1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Канта' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Мамички ај совет какви кашички да му купувам на син ми хипп или бебивита?
     
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас на синко му купувам зеленчукови од хип повеке имаат вкус некој, а додека пак овошните му ги купувам од бебивита, а пак сокчиња од јувитана, зато шо се малечки и тамам ни се за еден ден ;)
     
    На loki.c9 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    Ние на Hipp ги користиме ама само овошните т.е. тоа овошје што знам дека го јаде, а го нема свежо, зеленчук дома спремаме дека кашичките се :puke: , и сокчиња исто домашни :D
     
  4. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Тука ќе го сместам прашањево...
    Девојки каква вода им давате на бебињата? Мислам со каква вода им приготвувате млекце, кашички, чајче...?
    Јас до пред една недела и давав на малата вода од чешма секако превриена, но ептен има хлор..ептен...значи цело дно од ѓезвето е побелено.Па пред една недела земав флаширана вода, од таа сега и давам ама не ја превривам. Е сега баш прочитав негде дека до три години не требало да се дава флаширана вода... Ваши искуства?
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Додека малата пиеше млеко го правев со вода од Чешма превриена секако , а во Мк морав да купувам флаширана од пр. што има премногу хлор , претерано :^)
    Незнам зошто не би се давало до 3 год, флаширана вода :^)
     
  6. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    Јас за пиење му давам флаширана, а кога му спремам нешто вода од чешма...
     
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Јас му давам флаширана вода непревриена само греана, за млекце и кашички, а за пиење директно од шишето во неговото шишенце, исто така неколку пати и од чешма му давав ама превриена од чешма :!:
     
  8. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    зошто готовите кашички од зеленчук ти се :puke: мене пак тие ми се баѓ вкусни, особено тие шо имаат месо во нив, и синко маф ги прави :D
    јас до пред некое време му превривав добра вода, е сега веке така му ја давам од шише дирекно, не ја превривам, и подобро флаширана отколку оваа од чешма која е со вкус на железо :(

    туку да прашам од кога му се дава риба на бебињата? има на хип кашичка со зеленчук и риба од 5м ??
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    За риба мислам после 10 месец се дава , јас сеуште не сум ни на ум да му давам риба, рано е уште. Од месо само пилешко и телешко јадеме еден ден едно еден ден друго, во ручекот обавезно му ставам месо.
    Инаку ние немаме никаков проблем ниту од овочје ниту зеленчук, се што му спремам за ручек си изеде, баш ми е мило што си јаде од се по нешто, а се плашев на почетрок како ќе се научиме да јадем.
    Од овошје му давам неколку дена и диња, воведов во миксот кој му го правам насабајле и ја јаде и реакција нема до сега.
    Глутен исто така воведовме од пред некој ден, му давам кашичка со жита и во неа има глутен, па добро е , нема ни од него реакција.
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Од медицинско лице добив совет дека превриена вода воопшто не е добра, зошто така и се губеле сите минерали.
    Инаку само за готвење ставам обична вода, во манџа. За млеко, вода, сок, чај само флаширана, претежно Јана или Пелистерка, другите ми се катастрофа на вкус.

    Пред неколку години лежев на инфективна, ми кажаа никако да не пијам вода од чешма. Значи нашиве доктори ни за возрасни не ја препорачуваат, камо ли за бебиња. Не планирам до голема да и дадам обична вода, иако кога ја мијам после јадење секако голтнува.
     
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    А порано кога сме биле ние бебиња зарем имало флаширана вода? Каква ни давале нас? Па ете сме здрави прави, мене мајка ми за мене и брат ми од чешма ми давала вода, превриена, па каква е таква е, тогаш немало флаширана вода , сега е на мода, ако нема флаширана којзнае што ќе се прави, ќе се умира? :?: И многу модерниве работи не чинат, ќе не шекнат и нас и нашите деца со сите овие работи што треба , а што не треба :tmi:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    787
    зошто готовите кашички од зеленчук ти се :puke: мене пак тие ми се баѓ вкусни, особено тие шо имаат месо во нив, и синко маф ги прави :D

    ете моево не сака ни да ги помириса јас се и сешто купував на почетокот за да проба, кога ке му дадев една фаца со ми ја правеше и сите ги фрлив :D, а дома кога ќе му спремам си ги јаде :)
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Добро жолчката ќе треба во зеленчуковата каичка да ја ставам?
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас лани закачив бактерија од водата од чешма, така непомислувам да му дадам на синко вода од чешма ;) а мравче ете секое дете е различно, додуша синко се јади, смао во последно време едвај му ја наогам устата од шо се врти, се го интересира :D
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски

    Можеш и со кисело млеко да ја помешаш или ако сакаш и во зеленчукова каша, само немој така да ја даваш бидејки ќе неможе лесно детето да голтне :)
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    мамички колку оброци дневно имаа, имаат вашите 7м бебушки?? синко мој еве веке 3-4 дена мн малку јаде, значи станува во 6ч сабајле и дури во 8едвај ке испие 150мл млеко, па наредно јади кашичка овошна кај 12ч, па млеко пиеме кај 15ч околу 120мл, и после имаме уште еден оброк некогаш млечна кашичка некогаш зеленчукова, и веке во 19, 19 и 30 е заспан , значи уште во спиење што пие млеко и тоа е
    ама пак вода пие околу 300 -350 мл на ден, може затоа не јади?? :?:
    и дури јадиме се лом ке направиме се друго му е поинтересно отколку храната :o
    а и колку млеко треба отприлика да пијат во текот на денот 7м бебиња?
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Ние вака сме овие 2 недели, фативме некој распоред конечно :tmi:
    Се будиме околу 7, 8 најкасно, пиеме млеко, 100-120 мл, после 2, 2,5 часа јадеме овошна каша, после 2,3 саати јадеме каша со житарици, па ручек околу 3,4 саат му се фани секој ден отприлика тоа време ручаме, па поплдане кај 6,7 саат ќе јаде каша со 7 витамини и кај 9, 9.30 ќе се бањаме, ќе пиеме млеко околу 120-150 мл и спиење, ноќта се буди еднаш до два пати за јадење, му правам млеко ама секоја вечер различно, некогаш само 60 мл му се доста, си ги пивне и заспие, некогаш 100, некогаш 120, различно е и така продолжува да спие и се буди веќе кај 7,8 саатот наспиен и спремен за игра ;)
    Што значи околу 6 оброци дневно имаме и седмиот ноќта во спиење што му давам млеко, никако не можеме да се одвикнеме од тоа будење ноќеска, ама не е навика туку гладен е, баш го следев неколку вечери може ќе се навикне да си ја спие цела ноќ ама не сака, му се јаде па се буди :tmi:
     
  18. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    мами од кога почнавте да им давате на вашите најмили гриз и палента,а и компир?
     
  19. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Јас гриз немам дадено а палента пред недела-две знаци со полни6месеци, компир од 5ти месец ...

    Ние по "грешка" изедовме кашичка со бисквита и интегрални житарици- пукнав од нервоза :@ Мм и свеки ги чуваа децава и не им ни беше ни време за јадење, ни ништо кога се вратив од забар мм ми вика ние јадевме кашичка :^) Какава каша, кога ќе видам со интегрални житарици и бисквити- збеснав ....
    Колку се трудам да внимавам и пак џабе :(
     
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Љубичица и ние некако си мењаме секој ден со јадењево...Посебно со пиењево млеко ептен намаливме одкако почнавме интензивно со кашички...
    Сега ваква шема ми направи малава...Насабајле во 8 пие околу 120 мл млеко, околу 11 пие 60 мл млеко и јаде овошна кашичка, во 13 пие уште 100 мл млеко, во 15-15:30 јаде зеленчукова кашичка околу 200 гр и пола канче кисело млеко, и после до вечер едвај се намолуваме за било какво јадење. Во 18:30 и давам како ужинка од тие овошните јогурти на Нестле, во 20:30 јаде млечна кашичка ама обавезно помешана со некое овошје (инаку нема шанси да ја јаде) и во 23 пие околу 100 мл млеко и спие до сабајле до 8.
    Е сега и ние сме ептен по водава, се пие по 500-600 мл дневно, и мислам дека и тоа има влијание во исхраната, ама што да правам плаче за вода а плус и топло е и морам да и дадам.
    Од сите овие оброци само зеленчуковата кашичка ја јаде со мерак, кисело млеко исто така, само тоа сака да јаде. Сите други оброци се со триста глупирања и молења. А за правењето лом да не збориме... или ќе ме тресне по лажичката па ќе рашлака све околу, или ќе се тегне на сите страни додека јаде па лета кашичка на сите страни, или па ќе кива на сред јадење,па јас целата сум испрскана со каши :lol: ама тоа е...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.