]
     
  11. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Една интерсена идеја. Прегорените сијалици можете да ги офарбате како сакате и од нив да направите убави лампиони:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Hopeful, angelce1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
  13. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Еве како да направите украси од домашно тесто. :)
    [​IMG]
    Украсите можете да ги направите за Божиќ или, пак, за Нова година, а за нив потребно Ви е следново:
    -2 чаши брашно,
    -2 лажички сол,
    -1 чаша вода,
    - органска боја,
    - валјак,
    -калапи за форми,
    -густа бела боја за декорација
    [​IMG]
    Најпрвин ги мешате брашното, солта и водата убаво и го месите тестото сẻ додека не стане еластично.
    [​IMG]
    Тестото го делите на онолку парчиња колку што планирате да искористите од различните бои. Турете неколку капки од бојата врз тестот и месете го повторно.
    [​IMG]
    Потоа, со валјакот, убаво израмнете го тестото и со калапите извадете најразлични форми (ѕвезди, срциња, кругови, ромбови и сл.).
    [​IMG]
    На секое парче на врвот ставете му мал отвор и ставете ги во рерна да се сушат на 120 степени целзиусови сẻ додека не станат тврди.
    [​IMG]
    По овој процес тие се подготвени за декорирање. Со белата боја направете најразлични декорации.
    [​IMG]
    Ставете им низ отворите по една украсна лента и можете да ги користите за декорирње.
    [​IMG]
    Украсите можете да ги ставите онаму каде што сакате: на столна ламба, на букетот со цвеќе, на елката и тн. Гледате дека тоа е лесно, брзо и што е најажно ништо не треба да купувате!
    [​IMG]
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На Elennaa, Hopeful, ivimis и 3 други им се допаѓа ова.
  15. lovely.lady

    lovely.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Еве конечно најдов упатство за изработка на овој преубав украс. Па повелете линкче ;)

    http://www.coolinarika.com/recept/jedno ... od-papira/

    Се надевам ќе ни испадне како што треба :rofl:
     
  16. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    мајка ми купи еден новогодишен свеќерник, ама гледам дека може да се направи и дома сличен, на пример вака: земете еден картон и со шестар направете круг на него(големината ќе ја направите во зависност за каква свеќа сакате да биди-од оние ниски и широки, или тесни и високи, за високите доколку немате подлога можете да искористите капаче од сок, а за широките претпоставувам дека имате од оние стаклените што се за свеќи како чашки за ракија, па всушнист доколку имате некое постаро чаше за ракија, од оние поширочките искористете го) картонот треба да биди доста поширок од чашето или капачето, за да имате место за шишарките и подарочињата...и веќе си кажав-наредно нешто што ви е потребно се шишарки(по можност малечки и можете и да си ги набоите со лак на пример во некоја сребрена или златна боја-во зависност од бојата на подарочињата, ама и да ги оставите такви не е лошо), потоа ако имате широк стиропор направете коцкички од него(на пример 3), а доколку немате направете обични мали коцкички од картон(знаете цртате 5 квадрати во вид на плус, и додавате уште еден од рандом страна и се разбира на краевите продолжувате малку за лепилото каде што ќе го лепите), потоа ги завиткувате подарочињата со украсна хартија(би препорачала во златна, сребрена или црвена боја-тие најмногу асоцираат на нова година), и со некој светлив конец(како оној на лампионите, ама може и некој обичен) правите панделки на подарочињата, и на крај си земате гранчиња од елка(природна или од некоја стара вештачка скршете), и следи редење: на кругот од картон точно во центарот прво ја ставате подлогата за свеќата т.е. чашето/капачето, а потоа нaизменично ги редите и со лепак ги зацврстувате шишарките и подарочињата, а помеѓу нив ставете гранчиња од елка и ќе си добиете убав и интересен новогодишен свеќарник

    *инаку наместо шишарки и подарочиња може да си искористите нешто друго, по ваша желба, па и така може ќе излезе нешто интересно, ама и да не излезе сигурно ќе се развие и зголеми празничната еуфорија во вас :)
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    ^ Еве нешто слично, многу е интересно
    [​IMG]
     
    На BeYourself и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Денес си планирав да направам некое убаво венче или свеќарник, но снегот ми ги измени плановите :) бидејќи тука блиску каде што живеам има секакви растенија, шишарки, елки. Ќе мора да почекам, барем малку да се стопи снегот
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Еве една интересна идеја
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :)
     
    На Divinebutterfly, smiley-94 и joelle им се допаѓа ова.
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сега за некој ден мајка ми ќе си се фати за работа :lol:
    Многу сака да изработува домашни укравчиња, букетчиња, венчиња... и се да биде во склопот на празниците. Понекогаш дури и се чудам како има толку нерви, ама желбата и таленотот пред се.
    Браво за мама :clap:

    Нешто слично како овие (дури и поубави :wasntme: ) :$

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]