Девојки минатиот месец ми дојде на 7ми а денес сме 10ти и се уште не ми е дошло инаку имам заштитени односи со кондом,Дали може да се случи кондомот да пукни а ние тоа да не го забележиме?Инаку овие денови бев многу нервозна а предменструални симтоми имам ми излегоа акни на лицето и зголемен апетит/
Девојки ве замолувам за совет...скоро почнавме со дечко ми да имаме односи...првиот пат ми течеше многу крв истот така се до 5пат имав обилно крварење...потоа некој период престанавем и вчера се обиовме пак и пак прекварев дали му се има случено на некој ова?
Ова воопшто не е нормално. Крв тече првиот пат, кај некој помалку, кај некој повеќе, и ете евентуално и вториот пат може да има нешто малку крв. Тоа е ок. Ама вие шест пати сте имале односи и ти цело време обилно да крвариш, не е во ред. Може да се случат триста компликации. Оди на гинеколог, мој најдобронамерен совет ти е тоа. Овде никој не може да ти каже зошто е тоа така.
Не знаев каде точно да пишам за пваа тема ама би сакала да ве прашам нешто ако мпжете џа ми кажите Би сакала да знам какви се ризиците за некои болести ако имаш еден партнер ..мислам ако имаш односи само со еден?
Мислам дека е можно да се случи кондомот да се скине и да не се забележи. Почекај уште некој ден аконе добиеш направи си тест за бременост.Можеби да ти е и поради стрес нервоза и промена на време. Мене последниот пат ми доцнеше 10тина дена направив 2теста беа негативни и утрото кога бев решена да појдам на доктор добив
Имам еден проблем додека имавме секс со дечко ми забележав на неговиот пенис на горната кожичка црвенило не беше херпес туку како гребнато како излупена кожичка и ми рече дека го пече ве молам кажете ми дали е некој инфекција или го има повредено многу сум испласена
Мислам дека нема потреба да се грижиш..Можеби е само една гребнатинка која ја направил додека направил сам закопчуваки ди ги фармерките како што се деси со нас.. и успат имам и јас едно прашање на кое би сакала фа ми одговорите..кој е ризикот за некаква инфркција при однос ако имаш само еден партнер мислам кога е обострано ни јас друг ни тој друга???поздравче
Менструацијата ми е скоро при крај, но денес имав болки во десниот дел на стомакот, прво целосно па после само кај јајникот. Кратко траат. Се ли е во ред? Бидејќи никогаш не ме болат јајниците при крај на менструација или откако ќе ми заврши.
Можеш да се оболиѓ од сите преносливи болести кои ги има партнерот. Пред тебе бил со други па ги има евентуално нивните, а и ти може си закачила некоја болест од претходни. Дури и хепатит може да си размените, кој не се пренесува само преку секс. Ризици си има постојано, за да бидеш 100% сигурна, треба да немаш секс Е сега, ако сте се тестирале, провериле и немате ништо, а после тестирањата немате други партнери во кревет, не би требало да има никаков проблем.
Вака сега... циклусот ми заврши во неделата, што значи рано ми е за овулација. Но јас имам некој исцедок, кога ќе се избришам е продзирен а на долната облека како бледо кафен се гледа. Бидејќи сум на антибиотици, си помислив да не има врска тоа или пак можно е нешто да подранила овулацијата? Секое мислење ми е добредојдено, бидејќи се исплашив малце и се мислам да прекинам со антибиотици...
Staviv vekje dve, no kje pauziram deneska drugite 5 kje gi stavam od utre, da ne ima nekoj problem taka
Јас пак мислев машко си. Прв пат слушам за тие вагиналети искрено, но за какви вагиналети и да станува збор, мислам дека не е пожелно паузирање. Се ставаат секоја вечер пред спиење по една, се додека не ја завршиш дозата. За што се овие?
Не смеес да паузираш тоа ти е терапија и се ставаат секоја вечер по една вагиналета обицно за трихомонас ги даваат
Не смее да се паузира. 3 дена по ред треба да се ставаат. Лавли јас искрено да ти кажам цел месец бев на антибиотици ( имав бронхитис ). И цел месец ја осеќав овулацијата. Зависи од таблетките колку се јаки, јас си мислам од тоа е. Но еве денеска си се олеснив,добив. Но, незнам за тебе мислам не треба да му придаваш значење. Може само е еден ден во прашање.
Феминкии користам вагиналети но сеуште го имам жолтеникав исцедок, нема никаков непријатен мирис но често мокрам со тешкотии и забележав пенливи меурчиња и парчиња исцедок дали тоа е нормално?
^ Така и беше мила, еве денес немам ништо. Но ги прекинав вчера, и така сум скоро оздравена и пусти страв... Сепак интимното здравје ми е поважно од тоа да излечам некоја настинка.
Ако сеуште користиш вагиналети, нормално е преку ден да се исфрла тоа што станува. Бидејќи ноќта се раствараат во вагината, а нередниод ден се исцедуваат.