1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nataliaaa

    nataliaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    што му давате на вашето бебе од кога наполни 4 месеци? какви кашички му даватеи како ги приготвувате?
     
    На Twins19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.856
    Пол:
    Женски
    исхрана од 4 месеци па нагоре

    Уште е рано за да почнеш со кашички. Јас почнав од 5,5 месеци по препорака од педијатар и тоа само насабајле со јаболка , круша и банана. И се уште сметав дека е рано. Детето треба до 6 месеци само да се дои ( или прихранува со вештачко млеко )
    Консултирај се со педијатар да видиш што ке ти каже. :!: :)
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    исхрана од 4 месеци па нагоре

    Убаво е да до 6 мес. биде само на мајчино млеко ама ако е слабо млекото на мајката тогаш ќе мора дохрана и во случај кога не го прифаќа вештачкото млеко (НАН, Адаптамил...). Иако се оптеретува мешето на бебето и целиот дигестивен систем па може да се појави да грчевите траат подолго време кај бебето (мада не мора да значи).
    Познавам мајки кои ги дохранувале своите бебиња со кашички уште од 3 месеци.
    Како и да е, се почнува со основните продукти кои се лесно варливи - круша, морков, банана, јаболко, праска (еве сега ќе почнат), овие готови житарици кои ги има во зависност од возраста на бебето...
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    исхрана од 4 месеци па нагоре

    И јас сметам дека нема потреба од брзање и форсирање за воведување нова храна кај малите бебиња. Дури и не ми е јасно зошто треба од бебе доенче за 1 месец фалење „Моево јаде се“. Мајчиното млеко (според мн. педијатри во светот, не според мене) треба да биде единствената храна кај бебињата првите 6 месеци. И јас така и си постапив. Со воведување сокчиња почнав на 5 месеци и 3 недели, а за храна малку подоцна (значи, со полни 6). Има различни мислења за ова, посебно од мајките и посебно од оние кои мислат дека имаат напредни бебиња ако многу брзо почнат да им даваат секаква храна (а тоа, едноставно, врска нема со „напредно бебе“). Кај бебиња кои не се дојат, туку се на АД млеко се започнува малку порано.
    Во секој случај, секој одлучува сам за своето бебе и секој си е одговорен за своите одлуки и постапки.
    Кога веќе се почнува се почнува по сопствен избор со овошје, зеленчук или житарки (за ова има различни препораки). Кај нас лекарите обично советуваат да се почне со јаболко, но тоа не е правило во светот. Може да се започне и со безглутенска житарка (ориз), која има и најнеутрален вкус, а може и со зеленчук, на пр. со разреден сок од морков. За понатаму има некоја шема како се продолжува. Важно е дека не се воведуваат повеќе нови продукти одеднаш, најмногу 1 на 3 дена (за да се следи реакцијата на мешето и евентуална алергиска реакција), новата храна се дава наутро (токму заради следењето на бебето), сокчето прво се разредува со повеќе вода (превриена или посебна вода за бебиња, никако од оние обичните флаширани), а потоа се зголемува постепено количината сок. Кога бебето одбива некој вкус, потребно е повеќепати да се повтори обидот да го прифати вкусот, родителот не треба да се откажува после 2-3 обиди.
    Ете, како за почеток, толку :)
     
    На DeMelo, SuNsHiNe989 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. nataliaaa

    nataliaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    2
    исхрана од 4 месеци па нагоре

    патронажната сестра ми препорача од 4 месец да сум му правела зеленчукова кашичка од морков и брокула. епа сега незнам треба да се посоветувам и со педијатар
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    исхрана од 4 месеци па нагоре

    Да, точно дека е најдобро до 6 месеци да не се дава ништо освен млеко, но што ако бебето не сака да пие млеко од шише, а мајката нема доволно млеко?
    Е јас се најдов во ваква ситуација. Едвај чекав да почнам со дохрана. Имав јас млеко, ама бебето не се заситуваше само од млеко.Посојано ми беше на градата, преку еден час. Затоа почнав со дохрана на 4 месеци. Сокче со лажиче пиеше т.е пробуваше, а потоа одевме веднаш на јадење каша од истиот продукт.

    За брокула мислам дека е рано, но за пчеток можеш слободно каши од јаболка, круша, морков да му даваш.
    Кашичките секогаш ги правам така што прво добро го варам продуктот, па потоа го блендирам.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    за брокула е рано мислам дека после 6-7 месец се препорачува ,а морков можеш да му даваш и во кашичка и во сокче.
     
  8. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    и мојето бебенце наскоро ќе полни 4 месеци месеци. што би ми препорачале да му давам? некој сокчиња кашички и како ги подготвувате?
     
  9. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    ние со брокула почнавме одма уште од 4ти месец можеш уште одма оти не е некој алерген а и тешко дека ќе јаде само зеленчукова каша до 6 месец обидувај се а после стави павлака или кисело млеко во кашата
    почни со сокчиња прво и тоа од јаболко,слива,морков а за кашички од 4,5-5 месеци исто јаболко,слива,брокула,морков... само види син ми кашичките на хип не ги сака за жива глава ама за таа сметка домашните и кашите на нестле алет ги обожава
     
    На **MajkaE ** му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    И јас се наоѓам во прикаскава. И јас имам доволно млеко, но тоа едноставно не го заситува доволно моето бебе. И ние веќе неколку дена како воведовме дохрана. Почнавме со јаболкови кашички и сок од јаболко. Вчера и понудив морков со јаболко ама некако се муртеше :) Инаку и давам кашички на HIPP, ете мислејќи дека сепак тоа овошје е специјално одгледано и произведено за бебе... што знам... инаку планирам да започнам тие вкусови и јас да и ги правам во блендер...
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да не блендираш, посебно затоа што и ги даваш варено овошјето или зеленчукот - пасирај само, доволно се меки. Јас отсекогаш сум пасирала, а овошките дури и му ги давав да ги шмука, така го цицаше сокот од нив. Ама ако се проверени, домашни и непрскани, инаку не. Што се однесува до готовите каши, некако повеќе Фрутек ги давав отколку Hipp - не ми се баш сигурни. Во секој случај, најдобро е домашно ;)
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Зошто несигурни HIPP??
     
    На Anastasija_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    Затоа што истите каши што кај нас имаат ознака 4+ во Германија имаат друга ознака, т.е 6+, што значи дека е многу веројатно кај нас да не носат оригинални Hipp каши. Не дека не сум давала такви, ама главно ги избегнував.
     
    На Zocii и ines.h им се допаѓа ова.
  14. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Можи 10тина каши му дадов од хипп или фрутек останатото го правев дома , нема ништо поубаво од домашно приготвено барем знаеш што ставаш. инаку со кашички си почнавме од 4 месеци претежно му блендирав и тука направив грешка едвај го одвикнав од блендирана храна мало парче да имаше ми се давеше.. затоа варете и пасирајте научете го бебето да џвака ..
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Искрено, не знам колку има врска тоа „пасирано, а не блендирано од старт“ :?: Па на почеток тие не ни знаат како правилно да ја отворат устата за да јадат, не па да ги учиме на парченца....

    Од искуство околу мене, дојдов до заклучок дека се` зависи од детето, и нема врска каков бил почетокот (пасиран или блендиран :lol: ) - кај некои бебиња доаѓа период кога едноставно и лесно преминуваат од блендирано/пасирано кон секцано, а кај други тоа оди малце потешко.
    Моето е претставник на вторите, и без разлика што гризе (суво) овошје, зеленчук и лебче, никако да отвори уста и ручекот да го јади како што треба |(
     
    На Goca92 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Добро сакав да кажам бледнирано да на почетокот а после од кај 6-7ми месец може и пасирано за да се навикнува ова е мое искуство , а се разбира се зависи од детето :)
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Те разбирам, и јас ги добивав истите совети, и јас во некој период пробав со пасирано, ама првиот момент кога ќе осетеше нешто повеќе од само каша - се давеше, и ја затвораше устата до даљнег. Па со молење и колење, да ја отвори пак за да проба дека сум ја изблендирала и нема парченца, и ќе си продолжеше најнормално |(
    Затоа велам до детето е, тоа дете што ќе прифати на 7 месеци да јади пасирано не значи дека е затоа што мајката почнала да го дава, туку затоа што ТОА сакало :lol:
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    Јас како стоматолог препорачувам пасирано од старт, пред се' затоа што тоа помага детето да се научи да џвака порано. Мало бебе лесно се навикнува, дете околу годинка и поголемо тешко се одвикнува ;) Џвакањето е важно да се совлада што порано, секако под надзор, само за да се овозможи правилен раст и развој на џвакалната мускулатура, вилиците, а со тоа и се овозможува правилна поставеност на забите.

    Син ми уште пред да наполни година престана да јаде пасирана храна, си јаде нормално, иако има само шест заби (предни) кои и не се наменети за џвакање. Леб и бисквити, несолени крекери и слично сам јаде од 7 и пол месеци (глутенот му го воведов со полни 7, затоа тогаш и почна да јаде сам), а парчиња овошје и зеленчук (јаболка, морков, банана) веќе си јаде без проблем. Можеби е до детето, не велам не, има и деца кои едноставно не сакаат да џвакаат, ама пак, и тие можат да се научат, нели? ;)
     
    На meU, AIT и Moira им се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Јасно ми е Анатх се` тоа што го кажуваш, девер ми е стоматолог исто така, истите работи ги слушав и апсолутно се согласувам, ама еве ти кажувам - не не и НЕ, ќе седи гладна ако треба, ама нема да го јади пасирано.
    Јас започнав од 8 со лебче заради претходни алергии, и тоа супер си го гризеше, ама ете, ручекот не сака....ај, ќе биде, има ли дете од 3-4 години што јаде блендирано? :D
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.821
    Пол:
    Женски
    Има, ако не веруваш :D има и такви деца, внука ми е жив пример... како и да е, јас не вршам притисок, само кажувам како е најдобро. На мајките е дали ќе го применат или не... макар што сега докториве знаат сешто да треснат - не ми се веруваше кога прочитав како една мајка вели дека педијатар и рекол да му даде на детето смоки, а тоа има одвај 7 месеци. Што не ќе чуеш...
     
    На OneFairy му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.