Инхалатор

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од meU, 15 декември 2012.

  1. meU

    meU Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.916
    Женски ај една посебна тема за инхалаторите.
    Сакаме, односно мораме да купиме, па кажувајте совети за марка, модел, цена. Би сакала да е со две маски, мала и голема.
     
    На leo-n-tina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.916
    Ние засега позајмуваме од девер ми, а они го имаат овој модел


    има голема и мала маска и мене навистина ми се допаѓа. Лесен е за употреба, едноставен, одамна им е купен, па затоа незнам дали го има и сега во продажба.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    5.496
    Има добри инхалатори на Microlife, Piconeb, а мислам дека и Цептер имаат. Брат ми го има купено овој на Микролајф
    [​IMG]
    го купија за малата внука, имаше проблеми уште од малечка, па и сега често го користат, особено во зима. Сум слушнала дека може да го купиш и фондот да ги врати парите, ама со потврди од лекари дека е навистина потребен. Ова многу значи за оние кои не можат да си дозволат инхалатор, а им е потребен. Ако не се лажам цените одат од 3000 нагоре.
     
  4. meU

    meU Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.916
    И јас знам дека има опција фондот да врати пари, па ќе видиме што можеме да направиме. Убаво би било да успееме така да купиме, зошто се навистина скапи ,ама пусто пак требаат :worried:

    Аннатх убав е овој, но неможам да сфатам како се користи за мали, во уста ли се става делот??
     
  5. nesa

    nesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.077
    Јас завчера го купив од Зегин 2.400 денари. Го испробав и сум задоволна.
     
  6. meU

    meU Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.916
    Овој истиот??
     
  7. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    5.496
    Има маска која се става на лице, а за овој делот не сум сигурна дали може за мали деца. Мислам дека маската е за деца, а другиов дел за поголеми. Внука ми со маската инхалираше.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nesa

    nesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.077
    Да го најдов дури во Зегин во Карпош 4. Има мала маска за бебиња, со таа го инхалирав малиот и поголема за ќерка ми.
     
  9. Ariel

    Ariel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.156
    Допаѓања:
    5.515
    И јас го имам купено овој што го постираше МеУ, исто од зегин, и тоа пред 4-5 години. Му ја гледам цената на кутијата, и тогаш бил 2.440 денари. Вчера баш и го позајмив на една другарка, па ми падна во очи цената пошто правевме муабет колку чини.

    Многу е практичен, ние го утепавме од користење, и тоа не само децата, и ние големите 2-3 пати го користевме :)

    Убава е маската, прилагодлива и не е крута како некои од оние што ги има на во Козле, таман да не бега пареата, и да не го притиска детето.

    Фала богу, година и нешто не сме го користеле, се надевам нема ни да го користиме :D
     
  10. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    327
    Е сега јас како недоволно искусна со поимот инхалатор да си прашам .
    Една аптекарка кога и кажав дека сакам да купам инхалатор ,првин ме праша колкаво е детето ,и викам бебе 4 месеци ,таа вика дека наводно инхалаторот се употребува со надзор на др посебно за мали бебиња .
    А мојата др ми препорача да купам но сега ми е прашањето.

    Како е правилно да се инхалита треба детето да вдиши па да издиши,тоа на мало бебе неможеме да му го објасниме ,дали инстинктивно само ке си реагира незнам ако некој инхалирал мало бебе нека објасни.?
    Дали има некои негативности од неправилно користење на инхалатор .?

    И на крај за фондот ,и за рефундирање на средства ,е вистина да се рефундираат но доколку детето има воспоставено дијагноза како бронхитис пнеумонија и има наод од Децка клиника Козле со потврда од др.
    За другите како нас мислам дека тоа не важи.
     
  11. meU

    meU Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.916
    Лео-н-тина таа дијагноза е потребна за да се рефундираат парите, но во Зегин синоќа прашав и во нивните аптеки немало таква можност, без разлика на дијагнозата.
    Јас малата ја инхалирам како и ние што правиме, со постојано држење на маската на лице. Незнам како поинаку би се извело тоа, зошто понекогаш и тоа е мачно.
    А штом д-р ти препорачал, тогаш сигурно е во ред да правиш класична инхалација.
    Мене кога ми кажа д-р дека може да ја инхалирам, не ми напомена начин или нешто слично , само ми кажа на дозата да внимавам.
     
  12. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    208
    Јас имам земено инхалатор од Цептер и ептен сум задоволна од него. Да, скап е, околу 200 евра, ама за него има овластен сервис, гаранција и резервни делови. Јас кога барав инхалатор пред неколку години немаше баш некој избор на инхалатори, а мене тогаш ептен ми се брзаше.
    Сега кога и да почне ќерка ми да кашла или пак кога и е затнат носот одма почнуваме со инхалации, со физиолошки раствор само, а ако има и опструкции и со вентолин капки за инхалација (ова со препорака на доктор и после преглед).
    Еве на пр. во петокот ја земав ќерка ми цела затната и со страшна кашлица од градинка, ја инхалирав викендот по два пати на ден и вчера веќе не кашлаше. Носот и тече, после инхалација посебно и се растекува. Капки за нос не знам од кога и немам ставено, а ни сируп за кашлица и немам дадено.
    Јас го користам и за себе и навистина ми помага.
     
  13. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    584
    И јас да се приклучам кон разговорот во темава пошто имам доста искуство кога станува збор за инхалирањето, значи подолг период се инхалиравме со Пулмикорт, еве и периодов повторно ни ги вклучија инхалациите.

    Инхалаторот е наменет само за една личност да го користи.
    Значи немојте да позајмувате инхалатори од комшии, пријатели, роднини, немојте да го давате вашиот инхалатор друг да го употребува.
    Ова е препорака од доктори од Козле!

    Ние го имавме земено првиот инхалатор за син ми, ама поради тоа што неколку пати се случи сопругот да мора да го користи (со Дексаметазон), купивме нов инхалатор, после препораката на д-р во Козле дека еден ист инхалатор не треба да го користат повеќе личности.

    Џебе вриење, миење со детергент, кога лекот оди не само во чашката, маската, туку и во цревото за воздухот што е.

    И двата ги земавме од Зегин, околу 2900 денари беа. Едниот е подолгнавест, другиот е потесен.
    [​IMG]

    EДИТ за инхалатор на товар на ФЗОМ потребно е конзилијарно мислење (од три д-ри).
    http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=51F55603108635498A1908457B815895
    Инхалатор со распрскувач е наменето исклучиво за деца до 18 годишна
    возраст кои имаат историја на хронична респираторна болест, астма,
    бронхиектазија, друга хронична пулмонална болест

    Извор: Инфо Билтен на ФЗОМ
     

Сподели ја оваа страница