Исхрана од 4 месеци па нагоре

Дискусија во 'Бебе' започната од nataliaaa, 2 април 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.263
    Допаѓања:
    2.328
    navistina Annath fala za iscrpniot odgovor, jas si napraviv edna tabela doma na list pa ke se obidam koga ke imam malce poveke vreme se ova sto go pisa da go napravam i na pc vo tabela i veruvam deka na site segasni i idni mamicki mnogu ke ni koristi... :) :) :*
     
    На meU и leo-n-tina им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    6.233
    Пол:
    Женски
    Само да напоменам, овошјето не е потребно да се вари, подобро е свежо. Зеленчукот барем до кај 9-10 месеци да се обарува или вари, а после може и свежо (брокула, карфиол, спанаќ, блитва, морков, пиперка, домат... сето тоа може и свежо да се јаде, ако вашите бебушки сакаат и знаат да џвакаат).
     
  3. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    337
    Мамички по колку грама кашичка можам да му дадам на бебчо ,имаме 4 месеци и 15 дена како што напоменав му давам по 60 грама пола кашичка но сака уште .
    Незнам што да правам бидејки многу плаче сака уште но јас сум лоша мама не давам повеке.
    Да му зголемам или та си терам вака до 5 месеци.?
    И дали да му давам секој ден и во кој дел од денот (јас најчесто му давам околу 12ч).?
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    6.642
    Пол:
    Женски
    ^^^По 60 гр. мислам дека му е доволно како за почеток, една тегличка 2 дена.

    Инаку моето бебе има 5 месеци и 5 дена, а не сака ни 6 гр...баш се нервирам што не сака да јаде.
    Сокчиња почнав да му давам минатата недела ама безуспешно :( , не сака, што да му правам...му дадов сокче од јаболче и сокче од јаболче и слива на Hipp, a kaшичка му давам од понеделников и едвај по 4-5 лажички и тоа на врвчето.
    Прееска купив и Хумана млечна кашичка од гриз со бурбон-ванила (ми ја препорача аптекарката) и ќе ја пробам утре да му ја увалам, ако не сака ќе пробувам други вкусови.
    Инаку и јас му давав секој ден од кашичката (денес ни беше трет ден :tmi: ) околу 12ч.

    Со ќерка ми почнав со дохрана од 4 и пол месеци и таа првата кашичка од старт до пола ја окрка.
    Со малово малку покасно почнуваме намерно затоа што е крупен, па само пробуваме вкусови ама па се нервирам што не јаде. :(
     
  5. Bozica1980

    Bozica1980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    1.362
    Ќерка ми има 13 месеци и до денеска дали има изедено 2 теглички кашичка.
    Сега почна да јаде ориз, компир, јаболко...нешта што останаите бебиња ги јадат на 4-5 месеци ама тоа е. Секако се обидував со купечки со домашни со се и сешто ама кога дете не сака не сака. Исто е и со сокчињата, сега пиеме ама само со лажичка пошто со ниедно друго сретство не знаеме |(
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    6.642
    Пол:
    Женски
    И син ми не знае со цуцла, и јас му давав сокче со лажичка ама па и така не сака, плука и му прави кисели фаци |(
    А Божица што јадевте вие цело време до сега, само на млеко бевте?
     
  7. Bozica1980

    Bozica1980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    1.362
    Да се прашува ќерка ми она би била само на доење, а и скоро така да е. По извесно време сфатив дека сака банани но никако блендирани туку парченца да грицка, јогурт со малку лебче, подоцна сиренце, бисквити и така тераме. Сега палента јадеме...но мислам дека твоето синче е уште мало за тоа.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MacenceEna

    MacenceEna Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.176
    Пол:
    Женски
    Моево 8 месеци , и до сега се што сум и дала јаде :) добро е не се метнала на мене
    Од брокули, тиква, спанаќ итн скоро се од зеленчук секако (се што е дозволено за нејзина возраст нели)
    Овошје исто така ..
    Денес и купив житарици со чоколадо ..и дадов и не сакаше да јаде , и претходно и имав дадено исто така гриз и чоколадо ама не сакаше да јаде ...
    Може па и не сака чоколадо :D
     
  9. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    337
    Маченце Ена уште подобро што не сака чоколада,да не и се услади па после нема враќење некои деца не јадат ништо поради тоа благо.
    Јас колку ќе можам ке одолговлекувам да давам чоколада ,или како награда откако ке потпорасне.
     
  10. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    159
    Мојот добива чоколадо од како добро ќе го наручкам ,инаку мајка му еден пат пред јадење му имаше дадено и не сакаше потоа да јаде,животинско царство само сака другите баш не му се по мерак
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.176
    Пол:
    Женски
    Не драга не сакам ни да јаде чоколадо , не сум и дала вака чоколадо да јаде , него овие кашичкиве како Чоколино и др ама ги нејке
    Повеќе си сака бананче и др овошки
    Јогурти овошни ептен сака домашни посебно , исто као мене :lol:
     
  12. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    159
    И јас на моето му давам овошни јогурти,и овошје од кива,портокал,мандаринка,јапонско јаболко,бананки значи ги обожава ,чоколатце давам си сака мојот благарче си е ,ги јадеше и тие чоколино,медолино ,млекце сака со несквик ,ама гледам да ги избегнувам кога се може
     
  13. anuHka

    anuHka Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    мами4ки јас имам мака....бебушот мој е 4 месеци и 20 дена и в4ера му дадов домашно сок4е од мандарина, ама денеска го приметувам дека повраќаницата не му е течна како обично туку како балгами да поврака и тоа ме плаши зошто му се повтори истото неколку пати. иначе да споменам дека е сосема здраво вчера сабајлето бевме на вакцина и се беше во ред. Ве молам кажете ми некое ваше искусто и ако знае некој некоја шема по месеци што треба да им се дава ??? фала однапред
     
  14. angeliane

    angeliane Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    Ne mi se slicilo nesto slicno no sepak mislam deka povrakaneto ne bi trebalo da e od sokceto ako nemase dr reakcija crvenilo po usta prolivce ili sl a velis od vcera si go dala sokceto kako i da e mandarina mislam deka se dava malku pokasno jas pocnav na 3 i pol meseci so sok od jabolko go davav 10 dena samo toa pa sok od morkov pa crna sliva kruska praska pa na 5 i pol babana kajsja i koristam od hipp ne sum probala so domasni sokcina a kasicki pravam i doma od jabolko kruska banana morkov biskvita i dr a sega i zelencukovi
     
  15. angeliane

    angeliane Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    1
    inaku za tabela za ishrana ima malku ponazad vo ovaa tema
     
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    6.642
    Пол:
    Женски
    Се препорачува бебето да е на ексклузивно доење 6 месеци особено ако добро си напредува.
    Мене така ми рече педијатарот, ама јас не ја послушав. :wasntme:
    Кога наполни син ми полни 5 месеци и некој ден му дадов сокче од јаболко, со сокчето се почнува дохраната колку јас што знам.
    Потоа се дава кашичка од јаболче или пак житарки.
    Син ми не ги сака сокчињата, ги плука и се мршти.
    Досега му имам дадено кашичка од банана и од јаболче и двете не ги сакаше, едвај некако со молење и буткање 5-6 лажички и тоа на врвчето. |(
    Ама ме фати некој инает дека ништо не сакаше освен да цица, а јас сакам да почнам и со дохрана, па затоа купив од Хумана млечните каши од гриз и ванила. За чудо му се допаднаа и еве утре ќе биде трет ден како му давам од таа храна. :clap:

    Инаку треба полека да се воведува дохраната, да има неколку денови растојание при менувањето на кашичките т.е. различната храна за да се види дали детето ќе покаже некаква реакција пр. алергија (така мислам беше :?: ).
    Син ми уште нема 6 полни месеци и уште немаме целосно заменет еден оброк, повеќе сме на доење, ама не се брзам, целта ми беше да видам дали ќе ја прифати дохраната и малку да експериментираме со вкусови.

    Следно планирам да му дадам кашичка од морковче и од Милупа млечната каша со ориз и пченка....ама тоа отом потом.

    До сега му давам само од кашичките на Хипп затоа што само тие се за 4 месеци, Фрутек се за 6 мес., исто и на Бебевита.
    Планирам и дома да му правам ама тоа најверојатно ќе биде од следниот месец, ако воопшто успеам да му заменам барем еден подој со кашичка.
     
  17. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    6.233
    Пол:
    Женски
    Само морав да пишам во однос на кашите - Лолитке, истите се, значи и на Фрутек што пишува за 6+ се всушност оние од 4+. Тие порано беа 4+, ама поради новата кампања за ексклузивно доење до 6 месеци, сите производители освен Хип, ги сменија амбалажите и напишаа дека се 6+ на амбалажата. Не знам зошто од Хип не ги сменија, не знам која им е политиката, ама знам дека сè се прави да се добие поголема заработка.

    Деновиве на интернет налетав на список на ГринПис со фирми чии производи се наводно отровни - меѓу нив и детската храна на Нестле (Алете и житарките :( ) - не знам дали е вистина, ама сега шубе ми е, оти син ми ги обожава житариците, со нив пораснавме...
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. stefi23m

    stefi23m Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Женски

    од стално некогаш ќе се налета дека некоја било која детска храна е штетна
    јас до сега имам слушнато дека од бебивита биле штетно па од хип биле канцерогени и сега ова од тебе.јас баш денес му купив на син ми 8+ со 8 жита и какао од нескле.
    ама не вервам дека нешто од ова е точно.
    конкуренција голема има мора вакви работи да се измислуваат
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.339
    Допаѓања:
    6.642
    Пол:
    Женски
    А убаво му викав јас на мм дека малата со Фрутек јаболко ја заранив. :!:
    Туку дали ова значи дека можам и од Фрутек 6+ да му давам на малиот или не :?:
     
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.673
    Лолита, можеш да му даваш, ама секако првенствено водејќи се од оние продукти соодветни за возраста. Само ќе си ги преповеруваш амбалажите што содржат за да си 100% сигурна и нема гајле, ако пишува на каша со јаболче и морков 6 плус зошто не би можела тек и со полни 4 месеци на пр да се проба да му се даде.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница