женски јас веке бев на лекар и ми кажаја дека имам кондиломи еве се мачкам со крема која е многу скапа 3.000 денари и докторот ми рече односи само со кондом мегутоа ме интересира доколку не ги одстранам кондиломите дали можи и партнерот да ги добие и да има некој сериозни проблеми? И како сте ги излечиле тие што сте имале?
Здраво имам едно прашање- откако ми заврши менструацијата чуствувам вагината да ми е отечена особено кога ќе имам сексуален однос со мојот партнер, чуствувам како да удира во нешто, нормално ќе одам на гинеколог само ме интересира ваше мислење исто така понекогаш чуствувам и болка на левата страна и имам некое чудно чуство кое не можам да го објаснам Благодарам
Здраво девојки, сакам да ве прашам нешто. Многу често имам бело прање, посебно имам забележано пред да добијам (недела две..ако не и некад повеке) премногу ми тече безбојма течност како вода и се мислам дека имам добиено, гаките да ги мењам на пола саат фабрика не ми стигнува. После исто така забележувам густа да речам ко смеса- светло зелена боја на гаките и кога идам во веце кога се бришам може да ми стане на тоалетната. Од време на време се одмивам со чај од камилица. но тоа е тогаш за тогас и пак иста песна потоа. Да напоменам односи не сум имала многу долг период. Што всушност значи сето ова и дали и некој друг го имал истиот проблем како да се спарфавам незнам? Ви благодарам Позз
pa vaka devojki, imam 20 god i sum virgin, idam so decko mi 4 meseci i sakame i dvata da go napravime toa , ama problemot e sto koga i da proba jas se trgam zatoa sto mnogu me boli? nekoja sovet da mi dade sto treba da napravam za da ne mi bide taka zatoa sto custvuvam mnogu golema bolka
можеш да ги пренесеш да.. али ако ти се надворешни мачкај ги со јаболкова киселина за два три дена ке ги немаш.. на памуче стави и држи по 5-4 минути ..
@Leo-nora мораш да одиш кај твојот матичен гинеколог да ти земе брисеви за микробиолошки испитувања и ПАП тест бидејќи се работи за вагинална инфекција и тој ќе ти препише соодветна терапија.Исто и да направиш уринокултура во лабораторија бидејќи сигурно имаш и уринарна инфекција.Можеш и преглед на крвна слика да направиш во лабораторија исто.И секако,да му напоменеш на гинекологот дека долг период не си моментално сексуално активна.Поздрав и со среќа да си го решиш проблемот!
Феминки ми треба мислење доколку некој се соочил со вакво нешто.Што е до мене веднаш би отишла на гинеколог ама не сум до можност барем не до сабота.Значи одприлика треба да добијам деновиве,искрено незнам точно кој ден ама знам дека имам редовни циклуси.Моментално имам некој кафеав исцедок,кој обично ми се има појавувано на пример откако ќе ми заврши циклусот ама еве сега обратно.Пред малку кога бев во вц,кога се избришав пак имаше кафеаво и имаше такво густо како кога имаш добиено меѓутоа бојата не беше ни најмалку црвено туку дури накај ептен темно кафеава и малце се исплашив со оглед дека имам некоја историја од порано,а по интернетов не ми се чита само ќе се исповадам од памет.Инаку секлусано сум активна,меѓутоа со дечко ми исклучиво имаме со кондом така да тоа што прочитав дека е знак за бременост сигурно се исклучува
И мене ми беше така претходно, ми се јавуваше кафеава боја откако ќе ми заврши, но сега ми се јавува и пред и откако ќе ми заврши циклусот така да уживај ништо нема опасно.
@Kala22, мене истото ми се случува веќе повеќе од година. Проверував брисови и ПАП, се испадна негативно, на ехо ништо не ми најдоа (инаку имам нередовен циклус). Во секој случај оди на гинеколог но немој да се плашиш, веројатно се е во ред
Фала ви многу,јас стварно се надевам не е ништо,да ми поминат обврскиве до сабота и веднаш одам да проверам па ќе видам што ќе ми кажат
Дали се смета за однос ако ти си немала односи со никого но дечкото ти го ставил прстот... Дали ако појдам на гиниколог ќе кажат дека си имала односи или за однос да имаш треба други знаци тамо да се покажат ...Дека ако е за хименот тој може да се скине и со трчање а има некои кој ќе се родат без тоа..Помош ве молам :/
Нормално дека не. Освен вагина, потребен е пенис, не прст. И неможе ни гинеколог такво нешто да ти каже, дури и да си имала тој нема да те праша. Незнам како го замислуваш одењето на гинеколог. Мислиш само што ќе влезеш во ординација тој те прашува "невина си"?
@Nikolina97 дали откако дечко ти ти го ставил прстот во вагината подоцна си имала капка крв на гаќите?Дури и во таков случај не можеш веднаш да бидеш целосно скината,може само малку да биде повреден хименот.И секако,зависи и дали дечко ти воопшто допрел со прстот толку длабоко дури до хименот.Можеш на гинеколог да појдеш бидејќи си веќе полнолетна за да ти објасни поубаво некои работи,нема да ти штети,само ќе ти користи.
Дали има штета доколку го употребам канестен маст кој ми е отворен 3-4 месеци а не е истрошен ,бидејки на упатството пишува да се употреби во рок од 1месец од отварањето
Не знам за што бараш помош? Дали си невина? А химен да се скине од трчање хммммммммммм може ако трча со шипка меѓу нозе. Химен се кине и со прст, убаво те прашаа дали имало крв после тоа, а и не мора да значи. Гинекологот ќе ти направи ехо само не вагинално ако кажеш дека си невина. Извини колку години имаш?
Здраво. многу ми е глупо што ова ќе го пишувам, но морам да и покажам на сестра ми за да ја разбуедам во нејзината намера.Има 17 ипол години и е во врска веке 9-10 месеци со едно момче ,многу го сака и тој неа цело време се заедно, но таа пред него беше во врска со еден никаков(лош глас го бие низ градот, тепачки,дроги,полиции..) Од прва година беше со него...и тој ја скинал, имале 3-4 пати односи. Таа сега со овој сегашниот дечко што и е почнале да прават муабет за односи и слично, а таа му кажала дека е невина, не смее да каже дека тој ја скинал бидејки знае како ке и реагира дечко и, а и во право ке биде.прво имала 16 ипол години кога ја скинал, второ бараба тешка е ...за срам е работава и не знае што да прави. Не сака да му каже дека не е невина бидејки ке ја изгуби довербата во неа, веке нема да ја гледа како што ја гледаше до сега, бидејќи мрази кога го лажат а и згора за многу лоша личност се работи. Сега сестра ми се мисли да му даде на овој сегашниот последниот ден од менструацијата бидејки мисли дека не и е многу раширено доле и дека нема тој да примети...Јас не сум искусна во тие работи бидејки не сум имала односи и не знам што да и кажам, дали ке успее тоа? Јас не верувам мислам дека ако примети уште полошо ке излезе...
Ова ти се вика детска работа. Не сакам ни најмалку да осудувам, само ќе кажам дека прво е глупост што го излажала. Да се отворела и да кажала, во стил направила што направила, искрено се кае и сл. немаше сега да си ја лупа главата. А дека ќе го смотате со такви финти што знам. Ако е некој неискусен можно е. Само се чудам со кој памет ќе го излаже и како ќе може после да го погледне во очи? Или ја сум многу проста или ова младиве ептен збеснати. Страшно.